Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Српскиот претседател Александар Вучиќ, објави победа на коалицијата предводена од СНС во сите 10 општини и градови каде вчера се одржаа локални избори, проследени со инциденти, тепачки и нерегуларности на кои посочија опозицијата и студентското движење. Избори се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка. Вучиќ, чие име „Александар Вучиќ – Србија, наше семејство“ го ...
Син ја убил својата мајка во Росоман. Стравичниот настан за МИА го потврдија од Итната медицинска помош во Кавадарци, чија екипа веднаш излегла на местото на повикот, но можела само да констатира смрт. -Нашата екипа констатираше фатален убод со нож во пределот на вратот. Од тежината на повредата, жената починала на самото место“, изјави за МИА доктор Ратко Грков од Итната помош Кавадарци. Повеќе информации за овој случај се очекуваат од МВР ...
Пред точно еден век, научникот Станко Караман ја основал Зоолошката градина Скопје со визија далеку пред своето време – место каде што луѓето ќе учат да ја сакаат и почитуваат природата. Денес, 100 години подоцна, оваа институција не само што опстојува, туку се стреми да стане современ центар за едукација, заштита на биодиверзитетот и хуман третман на животните. Но… дали ја исполнуваме визијата на нејзиниот основач? Дали ние како општество ја ...
Истражувачкиот реактор Хондаб во Иран е тешко оштетен од нападите и повеќе не е во функција, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија доцна синоќа. -Врз основа на независна анализа на сателитски снимки и сознанија за инсталацијата, МААЕ потврди дека фабриката за производство на тешка вода во Хондаб, за која Иран објави дека била нападната на 27 март, претрпела сериозни оштетувања и повеќе не е во функција, соопшти агенцијата на „X“. ...
Пожар избувнал синоќа во Струмица, во близина на булеварот Климент Охридски во помошен објект во откупен пункт за старо железо, при што биле зафатени и дел од материјалите кои биле во непосредна близина, информираа утрово струмичките пожарникари. „Синоќа (недела) 29.03.2026 година, во близина на бул.Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири ПП возила и единаесет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект во ...
Австралија ги преполови даноците на бензин и дизел и го укина данокот за тешки возила со цел да се ублажат економските последици од растечките цени на горивата. Владата соопшти дека оваа мерка ќе ја чини федералната каса околу 1,74 милијарди долари во период од три месеци. Одлуката доаѓа во време на глобална нестабилност на енергетските пазари, што доведе до значително зголемување на цените на нафтата и притисок врз трошоците за транспорт и ...
Цената на нафтата нагло порасна над 115 долари за барел, додека азиските берзи забележаа остар пад поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, кој влезе во петтата недела. Јапонскиот индекс Никеи падна за околу 4,5%, а јужнокорејскиот Коспи за околу 4%. Растот на цените следува по нападите на јеменските Хути врз Израел и заканите од Иран за проширување на конфликтот. Дополнително, постои ризик од прекин на транспортот на нафта ...
Поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин, а приведени се вкупно четири лица за убиствито кое е извршено во Виница. – По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за можноста САД да ја преземат контролата врз иранскиот остров Харг, клучен извозен центар за нафта. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој посочи дека операцијата би можела „лесно“ да се изведе, но додаде дека мировен договор со Иран може да се постигне „многу брзо“. Меѓувреме, тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да растат, при што Иран се закани со проширување на нападите, ...
Почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. Јовановски е обвинет за три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело Наведување на ...
Борби во кафез ќе се одржат во дворот на Белата куќа, како дел од прославата на 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од основањето на САД. На тревникот пред Белата куќа во наредните недели ќе биде поставен Октагон со ограда висока 1,83 метри, каде што на 14 јуни борци од организацијата УФЦ (Ultimate Fighting Championship) ќе демонстрираат комбинација од кик-бокс, џиу-џицу, борење и други боречки ...
Американски авион Е-3 Сентри Авакс е уништен во ирански ракетен и беспилотен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија кој се случил на 27 март. Во нападот беа ранети над 10 американски војници од кои двајца потешко, а оштетени биле и авиони за танкирање гориво во воздух, пишува Дифенс Индустри Јуроп (Defense Industry Europe). Веста ја објавија и американските медиуми „Фокс Њуз“ и „Волстрит Журнал“. Pictures show the ...
Катарската телевизија Ал Араби денеска објави дека нејзината зграда во Техеран била цел на ракетен напад. „Израелска ракета ја погоди зградата на телевизија „Ал Араби“ во Техеран. Причинета е голема штета и запрен е пренос во живо“, наведе ТВ куќата во објава на Икс. На снимката, која е објавена со веста, се прикажани скреѓни прозорци и уништена опрема. Катарската телевизија Ал Араби денеска објави дека нејзината зграда во Техеран била цел ...
Министрите за надворешни работи на арапските земји денеска едногласно го избраа египетскиот дипломат Набил Фахми за нов генерален секретар на Арапската лига. Фахми ќе ја преземе функцијата од неговиот сонародник Ахмед Абул Гејт, чиј втор мандат истекува во јуни оваа година. Иако статутот на организацијата не ја дефинира националноста на генералниот секретар, по традиција на оваа позиција речиси секогаш се наоѓа египетски дипломат, со оглед на ...
Силни експлозии одекнуваат во Техеран, објави „Би-Би-Си“, повикувајќи се на четири свои извори. Два од нив наведуваат дека делови од иранската престолнина се без струја, како и во блискиот град Караџ. Иранските медиуми, исто така, известуваат за прекин на електричната енергија во поедини делови во двата града. Силни експлозии одекнуваат во Техеран, објави „Би-Би-Си“, повикувајќи се на четири свои извори. Два од нив наведуваат дека делови од ...
Пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар најави дека неговата земја наскоро ќе биде домаќин на преговори меѓу САД и Иран, за што засега нема официјални потврдиод Вашингтон или Техеран. Дар притоа не откри дали разговорите ќе бидат директни или индиректни. „Пакистан е многу задоволен што и Иран и САД изразија доверба за нашата улога на посредници“, рече Дар по состанокот со шефовите на дипломатиите на Турција, на Египет и на ...
Десет припадници на вооружените сили на Кувајт се повредени во ирански ракетен напад врз воен камп во заливската земја, објави кувајтската армија, не наведувајќи ја точна локација. Причинета е материјална штета, додаде војската на Кувајт на Икс, додавајќи дека противвоздушната одбрана на земјата во последните 24 часа се соочила со 24 балистички проектили и 12 дронови. Десет припадници на вооружените сили на Кувајт се повредени во ирански ...
Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот раскажа необична анегдота за претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека тој може прецизно да ги нацрта границите на државите на Блискиот Исток. Говорејќи на конзервативната конференција CPAC, Кенеди рече дека за време на изборната кампања патувал со Трамп во авион, каде разговарале за Сирија. „Седевме еден спроти друг, јадевме „Мекдоналдс“, јас пиев диетална кола. Тој ја зеде ...
Пакистан денеска е домаќин на министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија, во рамки на напорите за посредување во војната меѓу Иран, САД и Израел, со фокус на повторното отворање на стратешката Ормускиот Теснец за поморски сообраќај. Според дипломатски извори, на Вашингтон му биле претставени предлози за стабилизирање на протокот на нафта. Еден од моделите, предложен од Египет, вклучува наплата на такси слични на ...
Војната со Иран предизвика силен потрес на светските пазари на нафта, при што најновите податоци покажуваат драматични разлики во растот на цените на дизелот низ светот. Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, најголем удар претрпеле азиските земји. Филипините бележат најголемо поскапување од 81,6 проценти, по што следи Нигерија со 78,3 проценти. Во Малезија цената на дизелот пораснала за 57,9 проценти, додека во Австралија за 52,1 ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопшти дека е расчистено убиството во Виница и поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин. Приведени се вкупно четири лица. „Во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу ...
Независниот синдикат на полицијата реагира за инцидент кој се случил синоќа во дискотеката ,,Пјур“ (Pure) во Скопје. Биле нападнати двајца полицајци од пијани гости пришто добиле и тешки телесни повреди. Но, како што велат од синдикатот, запрепастени се од одлуката на обвинителството насилниците да бидат ослободени и да не бидат изведени пред суд по итна постака, иако првично биле дадени насоки за тоа. Според информациите на синдикатот, ...
Обвинителството во Кочани изврши увид на лице место каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје. Со преземените дејствија, лицето е идентификувано како ловочувар, кој бил дел од група за комерцијален лов. Во тек се дејствија за обезбедување на докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. Задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од групата за комерцијален лов и ...
Мини систем за селекција на отпадот во селата за трајно решение на палењето на непрописните депонии. Ова го предлагаат граѓанските активисти како почетна точка за справување со отпадот. Стојан Велков -Трн, активист на „Здрава котлина“ и поранешен советник во Општина Босилово од движењето „Стига е“, вели дека лани во декември доставиле листа со можни решенија за жешките еколошки точки до сите струмички општини. Една од нив е пробно селектирање ...
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, обвини дека веќе две недели на Клиника за онкологија недостигаат клучни лекови за пациентите со рак, оценувајќи ја состојбата како „скандалозна и недозволива“. Според неа, меѓу терапиите што недостасуваат се Фезго, Палбоциклиб, Рибоциклиб и други основни лекови без кои, како што нагласи, не може да продолжи третманот на пациентите. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената ...
Пролетнoто расчистување низ домовите на тетовци веќе резултираше на јавните површини да се оставaат големи количини на отпад што не го собира во контејнерите. Така е на повеќе места низ градот, не се поштедени ниту зелените површини, покрај тротоарите и улиците. Снежана Стојановска од Здружението „Вешта жена“ препорача до општинската администрација повеќе да соработува со невладиниот сектор, за кој смета дека има можност да влијае во ...
Половина година по одржувањето на локалните избори, дел од ангажираните лица сè уште не го добиле надоместокот за сработеното кој во некои случаи достигнува и до 350 евра. Само во Општина Аеродром, според тврдењата на граѓаните, станува збор за околу 900 лица. „Срамно е во 21 век да се собираме и да бараме нешто што професионално сме го извршиле. Секој член од тие чекаат, дали се 12, 15 или 20.000 ќе придонесат за дома“, реагира Томислав ...
По еден месец војна на Блискиот Исток, економскиот шок се чини многу поголем и посериозен од кризите со кои што се соочи светот во последните години. Се уништија дел од нафтените производни капацитети, се отежна, а некаде и целосно запре испораката на нафта, чиja цена речиси двојно се зголеми споредено со почетокот на годинава. А, кога расте цената на нафтата, неминовно преку транспортните и трошоците за производство се пресликува на речиси ...
Случај „Соравија и Дрин Ахмети“’ ново продолжение. Како момчето кое се претставуваше како амбициозен бизнисмен, сакало да ги надитри доверителите кои имаат хипотека врз деловниот центар во срцето на Скопје. КОД откривa нови детали. Во КОД и за тоа како митото по неколку десетици илјади евра стасало до директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Државниот инспекторат за земјоделство. Кој бара поткуп, кој нуди во ...
Притвор од 30 дена за осомничениот Живко Грозданоски за убиството на 76-годишниот Климе Митрески во Охрид. Грозданоски беше изведен пред судија на претходна постапка во охридскиот суд кој ги прифатил околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците. Грозданоски е осомничен дека на 25 мај од користољубие го убил Митрески. Со цел да го спречи Митрески да го ...