Откако опозициската СДСМ обвини дека Министерството за енергетика избрала фирма која е на црната листа на САД, да гради енергетски објекти во земјава во 2026 година и побара владата да ја повлече таквата одлуката и да го стопира, како што го нарекоа, сомнителниот проект, од владеачката ВМРО-ДПМНЕ во име на владата денеска најавија дека ќе бидат преземени сите законски можности фирмата на Дака да не добие можност да се бави во енергетската ...

Принцези, овци, папагали – ова се само дел од маските што денеска можеа да се видат меѓу најмладите. Насмеани и разиграни, децата велат дека 1-ви април за нив е ден за шеги, маскирање и забава. „За мене 1-ви април е денот на шегата. Сите сме маскирани“ „Јас сум маскирана во папагал. Маската ја направив со помош на другарчињата и наставниците“ „Јас наставничката ја излажав. И кажав дека сум паднал, сум се сопнал и таа ми поверува“ „Го излажав ...

Пред да се фрли од терасата Ивана заедно со нејзината ќерка Катја била на видео повик со нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски кој е обвинет за наведување на самоубиство, нанесување телесна повреда и загрозување на сигурноста. Ова го сведочеше Мартин Саздов, кој бил во врска со Ивана и бил присутен на трагичните настани на 2 март. Ивана, според сведокот, била многу исплашена и во лоша психичка состојба и дека повеќе не можела да издржи. ...

Мицкоски на средба со неговиот кабинет ќе ја разгледува состојбата со лебот. Од денеска во неколку градови лебот е поскапен од три до пет денари. Од мелничко – пекарската индустрија причината за ова ја лоцираат во зголемените трошоци за работа. Очекуваат состојбата да се искомплицира со воениот конфликт, а пекарниците со какви цени ќе работат ќе зависи од тоа колку имаат залихи на енергенси. „Импактот на нафтата е во три домени, во ...

Со писмо до сите евроамбасадори во земјава, како и функционерите на ЕУ и НАТО, претседателот на СДСМ ќе ги извести за, според него, системското демонтирање на евтоатланската интеграција на Македонија од страна на премиерот. Филипче повтори дека, преку партиски активности и обединување на фронтот за ЕУ, силно ќе се спротивстават на ставот, да нема уставни измени без јасен крај и сè додека не бидат гарантирани човековите права на македонската ...

Денеска училиштата низ земјава оживеаја со маски и костими – најмалите ученици влегоа во клупите како нивните омилени херои. Некои прошетаа низ градските плоштади, а други го разиграа денот со смешни досетки и трикови. Денот на шегата се слави различно низ светот – од кратки утрински шеги до цели дневни забава. Во Македонија, први април донесе смеа, креативност и вистинска празнична атмосфера. Во Вестите на Телма во 12:30 линковски се јави ...

По соопштението на УЈП дека доходот што македонските студенти го остваруваат преку сезонска или привремена работа во Германија претставува оданочлив личен доход во Република Северна Македонија бројни студентски тела излегоа со реакција и упатија поддршка до студентите кои сега треба ретроактивно да плаќаат за данок од пред 5 години. Од Универзитетското собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола излегоа со соопштение во кое се ...

На 16 април, со почеток во 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи ексклузивен концерт „Кубанска џез експлозија“ во Националната опера и балет во Скопје, заедно со светски реномираниот кубански музичар Ален Перез и неговата осумчлена ритам-секција „Оркестра“. Настанот е дел од европската турнеја „Ла Фиеста“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа. Со спој на салса, тимба и џез, концертот ...

Дел од адвокатите на обвинетите тринаесетмина полицајци бараат судењето против нив да се спои со веќе започнатиот процес против 35 обвинети за пожарот во дискотеката Пулс. Тврдат дека се работи за исто дело и ист настан па поради ова обвинителството во Кочани и обвинителството за гонење организиран криминал направиле скандалозен потег што покренале две различни обвиненија. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ги искара за речникот кои го ...

Судењето против струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов беше прекинато по воведните зборови на обвинителството поради нарушена здравствена состојба на обвинетиот. Крмзов на денешното рочиште дојде во инвалидска количка. Неговите бранители бараат тој да биде пуштен да се брани од домашен притвор поради нарушената здравствена состојба. Обвинителството, пак, вели дека досега не видело медицински документи кои го поткрепуваат тоа барање. Обвинети се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обиде да го минимизира влијанието на војната со Иран врз трошоците за живот во Соединетите држави, во период кога гневот на јавноста станува се поизразен. Трамп инсистира дека цените брзо ќе почнат да паѓаат откако ќе заврши операцијата во Иран, а тој очекува таа да трае уште две до три недели. Сѐ што е потребно е да го напуштиме Иран, а тоа ќе го направиме набрзо, и тие ќе почнат да паѓаат. ...

Состојбата со горивата во Македонија е стабилна вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него земјава има доволни количини за граѓаните и компаниите. Нагласи дека земјата има едни од најниските цени на нафта и деривати во регионот и Европа. Дополнително, посочи дека АД ЕСМ остварува приходи од продажба на струја и дека нема да има поскапување на електричната енергија за граѓаните. Состојбата со горивата во Македонија е стабилна вели ...

Мисијата на Меѓународен монетарен фонд оцени дека економијата на Македонија бележи солиден раст и намалување на инфлацијата, но предупреди на зголемени ризици во наредниот период. Растот достигна 3,5 проценти во 2025 година, поттикнат од инвестиции и силна потрошувачка, додека инфлацијата се намали на 2,9 проценти на почетокот од 2026 година. Сепак, поради растот на цените на енергенсите и глобалните неизвесности, се очекува економскиот раст ...

„По 2 март, животот ми застана“ , со овие зборови го започна сведочењето Мартин Саздов, другар на обвинетиот Стојанче Јовановски на кој му се суди за нанесување на телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и за кривичното дело „Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“. Иако биле блиски, Саздов рече дека со текот на годините се оддалечиле, се додека Ивана не му се јавила во август ...

Полицијата поднесе кривична пријава против 53 годишна струмичанка за „лихварство“. Таа во период од две години позајмувала пари на лица од Струмица, за што наплатувала големи камати. Кога еден од нив повеќе не можел да ја плаќа каматата, почнала да му се заканува нему и на неговото семејство. Од полицијата соопштија дека „пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица и во период од 2023 до 2025 година им давала ...

Денеска е 1-ви април – денот кога смеата традиционално е на прво место. Но, дали сè уште знаеме вистински да се насмееме? Во време на брзо темпо, стрес и секојдневни предизвици, хуморот како да станува луксуз наместо навика. Заборавивме дека смеата не е само реакција, таа е лек за сè. Може ли едноставна шега да ни го подобри денот, да нè зближи и да ни помогне полесно да ги поминеме тешките моменти? Хуморот е дел од нашето секојдневие, но ...

Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие траговите од делото, при што телото на починатиот го измил и подготвувал за погреб, информираат од ОЈО. –Настанот бил откриен по пријава од анонимен граѓанин, кој повикал од странски телефонски број. На местото на настанот веднаш излегле полициски службеници, а увид извршиле јавен обвинител и тим од судска медицина, по што веднаш била наредена обдукција, наведува Јавното ...

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели. Трамп, ќе му се обрати на американскиот народ по повод војната на Блискиот Исток, денеска во три часот наутро по средноевропско време, пренесе Си-Ен-Би-СИ. Според податоците од ...

Агенцијата за трговија и развој на Обединетите нации издаде предупредување за влијанието на војната во Иран врз глобалната економија. Нападите врз комерцијални бродови и заканите за понатамошни напади ги спречија речиси сите танкери да превезуваат нафта, гас и друга стока низ преминот. Тоа, исто така, доведе до намалувања на производството од некои од најголемите светски производители, бидејќи нивната сурова нафта нема каде да оди. –Тоа ...

Азиските земји се свртуваат кон јагленот, бидејќи војната со Иран ги попречува испораките на нафта и гас. Континентот е изложен бидејќи се потпира на увезено гориво, од кое голем дел минува низ Ормускиот теснец – пречка за околу една петтина од глобалната трговија со нафта и природен гас. Јагленот е краткорочно решение, велат експертите, додека обновливите извори на енергија се долгорочно решение. Јагленот е составен дел од плановите за итна ...

Зголемувањето на цените на ѓубривата и потенцијалните недостатоци од прекините во испораката поради војната во Иран ги натераа земјоделците и американските земјоделски групи да се подготвуваат за пролетната сезона на садење, зголемувајќи ги трошоците за земјоделците и потенцијално отфрлајќи некои од нив. Водачите во земјоделството велат дека ситуацијата е резултат на веќе лошата земјоделска економија. Експертите предупредуваат на сериозни ...

Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, која била поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала ...

Европските министри за надворешни работи ја посетија Украина за да ја одбележат четвртата годишнина од злосторствата во близина на Киев, додека фокусот на САД е насочен кон Блискиот Исток. Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави видео-средба со американски претставници и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, посветена на можностите за завршување на руската инвазија. Зеленски нагласи дека Русија не смее да излезе од конфликтот во ...

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026-2027 година. Со конкурсот се предвидени над 25 000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив повеќе од 17 000 се во стручното образование, речиси 6000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика гласачите да му дадат нов четиригодишен мандат на митинг во близина на Будимпешта, во пресрет на изборите закажани за 12 април. Тој предупреди дека постои обид да се формира „проукраинска влада“ во земјата, додавајќи дека Унгарија има потреба од националистичко раководство. Во своето обраќање, Орбан ја обвини Украина за наводно влијание врз изборниот процес и повторно упати критики кон ЕУ, ...

Црвени чевли беа поставени на скалите пред концертната сала „Романски Атенеум“ во Букурешт, во чест на жените кои ги загубиле животите како жртви на семејно насилство. Акцијата има за цел да ја подигне свеста за сериозноста на проблемот, кој според статистиките зема најмалку една жртва неделно од почетокот на 2026 година. Организаторката Александра Стоическу оцени дека податоците се загрижувачки, нагласувајќи дека домот сè почесто не е ...

Цените на нафтата и гасот во Европа нема да се вратат на нормално ниво во скоро време, дури и ако војната со Иран заврши веднаш, предупреди европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен. Тој посочи дека иако нема непосреден недостиг, постои притисок врз снабдувањето со дизел и авионско гориво, како и зголемени ограничувања на глобалниот пазар на гас, што ги крева цените на електричната енергија. По состанокот во Брисел, Јоргенсен изјави дека ...

Салмонела е причината за труењето со храна кај 191 вработен во РЕК Битола, кои на 24 март консумираа лазањи со сос во работничката менза. Центарот за јавно здравје ги соопшти резултатите од анализите на земените брисеви од вработените и од работните површини. Кај 24 пациенти лабораториски е потврдено присуство на салмонела од групата Д, кај еден од вработените во кујната е утврдена стафилококна бактерија, а отстапувања има и кај брисевите од ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека обезбедувањето на Ормутскиот Теснец „не е за нив“, бидејќи проценил дека САД ќе завршат со нападот врз Иран за 2 до 3 недели. Во разговор со новинарите во овалната соба, Трамп рече дека САД „нема да имаат никаква врска“ со она што се случува во Ормутскиот теснец, наместо тоа им кажа на новинарите дека одговорноста за одржување, да биде отворен овој витален воден пат ќе им припаѓа на земјите што ...

Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, откако на претходното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје судот не го прифати неговото делумно признавање вина, оценувајќи дека изјавата не била дадена доброволно. Обвинетиот првично призна вина за дел од делата, но негираше одговорност за најтешкото обвинение поврзано со наведување и помагање во самоубиство. Паралелно со судскиот процес, Основно јавно обвинителство за гонење ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
58%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 5ᴼ
2.57
49%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1015
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.44
60%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
85%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
75%
1014
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
43%
1018
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
60%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
50%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
80%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Алуминиум

3.59

Родиум

326330.08

Калај

50.34

Цинк

0.00

Сребро

2399.81

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

53788.20

Паладиум

46843.64

Злато

151336.48

Платина

64365.79

Бакар

12.11