Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Нашата серија “Досие Спортска Станица” досега беше насочена кон селекторот, со предлози за играчи кои заслужуваат повик. Но, оваа, петта епизода е поинаква. Ова е можеби најделикатниот, но и најважниот напис во серијалот досега. Ова не е предлог за повик. Ова е апел до човекот кој веќе е таму. До еден од нашите најголеми. До херојот. Ова е апел до Александар ‘Алекс’ Трајковски. Алекс, ти си човекот кој го замолкна Палермо и ја расплака цела ...
Пензионирањето на Аријан Адеми од националниот тим остави огромна дупка во срцето на нашиот среден ред. Дупка која, да бидеме искрени, сè уште не сме успеале да ја пополниме. Го нема повеќе борецот, лидерот, “расипувачот” на противничката игра кој беше синоним за стабилност. И додека селекторот бара решенија, можеби одговорот е во име кое веќе го знаеме, но кое поради сплет на околности го подзаборавивме. Време е за шестата епизода на “Досие ...
Откако вчера ја најавивме веста која одекна брзо низ српските медиуми, денес Фудбалскиот сојуз на Србија и официјално ја потврди веста – Вељко Пауновиќ е нов селектор на репрезентацијата на Србија, која ќе се обиде да направи чудо и да избори пласман на Светското првенство во 2026 година. Иако шансите се мали, Пауновиќ прифатил да ја преземе селекцијата во клучен момент и ќе ја води во пресудните натпревари против Англија (13 ноември во ...
Италијанскиот фудбал повторно доби приказна што ќе се раскажува со години. Лучано Спалети, човекот кој ја врати титулата во Неапол по цели 33 години и кој на својата рака го истетовира грбот на Наполи, од денес е нов тренер на Јувентус. Од чудо со Наполи, до шок со Јувентус. Потег кој ја разбуди Серија А, а најмногу ги подели навивачите. Само една година откако вети дека повеќе нема да седи на клупа во Италија, 66-годишниот стратег повторно е ...
Двата денешни натпревари во Првата македонска фудбалска лига понудија две сосема различни лица на нашиот фудбал. Во Битола, Пелистер и Тиквеш уште еднаш докажаа зошто се најнеефикасните екипи во лигата, одигрувајќи натпревар без голови (0-0) кој беше мачен за гледање, со повеќе тактизирање и грешки отколку вистински фудбал. За разлика од “празниот бунар” под Тумбе Кафе, во Струга имаше сè што може да понуди еден дерби натпревар. Струга Трим ...
Порано беше едноставно. Коцкањето беше во зачадени, збутани коцкарници, далеку од секојдневниот живот. Денес, казиното е во вашиот џеб. Во вашиот телефон. На вашиот часовник. И повеќе не се коцкате само на карти. Се обложувате на секој следен поен, на секој аут, на секој корнер. Се обложувате на политика, на видео игри, на криптовалути, на сè што може да се претвори во игра на среќа. Спортот, она што треба да биде извор на инспирација, страст ...
Вардар и Силекс денес во 17:00 часот на Градскиот стадион во Скопје ќе го одиграат дуелот за првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Со овој меч се затвора и 11-то коло на лигата, па двата тима кои досега покажаа одлична игра и се најдоа заслужено на врвот на табелата, ќе приредат вистински спектакл за љубителите на фудбалот со меѓусебната пресметка. Во пресрет на мечот за ФФМ изјава даде и Вардаровецот Филип Најдовски, ...
Името на Ерлинг Халанд повторно е главна тема во Мадрид. Иако опцијата Норвежанецот да го облече белиот дрес не е нова, последните информации кои доаѓаат од Шпанија, во комбинација со внатрешната ситуација во клубот со Винисиус Јуниор, повторно ги вклучија сите аларми. Новинарот Хорхе Пикон (Jorge Picón) од ElDesmarque фрли “бомба” тврдејќи дека желбата е взаемна. “Тој би сакал многу да игра за Реал Мадрид, како што ни потврдува и неговата ...
Најтрофејниот македонски клуб Вардар стигна до клучна победа во дербито од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Силекс со 2-1 на Арената “Тодор Проески”. Победата беше извојувана на најдраматичниот можен начин, со гол од пенал во 101. минута од натпреварот, досуден по интервенција на ВАР-системот. Со овие три бода, “црвено-црните” го задржаа врвот на табелата. Дерби кое ги оправда очекувањата Натпреварот започна ...
Премиер Лигата денес (31.10.2025) конечно стави крај на повеќемесечните шпекулации околу најсветата англиска фудбалска традиција. Потврдено е дека сепак ќе се игра фудбал на „Боксинг Деј“ (26 декември), но во драстично намален обем, ќе се одигра само еден натпревар. Оваа одлука доаѓа откако првичниот распоред објавен во јуни предизвика паника кај навивачите. За оваа одлука за која што пишувавме уште од јуни, сите натпревари првично беа ...
Иако на стартот на летниот преоден рок имаше шпекулации дека Рубен Дијаз би можел да се пресели во Баерн Минхен, сепак денес Манчестер Сити ставија крај на гласините и официјално објавија дека потпишале нов договор до 2029 година. Дијаз кој беше еден од клучните играчи во победничката 2022/23 сезона и избран за Играч на годината во Премиер лигата во 2021 година, останува во клубот на Пеп Гвардиола. We’re delighted to announce that @rubendias ...
Со денешните натпревари во Скопје и Струга, ќе започне и третото коло на Првата македонска фудбалска лига. Струга Трим Лум ќе го отвори колото на домашен терен против Работнички во 17:00 часот, а вечерниот термин од 20:00 ќе им припадне на домаќините Вардар, кои на Градски ќе ги пречекаат фудбалерите на Брера. И двата домаќини на денешните натпревари ја отворија новата сезона со по две победи. Стружани се надеваат дека против Работнички ќе ...
Ако сте фан на каталонскиот фудбалски клуб, сигурно се сеќавате на голманот Хозе Мануел Пинто, но не сме сигурни дека би го препознале во неговото ново издание… “Не можам да поверувам дека дечково некогаш беше наш голман. Животот после фудбалот изгледа одлично му оди”, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи. Погледнете како некогашниот играч на Барса изгледа денес како музичка ѕвезда. 💭 I can’t believe this guy used to be our ...
Според денешната информација која ја објавија од ракометниот клуб Вардар, нивниот играч и репрезентативецот на Македонија, Милан Лазаревски ќе отсуствува од терените во наредните три месеци. Причината е операција на десното рамо која била успешно спроведена во Загреб, а по истата пивотменот ќе треба да подложи на подолг период на рехабилитација пред да се врати на клупските и репрезентативните должности. Според првичните информации Лазаревски ...
Германската фудбалска легенда, Томас Милер, ова лето го напушти својот долгогодишен дом во Баерн Минхен и се приклучи на Ванкувер, тим кој игра во МЛС лигата, каде игра и Лео Меси во последните години. Во интервју за МЛС лигата, Милер беше запрашан кој е за него најдобриот фудбалер на сите времиња, по што Германецот даде навистина интересен одговор. “Да бидам искрен, Меси за мене е најдобриот играч кој го имаме во оваа игра. Отсекогаш ја ...
На прес-конференцијата за новинарите, пред претстојниот натпревар со Ливерпул, тренерот на Њукасл мораше да одговори на кратко и за прашањата околу контраверзниот играч Александер Исак. “Клубот мора да го направи она што е во најдобар интерес за Њукасл и ние ќе го направиме тоа во секој случај”, накратко одговори тренерот. Инаку, најдобриот фудбалер на Њукасл Јунајтед одбива да тренира со клубот, обидувајќи се да исфорсира трансфер токму во ...
Новото засилување на Ливерпул, Џереми Фримпонг, кој пристигна во клубот ова лето, после само еден одигран меч ќе мора да отсуства од терените поради повреда. Тренерот Арне Слот денес и официјално ја потврди веста, а играчот се здобил со повреда на задната ложа за време на првиот натпревар против Борнмут. Фримпонг со сигурност ќе ги пропушти следните два натпревари со Њукасл Јунајтед и Арсенал, а потоа повторно ќе биде евалуирана ситуацијата ...
Денес беше извлечена ждрепката за првите натпревари на престижниот тениски турнир во Њујорк, а групите се поделени на четири кои ги предводат: Синер, Зверев, Фритц и Алкараз. Ако Карлос Алкараз имаше вистинска среќа да има лесен пат на Вимблдон и Роланд Гарос, овој пат ќе се соочи со тежок противник уште во првата рунда, каде ќе игра со Опелка, а понатаму на патот би можел да се соочи со Медведев во четвртата рунда, со Шелтон или Руд во ...
Вечерва Кристал Палас го одиграа својот прв натпревар во Конференциската лига на УЕФА, каде завршија откако беа исфрлени од Лига Европа, поради мулти-структурата на сопствеништвото на клубот. Иако, од клубот во повеќе наврати се жалеа на одлуката, жалбите беа одбиени, а тие изјавија дека иако одлуката според нив е неправедна и тие заслужиле да играат во Лига Европа, сепак ќе се борат и во пониското натпреварување и ќе одат на победи. Пред ...
Вечерва во рамките на турнирот “Крсте Андоновски” во Охрид, овој пат во пријателски меч, на теренот се сретнаа добро познатите ривали – Еурофарм Пелистер и Вардар. Како и на последниот дуел од шампионатот, повторно Битолчани излегоа како победници од вечното дерби. Херој на мечот за Пелистер беше голманот Саид Хаидаридад, кој им создаде вистински проблеми на Вардарци, но за поразот придонесоа и многуте грешки на “црвено-црните”. Дуелот беше ...
Вечерва во Скопје Шкендија го одигра првиот дуел од плеј-оф натпреварите за Лига Европа, а стартот беше онаков каков што посакуваа – со победа над бугарски Лудогорец со резултат 2:1. Првиот погодок на натпреварот дојде за гостите уште во 17-та минута преку Дуарте, но Тетовчани не се откажаа од идејата за победа, па дојдоа изедначување на резултат пред паузата, преку голот на Љатифи во 35-та минута. Во второто полувреме за победа стрелаше ...
Во црно-сребрена боја, со примеси на сини нијанси, Челси со третиот дрес го врати амблемот на клубот од 2005 година. Дресот е дизајниран во соработка со спортскиот бренд Најк, а е враќање на историската прва победа на клубот во Премиер лигата. Од клубов велат дека ова не е “носталгија, туку повторно оживување”. Време на две ери за клубот, кога наследството од Челси е предадено на новата крунисана генерација. Од првата победа пред 20 години во ...
После три години пауза од натпреварувањето во 2022 година, Еуробаскетот повторно се враќа оваа година. Пред почетокот на турнирот, прочитајте ги сите детали околу форматот, групите и распоредот на натпревари. Како ќе изгледа форматот на Еуробаскет 2025? Основната структура на Евробаскет 2025 останува иста како во претходните изданија: учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи со по шест екипи. Секоја група игра по систем “секој со ...
Младата репрезентација на Македонија до 16 години го одигра вториот контролен меч против репрезентацијата на Црна Гора, а откако во првиот меч победија со 3:0, втората победа денес во Охрид беше уште поубедлива. Македонските млади надежи успеаја да дојдат до победа од 5:0, а дури четири погодоци беа дело на Медин Емини. Првиот погодок го постигна уште во 22-та минута, по асистенција од Адеми, а на пет минути пред крајот на полувремето ...
Приказната за норвешкиот клуб Бодо/Глимт е една од најневеројатните во модерниот фудбал. Од клуб кој во 2010 година беше спасен од банкрот благодарение на донации од локалната заедница, до тим кој гази сè пред себе и е на чекор до историски пласман во Лигата на шампионите. Синоќешниот триумф од 5:0 против австрискиот првак Штурм Грац е само последната епизода од оваа неверојатна сага. Ова норвешко чудо, кое се темели на домашни играчи и ...
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, уште еднаш докажа зошто е еден од најконтроверзните, но и најдиректните сопственици во светот на фудбалот. Во ексклузивно интервју за “Corriere della Sera”, тој отвори војна со агентот на својата поранешна ѕвезда, Квича Кварацхелија, откривајќи шокантни детали за неговиот трансфер и за една одбиена мега-понуда од ПСЖ. Неговата изјава ја отвори Пандорината кутија за еден нов, револуционерен ...
Легендарниот хрватски ракометен тренер Лино Червар, светски и олимписки шампион со Хрватска, во Охрид ја промовираше својата нова книга, “Ракомет – патот до врвот и тајните на успехот“. Промоцијата се одржа во салата “Атина Бојаџи”, на почетокот на турнирот “Крсте Андоновски”, а Червар, кој е добро познат и во Македонија по неговите успеси со Металург, зборуваше за својот долг тренерски пат. Книга како трага на тренерската мудрост На ...
Сара Ерани и Андреа Вавасори утринава успеаја да го освојат турнирот на мешани двојки, во финалето кое го одиграа против Ига Швјонтек и Каспер Руд. Двојката која е позната по заедничките настапи во дубл натпреварите, успеаја да ги совладаат противниците со резултат 6-3, 5-7, 10-6. Ова беше можеби најинтересниот натпревар, но и најтешкиот за добивање на турнирот за мешани двојки, а форматот се покажа како доста интересен за публиката која ...
Навивачите на Арсенал очигледно се многу возбудени за веста дека фудбалерот на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се приклучи на нивниот тим. Во синоќешниот пресврт, играчот кој го договараше трансферот во Тотенхем, сепак ќе заврши на Емиратите, во клубот од чија академија започна неговата фудбалска приказна. Синоќа, веднаш по објавувањето на веста, осамна и мурал во негова чест во тунел надвор од стадионот, на кој тој го носи дресот на Арсенал. ...
Веќе некое време се шпекулира за каде нашиот Елиф Елмас ќе ја продолжи својата кариера, откако стана веќе јасно дека Лајпциг имаат други планови за тимот. Македонскиот “дијамант” беше еден од клучните играчи за Наполи при освојувањето на скудетото, а сега тие испратиле официјална прва понуда за да го вратат играчот назад во своите редови. Според спортскиот познавач на трансфери, Фабрицио Романо, Наполи испратиле отворена понуда до Лајпциг за ...