
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



На 24 февруари со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Операта е во четири чина, дејството се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а либретото се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер. Сценографијата е на Зоран ...
Македонската манекенка Татјана Јанушрва успешно гради интернационална кариера, a минатата година направи пробив на светската сцена со бројни ангажмани. Неодамна се појави во рекламна фотосесија за Miss Sixty, a како последен успех го забележува нејзиниот ангажман во кампањата на светскиот познат бренд Чемпион (Champion). . -Токму овој американски гигантски бренд е познат по неговите атрактивни спортски дизајни на дресови за кошаркарските и ...
Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 10 до 12 март во хотелот Александар Палас ќе понуди богата програма во сите три дена со модни ревии, музички настапи и промоции, а е во организација на магазинот www.vobelo.mk. Отворањето на 11-тото издание на саемот е предвидено за 10 март од 17 часот за посетители, а во 20 часот ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ...
„In Vino Veritas“ порачува Андон Крстевски од Демир Капија, прв Македонец кој што завршил енологија на Националната катедра за енологија во Франција, на мастер ниво, а сега е главен енолог и технички директор во винаријата „Стоби“. Тој работел во Бордо, во една од најпознатите светски винарии, винаријата „Chateau Pape-Clement“, а работел и во винаријата Mount Riley, во регионот Малборо, Нов Зеланд. Потоа специјализирал во продажба на опрема и ...
По повод празникот Свети Трифун, во винарија „Стоби“ по 14-ти пат се одржаа традиционалното закројување и осветување на виновата лоза. И оваа година, со литургија, одмерено и дискретно, но со висока доза на духовност и посветеност кон виното и филозофијата на „Стоби“, закројувањето се одржа во присуство на раководниот тим на винарницата. - Овој ден за нас е посебен, 14-та година по ред го славиме овој за нас значаен празник, воедно и роденден ...
Честата изложеност на ниските температури и студениот воздух значително го забрзуваат процесот на стареење на најголемиот орган на нашето тело – кожата. Првата промена за која главен виновник е студеното време е сушење на кожата, како резултат на намалена работа на потните и лојните жлезди. Дополнително, често пати се јавува и лупење и црвенило на кожата. Покрај тоа што влијае директно врз кожата, влијае и врз крвните садови на кожата,при што ...
Копенхаген и скандинавскиот стил одлично и одлучно им парира на познатите светски модни центар Париз, Милано, Лондон и Њујорк, па вниманието постојано ни е насочено кон овој дел од Европа. Покрај модните ревии на тамошните дизајнерски имиња, модата се обликува и на улиците на Копенхаген, од каде се и овие фотографени уловени за неодамнешната модна недела. Преовладуваат капути и топли јакни, комбинации во кафени и темни тонови, но и со многу бои ...
Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, Скопје Сити Мол организира голем Љубовен базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци. Повеќе од 20-тина индивидуалци, „artisans“ – уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи. Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, во која е компримиран креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, ...
Модниот свет изгуби уште еден дизајнер – Пако Рабан, роден како Франциско Рабанеда и Куерво, почина на 88-годишна возраст. Овој моден визионер стана познат во 60-тите години по својата space age естетика и креирањето облека од метални структури. Роден во 1934 година во баскискиот град Пасаја, Пако интересот за мода го наследил од неговата мајка која работела како главна кројачка кај Кристобал Баленсијага, а поради Шпанската граѓанска војна и ...
Со почетокот на новата година нашиот успешен интернационален модел замина за Милано каде ќе престојува до средината на март. Веднаш почна со ангажманите, а меѓу првите проекти што ги изработи е и новата кампања на добро познатиот бренд Теранова. Кампањата се изработи во Римини и Милано студиски како каталог. -Букирана однапред за повеќе проекти, Караџова одлично се снајде во новата средина и очекуваме реализација на истите. Нејзината успешна ...
Модниот бренд Манго претстави нова зимска колекција во која доминираат неутрални тонови. Имајќи предвид дека ни преостануваат уште неколку недели од зимата, ќе можете максимално да ги искористите новите креации – меки комбинации во смирени тонови на беж, крем и розова боја. Облеката е пријатна и удобна, а колекцијата содржи џемпери, капути, плетени фустани, мантили, миди здолништа… Облеката во лежерно-шик изглед во новата кампања на Манго ја ...
Под сако, мантил, кожена јакна или палто, ролката одлично се вклопува во машката зимска гардероба, и тоа подеднакво добро во елегантни, кежуал или урбани комбинации. Ролката никогаш нема да излезе од мода, како кај жените така и кај мажите, и претставува важен дел од слоевитото облекување во ладните месеци. Се вклопува во различни стилови и со соодветен стајлинг одговара на секоја возраст. Преовладуваат ролките во црна и сива боја, но се носат ...
САЕМОТ НА МЕБЕЛ Е ПРВ ОД ТРИТЕ ПРОЛЕТНИ САЕМИ ШТО ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО КОМПЛЕКСОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ “Саем на мебел“ ќе се одржи од 29.март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди. Саемското претставување ќе трае 5 дена, на кое се очекува ...
Во современиот свет вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) има широка употреба, а се користи и во модата, на пример во продажбата и купувањето онлајн, преку апликации кои служат како виртуелни пребарувачи и стилски водичи, но за модни фотосесии и фоторафии генерирани со AI. Забележуваме дека AI веќе наоѓа примена и на домашната сцена, но се чини дека модната дизајнерка Искра Џокиќ Кецап е меѓу првите, ако не и првата, која што ...
Фестивалот на најдобри настани БЕАМ го објави составот на жири комисијата како и сите критериуми за оценување и правила за работата на жирито Најдобрите настани ќе се избираат во 15 категории, а ќе ги оценува жири комисија составена од искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии, и тоа: Ана Зафирова, фриленс новинарка и експертка по комуникации, Анета Андонова, одговорен уредник на Прв Програмски сервис, МРТ 1, ...
На сцената на Националната опера и балет на 24 јануари 2023 во 20 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава „Госпоѓиците ид Авињон“. Балет во 9 слики. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. ...
Подгответе се да ја освежите вашата гардероба со новите модни предлози на брендот Зара за претстојната сезона пролет 2023. Зара ја претстави новата кампања во која се појавува познатата манекенка Ања Рубик која позира во низа низа шик и модерни комбинации. Во колекцијата доминираат неутрални нијанси и таа содржи модели како сако со ремен и прорез на задниот дел, бомбер јакна, волуменозна беж парка јакна, широки падобрански панталони, краток топ ...
Модата остана без една од оригиналните супермоделки Татјана Патиц, која почина на 56-годишна возраст , според последните информации од рак на дојка. Според нејзиниот застапник од њујоршката модна агенција Model CoOp, Татјана починала „неодамна“, но веста беше објавена вчера, 11 јануари. Татјана го покори модниот свет и скоро четири децении беше незамнлив дел од модата. Пошироката публика ја знаеше од легендарниот видеоспот Freedom на Џорџ ...
За прв пат во Македонија ќе се организира Фестивал на најдобрите настани за годината што изминала. БЕАМ Фестивалот (Best of event awards Macedonia) е на иницијатива и во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП а произлезе како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците. БЕАМ е фестивал кој има за цел да им оддаде признание на креативните идеи и настани, но и да се потенцира и поттикне ...
Гран Канарската модна мрежа ModaCalidaи локалната власт Кабилдо де Гран Канарија (CabildodeGranCanaria) ги поканија членовите на Европската модна алијанса (ЕМА), која беше основана во Франкфурт во јуни 2022 година. На 19 и 20 октомври се собраа во Маспаломас за време на GranCanariaSwimWeek- единствениот EuropeanSwimWearWeek– односно за нивниот прв самит. Целта на самитот помеѓу 59 претставници од 23 европски земји беше да се дискутираат и ...
Една од најуспешните жени во светот на маркетингот, Маријан Салзман претстави вкупно пет трендови за новата година Потпретседателката на одделот за глобални комуникации во тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл, Маријан Салзман, која е една од најпознатите „трендсетерки“ во светот ги сподели своите видувања за новите трендови кои ќе обликуваат како ќе се одвиваат работите во 2023 година и понатаму. Салзман е авторка и коавторка на дури 17 ...
Легендарната модна дизајнерка, Дама Вивиен Вествуд, која го воведе која модниот панк феномен во 70-тите и чии подоцнежни дизајни од пирати до кринолини, исто така, имаа големо влијание во следните децении, почина вчера, 29 декември, на 81-годишна возраст. За време на повеќедецениската кариера на Вествуд, таа ја дефинираше британската мода со нејзиниот ексцентричен дизајн, стил и еколошки активизам. Брендот на Вивиен Вествуд ја откри нејзината ...
Таа е нежна и боженствена, сензуална и единствена. Обвиткана е во шепотот на нежната романтика, секогаш своја и препознатлива. Девојка со беспрекорен стил и шарм, која својата љубов ја пренесува со безвременски сјај. Токму таа е инспирација за новата Антонија Ристовска Bride колекција именувана Eternal Glow 2023. Колекцијата ја сочинуваат венчаници кои изобилуваат со богати текстури на материјали и везови. За оваа колекција во ателјето на ...
„Моден викенд Скопје“ ја презентираше најновата колекција на Мирјана Јосифоска Синоќа беше свечено презентирана најновата колекција „Циклус/Cycle“ од модната дизајнерка Мирјана Јосифоска во просториите на „Јавна соба“. Мирјана Јосифоска е млада модна дизајнерка со повеќегодишно искуство во изложби на своите креации. Позната е по своите рачно изработени шапки коишто ги изработува со занаетчиски техники на видно уникатен начин. Материјалите што ...
Овие празнични денови славете со овој традиционален пунч на база црно вино, рум и портокал, со кој ќе ги одушевите семејството и гостите. За подготовка ви се потребни еден литар црно вино, пет децилитри кафен рум, 500 грама шеќер, еден портокал, пет децилитри црн чај, еден лимон, и каранфилче и цимет по вкус. Сварете го чајот. Дел од портокалот исецкајте го на кришки, а остатокот исцедете го заедно со лимонот. Во тенџере ставете го виното, ...
Paket.mk со платформата „Направи повеќе“ започна донаторска акција за да се помогне на социјално загрозени семејства да добијат намирници за време на новогодишните празници. -Со нашето малку можеме да овозможиме нечие многу. Ова е девизата од којашто се водевме за партнерството со „Направи повеќе“. Идејата е на лесен начин секој да може да донира намирници користејќи ја платформата на онлајн супермаркетот Paket.mk. Како најголема платформа во ...
На интернет страницата на Европската Унија, односно на Европската комисија во делот за култура и креативност, објавено e дека два града влегоа во потесниот избор за да станат европска престолнина на културата во 2028 година како земји кандидатки. Носител на апликацијата е јавната установа Универзална сала, а проектот е финансиран од Град Скопје. Град Скопје за првпат во 2014 година ја најави идејата за кандидатура за титулата Европска ...
На 27 декември „Моден викенд Скопје“ ќе ја презентира најновата колекција на дизајнерката Мирјана Јосифоска. Настанот ќе се одржи во 19 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ во Скопје. Најновата колекција на шапки и додатоци за коса наречена „Циклус/Cycle“ е инспирирана од боите користени во народните носии. Станува збор за урбана и шик колекција која претставува нов израз на дизајнерката Јосифоска која како што вели: Боите што ...
Corsets FW22/23 – Нова капсулна колекција која што соддржи 6 изгледи со даден посебен акцент на препознатливите ZANOV корсети Колкцијата на Мите Занов/ZANOV е инспирирана од спротивноста помеѓу мажот и жената, како и од нивната нераскинлива поврзаност, односно симбиозата што всушност ја поседува секое човечко битие, со своја машка и женска страна, без разлика на својот пол. Сите тие карактеристики, колку и да се различни сепак се толку ...
Познатите дами и трендсетерки како Џиџи Хадид, Сиена Милер, Кејти Холмс и Алекса Чанг периодов се забележани во еден ист модел на капут со потпис на Манго – двореден кремастобеж волнен капут кој изгледа луксузно и во кој вреди да се инвестира. Славните покрај скапата дизајнерска облека, бираат и модни парчиња од таканаречените „хајстрит“ брендови кои нудат мода со поповолни цени. Тоа веќе не е феномен, а пример е и овој капут од тековната ...