Владејачката партија обвинува за можна политичка поврзаност со случајот на заплена на десетици тони марихуана. Прстот го вперуваат во лидерот на опозицијата Венко Филипче. Од ВМРО-ДПМНЕ се на став дека одредени фотографии и јавни настапи, отвораат сомнежи за релации помеѓу претседателот на СДСМ и лица поврзани со компанија од индустријата за одгледување канабис. Партијата повикува на целосна институционална истрага и надлежните органи да ги ...

Обвинителството отвори постапка против 52-годишен скопјанец осомничен за семејно насилство врз својата 32-годишна вонбрачна партнерка, која е во вториот месец од бременоста. Според обвинението, за време на расправија, тој ја удирал со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и гребаници, отоци и хематоми на главата и телото. Жртвата почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да и помогнат, но нејзиниот дваесет години ...

Купувањето на по десетици станови во Скопје заради инвестиција врши притисок врз цената на квадратот. Данскиот инвестициски фонд „Ваeксткапитал Груп“ за Телма потврди дека веќе купил 250 стана во изградба во Скопје, до крајот на годинава планира да стигне до 500, а за кратко време да купи над 1000 стана во главниот град. Не откриваат дали планираат да ги продаваат становите кога ќе бидат изградени или планираат да ги издаваат под кирија. ...

Љубов или традиција? Срце или чаша вино? Денес, на 14 февруари, секој има различни видувања за празникот посветен на љубовта, но и на лозарите. Додека едни купуваат црвени рози и плишани мечиња, други се одлучуваат за традицијата и виното. Ги прашавме и граѓаните што ќе прослават денес и дали некому ќе му подарат нешто. „Ги славам годините. Славам љубов. Но убаво е и Св. Трифун. Ние сме Македонци, православни – што би славеле?“, рече една ...

Разумните забелешки за Предлог- Законот за високо образование, што е поставен на ЕНЕР, ќе бидат прифатени, а за проблематичните ќе се дискутира. Ова денеска го кажа министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање, кои забелешки ќе бидат прифатени по реакциите во јавноста. Според Јаневска , јавната дебата сѐ уште трае и ќе заврши по две недели. Универзитетите до тогаш треба да ги достават нивните ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, од безбедносната конференција во Минхен, испрати денеска пријателски и смирувачки пораки до своите европски колеги за иднината на односите меѓу САД и Европската Унија под водство на администрацијата на Доналд Трамп, порачувајќи дека остриот и премногу директeн тон од некои претходни критики бил со цел да доведе до ренесанса во транс-атлантските односи. „Ние сме длабоко загрижени за вашата и нашата ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во селото Драгоманце, општината Старо Нагоричане, полициски службеници го уапсиле и лишиле од слобода лицето Т.Б од селото Малотин, кој е осомничен дека пред два дена, на 12-ти февруари, во нејзиниот дом, ја нападнал и задушил со перница 78-годишната М.С од селото Челопек, во општината Старо Нагоричане, по што таа починала. Истовремено, ова лице се сомничи дека извршил повеќе кривични дела ...

Годишно околу 4.000 луѓе во земјава умираат како директна последица од пушење цигари, но тоа не е пречка Македонија да биде најпушачка нација во Европа со 45,5% пушачи. Дали предлог-законот за заштита од пушење ќе го смени тоа? Угостителите и трговците сметаат дека предлог-законот е многу ригорозен, а лекарите дека ако тој не се спроведе, цената што ќе се плати со здравјето на нацијата ќе биде прескапа. Во Топ Тема дебата со Никола Грпчевски, ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува на договорот за трговија што двете држави ќе го потпишат, а со кој ќе се овозможи подобра економија и повеќе можности за македонската економија. Со стратешкото партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, завршувањето на постмониторингот на Советот на Европа и потпишувањето на овој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на украинскиот колега Володимир Зеленски дека ќе ја пропушти својата шанса за мир ако „не дејствува“, наведувајќи дека Русија сака да постигне договор. „Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави „Ен-Би-Си Њуз“. Се очекува американските, украинските и ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус симболично му го предаде на украинскиот претседател Володимир Зеленски првото беспилотно летало на компанијата Quantum Frontline Industries, која произведува дронови за украинската армија. Компанијата Quantum Frontline Industries беше основана како дел од заедничката инвестиција на украинската Frontline Robotics и германската Quantum Systems за производство за повеќенаменски беспилотни летала. ...

Електронски цигари, Ајкос (Iqos), сите можни уреди кои што содржат никотин се еднакво или дури модерниве се уште повеќе штетни од класичните цигари, предупреди д-р Деска Димитриевска од клиниката за Пулмологија во интервки во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма. „Несфатливо беше досега кај нас, со законот се забранува пушење на класични цигари, меѓутоа дозволено е секаде употреба на другите уреди. Тоа е сосема погрешно. Тие се штетни, уште ...

Подарок златник носи многу повеќе од вредност – носи и порака и грижа за иднината. Јубилејните златници во понудата на Комерцијална банка се токму со идеја да бидат сигурна и долгорочна инвестиција преку внимателно избран подарок и како вредно наследство што останува. Во време кога е важно да се носат промислени финансиски одлуки, златото останува симбол на стабилност, трајност и мудро вложување. Без наметливост, но со јасна порака дека се ...

Законот за заштита од пушење треба да биде фазно донесуван, ние не сме против законот, бидејчи ги знаеме добиените резултати кои што се поразителни, но треба да се направи уште подлабока анализа и од министерството за здравство и од министерството за економија, која досега не ја добивме, за очекуваните ефекти на самиот закон, краткорочно и долгорочно, потенцира д-р Љупчо Јаневскик од Сојузот на стпански комори на Македонија во вечерашната ...

Тешко може да се најде заменска култура на тутунот во Македонија од аспект на профитот, рече проф. д-р Златко Арсов од факултетот за земјоделски науки и храна во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Тутунот кај нас се одгледува во различни климатски и почвени услови, поважни се почвените. Тутунот оди на почви бедни, сиромашни, неплодни многу, со мала содржина на хумус и активни хранливи материи, ненаводнување. Тоа се површини на кои ...

Популацијата на пушачи кај нас е, речиси, 50 проценти, ако ја имаме предвид 46 проценти кај машката популација и до 48 проценти кај женската и тоа е застрашувачки, вели д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Проблемот делумно го лоцирам и во самиот здравствен систем. Во досегашниот закон кој не бил баш соодветен, законот беше донесен претходно, имаше своја функција до 2018 година, ...

Предложивме нов закон за заштита од пушење, затоа што имаме голем јавно здравствен проблем во моментот, се соочуваме со рекордно висока преваленца на пушење, речиси секој втор возрасен во државата пуши, истакна Никола Грпчевски, државен советник во министерството за здравство, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Тоа е двојно повисока стапка од Европа. Трендот кај младите е исклучително висок и застрашувачки. Ќе потсетам дека ...

Тројца скијачи загинаа во лавина во луксузниот француски зимски туристички центар Вал д”Изер, изјави Седрик Боневи, задолжен за скијачките патеки, пред новинарите. Тој додаде дека една од жртвите е француски државјанин, а останатите две се странци по инцидентот за кој истрагата е во тек. Според француските медиуми, несреќата се случила надвор од уредените скијачки патеки. Засега не е познато што ја предизвикало лавината. Тројца скијачи ...

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Додека бил градоначалник, постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 вработени во Општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „СВР Велес до Основното јавно обвинителство ...

Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани изминатото деноноќие на скопската територија. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска во 4:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 35-годишна жена пријавила дека околу 1:40 часот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С., 24-годишен скопјанец. „Синоќа во 22 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР ...

Порака дека нема да отстапат од нивните барања за кои велат дека сè уште не се решени, испратија земјоделците од цела Грција преку протестот попладнево на плоштадот Синтагма во Атина, каде што стигнаа со десетици трактори кои до утре наутро ќе останат паркирани пред Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Процените се дека околу 50 трактори се пред грчкиот Парламент, а ни дождот не ги обесхрабри да продолжат со протестот. Земјоделците ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска се заложи за посилна и безбедносно посамостојна Европа и ги повика САД за заеднички да ги поправат нарушените трансатлантски односи во првата година од вториот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа. Отворајќи ја безбедносната конференција во Минхен, Мерц нагласи оти поделби постојат и дека „борбата на МАГА (Make America Great Again) не е наша броба и дека не веруваме во протекционизам и царини, туку ...

Во местото наречено Сулејманови Ливади, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки и облека, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера, во 16:49 часот, во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека на местото наречено Сулејманови Ливади во село Горно Количани, Скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се ...

Предлогот на собраниската комисија, професорот Гоце Наумовски, кој е и надворешен советник за правни работи на премиерот Христијан Мицкоски, да биде уставен судија предизвика реакции во јавноста. Додека партиите се препукуваат кој го партизира судството, во јавноста се наметна дилема, не за неговите квалификациите, туку околу прашањето за независноста. Поранешната судијка во судот во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска упатува на стандардите ...

Организаторите на зимските Олимписки игри во Милано/Кортина се соочија со неочекуван проблем уште во првата натпреварувачка недела – остана без кондоми. Според пишувањето на италијанска „Ла Стампа“, сите 10.000 кондоми колку што бесплатно им беа достапни на спортистите во Олимпиското село се потрошија за само три дена. Организаторите, по тврдење на еден спортист кој инсиститал на анонимност, ветиле нова пратка, но не прецизирале кога ќе ...

На денот на кој Друштвото на писателите на Македонија одбележува 79 постоење во овој храм на пишаниот збор беа врачени традиционалните награди. За добитниците тие се потврда за видливоста на она што го создаваат и особено значајни кога доаѓаат од книжевната фела. Наградите не се ниту смислата, ниту целта на нашето пишување, но бидејќи придонесуваат за видливоста на она што го работиме, навистина се важни, согласни се добитниците на ...

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор. Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет ...

Данскиот инвестициски фонд Ваексткапитал груп веќе купил 250 станови во изградба на атрактивни локации во Скопје, а до крајот на годинава планираат да купат уште најмалку толку, потврдија од фондот за Телма. Велат дека нивната цел е да стигнат до најмалку 1.000 станови за кратко време. Сепак, не одговорија на нашите прашања што планираат да прават со становите – да ги продаваат или да ги издаваат. Според информациите на Телма, Данците ...

Десетици сендвичари и тобако киосци низ Скопје се ставени на список за уривање, откако општините донеле одлука за отстранување на дивопоставени објекти. Сопствениците се загрижени и исплашени да зборуваат јавно, но стравуваат дека нивните објекти наскоро ќе бидат срамнети со земја. Од градот пак порачуваат дека ќе се постапува секаде каде што има узурпација на велосипедски и пешачки патеки како и на зелени површини. Ред мора да има и нема да ...

За над 5 отсто поскапа храна сме купувале во јануари во однос на истиот месец лани. За овој период статистика измери и повисока инфлација од 3, 2 проценти. Најголем скок на цените се забележува повторно кај овошјето, единствено поевтинување има само кај зеленчукот. Иако, во однос на инфлацијата од 4, 1 процент со колку што ја завршивме 2025 сега има благо попуштање, повторно се забележува дека за една година поскапување има во речиси сите ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
53%
1027
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
49%
1026
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
47%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
4.63
49%
1031
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.15
60%
1030
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
51%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
6.17
62%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
51%
1024
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
58%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
58%
1032
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
52%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
7.72
68%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Бакар

11.57

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Паладиум

52052.06

Злато

164352.04

Платина

68931.20

Цинк

3.24

Сребро

2696.16

Калај

50.61

Кобалт

66.14

Родиум

374556.20