Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Последниот меч од групната фаза на Светското првенство ја режираше и најголемата драма. Алжир и Австрија одиграа 3.3 со што Иран доживеа елиминација од Мундијалот. Иранците секунди ги делеа од пласман во нокаут фазата. Алжир постигна гол за 3:2 преку Марез во 90+3 минута и се чинеше дека ѝ се одмаздува на Австрија за 1982 година и срамот од Хихон, но во 90+6 минута. Саша Калајџиќ спречи елиминација на Австрија. Двете репрезентации се ...
Стив Кларк поднесе оставка од функцијата селектор на Шкотска. Само еден месец откако потпиша нов четиригодишен договор, тој донесе одлука да се пензионира веднаш откако Шкотска и математички беше елиминирана од Мундијалот. Во конкуренција на Бразил, Мароко и Хаити, Шкотите забележаа една победа и два порази. Кларк ја напушта клупата како најуспешен менаџер на Шкотска во модерната историја. За време на неговите седум години на функцијата (од ...
Египетската репрезентација се соочи со нов проблем пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, бидејќи капитенот Мохамед Салах се повреди на натпреварот против Иран (1:1) во последното коло од групната фаза. Најдобриот фудбалер на Египет мораше да го напушти теренот во 57-та минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за истегнување. Како што објави Фудбалската асоцијација на ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ официјално стана најстариот асистент на Светските првенствао, од 1966 година, кога се следи оваа статистика. Во 83-та минута, во победата над Гана (2:1), со која Хрватите обезбедија место во нокаут фазата, Модриќ изведе корнер по кој Никола Влашиќ го постигна победничкиот гол со глава. На 40-годишна возраст стана најстариот играч во историјата на Светските првенства што забележал асистенција. На самиот крај ...
На 23-то Светско првенство во САД, Канада и Мексико заврши фазата по групи. Од 48 екипи, 32 од нив обезбедија пласман во првата нокаут рунда, која ќе трае од 29 јуни до 4 јули. Национални репрезентации како Уругвај, Турција, Шкотска, Јужна Кореја и Чешка го завршија турнирот предвреме, а нивното елиминирање е најголемото изненадување од првиот дел од турнирот. Нокаут фазата започнува вечерва со натпревар помеѓу Јужна Африка и Канада, додека ...
Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Капитенот на Аргентина испиша нова страница во историјата бидејќи стана првиот играч кој постигнал гол во седум последователни натпревари на Светските првенства. Тој стигна до историското достигнување во натпреварот од последното коло од групната фаза против Јордан, кога во 80-тата минута мајсторски ја затресе мрежата од слободен удар и ги постави конечните 3:1. ...
Англија и Хрватска ги освоија првите две позиции во Л групата, а заедно со нив во нокаут фазата ќе продолжи Гана, додека Панама го заврши учеството на СП. Во последното коло во групата, Англија ја победи Панама со 2:0, а Хрватска ја совлада Гана со 2.1. Иако Англија беше голем фаворит, Панама добро се држеше во првото полувреме против фаворизираниот противник. Блескаше во првиот дел голманот на Орландо, Москера, кој одбрани неколку тешки ...
Холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо, ја доби најлошата можна вест од својата татковина. Неговиот нероден син почина. Тажната вест го затекна Гакпо во средината на подготовките на холандската репрезентација за првиот меч во нокаут фазата на Светското првенство против Мароко. Неговата девојка Ноа ван дер Биј објави тажна порака на Инстаграм. „Со скршено срце ве известуваме дека нашиот син почина за време на бременоста“, напиша Ван дер ...
Дури ни Златан Ибрахимовиќ не остана рамнодушен на трилер завршницата на натпреварот Иран-Египет и поништениот гол на Иран при резултат 1:1 во судиското продолжение, со што беа елиминирани од турнирот. Ибрахимовиќ беше многу лут поради одлуката на ВАР да го поништи голот. Доколку голот не беше поништен, Иран ќе победеше и ќе завршеше втор во групата зад Белгија, автоматски квалификувајќи се во осминафиналето. „Токму затоа луѓето ја губат ...
Гранит Џака наскоро би можел да стане играч на Челзи. Како што објави Флоријан Платенберг од германскиот „Скај Спортс“, двете страни практично се договориле за сè и сега останува „сините“ да најдат заеднички јазик со Сандерленд. Се проценува дека Челзи би можел да издвои околу 15.000.000 евра за трансферот на швајцарскиот капитен, колку што „Црните мачки“ му платија на Баер од Леверкузен минатото лето. Чаби Алонсо, новиот тренер на клубот ...
Капитенот на Зелено’ртските Острови, Рајан Мендеш, е обвинет за силување. Овој случај се случил во Нов Зеланд, а бразилскиот „Глобо“ објавува дека станува збор за нивна државјанка која живее во оваа земја. Сè се случило во март, кога Зелено’ртските Острови играле пријателски натпревари против Нов Зеланд и Чиле. Девојката работела како преведувач на турнирот од серијата на ФИФА, а наводниот инцидент се случил во хотелот каде што престојувала ...
Шпанија е во проблеми по триумфот против Уругвај во последното коло од групната фаза на Светското првенство. Јужноамериканската селекција ја „претепа“ Црвената Фурија, а за тоа е виновен и судијата Исмаил Елфат, кој дозволи екстремно груба игра, па Јереми Пино и Нико Вилијамс се повредија. Офанзивниот играч на Атлетик Билбао мина малку подобро, тепко се движел низ ходникот на стадионот по натпреварот, сомнежите се дека има проблем со ...
Поранешниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез, откри зошто го претпочита Хари Кејн пред Ерлинг Халанд во изборот на најдобар напаѓач во светот. Тој ја истакна супериорната тактичка интелигенција на англискиот капитен и способноста да ја поврзе играта. Легендарниот уругвајски голгетер нагласи дека Кејн се издвојува од другите модерни „деветки“ со својата единствена способност да ја чита играта и да ги наоѓа соиграчите. Во разговор за ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го забележа најдоброто време во квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Австрија, осма во тековниот шампионат. Третопласираниот во генералниот пласман го освои првото место во квалификациите на прилично интересен и возбудлив начин: преземајќи го водството од возачот на Ферари, Шарл Леклер, во последниот круг. Тоа беше само кулминација на драматична борба на жешкиот асфалт. Претходно, исто ...
Првиот дел од Светското првенство, чии домаќини се САД, Канада и Мексико, влезе во последната. Веќе се познати 28 селекции во нокаут фазата, формирани се девет двојки за 1/16 финалето. Фазата по групи завршува вечерва со натпреварите од третото коло, во групите Л, К и Ј. Преостанати натпревари од групната фаза: Од 23:00 часот група Л Хрватска – Гана Англија – Панама Од 1:30 часот група К Колумбија – Португалија ДР Конго – Узбекистан Од 4:00 ...
Милан е начекор до трансферот на Гонсало Рамос. Договорот беше договорен во последните неколку часа, а 25-годишниот португалски репрезентативец ќе стане нов централен напаѓач на „росонерите“, тврдат италијанските медиуми. Молскавичната операцијата изненади многумина, со оглед на тоа што првата вест за преговорите меѓу Милан и ПСЖ се појави дури во четврток. Дека трансферот е пред реализација потврди и „Атлетик“, кој во петок попладне објави ...
Лионел Меси нема да биде во почетниот состав на Аргентина за последното коло од групната фаза на Светското првенство против Јордан. Селекторот Лионел Скалони одлучи да го одмори капитенот и најголемата ѕвезда на тимот пред почетокот на нокаут фазата, потврдувајќи дека Меси ќе го започне натпреварот на клупата, но дека ќе добие шанса во остатокот од натпреварот. Актуелниот светски шампион веќе го обезбеди првото место во групата Ј, па дуелот ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, се соочи со сериозен проблем поради отсуството на еден од најважните играчи на Светското првенство. Десниот бек Рис Џејмс нема да може да ги игра следните два натпревари поради повреда на тетивата. Фудбалерот на Челзи се повреди на натпреварот против Гана во второто коло од групната фаза. Тој всушност обнови стара повреда, која ја заработи додека играше за Челзи во март. Тогаш беше надвор од терените ...
Шпанија очекувано, а Зелено’ртските острови сензационално изборија пласман во нокаут фазата на СП. Шпанците ја освоија Х групата со седум, а играчите од малата островска држава во Атланскиот океан второто место. Извисија Уругвајците, кои се враќаат дома, како и Саудиска Арабија. Шпанија со голот на Алекс Баена во 42-та минута ја обезбеди победата. Голот оди на душа на голманот Муслера. Во полувремето, селекторот Бјелса го остави Муслера во ...
Белгија го освои првото место, Иран е втор, а Иран се надева дека ќе оди во нокаут фазата како трет. Ова е епилогот од Групата Г на СП, бидејќи Белгија го победи Нов Зеланд со 5:1 во последното коло, додека Египет и Иран ремизираа 1:1. Белгија конечно одигра како што се очекуваше и го доби Нов Зеланд на крилата на одличниот Леандро Тросар. Асот на Арсенал постигна гол во 28-та и 50-та минута за големи 2:0. До крајот на натпреварот, Де ...
Американскиот центар Мојзес Рајт е на чекор до трансфер во Барселона, но во исто време би можел да ја промени и репрезентацијата. Како што објави „Basketnews“, поранешниот центар на Жалгирис е во завршни преговори со Кошаркарската федерација на Македонија во врска со добивање државјанство, што би му овозможило да добие европски пасош и во исто време да стане натурализиран Македонец. Ваквиот развој на настаните би бил од големо значење и за ...
Комплетираное третото коло во Групата И на СП, најголем победник би можел да биде Сенегал. Франција ја победи Норвешка благодарение на хет-трикот на Дембеле и го освои првото место во групата, додека Сенегал убедливо го победи Ирак и во последен момент се најде во ситуација да обезбеди нокаут фаза преку табелата на третопласираните екипи. Дербито на групата помеѓу Франција и Норвешка на стадионот Бостон (Жилет) во Фоксборо заврши со ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, во првото коло на Вомблдон ќе игра против финалистката од минатата година, Аманда Анисимова. Ѓорческа, успешно ги миба трите квалификациски рунди и оствари историски успех, стана првата македонска тенисерка што ќе настапи во главната рунда на Гренд слем турнир. Немаше среќа со ждрепката, бидејќи на патот кон втората рунда ќе и стои шестата фавортика на турнирот, Американката Аманда Анисимова. ...
Ракомеатерите на македонскиот шампион Вардар 1961 го дознаа противниците во Лигата на шампионите. Вардар 1961 се врати во елитното натпреварување откако доби специјална покана од ЕХФ. Противници на црвено-црните ќе бидат Нант, Мелсунген и Висла Плоцк. Распоред на натпреварите на Вардар: 9/10 септември 2026: Мелсунген – Вардар 16/17 септември 2026: Вардар – Нант 7/8 октомври 2026: Вардар – Висла Плоцк 14/15 октомври 2026: Висла Плоцк – ...
Еквадорскиот фудбалер Пјеро Инкапие потпиша повеќегодишен договор со Арсенал, објави англискиот шампион. Во соопштението се наведува дека Арсенал ја активирал опцијата за откуп на договорот на еквадорскиот играч од Баер Леверкузен, кој ќе стапи на сила на 1 јули. Инкапије (24) играше како позајмен играч во Арсенал минатата сезона. Деталите од договорот не беа објавени, но британските медиуми шишуваат дека еквадорскиот фудбалер потпишал ...
Манчестер Сити постигна договор со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон. Конечниот договор беше постигнат откако Сити поднесе нова, подобрена понуда и успеа да ја приближи својата проценка на играчот до барањата на Форест. Сè што останува е 23-годишниот играч од средниот ред да се договори за личните услови со клубот од „Етихад“. Вредноста на трансферот е околу 150 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, што ќе го сруши ...
Шест групи од Светското првенство досега го добија епилогот, што значи дека се познати четири двојки за 1/16 финалето. Првиот натпревар ќе биде одигран на 28 јуни, од 21:00 часот, кога Јужна Африка и Канада ќе се сретнат во Инглвуд. Ден подоцна, Холандија и Мароко ќе ги одмерат силите во Монтереј, додека Бразил и Јапонија ќе играат во Хјустон. Исто така е познато дека на 1 јули, Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина ќе играат ...
САД, Австралија и Парагвај од Д групата се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство. САД за пласман во осминафиналето ќе играат со биХ, а Парагвај против Германија, Австралија се уште не го знае името на противникот. Парагвај и Австралија одиграа пријателски меч во Калифорнија, бидејќи и на двата тима им одговараше таквиот резултат. Епилогот на крајот е реми без голови и второ место за Австралија, а трето за Парагвај. Турските ...
Холандија и Јапонија ја минаа групата Ф, а Шведска ќе почека, но најверојатно како третопласирана ќе оди во нокаут фазата. Изминатата ноќ, Холандија лесно се справи со Тунис (3:1), а Јапонија и Пведска одиграа 1.1. Јапонија беше поопасна во првото полувреме, на кое двата тима пристапија многу претпазливо. Првото полувреме беше обележано со повреда на шведскиот стопер Исак Хиен, кој потоа беше заменет од играчот од средниот ред на Тотенхем, ...
Фантастичен расплет се случи вечерва во Е групата на Светското првенство. Еквадор, по пресврт, ја победи фаворизираната Германија со 2:1, додека Брегот Слонова Коска со 2:0 славеше над Курасао. Германија и пред оваа рунда го освои првото место, БСК се втори, а Еквадор од третата позиција оди во нокаут фазата. Курасао, историскиот прв настап на Мундијалите го заврши со еден бод. Екипата на Јулијан Нагелсман започна силно, а во втората минута ...