Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Два дена пред неговиот 39-ти роденден, Лионел Меси постави дури четири рекорди на Светските првенства. Во победата на бранителот на титулата против Австрија со 2:0, во второто коло од групата, Меси ги постигна двата гола и со тоа постави рекорди, кои беа потврдени и од Гинисовата книга на рекорди. Во соопштението за медиумите објавено по натпреварот, Гинисовата книга на рекорди ги наведе достигнувањата на Меси: со вкупно 18 гола, тој стана ...
Аргентиснкиот напаѓач, Хулијан Алварез (26), откри дека е подготвен да го напушти Атлетико Мадрид ова лето за да го оствари својот трансфер од соништата. Иако моментално е на Светското првенство со аргентинската репрезентација, најмногу сака да го смени клубот. Пред две години, Атлетико го купи од Манчестер Сити за 75 милиони евра ( и 20 милиони преку потенцијални бонуси). Оттогаш, на 106 натпревари, постигна 49 гола и забелеѓа 17 ...
Двократниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот, Јанис Адетокумбо, го напушта Милвоки, кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит. Според информациите објавени од познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Милвоки и Мајами постигнаа договор за голема размена во која грчкиот ас се сели во Флорида, заедно со искусниот крилен центар Боби Портис. Милвоки ќе ги добие Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хаиме Хакес Џуниор и Каспарас Јакутсионис, ...
Франција го победи Ирак со 3:0, а Норвешка во натпревар со пет гола славеше над Сенегал со 3:2. Овие две селекции, по две рунди изборија место во нокаут фазата од групата И. Во Ј групата, Алжир со 2:1 го победи Јордан и ги задржа шансите за пласман во наредната фаза од Светското првенство. Франција против Ирак ја оправда фавористската улога, забележа лесна победа, во Филаделфија. Поради невремето над овој град натпреварот траеше речиси ...
Актуелните светски шампиони, Аргентина, го продолжија својот поход кон одбрана на титулата со победа над Австрија (2:0) во второто коло од Групата Ј. Сè што направија „Гаучосите“ на стадионот во Далас беше во знакот на Лео Меси. Најголемата аргентинска ѕвезда влезе во историјата на Светското првенство. Тој ги постигна двата гола за својата репрезентација, а воедно стана и апсолутно најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. ...
Вечерва, во Далас, Аргентинецот Лионел Меси официјално стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Меси го постигна 17-от гол во својата кариера на Мундијалите. Меси до историското остварување дојде од „втор обид“, откако во деветтата минута промаши пенал. Сепак во 38-та минута постигна гол и го урна рекордот на Мирослав Клосе (16). Аргентина отвори контра, центаршутот упати Медина од левото крило, Алмада брилијантно ја ...
Жељко Обрадовиќ имаше спектакуларен прием во салата „ОАКА“ во Атина. По 14 години, Обрадовиќ се врати на клупата на Панатинаикос. Пред прес-конференцијата, Обрадовиќ отиде во салата, каде што речиди 3.000 навивачи на Панатинаикос се собраа на трибините. Тие го скандираа неговото име и создадоа одлична атмосфера со запалени факели. Обрадовиќ беше без работа од ноември минатата година, кога го напушти Партизан. Во својот прв мандат, Жељко го ...
Тотенхем не запора со летните потписи и го означи Маркус Рашфорд како своја следна главна цел. Спарс наводно подготвуваат официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој имаше успешна сезона на позајмица во Барселона. Спарс веќе го обезбедија Јан Пол ван Хеке од Брајтон за 62 милиони евра, како и слободните трансфери на Ендру Робертсон и Маркос Сенеси, и испратија огромна понуда од 95 милиони евра за Сандро Тонали од Њукасл. Иако ...
По девет години договор со Реал Мадрид, играчот од средниот ред Дани Себаљос го напушта клубот бесплатно. Реал нема да бара ниту едно евро обештетување. Дани Себаљос стана член на Реал Мадрид во 2017 година, а со двегодишна позајмица во Арсенал, беше член на првиот тим на кралскиот клуб вкупно седум години. Сепак, неговата приказна во Мадрид завршува ова лето и клубот одлучи да го пушти бесплатно, иако е под договор до летото следната ...
Репрезентацијата на Австрија влегува во својот втор натпревар на Светското првенство со победа од 3:1 против Јордан, но вечерва во 19 часот ја чека сосема поинаков предизвик – актуелните светски шампиони Аргентина. Селекторот Ралф Рангник, најавувајќи го натпреварот, рече дека се аутсајдери, додека капитенот Марсел Сабицер истакнува дека тимот е „опуштен, но концентриран“ пред натпреварот во кој немаат што да изгубат. Атмосферата пред ...
Во натпревар од второто коло од Групата Х, Уругвај и Зеленортските острови ги поделија бодовите играјќи 2:2. Двете екипи сега имаат по два бода. Нерешениот резултат ги остава двата тима за пласман во нокаут фазата, но за Уругвај ситуацијата стана многу покомплицирана бидејќи играат против Шпанија во последното коло. Кевин Пина Лентини и донесе предност на африканската селекција, со гол од слободен удар. Во финишот Уругвај изедначи во 44-та ...
По неуспехот во дуелот со Зелено’ртските Острови, Шпанија рутински победи против Саудиска Арабија во второто коло од Групата Х – 4:0. Шпанците се задоволни и од враќањето на ѕвездата на тимот, Ламин Јамал, во почетниот состав, а најмладиот играч на оваа репрезентација го одигра првото полувреме, во кое го постигна и водечкиот гол за својата селекција, во десеттата минута. Во центарот на вниманието беше Микел Ојразабал, кој имаше четири ...
Белгија уште еднаш разочара на Светското првенство. По ремито со Египет, Белгија одигра 0:0 со Иран. Инаку, иранскиот тим на оваа средба влезе во историјата како најстариот тим во историјата на Светските првенства, односно од 1966 година, кога се води статистика. Просечната возраст на играчите што тренерот Амир Галенои ги извади на теренот беше 32 години и 181 ден, надминувајќи ја Германија од Светското првенство во 1998 година, кога ...
Фудбалерите на Малага се вратија во елитниот ранг на шпанскиот фудбал, откако ја победија Алмерија во плејофот на ЛаЛига 2 по два натпревари со вкупен резултат од 2:1. Првиот натпревар во Малага заврши без голови, а во реваншот сино-белите славеа како гости со 1:2 (0:0). Поради големите немири што му претходеа на натпреварот, почетокот беше одложен за 30 минути. Одлуката за победникот беше донесена во второто полувреме. Гостите поведоа со ...
Фудбалерите на Јапонија ја остварија својата прва победа на Светското првенство совладувајќи ја Тунис со 4:0. Јапонија сега има четири бода во Групата Ф, исто колку и првопласираната Холандија, додека Тунис го заврши натпреварувањето, не освои ниту еден бод, а гол разликата во два натпревари е 1:9. Тунис, да потсетиме, го отпушти селекторот по првиот натпревар, но тоа не им помогна да не се резилат и во следниот меч. Момците од земјата на ...
Фудбалската репрезентација на Германија го победи Брегот на Слоновата Коска со 2:1 со головите на Дениз Ундав. Екипата на Јулијан Нагелсман собра шест бода, обезбеди пласман во нокаут фазата, но остана без ценгтрален дефанзивец. Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, почувствува проблем со левата нога веќе по 13 минути, откако се судри со Амад Дијало. Лекарите му ставија мраз на глуждот и тој стисна заби до крајот на полувремето. ...
Курасао го освои првиот бод во својата историја на Светските првенства, откако одигра 0:0 против Еквадор во Канзас, а херој на натпреварот беше голманот Елој Рум со дури 15 одбрани. Рум со тоа постави нов рекорд на Мундијалите по бројот на одбрани во еден натпревар од 90 минути (15), без продолженија, и практично го запре тимот кој доминираше од првата до последната минута. Еквадор ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме веќе во ...
Фудбалскиот клуб Њукасл ја отфрли понудата на Тотенхем вредна околу 92 милиони евра за италијанскиот играч од средниот ред Сандро Тонали, објавија британските медиуми. Понудата пристигна на почетокот на неделата, но „страчките“ експресно ја отфрлија можноста за преговори, јасно ставајќи до знаење дека не сакаат да се откажат од еден од клучните играчи во тимот. Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, има голема желба да го доведе ...
Германската фудбалска репрезентација направи голем пресврт и славеше пбеда во дуелот со Брегот на Слоновата Коска со 2:1 во натпреварот од второто коло од Групата Е. Брегот на Слоновата Коска водеше од 30-та минута, а Денис Ундав ја донесе победата на Германија од клупата со два гола. Со оваа победа, Германија обезбеди место во нокаут фазата на Светското првенство. Германија беше подобриот противник во првите 20 минути, Германците создадоа ...
Лидерот во кралската класа, во Мото ГП шампионатот, Марко Бецеки, е суспендиран од утрешната трката за Големата награда на Чешка. Дирекцијата на трката му изрече толку строга казна на возачот на Априлија за неспортско однесување, откако по излетувањето во спринт трката, тој турна и удри стјуард кој се обидуваше да стигне до неговиот мотор. Во образложението на одлуката се наведува дека таквото однесување е спротивно на интересите на ...
Репрезентацијата на Холандија ја декласира Шведска со 5:1, во второто коло во Ф групата и со една нога е во нокаут фазата. „Лалињата“ на овој натпревар станаа осмата репрезентација што постигнала најмалку 100 гола на Светските првенства. Холанѓаните во „првата четвртина“ ја најавија победата, кога џокерот на Роналд Куман, напаѓачот на Сандарленд, Брајан Броби постигна два гола, во шестата и 17-та минута. Следуваше потоа период на добра игра ...
Пред 1000-от натпревар на Светското првенство помеѓу Тунис и Јапонија, ФИФА потсети на сите јубилејни натпревари што ја одбележаа историјата на Мундијалите. Репрезентативците на Тунис и Јапонија ќе влезат во историјата кога ќе излезат на теренот во Монтереј во сабота по локално време, односно рано наутро во недела по средноевропско време (06.00 часот), бидејќи оваа средба од Групата Ф го означува 1000-от натпревар во историјата на ...
Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ја доби најновата (воедно и последна) понуда од Јувентус за продолжување на соработката, објавува „Газета дело Спорт“. Според угледен италијански весник, челниците на торинскиот клуб му испратиле на Влаховиќ конечен предлог за договор во кој се обидуваат да го задржат во своите редови и за следната сезона. Според истиот извор, Јувентус му понудил на напаѓачот едногодишен договор вреден осум милиони ...
Реал Мадрид издаде официјално соопштение како одговор на медиумските тврдења за наводен интерес за играчот на Баерн Минхен, Михаел Олисе. Шпанскиот клуб соопшти дека немал никаков контакт со францускиот фудбалер или неговите претставници, пишува на официјалната веб-страница на клубот. Во соопштението за медиумите се нагласува дека Реал Мадрид не стапил во директен или индиректен контакт со Олисе, неговите претставници или луѓе од неговата ...
Се чини дека незадоволството во португалската репрезентација расте по ремито 1:1 со Конго на Светското првенство, а најголем дел од критиките повторно се насочени кон Кристијано Роналдо. Иако Роналдо и натаму е една од најголемите икони во историјата на португалскиот фудбал, дел од јавноста смета дека неговите години веќе не му дозволуваат да игра на нивото што го очекува репрезентацијата. Неговиот соиграч Жоао Невеш изјави дека Роналдо ...
Легендарниот Бразилец, Роналдињо се враќа на фудбалските терени, речиси една деценија откако стави крај на својата играчка кариера. Поранешниот освојувач на „Златната топка“ постигнал договор со Равена, клуб кој настапува во италијанската Серија Ц. Деталите од договорот засега не се целосно познати. Во Равена веруваат дека неговото доаѓање ќе донесе огромно медиумско внимание, но и дополнителна мотивација за помладите фудбалери во тимот. ...
Фудбалската репрезентација на Турција постави нов неславен рекорд на Светското првенство 2026, откако не постигна ниту еден гол и покрај тоа што упати 62 шута кон противничкиот гол во првите два натпревара, покажуваат податоците на статистичкиот сервис „Опта“. „Турските фудбалери упатија вкупно 62 шута кон голот, што е најголем број неуспешни обиди во два натпревара од почетокот на водењето на статистиката во 1966 година“, наведува „Опта“. ...
Фудбалската репрезентација на САД продолжува да ги воодушевува навивачите на Светското првенство, бидејќи по две кола има максимален учинок во Групата Д. По победата од 2:0 над Австралија, селекторот Маурисио Покетино испрати јасна порака – Америка може да сонува за титулата ако сите нејзини најдобри играчи се подготвени. Во центарот на вниманието беше отсуството на најголемата ѕвезда на тимот, Кристијан Пулишиќ, кој не настапи во Сиетл ...
Поранешниот аргентински фудбалер и сегашен тренер на чилеанскиот клуб Универсидад де Чиле, Фернандо Гаго, беше итно опериран во Сантијаго де Чиле, поради кардиоваскуларни проблеми. Тоа се случи по победата на неговиот тим против О’Хигинс. Клубот соопшти дека Гаго е во добра состојба. „Ја информираме јавноста дека нашиот тренер Фернандо Гаго помина низ серија кардиоваскуларни тестови и нема да го води тренингот денес. Фернандо е во добра ...
Холандската фудбалска репрезентација има неколку мали проблеми пред натпреварот со Шведска. Можеби ќе настапат без Френки де Јонг, а секако нема да игра Квентен Тимбер. Де Јонг се судри со Тимбер, кој доживеа потрес на мозокот, додека вториот беше полесно повреден. Сепак, Тимбер сигурно нема да биде во составот вечерва за натпреварот со Шведска. „Тимбер, кој влезе како резерва во ремито 2:2 со Јапонија, има мал потрес на мозокот и сигурно ...