Оваа сезона ја чувствуваме модната фасцинација со едноставната памучна маица без ракави, вообичаено наменета како долна облека, но ова сестрано модно парче добива нова модна димензија која може да се носи на различни начини – во комбинација со широки панталони, шорцеви или фармерки, во спој со златен накит, под сакоа и лесни јакни, под волуменозна кошула, со сатенско миди здолниште. Најчесто среќаваме бели маици, со ребрест финиш, но во игра се ...

Модниот бренд Parfois преку својата централна кампања за пролет-лето 2022 наречена Sunseekers ја раскажува приказната за „трагачите по сонце“, објаснувајќи дека sunseeker e личност која ужива да поминува време на отворено додека е топло, особено личност која патува на некоја дестинација поради топлината и сонцето. Кампањата снимена на островот Ланзароте илустрира една летна аванатура и поконкретно колекција која содржи смели колоритни парчиња. ...

Викендов се одржа 25-тото издание на Моден Викенд Скопје, еднодневен настан во Градски парк посветен на новите генерации на креативни надежи, студентите и дипломците по моден дизајн од неколку домашни факултети и школи Моден викенд ’25 се одржа на 25 јуни, а почна во 12 часот со дебата на темата „Вработување на младите во модната индустрија“. На оваа дебата говорници беа Оливер Андреески – член на Управниот Одбор при Националниот младински ...

Полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, ќе бидат ексклузивни гости на Музејот на современата уметност – Скопје. Во рамки на нивниот престој од 1 до 14 јули ќе им биде овозможено да создаваат дела во самиот музеј, а дел од нив ќе ги подарат на МСУ. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски. Нивниот колаборативен процес на работа како „Отворено студио“ ќе се одвива во еден ...

Деновиве се одржа традиционалната завршна ревија на студентите од студиската програма за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, годинава настанот беше на отворено и во форма на перформанс во кој гостуваа и студенти од други факултети на УКИМ. Темата на ревијата е Метаверзум или универзум, всушност тоа е клучното и несомено актуелно прашање кое им беше поставено на студентите. Тие под менторство на ...

Младиот дизајнер Христијан Младеновски во својата капсулна колекција „Во цут“ (In Bloom) се инспирирал од ренесансните мотиви и ренесансната уметност, поточно, концептуализацијата на капсулната колекција произлегува од начините на кои природата била претставена во ренесансните слики. -Во овие слики, уметниците се одалечиле од апстракциите на средновековната естетика за да се обидат да го доловат животот во неговата најрепрезентативна форма. ...

Модната дизајнерка Мерита Харџи Коци (МХК) од Приштина, деновиве одржа мини модна ревија пред салонот на Wolford во ГТЦ во Скопје, на која претстави ексклузивни фустани кои ги носеа наши познати манекенки. Манекенката Вера Мештеровиќ беше водителка на настанот, ревијата ја отвори мисицата и прва придружничка Билјана Јаневска, а во креациите на МХК продефилираа Светлана Црнокрак, Ведрана Ѓорѓевиќ и манекенка од модната агенција студио Моделс Ин. ...

Подгответе се за летото со попусти и забава – овој петок Late Night Shopping во Скопје Сити Мол Веќе десет години најомилен дел од јуни се неверојатните попусти во омилениот трговски центар, кои кулминираат со најдобриот ден за попуст во кој продавниците во Скопје Сити Мол работат до полноќ – Late Night Shopping во Скопје Сити Мол. Оваа година за посетителите и љубителите на шопингот извонредни попусти, но и одлична забава за вистинско шопинг ...

Брендот Angie M. зад кој стои Ангела Младеноска ја претставува новата колекција Ocean Mystique која содржи костими за капење и облека за на плажа за сезоната пролет-лето 2022. Боите кои пленат под океанските води, животинскиот свет, прекрасниот пејзаж на различни бои и чувството на безгрижност се инспирација на оваа колекција. -Оваа колекција е спој на рачно изработени дводелни и едноделни костими за капење со впечатливи врвки, како и плетени ...

Вчера, 15 јуни, во Neptun, East Gate Mall се одржа промоција на шведскиот beauty-tech бренд FOREO. Гостите имаа можност да се запознаат со FOREO уредите и начинот на нивна употреба од страна на регионалниот едукатор за Форео, Ивона Савичевиќ. На двочасовната коктел промоција присуствуваа гости од јавната сфера, мејк ап артисти, медиуми кои преку непосредна комуникација со бренд амбасадорот први дознаа за бенефитите од користењето на овие уреди ...

Повеќето од оние што се грижат за своето здравје, внесуваат органска храна или се вегани, кравјото млеко одамна го заменија со бадемово. Здраво е и има одличен вкус, а бидејќи е направено само од бадеми и вода, лесно може да го подготвите дома. Идеално е за оние што се нетолерантни на лактоза, како и за алергичните на соја и глутен. Не содржи заситени киселини и холестерол, но затоа пак содржи омега 3 масни киселини кои се добри за нашето ...

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен на 22 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и ...

Скандинавките во последниве сезони се голема стилска инспирација, една таква инспиративна модна приказна е Емили Синдлев, стилистка и Инстаграм инфлуенсерка од Копенгахен, препознатлива по веселиот и колоритен стил. Ако ги проследиме нејзините последни објави на Инстаграм, ќе забележиме дека Емили во моментов е во Сен Тропе од каде постира неколку летни стилски идеи како розов лежерен комплет од кошула и широки панталони, шарен фустан за плажа ...

Четвртина од 100 или прв „сребрен“ јубилеј. Да, преубава бројка, преубав повод да ве поканиме на 25-тото издание на Моден Викенд Скопје Четири дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. И тоа не било каде, туку во Градскиот парк. Симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд. Впрочем, сите оние модерни зданија во градот и оние урбани ликови кои му ...

Четвртина од 100 или прв „сребрен“ јубилеј. Да, преубава бројка, преубав повод да ве поканиме на 25-тото издание на Моден Викенд Скопје Четири дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. И тоа не било каде, туку во Градскиот парк. Симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд. Впрочем, сите оние модерни зданија во градот и оние урбани ликови кои му ...

Елегантните чевли и сандали со високи потетици се константа на црвениот килим на важните настани, но холивудската ѕвезда Шерон Стоун одлучи да избере сосема поинаков стајлинг. Таа се појави на гала вечерта на непрофитната организација CORE во Лос Анџелес – во патики. На црвениот килим таа прошета во розов костим со сатенси финиш кој го комбинира со полупроѕирни патики со потпис на Долче и Габана. Шерон изгледа шик во оделото кое тренд оваа ...

H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) меѓународниот ланец на продавници, познат по одржлива мода и квалитет по најдобра цена, е подготвен да ја отвори својата прва продавница во Скопје, Северна Македонија ова лето 2022 година. Долгоочекуваното отворање на продавница од 2.300 m² ќе биде во популарната шопинг дестинација East Gate Mall во Скопје. -Многу сме среќни што ја отвораме првата продавница на H&M во Северна Македонија. Верувам ...

Актерката Винона Рајдер, во моментов актуелна со ТВ серијата Stranger Things, се појавува во модната кампања чантата J Marc на Марк Џејкобс. Актерката и дизајнерот подолго време соработуваат, сега Винона ги промовира неколкуте верзии на чантата J Marc, а со модните фотографии на кои позира во стари модели на Џејкобс, нѐ врати во гранџ-ерата од 90-тите години. Дополнителниот стајлинг со кратката коса и шминката, исто така е омаж на модата од ...

Летово се фокусираме на удобност и практичност, затоа бираме функционални и комфорни, но и тренди модни парчиња кои можеме да ги носиме преку целиот ден. Сезонава едно такво парче облека се широките панталони со опуштен, но елегантен изглед, кои нема да ги ограничат нашите движења и нема да создаваат непријатност во текот на денот. Покрај тоа, со широките панталони може да се создадат десетици десетици модерни комбинации, еве неколку идеи како ...

Црн фустан е секогаш добра идеја, па го предлагаме овој модел на Зара, кус модел со впечатлив срцевиден изрез кој допринесува за погламурозен изглед. Одличен е за некоја вечерна или свечена пригода, се комбинира со високи сандали со ремчиња, мала чанта, долги обетки или впечатлив ѓердан, а за потрендовски изглед, модните додатоци нека бидат во една или повеќе интензивни бои. Zara фустан – 1.990 денари Овој модел на фустан потсеќа, некои и би ...

Нанесувањето на креми со заштитен фактор преку лето е задолжително, тоа веќе го знаете, нели? Но, прашање е дали правилно ги користите, ви случува ли да ги заборавите или дали ги нанесувате во доволна количина. Експертите ќе ви препорачаат да се мачкате често, да инвестирате во квалитетни препарати, правете го тоа и кога не сте на плажа, а бирајте креми, лосиони, спрејови и секакви други препарати со висок заштитен фактор – не играјте на ...

Сакоата се главен горен дел сезонава и во својата летна верзија наместо со долги панталони се спојуваат со бермуди. Одамна не сме носеле бермуди, па овој тренд на прозрачни одела со покуси панталони малку нè изненади, но и ни понуди нови идеи за летен стајлинг. Најчесто ги има во светли и пастелни бои, од лен или од некој друг полесен материјал, се носат со сандали или патики, а се прилагодуваат и за вечерно излегување. *Не е ...

Сјајно лице и бронзена шминка е изгледот што ни е омилен во летните месеци. Тоа е и период кога вообичаено имаме исончан тен, кој уште повеќе ќе го нагласиме со бронзери, хајлајтери и неутрални сенки за очи со сјајен финиш. Следниве видео туторијали ќе ви помогнат да постигнете бронзена шминка. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт ...

Летната модна сезона не можеме да ја замислиме без цветни, лелеави и кратки фустани, следејќи ја оваа констатација селектиравме девет модели од колекцијата на Страдивариус во кои ќе го поминете ова лето. Брендот предлага различни долги и куси модели, еднобојни и фустани со цветен и кашмирен дезен, со гол грб и со детали од тантела. Некои моделите се во бохо стил и се одлични за некој летен фестивал, а има и фустани што може да се носат за ...

Секоја година многу доцна ви текнува да се справите со целулитот?! Ама никогаш не е доцна да почнете да почитувате неколку брзински правила во борбата против целулитот, кои кои долгорочно ќе помогнат да се пресметате со оваа несакана појава на телото. • Одлучете се за еден вид на тренинг што ќе го практикувате најмалку четири пати неделно. Без разлика на тоа каков вид на вежбање и да изберете, најважно е да не ги пропуштате термините за ...

Коктелот Маргарита на база на текила е распространет насекаде низ светот и веќе има култен статус, но време е да пробате нова розова верзија со омиленото летно овошје – лубеницата. Рецепти за овој Watermelon Margarita коктел ќе најдете на Интернет, најчесто на Пинтерест, а за да го поготвите потребни ви се само три главни состојки: лубеница, текила и лимета. Еве еден рецепт и количината на состојки потребни за двајца: -две мали чаши текила -300 ...

Во присуство на водечките дами од словенечкиот козметички бренд „Афродита“, Звонка Новак Хабот, заменик директорка, Јудита Железник, одговорна за односи со јавноста и Катја Посл, одговорна за продажба на странските пазари и во друштво на 100-тина дами од јавниот живот, во убавиот амбиент на „Рагуза 360“ во непосредна атмосфера, дружење и музика, беа одбележани 50 години од постоењето на „Козметика Афродита“. Помеѓу гостите беа топ моделите ...

Животот е сладок со новата колекција на Манго за лето 2022 илустрирана преку кампањата Dolce Vita. Додека го впива сонцето меѓу палми во амбиентот на познатата футуристичка куќа близу Кан што некогаш ја поседуваше модниот дизајнер Пјер Карден, супермоделот Каролин Трентини позира во оваа модна фотосесија носејќи облека со психоделични принтови и живи бои. Приказната е фокусирана на есенцијални модни парчиња инспирирани од 60-тите години. ...

Спектакуларните дизајни од периодот на модерната сплотени во современ амбиент Пријателите на дизајнот и уметноста, вчеравечер имаа единствена можност да присуствуваат на несекојдневен настан – Design Icons. Се работи за настан-изложба на култен дизајнерски мебел од периодот на модерната. Големите имиња како Чарлс и Реј Имс, Ле Корбизје, Ханс Вегнер, Мис Ван Дер Рое со своите култни креации во галериски формат на Варшавска 1 во Дизајн Дистрикт ...

Побарувачката за парфемот Dior Sauvage се зголеми за речиси 50% за време на постапката на судењето на Џони Деп и Амбер Херд. Додека се чека одлуката од судењето, расте интересот за овој Диоров парфем чие заштитно лице од нeговото лансирање во 2015 година е Џони Деп. Пребарувањата на Google за мирисот се зголемија за 48%, од 823.000 пребарувања во март на 1,2 милион во април. Судењето за клевета започна во април. Откако поранешната сопруга Амбер ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.54
73%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
0.0
74%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1020
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.44
90%
1018
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.87
86%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
50%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
63%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
82%
1018
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.94
78%
1014
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
77%
1017
Currency

61.525

Currency

53.7801

Currency

73.041

Currency

35.0452

Currency

39.4174

Currency

65.6596

Currency

7.50805

Currency

0.68457

Currency

0.37246

Currency

0.52513

Currency

1.37421

Currency

0.62918

Алуминиум

2.48

Кобалт

42.99

Никел

15281.50

Рутениум

19708.41

Калај

32.14

Сребро

1156.61

Злато

107167.78

Бакар

9.84

Паладиум

33340.32

Платина

37340.87

Родиум

179240.41

Цинк

2.65