Еден од најважните предмети во историјата на светскиот фудбал доби нов сопственик. Дресот што го носел легендарниот Пеле во финалето на Светското првенство во 1958 година беше продаден на аукција за дури 4,9 милиони долари, што го прави највредниот сувенир поврзан со славниот Бразилец. Аукциската куќа „Сотбис“ објави дека имало голема борба меѓу колекционерите за познатиот дрес. За време на лицитацијата, биле примени десет понуди од неколку ...

Легендарниот Кристијано Роналдо зад себе има Светско првенство кое не заврши онака како што ниту тој, ниту португалската репрезентација посакуваа. Искусниот напаѓач пристигна на турнирот како една од неговите најголеми ѕвезди, но поради неговите настапи беше мета на жестоки критики. Капитенот на Португалија постигна три гола за време на Светското првенство. Тој постигна два од игра и еден од пенал, но не успеа да остави значаен белег или да ...

Златан Ибрахимовиќ им порача на репрезентативците на Англија да „се погледнат во огледало“ и да се прашаат „колку се навистина добри“, откако „Гордиот Албион“ спектакуларно го пропушти водството против Аргентина и повторно не успеа да се пласира во финалето. Англија со тоа го доживеа својот трет пораз во полуфиналето на Светското првенство од последното финале што го играше во 1966 година, со што ја продолжи долгата низа, од 60 години без ...

Кој и да го освои финалето на Светското првенство во недела, Атлетико Мадрид ќе ги има своите шампиони. Во множина, бидејќи ќе има четворица или петмина. Дури девет претставници го имаат „Јорганџиите“ во финалето, а ова не е ниту прво ниту второ, туку трето последователно Светско првенство што овој клуб има најмногу претставници во финалниот настап на најголемото глобално фудбалско шоу. Меѓу тие деветмина е и Хулијан Алварез, чија сага е ...

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите и златните медали, за прв пат ќе добие и шампионски прстени. Како што е објавено на официјалната веб-страница на ФИФА, на победничкиот тим по финалето помеѓу Шпанија и Аргентина ќе му бидат врачени специјално изработени прстени. Тоа претставува преседан во историјата на натпреварувањето на ...

Пеп Гвардиола, кој е без клуб, откако по 10 години си замина од Манчестер Сити, зборуваше за финалето на Светското првенство. Изјави дека нема да навива за никого, но не пропушти да ги анализира шансите на Шпанија против Аргентина. „На Светското првенство не навивам за ниту една конкретна репрезентација, но ги следам тимовите во кои играат фудбалерите што ги ценам и со кои сум соработувал. Ќе бидам среќен да навивам за нив“, објасни ...

Антоан Гризман потпиша за Орландо Сити и со тоа ја исполни својата долгогодишна желба да игра во американската МЛС лига. Со преселбата во клубот од Флорида, францускиот напаѓач ќе го обнови своето соперништво со Лионел Меси, со кого се натпреваруваше со години во шпанското првенство, пишува „beIN Sports“. Гризман (35) потпиша договор со Орландо до крајот на 2028 година. Тој го напушти Атлетико Мадрид како најдобар стрелец во историјата на ...

Јувентус официјално го потврди првото засилување за претстојната сезона. Турскиот репрезентативец Зеки Челик е новиот десен бек на клубот од Торино, со кого потпиша договор до 2029 година. За 28-годишниот фудбалер, ова е продолжение на неговата кариера во Италија откако претходната сезона ја помина во Рома. Тој се приклучи на Јуве без надомест по истекот на договорот. Челик, роден во 1997 година, се етаблираше во турскиот фудбал пред да се ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство, кое ќе се игра во недела во 21:00 часот во Њу Џерси. ФИФА објави видео во кое претседателот на Судиската комисија на ФИФА, легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина го информира Винчиќ дека е избран за главен судија на финалниот натпревар. Словенечкиот судија емотивно реагираше на веста дека ја добил најголемата чест во својата кариера и не можеше да ги ...

Арсенал постигна договор со Клуб Бриж за трансфер на грчкиот интернационалец Христос Цолис. Според „Атлетик“, англискиот шампион ќе плати 40 милиони евра за 24-годишниот лево крило. Тој доаѓа на „Емирати“ како замена за Леандро Тросард, кој беше продаден на Бешикташ за 18 милиони евра. Минатата сезона, Цолис играше на 52 натпревари во сите натпреварувања, на кои се истакна со неверојатна статистика, постигна 22 гола и додаде 29 асистенции. ...

Мајкл Олисе е главна тема на фудбалската јавност со недели откако се појавија шпекулации дека го напушта Баерн, односно дека Реал е подготвен да го урне светскиот рекорд со понуда од 223 милиони евра. Олисе ги известил челниците на германскиот гигант за својата одлука,а според новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенберг, во пораката порачал дека нема намера да го напушти Баерн и дека не е заинтересиран за никакви други понуди. Ова значи дека ...

Астон Вила експресно најде замена за Јури Тилеманс, кој замина во Манчестер Јунајтед. Жоао Гомеш потпиша договор со Астон Вила. Астон Вила за трансферот на Жоао Гомеш му плати на Вулверхемптон 41.000.000 евра. Бразилецо е играч од редот за врска, кој на „Молину“ како талент од Фламенго пред три и пол години за нешто повеќе од 18.000.000 евра и брзо се профилираше како клучен играч на Вулверхемптон. Во зимскиот преоден рок беше блиску до ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во втората претквалификациска рунда за пласман на Европското првенст о во 2029 година. Денешната ждрепка во Минхен, ја смести Македонија во Ф грушата, заедно со селекциите на Австрија и Кипар. Пласман во квалификациите за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите групи. Натпреварите ќе се играат во три „прозорци“ на ФИБА, во август и ноември оваа година и во ...

По завршувањето на Светското првенство ќе се случи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Реал Мадрид е подготвен да потпише договор со францускиот репрезентативец од Баерн Минхен, Мајкл Олисе. Според информациите од Шпанија, прашањето не е дали, туку кога ќе боде реализиран трансферот. „Мајкл Олисе сака веднаш да се приклучи на Реал Мадрид. Официјалниот став на Баерн е дека тој нема цена, но сите знаат дека вистината е поинаква. ...

Аргентина и Шпанија ќе играат во финалето на Светското првенство, а во пресрет на нивниот судир, една од најпознатите фудбалски фотографии во последните години повторно кружи на социјалните мрежи. На неа, 20-годишниот Лионел Меси го држи шестмесечниот Ламин Јамал, речиси две децении пред двајцата да станат ривали во натпреварот за титулата светски шампион. Финалето ќе се игра во недела, 19 јули, во 21 часот по македонско време на стадионот ...

Атлетико Мадрид не успеа да освои трофеј минатата сезона, беа поразени во финалето на Купот на кралот, подоцна испаднаа во полуфиналето на Лигата на шампионите, но нивните играчи имаат значајна улога на тековното Светско првенство и ќе бидат најбројни во претстојното финале помеѓу Аргентина и Шпанија. Дури девет фудбалери од популарните „Јорганџии“ се во составите на Аргентина и Шпанија за големото финале во недела (21 часот). Кога е во ...

Доколку Фудбалскиот сојуз на Италија го одобри предлогот на Паоло Малдини, Андреа Пирло ќе биде новиот селектор на Аѕурите. Новиот технички директор на Сојузот, прославениот Малдини, веќе ја донесе, засега, најважната одлука откако беше назначен на оваа важна позиција. Неговиот избор за нов селектор е Андреа Пирло, пишуваат италијанските медиуми. „Нема бел чад, а сè уште има време ранетиот италијански фудбалски тим да го пречека својот нов ...

Англија беше на прагот на своето прво финале на Светското првенство од 1966 година. До 85-та минута водеше против актуелниот светски шампион Аргентина со 1:0, а потоа следеше целосен колапс, кој долго време ќе го прогонува „Горди Албион“. Енцо Фернандез израмни со спектакуларен гол во 85-та, а Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското надополнување на времето, по уште една асистенција од Лионел Меси, ѝ донесе на Аргентина голем ...

Аргентинскиот херој Лаутаро Мартинез изјави дека имал претчувство дека ќе влезе на теренот и ќе го постигне победничкиот гол. Тој исто така го „удри“ по Англичаните, велејќи дека „останале без сила по 60 минути“. Репрезентацијата на Аргентина се палира во финалето на Светското првенство по драматичната победа над Англија (2:1), а стрелецот на победничкиот гол за голем пресврт, Лаутаро Мартинез, ги сподели своите први впечатоци и откри како ...

Во Аргентина, фудбалот е повеќе од спорт, фудбалот е живот и сè друго е неважно во однос на него за време на Светското првенство. Колку фудбалот им значи на Аргентинците, најдобро објаснува реакцијата на аргентинскиот коментатор Пабло Гералт. Неговите очи се целосно „фиксирани“ на она што се случува на теренот, а во секој збор може да се види вртлогот од емоции што се случуваат во него поради фудбалот. Неговиот коментар набрзо стана вирален ...

По спектакуларниот пресврт против Англија и победата од 2:1, Аргентина се пласира во второто последователно финале на Светското првенство. По зџавршувањето на натпреварот во Атланта, еден необичен детаљ привлече внимание. Додека ја славеа победата, играчите на Аргентина го пронајдоа шишето на Џордан Пикфорд, на кое голманот залепил белешки за потенцијално изведување на пенали. Снимките од ESPN го покажуваат Нико Гонзалез како му ги покажува ...

Томас Тухел се најде на мета на жестоки критики од англиската јавност по поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, но неговата позиција како селектор засега останува сигурна. Англиската фудбалска асоцијација (ФА), предводена од извршниот директор Марк Булингам, продолжува да го поддржува германскиот стручњак, кој треба да ја предводи репрезентацијата во циклусот за Европското првенство во 2028 година, пишува „Скај ...

Лионел Меси не ги криеше своите емоции откако Аргентина ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство. Капитенот на „гаучосите“ нагласи дека целиот натпревар имал посебно значење за неговиот тим, но и за аргентинскиот народ. „Сè што доживеавме од почетокот беше неверојатно. Од моментот кога излеговме на теренот и ја слушнавме националната химна, почувствувавме многу посебни емоции“, рече Меси по натпреварот. ...

Рафаел Леао како што сега стојат работите ќе го напушти Милан ова лето. Големата чистка на „Сан Сиро“ не е поттикната само од финансиски мотиви, туку и од желбата на португалскиот тренер, Рубен Аморим да се ослободи од фудбалерите кои не се вклопуваат во неговиот нов тактички систем. Најголемото име кое е не е во неговите планови е првата ѕвезда на тимот – Рафаел Леао. Иако португалскиот играч има откупна клаузула во договорот од нереални ...

Францускиот репрезентативец Вилијам Салиба ја ризикуваше својата кариера во полуфиналето на Светското првенство, му се заканува операција и пауза од неколку месеци. Ова може да биде катастрофална вест и за Арсенал. Додека Франција тагува по поразот од Шпанија (0:2) и елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, во таборот на лондонскиот Арсенал владее вистинска паника. Главниот столб на одбраната на „топџиите“ и еден од најдобрите ...

Аргентина ја победи Англија со 2:1 во полуфиналето на Светското првенство и го обезбеди своето место во големото финале против Шпанија. Прославата на спектакуларната победа, на теренот во Атланта брзо беше засенета од потег што одекна далеку над спортот. Натпреварите меѓу Аргентина и Англија никогаш не се само фудбал. Сеќавањето на вооружениот конфликт за суверенитет над Фолкландските (Малвински) Острови од 1982 година и поразот на ...

По последниот свиреж на судијата и завршувањето на драматичниот натпревар помеѓу Аргентина и Англија, вниманието на јавноста го привлече еден момент што се случи на теренот. На видеата што кружат на социјалните мрежи, Џуд Белингам може да се види како во еден момент го удира аргентинскиот играч Валентино Барко. Аргентинците славеа голем пласман во финалето, а играчот од средниот ред на Реал Мадрид во еден момент се приближи и го удри својот ...

Фудбалерите на Англија ја испуштија шансата да се пласираат во финалето на 23-то Светско првенство. Во спектакуларен меч, по пресврт загубија од актуелниот првак Аргентина 1:2. Англичаните поведоа против Аргентина со голот на Ентони Гордон во 55-та минута, но Аргентина го доби дуелот со головите на Енцо Фернандез во 85-та и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското надополнување на времето. Селекторот на Англија, Томас Тухел, од ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не ги криеше своите емоции по победата на неговиот тим од 2:1, со која „гаучосите“ стигнаа до нивното второ последователно финале на Светското првенство. Во разговор со медиумите по натпреварот, Скалони истакна дека е горд на своите играчи и навивачи, нагласувајќи дека националниот тим го остава без зборови одново и одново. „Немам зборови. Ова е огромна радост за целиот тим и за нашиот народ. Нашите ...

Репрезентацијата на Англија загуби со 2:1 од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство. Англија поведе на почетокот на второто полувреме благодарение на голот на Ентони Гордон, а потоа се повлече и на крајот прими два гола, кои ги постигнаа Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез. Подолу ви ги пренесуваме реакциите на најистакнатите англиски медиуми. Би-Би-Си: Неспортската прослава на Аргентинците ги разбесни Англичаните „Денес видовме ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Бакар

12.58