Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Реал Мадрид не се откажа од Алесандро Бастони, но Интер нема намера да го пушти за помалку од 70 милиони евра. Како што објави „АС“, Жозе Мурињо сака уште еден врвен стопер, иако клубот веќе имаше многу активно лето и ги донесе Ибрахима Конате, Марко Кукурељо и Дензел Дамфрис. Португалецот врши голема реконструкција на одбраната, а Бастони наводно е профилот што најмногу му се допаѓа. Реал претходно го обележа Ник Шлотербек како последно ...
Менаџерот на Челзи, Чаби Алонсо, изјави дека веќе има идеја како да го вклопи рекордното засилување Морган Роџерс со Кол Палмер, еден од најдобрите играчи на лондонскиот клуб. Роџерс стана најскапиот британски фудбалер во историјата минатата недела откако се пресели од Астон Вила на Стемфорд Бриџ за 117 милиони фунти. 24-годишниот играч од средниот ред моментално е на одмор откако играше за Англија на Светското првенство, додека Челзи веќе ...
Андреа Пирло нема да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Неговото назначување беше суспендирано во последен момент од страна на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) поради комерцијалната соработка на Пиро со руската обложувалница Фонбет. Веста за прекин на преговорите го затекна тренерот синоќа во автобус, додека се враќаше од пријателски натпревар во Салцбург. Малдини и Леонардо, технички директор и советник ...
Одлуката на Флорентино Перез и неговите блиски соработници, Реал Мадрид да издвои троцифрена милионска сума за потписот на 19-годишниот Јан Диоманде предизвика вистински фудбалски земјотрес. Младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска го воодушеви светот со брилијантните настапи на неодамна завршеното Светско првенство и одличната сезона во Лајпциг, но сумата што надминува 100 милиони евра ја подели и јавноста, како и клупските ...
Односите меѓу Карим Бензема (38) и саудискиот клуб Ал-Хилал дополнително се влошија. Францускиот напаѓач одбива да го напушти клубот и не прифаќа ниту една понудена опција за летен трансфер, што му создава сериозни проблеми на клупските челници во подготовките за новата сезона. Раководството на Ал-Хилал се обиде да ја реши ситуацијата нудејќи му на Бензема трансфер во еден од новите прволигашки тимови во лигата, но францускиот фудбалер ја ...
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши својата судиска кариера само една недела откако го судеше финалето на Светското првенство. Винчиќ се пензионира на 46 години, а неговото заминување беше потврдено од Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ стана меѓународен судија во 2010 година. Две години подоцна, беше вклучен во Европското првенство како шести судија, а со словенечкиот тим учествуваше и во четвртфиналниот натпревар. Во ...
Бредли Баркола, одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, и според сè, следната негова дестинација ќе биде Премиер лигата. Баркола сака да го напушти клубот, поради жестоката конкуренција на неговата позиција. Ливерпул засега покажува најголем интерес. Пари Сен Жермен реагираше и постави цена за крилниот напаѓач од 170 милиони евра. Ако ова е премногу за Ливерпул, шампионот на најсилната лига во светот сака да ја искористи шансата. ...
Реал Мадрид обезбеди нов трансфер, Јан Диоманде од РБ Лајпциг во текот на оваа недела официјално ќе стане играч на „Кралскиот клуб“. Според инсајдерот, Фабрицио Романо, договорот меѓу клубовите е постигнат, а обештетувањето за крилниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе изнесува повеќе од 100 милиони евра. Диоманде ќе отпатува за Мадрид оваа недела, каде што ќе помине медицински прегледи и ќе потпише договор што ќе го врзе со Реал до ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Унгарија – 11. трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Британецот ја забележа својата прва победа оваа сезона и прва откако минатата година стана шампион. Норис дојде до триумф со 15 секунди предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека третото место му припадна на возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, беше ...
Челниците на англискиот првак Арсенал се подготвени да реализираат блокбастер трасфер до крајот на преодниот рок. Не е тајна дека нивна цел е Винисиус Жуниор. Според „Телеграф Спорт“, парите не се проблем. Подготвени се да му понудат на Бразилецот повеќе од 400.000 фунти неделно колку што заработува во Реал. Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, а кога ќе се земе предвид неговиот конфликт со новиот тренер ...
Формула 1 и ФИА потврдија дека Големата награда на Бахреин во 2026 година ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија. Трката ќе се одржи од 2 до 4 октомври, помеѓу Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Сингапур, додека остатокот од календарот останува непроменет. Настанот официјално ќе се нарече Големата награда на Бахреин во Малезија, а договорот сè уште треба да добие конечно одобрение од Светскиот совет за мотоспорт. ...
Аргентинскиот кошаркар, Лука Вилдоза, наскоро ќе стане играч на Партизан. Според добро информираните новинари Чема де Лукас и Арис Баркас, Партизан ги договорил сите детали околу трансферот. Со тоа, Аргентинецот ќе стане првиот кошаркар што некогаш играл за лутите ривали од Белград и Атина, бидејќи играл за Панатинаикос и Олимпијакос, како и за Црвена Звезда, а сега доаѓа во Партизан. Вилдоса играше за Виртус од Болоња заедно со Алесандро ...
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски (34), наскоро треба да го напушти ФК Сараево, објавија медиумите од Босна и Херцеговина. Според нивните пишувања, Ристовски наскоро треба да го раскине договорот со клубот од Кошево, по што ќе биде слободен да бара клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Официјална потврда се очекува во наредните денови. Медиумите од Босна и Херцеговина наведуваат дека Ристовски не ги ...
Реал Мадрид направи клучен чекор во трката за еден од најбараните млади таленти во Европа, Јан Диоманде, постигнувајќи усмен договор за личните услови со крилниот напаѓач на РБ Лајпциг. Со тоа, „Кралскиот клуб“ се изедначи со Пари Сен Жермен, кој доби „зелено светло“ од играчот уште во јуни. Минатиот месец, Парижаните се согласија на петгодишен договор со Диоманде до 2031 година и не се откажуваат од неговото доведување. Сепак, сега кога ...
Домот на селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, е под зголемено полициско обезбедување поради глемиот број навивачи кои сакаат да го видат и да го поддржат по поразот во финалето на Светското првенство. Полицијата постави ограда околу имотот, додека полицајците се на должност во текот на целиот ден за да ја држат ситуацијата под контрола. Иако Аргентина загуби од Шпанија во финалето со 1:0, популарноста на Скалони не се намали. Напротив, ...
Ајмерик Лапорт ги понуди своите услуги на Барселона за време на Светското првенство, но каталонскиот клуб не е заинтересиран за неговото доаѓање. Како што објавува „Мундо Депортиво“, искусниот стопер сакал да се пресели во клубот со кој претходно беше поврзуван, особено по одличните игри во дресот на шпанската репрезентација. Лапорт, заедно со Пау Кубарси, го формираа одбранбениот ѕид на светските шампиони, кои примија само еден гол на ...
Лионел Меси нема да настапи на претстојниот Ол-стар натпревар на МЛС лигата, откако со Аргентина играше финале на Светското првенство, соопшти американската лига. Минатата година Меси беше казнет бидејќи самоволно го прескокна мечот кој ги собира најдобрите играчи од МЛС против избран состав од мексиканската Лига MX. Учеството на Ол-стар натпреварот вообичаено е задолжително, освен во случај на повреда, но оваа година е направен исклучок ...
Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, изрази разочараност што не добил понуда повторно да го преземе националниот тим. Под нгово воство Италија го освои Европското првенство во 2020 година со 37 натпревари без пораз. Сепак, тимот не успеа да се квалификува за Светското првенство 2022, а Манчини ненадејно ја напушти функцијата за да ја преземе селекцијата на Саудиска Арабија. Минатата година премина во ...
Македонскиот шампион Вардар ја почна одбраната на титулата со сигурна победа над Брегалница (2-0) попладневоо на Националната арена „Тодор Проески“. Стрелци беа Димитар Данев во првото полувреме и Горан Закариќ во 81. минута. Со ова „црвено-црните“ освоија први три бода во новата сезона. По успешниот старт во домашниот шампионат, Вардар го насочува вниманието кон реваншот против Рига во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. ...
Поранешниот репрезентативец на Мали и ексиграч на Истра 1961, Калилу Траоре, загина во сообраќајна несреќа вчера, 24 јули, на 38-годишна возраст, објавија локалните медиуми. Веста за неговата прерана смрт ја потресе фудбалската јавност, особено навивачите во Пула, Хрватска, каде што Траоре остави длабока трага. Како дефанзивен играч од средината, Траоре за репрезентацијата на Мали одигра 17 натпревари и постигна еден гол. Беше дел од ...
Хрватскиот репрезентативец Петар Муса, кој на последното Светско првенство постигна гол против Англија, би можел кариерата да ја продолжи во Мексико. Според информации на ESPN, пренесени од „Екселсиор“, клубот Тигрес бара нов напаѓач по заминувањето на аргентинскиот светски шампион Анхел Корреа во Ривер Плејт. На списокот на кандидати се три имиња: Муса, Србиновиот Дејан Јовелјиќ (Спортинг Канзас Сити) и Бразилецот Џон Кенеди (Флуминенсе). ...
Атлетико Мадрид го потпиша договор со крилниот напаѓач Канг-ин Ли, кој доаѓа од редовите на Пари Сен Жермен Кај „јорганџиите“ ќе остане до 2031 година. Репрезентативецот на Јужна Кореја на голема врата се враќа во Шпанија, како двоен европски шампион со парижаните. Ли веќе има богато искуство во Ла Лига – шест години настапуваше за Валенсија и Мајорка. Атлетико го следеше со години и се обиде да го доведе уште пред три сезони, но тогаш ПСЖ ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, јавно нападна еден од најголемите кошаркарски ѕвезди на сите времиња – Леброн Џејмс, изјавувајќи дека тој „можеби е расист“. Со оваа негова забелешка тој го засили судирот меѓу нив кој трае цела деценија. Коментарот дојде откако Џејмс потпиша договор со Филаделфија Севентисиксерс, а Трамп повторно ја отвори вечната дебата за тоа кој е најголем кошаркар во историјата – Леброн или Мајкл Џордан. „Мајкл ...
Андреа Пирло е новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Службената потврда се очекува во понеделник или вторник, а според информациите, сите детали околу четиригодишниот договор се веќе договорени. Светскиот првак од 2006 и европски вицепрвак од 2012 ќе ја води „азурната“ селекција со годишна плата од 1,5 милиони евра. Пирло стана главен кандидат откако Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги одбија понудите. Анчелоти неодамна ...
Голманот на Зеленортските Острови и еден од најголемите херои на Светското првенство 2026, Возиња, ќе ја продолжи кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло. Постигнат е усмен договор, а потписот на документите и медицинските прегледи се очекуваат во наредните денови. Возиња, кој беше без клуб по настапите на Мундијалот, беше поврзуван со бразилски екипи и со Интер Мајами, каде играат Лионел Меси и Луис Суарез, а неодамна пристигна и ...
Копенхашката група – меѓународна мрежа формирана врз основа на Маколинската конвенција на Советот на Европа – за време на Светското првенство регистрирала дури седум потенцијално сомнителни случаи поврзани со интегритетот на натпреварувањето. Групата тесно соработувала со ФИФА работната група за интегритет и поднела седум „жолти известувања“. Тие се издаваат кога се забележуваат сомнителни флуктуации на квоти, шпекулации на социјалните ...
Хрватскиот капитен Лука Модриќ ќе го носи дресот на Милан и во сезоната 2026/27. Тој ја активираше опцијата за продолжување на договорот со италијанскиот клуб до јуни 2027 година, со што стави крај на шпекулациите околу неговата кариера. По Светското првенство се пишуваше за можен крај, но 41-годишниот маестро реши да започне нова авантура. Модриќ пристигна во Милан во јули 2025 година без обештетување, по 13 години и рекордни 28 трофеи со ...
Легендарниот фудбалер, а сега тренер, Андреа Пирло, ќе стане нов тренер на „Азурите“. Според доверливиот експерт, Фабрицио Романо, поранешниот магионичар на средниот ред прифатил усна понуда од Италијанската фудбалска асоцијација и ќе го преземе кормилото на националниот тим како дел од сеопфатен, долгорочен проект, пренесуваат медиумите во регионот. Пирло го даде конечното „да“ по преговорите со Паоло Малдини и Леонардо, кои му презентираа ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави дека однесувањето на аргентинските играчи по финалниот натпревар на Светското првенство е неприфатливо. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага за судирите на теренот откако Шпанија ја победи бранителката на титулата Аргентина со 1-0 по продолженијата во неделата навечер во финалето на Светското првенство. Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес ...
Еден од најважните аргентински дефанзивци во изминатите години, Николас Отаменди, објави дека ја завршува репрезентативната кариера. Искусниот стопер по 17 години повеќе нема да го носи дресот на „гаучосите“. Отаменди се прости од репрезентацијата неколку дена по финалето на Светското првенство во 2026 година, кое воедно беше и негов последен настап за Аргентина. За националниот тим одигра 139 натпревари и беше еден од клучните фудбалери во ...