Модниот бренд Зара ја претстави колекцијата за пролет-лето 2023 од линијата Studio преку кампања фотографирана од Стивен Мајзел обмислена во романтичен стил во духот на 70-тите. Преовладуваат флуидни кроеви, топли тонови и деликатни украси. Колекцијата содржи туника-фустани, блузи и фустани со карнери, свилени и фустани со тантела, мантили и кратки јакни, свилени панталони со набори, минималистички елеци, модели со нежен принт, бело одело со флуиден крој, плетиво и еспадрили.
Нема коментари