Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски бележи пад на рејтингот и се наоѓа на шестото место според истражувањето на институтот Созис, објавено по протестите во земјата како последица на смената на министерот за одбрана, Михајло Федоров. Само 18 отсто од испитаниците одговориле дека целосно му веруваат на Зеленски, а уште 24,5 отсто „до некаде му веруваат“. Малку доверба во претседателот имаат 17 отсто додека 37 отсто се изјасниле дека ...
Екстремниот топлотен бран продолжува да ги погодува Централна и Источна Европа, при што неколку земји регистрираа температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа проблеми со енергетиката и го зголемија ризикот од шумски пожари, пишува „Гардијан“. Словачка, Австрија и Унгарија забележаа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека во Долни Плахтинце вчера се измерени рекордни 42 степени ...
До 7:30 часот утрово на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница, Општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...
Речиси 260.000 луѓе во југозападниот дел на Јапонија добија наредба за евакуација поради силниот тајфун Делфин кој ги зафати подрачјата на Окинава, Амами и Кјушу. Откажани се над 500 летови, јапонскиот автомобилски гигант Тојота ја запре работата во девет фабрики, а властите предупредуваат на разорни удари на невремето, обилни дождови, поплави и свлечишта. Според податоци на метеоролозите, максималната брзина на ветрот во близина на центарот ...
Единаесет лица се повредени во напади на милицијата на Хутите, поддржана од Иран, врз Саудиска Арабија, соопшти денеска воената коалиција предводена од Саудиска Арабија. Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, изјави дека сите повредени во нападите извршени вчера во јужниот саудиски регион Наџран се цивили. „Терористичката милиција на Хутите ги изведе овие терористички напади користејќи неселективно гранатирање против цивилни објекти“, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските лидери на поостри мерки против илегалната имиграција, оценувајќи ја заедно со енергетската политика како двата главни фактори што ја „убиваат“ Европа. За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп посочи дека Европа се соочува со два клучни проблема кои бараат итна реакција од властите. „Две работи ја убиваат Европа. Првата е миграцијата, а втората е ...
Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно, властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...
Градоначалникот и претседател на Сеута, Хуан Хесус Вивас Лара, денеска пред Европскиот парламент изјави дека „моралот на жителите на Сеута е сериозно погоден“ откако илјадници мигранти се префрлија преку границата во шпанската енклава. Зборувајќи преку видео врска на итна седница на Парламентарниот комитет за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, тој рече дека жителите се чувствуваат „тажни, беспомошни, вознемирени, исплашени и ...
Романија презема итни мерки поради рекордно ниското ниво на реката Дунав, што создава потешкотии во работата на Атомската електрична централа „Черна Вода“. Оваа централа произведува околу 18-20% од вкупната електрична енергија во Романија, a vо регионален контекст, таа е една од најважните енергетски точки на Балканот и Југоисточна Европа. Националната управа за води на Романија се подготвува да потоне четири бродови во реката за да го ...
Екстремни температури го погодија поголемиот дел од централна и јужна Европа уште еден ден. Будимпешта го забележа својот најтопол ден досега. Температурата денес достигна 41,1°C, надминувајќи го претходниот рекорд од 41°C поставен претходно ова лето, објави TVP World. Температурата е измерена во градот Будакалас, во близина на Будимпешта. Продолжениот топлотен бран врши зголемен притисок врз водоводните и енергетските системи на Унгарија. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше луто по добивањето на извештаите од министерот за одбрана Пит Хегсет околу наводите за недостиг на муниција предизвикан од војната со Иран, заканувајќи се дека ќе ги затвори „дојавувачите“ кои разговарале со печатот. Во средата, Вашингтон пост објави дека Трамп го нападнал Хегсет во Кемп Дејвид во Мериленд по состанокот на кабинетот минатиот петок, велејќи дека мисли дека проблемот е „решен“, ...
Институтот за јавно здравје на Србија соопшти дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година. Станува збор за жители на Белград на возраст од 75 и 82 години, кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста. Институтот за јавно здравје на Србија препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, носење светла облека со ...
Денес, во седиштето на Демократската Унија за Интеграција во Тетово, лидерот на ДУИ, Али Ахмети имаше средба со вршителката на должноста Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција, Никол Варнс. Ја изразив мојата благодарност до г-ѓа Варнс за нејзиниот посветен и конструктивен ангажман, како и за придонесот во зајакнувањето на партнерството меѓу Соединетите Американски Држави и Република ...
Македонски национален совет во Србија објави дека иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад, Србија нема никаква политичка, територијална или меѓународна конотација. Според советот иницијативата е израз на желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и нивниот придонес во развојот на Нови Сад, Војводина и Србија. Реакцијата следи по изјавата на Граѓанската ...
Обвинителството поднело жалба по пресудата за предметот Талир 2 со која обвинетиот поранешен премиер и бегалец Никола Груевски беше ослободен од вина, со што се одмрзнува и имотот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кој и партиското седиште во Скопје. Обвинителството потврди дека надлежниот обвинител вложил жалба на пресудата до Апелациониот суд во Скопје. Предметот „Талир 2“ застарува на 31-ви август и доколку до крајот на месецот односно за 25 дена, судот ...
Речиси десет месеци по локалните избори, членовите на избирачките одбори во Могила се уште чекаат да ги добијат надоместоците за својот ангажман. Од Државната изборна комисија велат дека, покрај Могила, уште четири општини Крива Паланка, Чешиново-Облешево, Струмица и Валандово, воопшто не ги исплатиле надоместоците, а во шест исплатата е извршена само делумно. „Освен укажување до општините, што неколку пати е направено, и минатата година со ...
„За само 71 ден, ДПМНЕ отвори четири нови должнички фронтови во вкупна вредност од 333 милиони евра. На 26 мај, парламентарното мнозинство изгласа задолжување од 260 милиони евра кај странски банки; во јули Владата извлече седум милиони евра од М-НАВ за да ја крпи ликвидноста на ЈП за државни патишта; на 29 јули се одлучи на заем од 25 милиони евра кај Светска банка, а на домашниот пазар издаде тригодишни и петнаесетгодишни обврзници од над ...
Откако Македонија ги загуби парите од ИПА фондовите со кои требаше да се гради последната, трета фаза од пругата кон Бугарија, сега владата за таа намена ќе користи грант и кредит од Европската Унија. Пробиениот рок за почеток на изградбата беше причина повеќе да не се достапни претходно планираните 60 милиони евра од ИПА фондовите. Денеска Владата склучи договор за 149 милиони евра грант од ЕУ и 175 милиони евра кредити од Европската ...
Речиси десет месеци по локалните избори, членовите на избирачките одбори во Могила се уште чекаат да ги добијат надоместоците за својот ангажман. Од Државната изборна комисија велат дека, покрај Могила, уште четири општини Крива Паланка, Чешиново-Облешево, Струмица и Валандово, воопшто не ги исплатиле надоместоците, а во шест исплатата е извршена само делумно. „Освен укажување до општините, што неколку пати е направено, и минатата година со ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Ново Село побара итна истрага и итна реакција од надлежните институции по синоќешниот напад врз младите социјалдемократи, бидејќи станува збор за сериозен инцидент кој не смее да остане неказнет. Филипче укажа дека нападот врз младите кои само јавно ја говореа вистината за Гостивар, претставува опасен обид за заплашување и замолчување на секој што има поинакво мислење од власта. „Бараме ...
Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји во ЕУ и пред сите земји од регионот според куповната моќ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорajќи на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат. „Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од некои медиуми коишто имаат исто ...
Откако Македонија ги загуби парите од ИПА фондовите со кои требаше да се гради последната, трета фаза од пругата кон Бугарија, сега владата за таа намена ќе користи грант и кредит од Европската Унија. Пробиениот рок за почеток на изградбата беше причина повеќе да не се достапни претходно планираните 60 милиони евра од ИПА фондовите. Денеска Владата склучи договор за 149 милиони евра грант од ЕУ и 175 милиони евра кредити од Европската ...
Откако Македонија ги загуби парите од ИПА фондовите со кои требаше да се гради последната, трета фаза од пругата кон Бугарија, сега владата за таа намена ќе користи грант и кредит од Европската Унија. Пробиениот рок за почеток на изградбата беше причина повеќе да не се достапни претходно планираните 60 милиони евра од ИПА фондовите. Денеска Владата склучи договор за 149 милиони евра грант од ЕУ и 175 милиони евра кредити од Европската ...
Народниот правобранител и невладините реагираат за случајот загадена вода во Гостивар. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да се утврдат сите околности и нарушувањето на правата на гостиварци. Побарал информации од Општината и Комуналец Гостивар, од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно здравје тетово и дури вчера се добиени првичните информации. „Меѓутоа истите не се целосни, бидејќи не ги содржат сите ...
Завршени се вонредните инспекциски надзори за лекувањето на деветнаесетгодишната Станка Михајлова од струмичко Баница. Сепак, сѐ уште нема одговори – каде затаи системот и зошто пациентката по породувањето со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и во инвалидска количка. Министерството за здравство сега најавува детална стручна анализа. Инспекцискиот надзор проверуваше дали биле почитувани процедурите и законските ...
Драстично намалување на бројот на првачиња во претстојната учебна година најави министерката за образование и наука Весна Јаневска. –Жал ми е што морам да кажам, но тоа е факт, тоа и статистика го има објавено, еве сега најновите податоци ги кажувам, бројка околу 4900 првачиња помалку од лани оваа година. Колку и да се запишат, уште две илјади да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3000 првачиња помалку. Тој тренд е очекуван и следната година ...
Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките ги добиваат на денот на самиот испит тоа е невозможно сите да размислуваат и да пишуваат на ист начин, велат од Државниот испитен центар. На вкупно 226 им беше поништен тестот. Дел се фатени како препишуваат на лице ...
По ланското најниско производство во последната деценија, па и повеќе ЕСМ и годинава со оптимистички план. Прогнозите се дека од домашните капацитети ќе бидат испорачани нешто над 4.300 гигават часови електрична енергија. Бројки кои звучат амбициозно со оглед на тоа дека приближно околу оваа количина е испорачана пред шест години, но и тогаш производството било нешто помало од она кое сега се планира. И за 2025 година од ЕСМ имаа високи ...
Завршени се вонредните инспекциски надзори за лекувањето на деветнаесетгодишната Станка Михајлова од струмичко Баница. Сепак, сѐ уште нема одговори – каде затаи системот и зошто пациентката по породувањето со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и во инвалидска количка. Министерството за здравство сега најавува детална стручна анализа. Инспекцискиот надзор проверуваше дали биле почитувани процедурите и законските ...
Исти реченици за иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција кога полагала матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови,. Од Државниот испитен центар велат дека е невозможно голем број ученици да имаат есеј на тема„ Стереотипи и предрасуди“ со идентични зборови, доколку се знае дека темите и насоките ги добиваат на денот на самиот испит. Нова концепција на полагање со три типа на матура ...