Големи 3Д-цветни апликации се вметнати во новата капсулна Premium колекција на Манго за пролет-лето 2023 претставена преку оваа кампања. Колекцијата е наменета за посебни и незаборавни свечени и вечерни пригоди. Фокус на колекцијата се женствени и софистицирани пролетни модели како макси фустани со цветни апликации, фустан со асиметрично деколте, макси сатенска кошула со пердуви, макси цветен фустан со отвор, фустан со светки, елегантни палацо-панталони, горен дел со пердуви и и впечатлив накит.
Нема коментари