Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е моментално најомразената личност во Парагвај. Репрезентацијата на оваа мала јужноамериканска земја беше елиминирана од Франција во осминафиналето на Светското првенство. Единствениот гол на натпреварот го постигна Килијан Мбапе. Парагвајците ги „претепаа“ Французите во текот на целиот натпревар и не добија ниту еден жолт картон. Имаше неколку конфликтни ситуации на теренот во текот на натпреварот, а по ...
Карим Адејеми наскоро би можел да стане нов играч на Барселона. Каталонскиот клуб постигна усмен договор со напаѓачот и сега е во интензивни преговори со Борусија Дортмунд за да ја утврди конечната цена на трансферот. Адејеми е желба на Ханси Флик, кој верува дека играчките карактеристики на фудбалерот на Дортмунд совршено се вклопуваат во идејата за играта што има намера да ја имплементира во Барселона. Името на Адејеми и претходно се ...
Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, не се врати во татковината со своите соиграчи откако беше елиминиран од Светското првенство. По поразот од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство, легендарниот напаѓач, со приватен авион се врати во Португалија, објави шпанска „Марка“. Според истиот извор, пред да замине, Роналдо бил многу срдечен кон вработените на аеродромот, ги поздравил вработените и им ...
Славен Билиќ наскоро треба да стане нов селектор на хрватската фудбалска репрезентација. Според „Спортске новости“, Билиќ ќе го наследи Златко Далиќ на клупата на „Коцкестите“, а треба да ја води репрезентацијата барем до Европското првенство во 2028 година. Билиќ не е непознато име кога станува збор за хрватската репрезентација. Тој седеше на клупата на репрезентацијата од 2006 до 2012 година, а својот најголем успех го постигна на ...
Мароканската фудбалска репрезентација претрпе голем удар пред вечервашниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Франција. Најдобриот стрелец на тимот, Исмаел Саибари, не успеа да се опорави од повредата и нема да биде во конкуренција за натпреварот. Саибари постигна три гола на првенството досега и беше еден од најзаслужните за пласманот на Мароко меѓу осумте најдобри репрезентации во светот. Одличните игри само му ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, како стручен консултант, остро го критикуваше судењето и примената на ВАР технологијата по победата на Аргентина од 3:2 над Египет во осминафиналето на Светското првенство. Мурињо оцени дека судиите донеле неконзистентни одлуки и рече дека начинот на кој е користен ВАР сериозно ја нарушил регуларноста на натпреварот. „Ова е грабеж сред бел ден. Срамно е во што се претвора фудбалот. Како можете да ...
Златко Далиќ повеќе не е селектор на хрватската репрезентација. По елиминацијата на Хрватска од Светското првенство, тој одлучи да ја напушти клупата на репрезентацијата, која ја водеше од 2017 година. Хрватска го заврши настапот во Америка во 1/16 финалето со пораз од Португалија со 2:1. Тоа беше првото Светско првенство каде Далиќ ја предводеше Хрватска без да се врати со медал. По среброто во Русија 2018 и бронзата во Катар 2022, поразот ...
Еден од најдобрите француски кошаркари во 21 век наскоро би можел да стане нов играч на Асвел. Според информациите на подкастот „Бекдор“, Никола Батум е блиску до договор со тимот од Вилербан. Нема сомнение дека тоа би бил огромен поттик за долги години еден од најлошите тимови во Евролигата, кој има огромни амбиции во следната сезона. Доаѓањето на долгогодишниот репрзентативец на „триколорите“ би било едно од најзначајните враќања во ...
Додека аргентинската репрезентација бележи успеси на Светското првенство во САД, зад сцената се одвива вистинска финансиска драма. Американските власти започнаа истрага против Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) под сомнение за перење пари и други финансиски злоупотреби во вредност од повеќе од 300 милиони долари. Клучен чекор во истрагата се случи во Мајами, истиот град каде што престојуваше аргентинската делегација предводена од ...
Познатиот шпански фудбалски коментатор Маноло Лама ја обвини ФИФА дека го организирала најголемиот грабеж во историјата на фудбалот на натпреварот меѓу Аргентина и Египет (3:2) во осминафиналето на Светското првенство. „Денес бев сведок на неверојатен камбек на Аргентина и еден од најголемите грабежи што ФИФА ги извршила во светот на фудбалот. Она што ФИФА му го направи на Египет е најголемата измама што сум ја видел во мојот живот. Пуштија ...
Алваро Арбелоа е назначен за нов тренер на Фулам. Шпанскиот тренер со клубот потпиша тригодишен договор. Арбелоа на клупата дојде на местото на Марко Силва. Шпанецот неодамна кратко го водеше Реал Мадрид, каде што го замени својот поранешен соиграч од Ливерпул, Чаби Алонсо, но го напушти клубот на крајот од сезоната. Арбелоа добро го познава англискиот фудбал бидејќи помина четири сезони во Премиер лигата како играч. Од 2006 до 2009 година ...
Американскиот напаѓач Фоларин Балогун, чие учество во осминафиналето на Светското првенство против Белгија беше одобрено по контроверзна одлука на ФИФА, не сакаше директно да коментира за политичките притисоци и улогата на претседателот Доналд Трамп по тешкиот пораз од 4:1. Наместо тоа, тој нагласи дека она што најмногу го боли е што репрезентацијата е елиминирана од Светското првенство и дека негова работа била да се концентрира исклучиво ...
Швајцарија на пенали ја победи Колумбија со 4:3 и се пласира во четвртфиналето на Светското првенство. Дависон Санчез ја погоди гредата во втората серија, а Кобел го одбрани ударот на кучо Фернандез во четвртата, додека кај Швајцарија пеналот не го реалзиира Мануел Аканџи. Неговиот удар заврши над голот. Аканџи, по натпреварот, призна дека направил грешка, во клучниот момент ја сменил одлуката каде ќе шутира. „Му кажав на Мури дека ова е ...
Аргентина го победи Египет со 3:2 во осминафиналето на Светското првенство со чудесен пресврт. Египќаните водеа со 2:0 со головите на Јасер Ибрахим во 15-та и Мостафа Зикоа во 67-та минута, но бранителот на титулата направи пресврт со головите на Кристијан Ромеро (79′), Лионел Меси (83′) и Енцо Фернандез (90+2′). Погледнете ги головите Навигација на напис Аргентина го победи Египет со 3:2 во осминафиналето на Светското првенство со чудесен ...
Четвртфиналето на Светското првенство започнува на 9 јули и носи четири врвни дуели. Програмата се отвора со реприза на полуфиналето од Катар 2022, во Фоксборо, помеѓу Франција и Мароко (9 јули, 22 часот). Ден подоцна, во Лос Анџелес, ќе се соочат Шпанија и Белгија (21 часот). Во третото четвртфинале, Англија ќе се соочи со норвешките „Викинзи“ (11 јули, 23 часот), на стадионот во Мајами. А рундата ќе биде заокружена, во Канзас Сити, со ...
Репрезентацијата на Швајцарија е последниот четвртфиналист на Светското првенство. Во Ванкувер, Швајцарците ја победија Колумбија на пенали 4:3, откако натпреварот заврши 0:0. Швајцарија и Колумбија многу малку понудија во основниот дел од натпреварот и продолженијата. Натпреварот имаше солиден ритам, многу борба, но ниту една од репрезентациите не беше подготвена да ризикува и повеќе да го притисне противникот. Во првиот дел двете ...
Новак Ѓоковиќ во епски меч го победи Феликс Оже Алијасим и се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Мечот траеше пет часа и 13 минути, а заврши шест минути пред 23 часот, односно пред полицискиот час, кога е во прашање одржувањето на спортските натпревари. Ѓоковиќ и Оже Алијасим го одиграа најдолгото четвртфинале во историјата на Вимблдон. Ѓоковиќ беше посилен од повредата, пропуштените шанси и подароците кои му ги даде на 13 години ...
Египетскиот селектор, Хосам Хасан и најдобриот играч Мохамед Салах, не го криеја разочраувањето по елиминацијата во осминафиналето на СП. Египет имаше водство 2:0 против светскиот првак Аргентина до 79-та минута, на крајот „Гаучосите“ триумфираа со 3:2. Сите во таборот на Египет го обвинија главниот судија Франсоа Летексие за елиминацијата од Мундијалот. По натпреварот, Хасан упати сериозни обвинувања против организаторите и судијата. „Ќе ...
Фудбалерите на Вардар со пораз ја започнаа европската сезона. Во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите, Вардар загуби во Скопје од шампионот на Финска, КуПС со 0:2 (0:1). Вардар во првиот официјален меч, во новата сезона, не успеа да им се спротивстави на Финците, чија сезона започна во април. Видливо беше дека КуПС е во натпреварувачки ритам, што го покажа и крајниот резултат. Финците мечот го решија со по еден гол во финишот ...
Актуелниот светски првак Аргентина „избега“ од египетската гилотина и со нестварен пресврт, од 0:2, славеше победа со 3:2. Во четвртфиналето, Аргентина ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Швајцарија и Колумбија. Неверојатен меч одиграа Аргетина и Египет на стадионот во Атланта. Ибрахим ја шокира Аргентина во 15-та минута, а пет минути подоцна, голманот Жабир му одбрани пенал на Меси. До крајот на полувремето, Аргентина имаше три ...
Белгија е во четвртфиналето на Светското првенство по победата против Соединетите Американски Држави (4:1), но остана без Амаду Онана, кој се повреди во текот на натпреварот. Амаду Онана, по натпреварот мораше да се движи со помош на патерици, а селекторот на Белгија, Руди Гарсија, им рече на новинарите дека повредата е таква што е многу можно ова Светско првенство да е завршено за Онана. Онана се судри со Кристијан Пулишиќ, по што ...
Роберто Мартинез повеќе не е селектор на Португалија, нешто што беше познато и пред елиминацијата од Светското првенство, а негова замена ќе биде, искусниот стратег, Жорж Жезус. Трофејниот тренер го прифати најголемиот предизвик во својата кариера на 71-годишна возраст. Жорж Жезус го заврши својот договор со Ал Наср, во кој пристигна минатото лето со главна и единствена цел да ја освои титулата за Кристијано Роналдо. Жержус работи во ...
Карло Анчелоти останува селектор на бразилската репрезентација и покрај горчливиот пораз од Норвешка со 2:1 и елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Искусниот италијански стручњак и Бразилската фудбалска федерација (CBF) изјавија дека имаат долгорочен проект, иако репрезентацијата го забележа најлошиот резултат на Светските првенства од 1966 година. Сонот на Бразил за освојување на шестата титула светски шампион заврши во ...
Белгија убедливо ги елиминираше Соединетите Американски Држави од Светското првенство со победа од 4:1, а селекторот Руди Гарсија по натпреварот се осврна на контроверзијата околу Фоларин Балогун. Американскиот напаѓач настапи и покрај црвениот картон против Босна и Херцеговина, откако независната Дисциплинска комисија на ФИФА ја укина автоматската суспензија и ја замени со условна казна. По натпреварот, Балогун му пришол на Гарсија. „Дојде ...
Двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокумбо, официјално стана играч на Мајами Хит, откако франшизата од Флорида постигна договор со Милвоки Бакс во спектакуларна размена. Според договорот, Боби Портис ќе пристигне во Мајами заедно со Адетокумбо, додека Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хаиме Хакез Џуниор и Каспарас Јакутсионис ќе одат во спротивна насока. Адетокумбо ја помина целата своја НБА кариера досега во Милвоки, кој го избра како 15-ти пик на ...
Португалските медиуми се бесни по елиминацијата на Португалија од Светското првенство. Португалците, синоќа во Далас, со 1:0 загубија од Шпанија. Ги уништи голот на Микел Мерино во 91-та минута. На удар на медиумите, што досега беше незамисливо, се најголемата ѕвезда, 41-годишниот Кристијано Роналдо и селекторот, кој веќе и не е селектор на Португалија (му заврши мандатот), Роберто Мартинез. „Време е еднаш засекогаш да се затвори циклусот ...
САД испаднаа од Светското првенство по убедливиот пораз од Белгија со 4:1, предизвикувајќи потсмев од остатокот од светот. Реакциите дојдоа откако ФИФА, под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, го поништи црвениот картон на американската ѕвезда Фоларин Балогун, потег за кој многу критичари тврдеа дека го поткопува интегритетот на фудбалот. Прославата на белгиските фудбалери предводена од Ромелу Лукаку, кој го изведе ...
Кристијано Роналдо се збогува со светските првенства со емотивна порака по елиминацијата на Португалија од Шпанија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство. Тој истакна дека ја напушта репрезентацијата „со чиста совест“, но и потсети на успесите што ги постигна репрезентацијата во неговата ера. Легендарниот капитен на Португалија не можеше да ги скрие солзите по поразот во Далас, каде што голот на Микел Мерино во првата минута од ...
Фудбалерите на Белгија се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство со убедливата победа над САД со 4:1 (2:1). Овој натпревар беше најконтроверзниот на Светското првенство поради хаосот што се предизвика ФИФА, откако на барање, на американскиот претседател Доналд Трамп, го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун. Поголемиот дел од фудбалскиот свет беше згрозен од таков преседан режиран од ФИФА, ја натера фудбалската јавност да ...
Кристијано Роналдо (41) нема по добро да го памети својот последен настап на Светското првенство. Неговата Португалија беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство, а „џелатот“ беше Шпанија (1:0). Ова беше 233-ти натпревар за Кристијано во дресот со националниот грб. „Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи на репрезентацијата ѝ дадов сè што имав“, им изјави Роналдо ...