Аргентинските фудбалери се пласираа во финалето на Светското првенство. „Гаучосите“ ќе имаат можност да ја одбранат светската круна, бидејќи успеаја да ја победат Англија со 2:1 по пресврт. Хероите на Аргентина се Енци Фернадез и Лаутаро Мартинез, првиот изедначи со спектакуларен гол во 85-та, а вториот во 92-та минута го постигна голот за победа. Асистент за двата гола беше Лионел Меси. Стрелец на голот за Англија беше новот играч на ...

ФИФА одлучи да направи преседан за финалето на Светското првенство, паузата помеѓу двете полувремиња ќе трае дури 30 минути, што е сосема невообичаено за натпревар од ова ниво. Причината за овој потег е големиот музички спектакл што ќе биде организиран за време на полувремето, а на сцената треба да се појават светски ѕвезди како Џастин Бибер, Шакира, Мадона, БТС, Брн Бој и Колдплеј. Шпанските медиуми истакнуваат дека оваа одлука на ФИФА, ќе ...

Галатасарај започна контакти со Манчестер Сити во врска со евентуалниот трансфер на англискиот репрезентативец Фил Фоден, објавија денес турските медиуми. Според „Фанатик“, претседателот на Галатасарај Дурсун Озбек му дал целосно овластување на италијанскиот менаџер, Џорџо Гарди да води преговори со челниците на англискиот клуб и да ги испита условите под кои би можел да се реализира трансферот. Истиот извор наведува дека токму Гарди го ...

По закрепнувањето од сериозната повреда на предниот лигамент пред речиси две години, шпанскиот играч од средниот ред Родри ја води Шпанија кон првата светска титула од 2010 година. Неговото извонредно враќање го потенцираше Златан Ибрахимовиќ, кој во својата улога како стручен аналитичар за „FOX Sports“ коментира за првенството, а кој и самиот претрпел слична повреда за време на својата кариера. По победата на Шпанија против Франција во ...

Англија и Аргентина вечерва во Атланта ќе го одиграа второто полуфинале на 23-то Светско првенство. Мечот во финалето веќе избори Шпанија, со победата 2:0 над Франција. Натпреварот помеѓу Аргентина и Англија, покрај врвниот квалитет што го поседуваат двете репрезентации, носи и нешто што се нарекува „повеќе од игра“. А задевањето и навредите пред судирот во Атланта траат долго време. Историја, ривалство и две големи приказни: Лионел Меси од ...

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во кој целосно доминираа, Шпанците славеа со головите на Микел Ојарзабал од пенал и Педро Поро, со што се пласираа во своето второ мундијалско финале во историјата. Михаел Олисе (24), еден од најдобрите фудбалери во Франција и на целото Светско првенство, не беше на нивото на кое играше во претходните натпревари. Во шест ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство, признавајќи дека неговиот тим бил послаб, но во исто време го доведе во прашање квалитетот на судењето од страна на Салвадорецот Иван Бартон. Шпанија ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство и се пласираше во финалето. „Секако дека сме разочарани. Играчите се скршени затоа што ...

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во кој целосно доминираа, Шпанците славеа со головите на Микел Ојарзабал од пенал и на Педро Поро. „Тешко е да се каже што чувствуваме, ова е чиста среќа. Оваа група играчи е исклучителна. Треба да направиме уште еден чекор. Се создаде многу тензија; голема одговорност е да се биде во финалето, луксуз е. Сè уште не сме ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија, в недела, ќе се бори за титулата на 23-то Светско првенство. Шпанците вечерва, во Далас, им одржаа час по фудбал на најголемите фаворити на првенството, Французите, славеа со 2:0 (1:0). Стрелци на головите беа Микел Ојерзабал од пенал и Педро Поро. Шпанија е светска сила, тоа го знаеја сите, а вечерва на своја кожа го почувствуваа Французите. Тактички, момците на Луис де ла Фуенте, одиграа перфектен ...

Фудбалерите на Египет беа поразени од Аргентина на 7 јули, во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, по неверојатен пресврт. Водеа 2:0, до 15 минути пред крајот, но загубија со 2.3. Селектор Хосам Хасан сè уште не може да се помири со елиминацијата, поради спорни ситуации и дискутабилни судиски одлуки, на штета на неговата репрезентација. „Не можам да го преболам натпреварот што го игравме против Аргентина. Се ...

Случајот „Негреира“, еден од најголемите скандали во историјата на шпанскиот фудбал, е сè уште во фокусот, а Реал Мадрид ја продолжува својата правна битка за да ги расветли сите околности. Според шпанските медиуми, „кралскиот клуб“, побарал од истражниот судија да ја добие од Барселона целосната документација за системот за усогласеност со деловните прописи за периодот од 2010 до 2018 година. Целта е да се утврди какви контролни механизми ...

Голманот на Астон Вила и репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинез, како што стојат работите ќе остане во Бирмингем. Голем интерес за најдобриот голман во последните две години, според ФИФА, покажа Јувентус. Директорот на Астон Вила, Дамијан Видагани, ги отстрани сите сомнежи за судбината на Емилијано Мартинез (33), искусен аргентински голман: „Еми останува со нас, немаме намера да го продадеме. На тимот му е потребно неговото ...

Фенербахче е блиску до затворање на трансферот на Мејсон Гринвуд од Олимпик Марсеј. Клубот од Истанбул подготви обештетување од 42.000.000 евра и четиригодишен договор, вреден 10 милиони евра по сезона. Трансферот на Гринвуд ќе претставува најголема продажба во историјата на Олимпик Марсеј. Претходниот рекорд го држеше Миши Батшуаји, Челзи во 2016 година за него плати 39.000.000 евра. Интересно е што Атлетико Мадрид и Ал Ахли сакаа да ...

Манчестер Сити работи напорно за да го потпише малдиот фудбалер на Лил, Ајуб Буади, чии настапи на Светското првенство го привлекоа вниманието на европските гиганти. Англискиот вицешампион сака да го донесе мароканското чудо од дете на „Етихад“ за да ги засили своите опции во средниот ред за претстојната сезона. Според Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, Сити тргна во офанзива за да го обезбеди потписот на младиот играч од средниот ред на Лил по ...

Хрватската фудбалска репрезентација е најоштетена од одлуките, ВАР собата на тековното Светско првенство, е заклучокот од истражувањето на Универзитетот Нортвестерн. ВАР беше повикан да помогне во 35 наврати за време на 97-те одиграни натпревари, што е повеќе отколку на претходните две Светски првенства. Во Русија во 2018 година, имаше само 22 ВАР проверки, а во Катар четири години подоцна, малку повеќе (26). Кога собраниот примерок ќе се ...

Без разлика на конечниот пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, и од кој зависи износот на наградата што ФИФА ќе и ја додели на Фудбалската асоцијација (ФА), најдобрите фудбалери на Англија нема да земат ниту една фунта. Целата сума ќе биде донирана во добротворни цели, што е традиција што важи во „гордиот Албион“ од 2007 година. Предложена е од Дејвид Бекам, Стивен Џерард, Френк Лампард и други ѕвезди на таа англиска ...

Арне Слот е најсериозниот кандидат за нов селектор на Холандија. „Лалињата“ останаа без селектор, откако Роналд Куман поднесе оставка по елиминацијата од Мароко, во 1/16 финалето на Светското првенство. Арне Слот, зад себе има лоша сезона со Ливерпул, поради што пред два месеци доби отказ. На неговото место, на „Енфилд“ пристигна Андони Ираола. Како што сега стојат работите, тренерот експресно ќе добие нова работа. Работите се движат во ...

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК). Шимиќ беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија. Се сомнева дека Шимиќ нелегално ги добил потребните дозволи за кампот во Тисно преку ...

Повеќе од пет милиони луѓе веќе учествуваа во петицијата, фудбалската репрезентација на Аргентина да биде исклучена од Светското првенство. На веб-страницата „Argentinaout.com“ започна кампања за елиминирање на полуфиналистите од Мундијалот, без понатамошна борба. Причината, тврдат тие, е фаворизирање од страна на судиите. „Јасно е дека ФИФА и судиите се пристрасни кога станува збор за Лионел Меси и Аргентина. Зошто остатокот од светот ...

Чаби Алонсо, на првата официјална прес конференција како менаџер на Челзи, за време на прес-конференцијата изјави дека сака играчот од средниот ред Енцо Фернандез да остане на „Стемфорд Бриџ“, и дека напаѓачот Николас Џексон се приклучил на тимот. Алонсо беше претставен откако ги започна подготовките со фудбалерите кои не се на Светското првенство. Долго време се шпекулираше дали Фернандез ќе го напушти двократниот европски шампион. ...

Фудбалските репрезентации на Франција и Шпанија, вечерва ќе се сретнат во првото полуфинале на 23-то Светско првенство. Актуелниот европски првак Шпанија и најголемиот фаворит за трофејот, Франција, ќе се сретнат на стадионот во Далас. Ќе биде ова „финале пред финалето“, дуел на две селекции со огромен индивидуален квалитет, дуел на репрезентации чија вредност се проценува на речиси 2,8 милијарди евра. Французите го бркаат своето трето ...

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен Жермен . „Светците“, како што објави „Атлетик“ ќе ја платата откупната клаузула, која е помала од 10 милиони фунти. Левиот бек има уште две години од договорот со клубот од Бирмингем. Минатата сезона, Дињ беше претежно прв избор на тренерот Унаи Емери. Започна 11 натпревари во успешната кампања на Астон Вила до ...

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи. Шпанија ќе се соочи со Франција во вторник во Далас, што може да биде еден од најдобрите натпревари на Светското првенство. Во полуфиналето на Лигата на нации 2025, двете репрезентации приредија спектакл во кој „Црвената фурија“ победи со 5:4, иако во еден момент водеа со 5:1. Родри, сепак, не ...

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион на Европа е подготвен да издвои дури 35 милиони евра за 23-годишниот јапонски репрезентативец. Формална понуда сè уште не е испратена, додека вредноста на голманот се проценува на помеѓу 30 и 35 милиони. Сузуки го привлече вниманието на Парижаните со своите игри во дресот на Парма, но и ...

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27. Станува збор за Андреј Сантос, играч од средниот ред на Челзи и повремен бразилски репрезентативец, кој има 22 години, пишува „Манчестер Ивнинг Њуз“. Вредноста на трансферот е 50 милиони фунти, што е малку над 58 милиони евра, со оглед на тоа што фиксниот дел изнесува 48 милиони, а остатокот ќе ...

Рома официјално потврди дека Пауло Дибала потпишал нов договор и дека ќе остане во клубот до 30 јуни 2027 година. Аргентинскиот репрезентативец формално беше слободен агент во текот на првата половина од јули, бидејќи неговиот претходен договор истече на 30 јуни, но „волчицата“ и искусниот офанзивен играч постигнаа договор за продолжување на соработката. Според италијанските медиуми, 32-годишниот Дибала се согласил на значително намалување ...

Еден од најталентираните млади дефанзивци во Европа, Лука Вушковиќ, е на прагот на спектакуларен трансфер во Премиер лигата. Според информациите на германскиот новинар Флоријан Плетенберг, 19-годишниот хрватски репрезентативец кога ќе ги ќе помине лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Брајтон. Англискиот клуб ќе плати дури 53 милиони евра за неговите услуги, со дополнителни пет милиони преку бонуси, додека Тотенхем ќе задржи ...

Славен Билиќ официјално беше назначен за нов селектор на хрватската репрезентација. Билиќ потпиша двегодишен договор, а неговата плата треба да биде двојно помала од онаа на Златко Далиќ. Данило Буторовиќ треба да биде во тренерскиот штаб, исто како и Деан Рачуница и Ватрослав Михачиќ, а многу веројатно и Ведран Ќорлука, а во игра е и Никола Јурчевиќ. Експертската комисија на ХНС даде зелено светло и го предложи Билиќ на Извршниот одбор, ...

Фудбалската планета со нетрпение се подготвува за нов класик. Во среда, Аталанта ќе биде домаќин на средбата меѓу Англија и Аргентина, а полуфиналниот дуел привлекува огромно внимание од спортската јавност ширум светот. Во морето информации, една што доаѓа од Аргентина привлече посебно внимание. Според аргентинскиот новинар Гастон Едул, актуелните светски шампиони побарале од ФИФА посебна дозвола да играат против Англија во темно сини ...

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Јури Тилеманс. Разговорите напредуваат брзо по елиминацијата на Белгија од Светското првенство, објавува „Скај Спортс“. Тилеманс има договор со Астон Вила до јуни 2028 година, но Јунајтед ја искористи можноста да го доведе 29-годишниот играч од средниот ред, кој е за преселба на Олд Трафорд. Контактите меѓу двете страни се во тек, а откупната клаузула е 35 милиони фунти. Нивната потрага следи по ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75