Еден од најголемите сиромашни квартови, а можеби и најгусто населеното место во светот, ќе го пронајдете во Мумбаи, раздвижено пристаниште и големиот деловен центар на Индија. Бројот на жителите во Дарави изнесува приближно 300.000 до еден милион луѓе кои живеат на површина од 2,39 квадратни километри. Овој симбол на Мумбаи е создаден во 1884 година, кога Индијците од руралните делови на земјата се преселија во градот и најдоа засолниште во ...

Изгледа како да сме живееле во некоја паралелна реалност кога мажите лично освојувале жени. Знаеле длабоко да вдишат, да ги затегнат мускулите, да стават насмевка на лицето, да ѝ пријдат на девојката и да ја прашаат за нејзиниот телефонски број, пишува „Дневник“. Девојките тогаш или го „боцкале“ нивното его или прифаќале да излезат на пијачка со нив. Како и да завршело тоа старомодно освојување, момците тогаш биле многу похрабри. Како денес ...

Експертите предупредуваат дека промените на лицето, како што се оток или црвенило, може да бидат знак за срцева слабост, бидејќи тие укажуваат дека срцето не пумпа доволно крв и кислород низ телото, вели д-р Доналд Грант, лекар од семејна медицина. Препознавањето на симптомите на срцева слабост може да биде клучно за вашето здравје. Иако не може да се излечи, соодветните терапии можат да го подобрат квалитетот на животот. Д-р Грант предупредува ...

Беше прикажано само најавно видео, заедно со кратко соопштение за медиумите, а повеќе детали се очекуваат во април. Јапонскиот "Nintendo" ја претстави својата најнова конзола – "Switch 2". Уредот беше претставен во краток видеоклип на "YouTube", без многу помпа. "Nintendo Switch 2" е конзола која многумина со нетрпение ја очекуваат, а повеќе детали за уредот ќе бидат откриени на 2-ри април. Се очекува "Switch 2" да се појави во продажба во 2025 ...

Калифорниум, синтетизираниот метал од 1950 година на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, е најскапиот метал на светот, кој достигнува неверојатни 27 милиони евра по грам. Овој сребрено-бел радиоактивен елемент има уникатни својства кои го прават клучен за напредокот во современата наука. Производството на калифорниум е сложен и скап процес, што ја оправдува неговата астрономски висока цена. Секој грам од овој метал е вреден како злато, ...

Ен, 53-годишна дизајнерка на ентериер, доживеа катастрофален емоционален и финансиски пресврт верувајќи дека ја нашла љубовта на својот живот во холивудската ѕвезда Бред Пит. Наместо бајка, нејзината приказна стана сурова измама која ѝ ги одзеде бракот, парите и среќата. Нејзината драма започна во февруари 2023 година, кога отворила профил на Инстаграм за да сподели спомени од скијачкиот одмор на Алпите. Таму започнала комуникација со жена ...

"Samsung Galaxy S26" може да користи силикон-карбонска батерија и да започне револуција на пазарот на мобилни телефони во 2026 година. Производителите на телефони користат литиум-јонски (Li-ion) батерии со децении. "Samsung" би можел да се префрли на нова технологија за батерии за серијата "Galaxy S26" следната година, според најновите, но не и официјално потврдени информации. Литиум-јонските батерии се стандардно решение за производителите на ...

Биотехнолошки старт-ап кој работи на враќање на изумрените животни собра 200 милиони долари по проценка од 10,2 милијарди долари, што е повеќе од шест пати повеќе од вреднувањето пред само две години. Според Bloomberg, Colossal Biosciences Inc. користи ДНК и геномика за да се обиде да ги оживее птицата додо, тасманискиот тигар и волнениот мамут. Ко-основачот и извршен директор Бен Лам рече дека компанијата е на пат да „произведе“ бебе од волнен ...

Индија стана четвртата земја што постигна беспилотно спојување или приклучување во вселената, подвиг што се смета за клучен за идните мисии бидејќи Њу Делхи се позиционира како глобална вселенска сила. Досега само Соединетите Американски Држави, Русија и Кина развија и тестираа такви способности за приклучување. „Приклучувањето на вселенското летало успешно заврши! „Историски момент“, објави Индиската организација за вселенско истражување ...

Седмиот пробен лет на вселенското летало Starship, проект на SpaceX, заврши со губење на леталото по низа технички тешкотии. Летот, кој започна ветувачки, вклучуваше тестирање на голем број надградби, вклучувајќи поголеми резервоари за гориво, нов компјутерски систем за летање и подобрена авионика. Леталото успешно се одвои од засилувачот на ракетата „Супер Хеви“ и ги покрена шесте мотори, но проблемите започнаа околу пет минути по ...

Се чини дека сексот никогаш не бил попристапен. За неколку минути можете да создадете сметка на апликација за запознавање и да почнете да барате партнер. Луѓето се зачленуваат вакви апликации со различни намери и желби. Некои од нив се против идејата за секс за една ноќ и други лежерни врски и би сакале да најдат партнер за сериозна врска. Нивниот приоритет е да се поврзат на емоционално ниво и да не „скокаат во кревет“. Од друга страна, многу ...

Тестовите на очите можат да бидат едноставен начин за процена на ризикот од мозочен удар. Новата студија идентификувала 29 „отпечатоци од прсти“ на крвните садови во мрежницата, слојот на ткивото чувствителен на светлина на задниот дел од очите, кои се значително поврзани со зголемен ризик од мозочен удар. Техника заснована на вештачка интелигенција Меѓународен тим на истражувачи вели дека нивната техника заснована на вештачка интелигенција ...

Орките, познати и како китови убијци, се едни од најмоќните морски предатори на врвот на синџирот на исхрана. Но, дали знаевте дека тие можат и да „зборуваат“? Според „National Geographic“, орките еволуирале за да можат да пливаат до 65 километри дневно. Овие фасцинантни животни имаат најголем мозок меѓу морските цицачи, а се способни дури и да ловат на копно. Според истражувањето објавено во 2018 година во списанието „Proceedings of the Royal ...

Ултра тенкиот дизајн на телефоните "iPhone 17 Air" и "Galaxy S25 Slim" носи компромиси во форма на намалено траење на батеријата и предизвици со соодветно ладење на процесорот. Знаете како велат – се е прашање на компромис. Кога сакате да го направите најтенкиот телефон, нешто мора да се жртвува. Во случајот на претстојниот "iPhone 17 Air", тоа се камерата и батеријата. Гласините сугерираат дека ќе има само една задна камера, а денес беше ...

Со користење на функцијата за „споделување локација во живо“ на Google Maps, можете да го пронајдете изгубениот или украдениот паметен телефон. Еве како да го сторите тоа и што треба да имате предвид: Клучен услов за следење За функцијата да биде ефикасна, телефонот мора да биде вклучен и да има активна интернет-врска. Ако SIM-картичката е отстранета, следењето преку Google Maps станува невозможно, па затоа се препорачува користење на eSIM за ...

"ByteDance", компанијата која е сопственик на "TikTok", одлучи целосно да ја исклучи апликацијата. Сопственикот на социјалната мрежа "TikTok" има намера да ја исклучи апликацијата за корисниците во САД од недела, 19 јануари, кога треба да стапи во сила нејзината забрана, освен ако Врховниот суд не ја блокира, велат добро упатени извори. Таквиот исход претставува подрастичен потег од она што го бара законот, кој американскиот претседател Џозеф ...

Според традиционалните руски рецепти, од само четири билки може да се подготви ефикасен чај кој помага во искашлување и проширување на бронхиите. Овој природен лек го олеснува дишењето, го забрзува заздравувањето од респираторни проблеми и го поддржува здравјето на белите дробови. Состојки за чајот • 1 лажица овошје од шипка или калинка • 1 лажица исландски мов (достапен во продавници за здрава храна) • 2 супени лажици бел слез • 1 лажичка ...

Со години следи строга диета и режим на вежбање, се со цел да остане вечно млад. Брајан Џонсон со години го привлекува вниманието на медиумите и јавноста со својот проект за подмладување "Blueprint", па дури и "Netflix" сними документарен филм за неговите напори да остане вечно млад. За Џонсон и неговиот дневен и прилично радикален режим пишувавме пред повеќе од година и пол, кога се пофали дека, иако тогаш имал 45 години, има срце на ...

Марк Закерберг минатата година коментираше дека повеќе нема да се извинува никому за работи поврзани со "Facebook" и другите негови мрежи. На "Meta" на Закерберг не и се непознати тужбите, а една од нив беше поднесена од писатели поради наводно прекршување на интелектуална сопственост при обука на вештачка интелигенција. Во тужбата се тврди дека "Meta", без знаење или согласност, користела содржина заштитена со авторски права за да ги обучи ...

Американската вселенска компанија "Blue Origin" денеска успешно ја лансираше ракетата „New Glenn“. Компанијата, во сопственост на основачот на "Amazon", Џеф Безос, има намера да го достигне својот ривал, "SpaceX" на Илон Маск. Ракетата висока 98 метри успешно полета околу 2 часот по локално време од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида и покрај временските услови кои не беа оптимални. Првиот лет на оваа моќна ракета се очекуваше со ...

Анксиозноста, придружена со постојана напнатост и исчекување на најлошото можно сценарио, често е маскирана со секојдневните обврски во текот на денот. Симптомите на анксиозност, сепак, можат да станат исклучително силни кога сè ќе се смири и кога човек ќе остане сам, особено ноќе, објаснуваат експертите, пишува „Е-клиника“. Хипотезата „Мисли по полноќ“ била опишана во 2022 година и подразбира дека кога се будни по полноќ, повеќето луѓе ...

Блогерот од Белград, Ив Бесеровац, сподели интересни детали на социјалните мрежи по посетата на Фарските Острови, а оваа земја ја опиша како најчесната во Европа. „Добредојдовте во најчесната земја во Европа“, рече Бесеровац во видеото со детали од неговата посета на Фарските Острови. Станува збор за земја во која има повеќе овци отколку луѓе, нема Мекдоналдс, но во која се јаде лосос во неограничени количества, и која е позната и по ...

Гренланд е уживање за геолозите и климатолозите, но и за сите љубители на различни видови патувања на кои студот не може да им го расипе искуството на спектакуларната природа и посебната култура што плови со овој остров на прагот на Арктикот, пренесува „Punkufer“. Гренланд е најголемиот остров во светот, земја со прекрасна природа, парадокси и контрасти. На Гренланд, животот на Арктикот го делат Инуитите и потомците на скандинавските доселеници ...

Коосновачот на "Microsoft" и некогаш најбогат човек на светот, Бил Гејтс, призна која била неговата најголема грешка во кариерата. Во едно неодамнешно интервју, Гејтс искрено зборуваше за неуспехот на "Microsoft" да го обезбеди приматот на пазарот на мобилни оперативни системи – неуспех што му овозможи на "Android" на "Google" да доминира како платформа која не е на "Apple". „Знаете, во светот на софтверот, особено за платформите, ова се пазари ...

Во последните децении забележана е загрижувачка промена: девојчињата ширум светот сè порано и порано влегуваат во пубертет. Некои експерти предупредуваат дека оваа појава има значителни физички и психолошки последици, а причините се поврзани со модерниот начин на живот, исхраната, стресот и факторите на животна средина, пишува „National Geographic“. Мета-анализата на 30 различни студии покажа дека просечната возраст на почетокот на пубертетот ...

Во светот на фитнесот, здравата исхрана е партнерот за постигнување на најдобрите резултати. Комбинацијата на фитнес и здрави навики претставува основа за долгорочна виталност. Фитнесот не е само тренинг туку е начин на живот кој бара постојана посветеност и правилни избори. Здравата исхрана е основа за успех, бидејќи обезбедува потребна енергија за физичките напори и помага во регенерацијата на телото. Протеинските барови, овесните каши и ...

"Xiaomi" е најбрзо растечкиот производител меѓу водечките компании минатата година. Глобалната продажба на паметни телефони се зголеми во 2024 година по две последователни години на пад, според извештаите на "Counterpoint", "Canalys" и "IDC". Најголемиот дел од овој раст доаѓа од кинеските производители, вклучувајќи ги "Xiaomi" и "Vivo", додека "Apple" и "Samsung" остануваат цврсто на врвот како неприкосновени лидери на пазарот на мобилни ...

За многумина оваа навика е начин за ослободување од напнатост или нервоза, но може да има сериозни последици. Кога некое лице ги „пука“ прстите, всушност ослободува гас што се акумулирал во синовијалната течност, која ги подмачкува зглобовите. Оваа течност содржи гасови како кислород, азот и јаглерод диоксид. При истегнување или свиткување на спојницата, се создава вакуум што предизвикува формирање на меурчиња од гас. Тие пукаат и го ...

Дестин Менсон, уредничка за здравје на "Health.com", јадела по две јајца секој ден за појадок во текот на еден месец и пишуваше за нејзиното искуство. Како се променил пристапот на Дестин Менсон кон појадокот и исхраната со текот на времето? Дали јадењето јајца за појадок може да донесе опипливи придобивки? Една од нив, повеќе енергија во текот на денот, беше нешто што Дестин го забележа прилично брзо. Јајцата се една од најдобрите намирници ...

Главниот конкурент на SpaceX на Маск повторно неуспешен во обид за лансирање. Лансирањето на ракетата Њу Глен од компанијата Blue Origin, основана од американскиот милијардер Џеф Безос, беше откажано во последен момент поради технички проблеми. Висока околу триесет ката и делумно дизајнирана за повторна употреба, ракетата Њу Глен требаше да биде лансирана во раните утрински часови во понеделник од Кејп Канаверал, Флорида. Ракетата повеќепати ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
33%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
43%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
35%
1018
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
51%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.6
61%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
50%
1018
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
7.72
50%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
38%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
33%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
61%
1019
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
32%
1018
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
82%
1017
Currency

61.535

Currency

54.6226

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15372.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.87

Сребро

1050.40

Злато

107132.47

Бакар

9.24

Паладиум

30993.32

Платина

31450.19

Родиум

172810.26

Цинк

2.56