Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Повеќемесечните шпекулации и неизвесноста на „Стемфорд Бриџ“ конечно добија епилог. Како што ексклузивно потврди најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Чаби Алонсо постигнал начелен договор и ќе биде новиот менаџер на лондонски Челси. Шпанскиот стратег се согласил на четиригодишен договор и се очекува следната недела да пристигне во Лондон за официјално потпишување и промоција пред јавноста. Алонсо станува дури шестиот перманентен ...
Превирањата и хаосот во Реал Мадрид го земаат својот најголем данок. По најавените вонредни избори на Флорентино Перез и жестоките свирежи од трибините за најголемите ѕвезди, „кралскиот клуб“ се подготвува за емотивно збогување со еден од своите најголеми синови во поновата историја. Актуелниот капитен Дани Карвахал дефинитивно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ претстојното лето како слободен агент. 34-годишниот десен бек, кој помина вкупно ...
Последното, 34-то коло од германската Бундеслига за сезоната 2025/2026 донесе очекувана драма, многу голови и конечни одговори на сите отворени прашања. Дознавме кој патува во понизок ранг, кој ќе ја претставува Германија во Европа и кој ги собра индивидуалните признанија. Драма на дното: Сент Паули и Хајденхајм се селат во Цвајта Најголемата битка се водеше за опстанок во елитата. Волфсбург успеа да го преживее директниот дуел на смртта, ...
Најдобриот тенисер на планетата, Јаник Синер, избори пласман во големото финале на „Мастерсот“ во Рим, откако попладнево експресно го доигра вчера прекинатиот полуфинален меч против Данил Медведев. На Италијанецот му беа потребни нешто повеќе од петнаесетина минути на теренот за да го скрши отпорот на рускиот тенисер и да обезбеди борба за престижниот трофеј на „Форо Италико“. Мечот синоќа беше прекинат поради силен дожд при водство на Синер ...
Утрешниот дуел меѓу Барселона и Реал Бетис ќе донесе вистински бура од емоции на „Спотифај Камп Ноу“. Натпреварот не само што го означува крајот на уште една успешна првенствена сезона дома, туку ќе биде и официјално простување на Роберт Левандовски од каталонската публика. Предводникот на тимот, Ханси Флик, на официјалната прес-конференција потврди дека полскиот напаѓач веќе се збогувал со соиграчите во соблекувалната и дека утре дефинитивно ...
Една од најголемите голгетерски ери во поновата историја на Барселона официјално дојде до својот крај. Полскиот напаѓач Роберт Левандовски потврди дека по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти каталонскиот гигант, а неделниот натпревар против Реал Бетис ќе биде неговиот последен танц пред преполните трибини на „Камп Ноу“. 37-годишниот голгетер оваа недела одржал емотивен говор пред своите соиграчи и стручниот штаб на тренингот, а во ...
Манчестер Сити е новиот освојувач на најстарото фудбалско натпреварување во светот. Во големото финале на „Вембли“, „граѓаните“ го совладаа Челси со минимални 1-0, благодарение на моментот на чиста индивидуална генијалност на Антоан Семењо во финишот од натпреварот. Ова претставува втор домашен трофеј за тимот на Пеп Гвардиола оваа сезона, откако претходно го освоија и Карабао купот против Арсенал, со што успешно ја прекинаа црната низа од ...
Сведоци сме на уште една епизода од трагикомедијата која се одвива во македонскиот фудбал. Наместо фокусот да биде на враќањето на најтрофејниот клуб на шампионските патеки по шест години пост, како и на претстојните европски предизвици во јуни и јули, ние повторно зборуваме за скандали. Овој пат, главна тема е прославата на фудбалерите на Вардар и „шокот“ на јавноста од навивачките песни кои се пееја во кафаната. Но, да одиме по ред и да ја ...
Она што се најавуваше како историско финале во Шкотска, заврши токму така – со незаборавна фудбалска драма на „Селтик Парк“. Во директниот дуел за шампионската круна, Селтик со неверојатен пресврт во финишот го совлада Хартс со 3:1 и ја освои својата 56. титула во Премиершип, со што го престигна лутиот ривал Ренџерс на вечната листа. За Хартс ова е суров крај на една бајка. Тимот од Единбург ја предводеше табелата цели 250 дена оваа сезона и ...
Денешниот ден може да биде запишан со златни букви во историјата на шкотскиот фудбал. Во последното, 38. коло од Премиершип, Глазгов е центарот на спортската јавност каде Селтик го пречекува Хартс во директен натпревар кој ќе го одлучи новиот шампион. Ситуацијата на табелата е кристално јасна, гостите од Единбург се лидери со 80 бодови, додека домашниот тим има 79. За Хартс, дури и нерешен резултат е доволен за да ја освојат првата шампионска ...
Овој викенд германската Бундеслига ни носи драма каква што не е видена во нејзината 63-годишна историја. Пред денешното 34-то и последно коло, дури три екипи на дното од табелата се изедначени со точно 26 бодови. Од овие три тима – Волфсбург, Хајденхајм и Сент Паули, два ќе испаднат директно во Втората Бундеслига (Цвајта), додека само еден ќе се избори за 16-тото место кое води во бараж (play-out) против третопласираната екипа од втората ...
Претстојното Светско првенство во Северна Америка, кое започнува на 11 јуни во Мексико Сити, би можело да се претвори во вистинска борба за преживување. Според најновата научна студија на меѓународната истражувачка група „World Weather Attribution (WWA)“, фудбалерите и стотиците илјади навивачи се соочуваат со сериозен ризик од „тешки здравствени компликации предизвикани од екстремни горештини и влажност“. Научниците предупредуваат дека ФИФА ...
Изминатата ноќ во НБА плејофот донесе вистински спектакл и историски моменти во двете конференции. На Западот, младата и застрашувачка екипа на Сан Антонио Спарс стави точка на серијата против Минесота, додека на Истокот, прворангираниот Детроит Пистонс покажа карактер на шампион и избори одлучувачки седми натпревар против Кливленд Кавалирс. „Мамузите“ со рекорд на франшизата ја збришаа Минесота Сан Антонио Спарс без милост ги прегази ...
Фудбалската репрезентација на Хрватска е пред историска промена. По цели 26 години верност кон американскиот бренд Најк (Nike), „Огнените“ започнуваат нова ера во соработка со германскиот спортски гигант Адидас (Adidas). Договорот со Најк официјално истекува на 31 јули 2026 година, што значи дека на претстојното Светско првенство хрватските фудбалери за последен пат ќе настапат во дресови со познатото „свуш“ лого. Веднаш по Мундијалот, ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, не го криеше разочарувањето по поразот на „Вила Парк“, признавајќи дека неговиот тим ја изгубил контролата врз натпреварот во клучните моменти. Иако „црвените“ успеаја да израмнат на почетокот на вториот дел, Слот смета дека начинот на кој го примиле вториот гол бил пресуден за конечниот исход. Според холандскиот стратег, Ливерпул имал добар период во играта токму пред Астон Вила повторно да поведе, што го ...
Астон Вила одигра натпревар за паметење на „Вила Парк“, совладувајќи го Ливерпул со убедливи 4-2, со што и официјално го завери својот пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Херој на вечерта беше неверојатниот Оли Воткинс, кој со два гола и асистенција ги урна надежите на гостите од Мерсисајд. Додека избраниците на Унаи Емери слават историски успех, Ливерпул под водство на Арне Слот продолжува да тоне во криза, запишувајќи го ...
Иако веќе влезе во петтата деценија од животот, за Мануел Нојер годините се само бројка. Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот и официјално ја продолжи верноста кон Баерн Минхен, потпишувајќи нов договор кој ќе го задржи на „Алијанц Арената“ до јуни 2027 година. Ова значи дека Нојер ќе ја започне својата 16-та сезона во дресот на баварскиот гигант, клуб во кој пристигна во 2011 година од Шалке и каде изгради статус на вистинска ...
Она што се шпекулираше во изминатите неколку дена, сега доби и (не)официјална потврда од најпознатиот светски спортски новинар Фабрицио Романо: „Мајкл Керик останува. Here we go!“ По турбулентната сезона и многуте прашалници околу менаџерската позиција на „Олд Трафорд“, раководството на Манчестер Јунајтед реши да му ја довери довербата на Керик за следните три години. Оваа одлука предизвика лавина реакции кај навивачите на „Црвените ѓаволи“, ...
Откако фудбалерите на Вардар официјално ја вратија шампионската титула во своите витрини по шестгодишна пауза, вниманието на македонската фудбалска јавност полека се насочува кон она што претстои, градење тим за следната сезона и европските предизвици на нашите најдобри клубови. Седлоски испиша историја, сега следи селекторскиот предизвик За тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, оваа титула има посебно значење. Со овој триумф тој стигна до ...
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) подготвува вистинско спортско уживање за сите љубители на ракометот. Овој 17 мај, платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде центарот на случувањата, каде за првпат во нашата држава ќе се организира и одбележи „Националниот ден на ракометот“. Програмата започнува уште во 13:00 часот, со специјално организирана фан-зона. Сите посетители ги очекува мини ракометен турнир, многу музика, ...
Фудбалерите на Вардар ја вратија шампионската титула во своите витрини по цели шест години. Со минималната, но исклучително вредна победа од 0-1 на гостувањето кај досегашниот првак Струга Трим Лум, скопските „црвено-црни“ математички го осигураа првото место на табелата на едно коло пред крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Ова е вкупно 12-та шампионска круна за најтрофејниот македонски фудбалски колектив, успех кој доаѓа ...
Дали Македонија го допре дното кога станува збор за спортските права? За првпат од осамостојувањето, македонските граѓани ќе бидат лишени од можноста бесплатно да го следат најголемиот спортски настан на планетата, Светското првенство во фудбал, кое оваа година се одржува во САД, Мексико и Канада. Она што со децении беше традиција и празник во секој дом, сега се претвора во луксуз достапен само за оние кои имаат платени канали. Како дојде до ...
Македонскиот ракометен клуб, Еурофарм Пелистер, продолжува со кроењето на тимот за следната натпреварувачка сезона, а денеска официјално го потврди своето најново засилување. Станува збор за талентираниот босански интернационалец Едвин Џелиловиќ, кој доаѓа во Битола со епитетот на еден од најперспективните играчи на својата позиција во регионот. 23-годишното десно крило од Тузла стави потпис на тригодишен договор со „Пелистерци“, обврзувајќи ...
Гостинска статија на Горан Талевски Македонскиот ракомет одамна е препознатлив бренд во Европа, но успесите не се врзани само за домашните клубови и репрезентацијата. Интересно е да се напомене дека голем број македонски тренери веќе со години во континуитет и исклучително успешно работат во пониските германски лиги, градејќи респект во земјата која го негува можеби најквалитетниот ракометен систем во светот. Пред сè, тука се нашите поранешни ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, попладнево го игра веројатно најважниот натпревар во последните неколку години. „Црвено-црните“ гостуваат кај Струга Трим Лум, а пресметката има тежина на „шампионска виза“. По шест долги години чекање, пехарот од Првата македонска фудбалска лига е на само еден чекор од враќање во витрините во Скопје. Математиката за избраниците на Гоце Седлоски е кристално јасна: на две кола пред крајот, ...
Денеска во Струга сите погледи се насочени кон Градскиот стадион, каде домашниот тим Струга Трим Лум го пречекува лидерот на табелата, скопски Вардар. Оваа пресметка, која со право го носи епитетот дерби на колото, ветува голема борба, а младиот напаѓач на Стружани, Христијан Малески, верува дека неговиот тим е подготвен да му ги помати сметките на фаворитот. Малески, кој веќе има искуство со тресење на мрежата на „црвено-црните“, очекува ...
По девет години исполнети со трофеи, 457 настапи и незаборавни моменти, капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, потврди дека ова е неговата последна недела на „Етихад“. Во емотивно и искрено интервју за „The Athletic“, 31-годишниот Португалец се осврна на својата кариера во Англија, откривајќи детали за соблекувалната, ривалствата и причините поради кои овојпат нема враќање назад. „Мојот план отсекогаш беше да го исполнам договорот до ...
Иако Реал Мадрид извојува победа од 2-0 против Реал Овиедо во претпоследниот домашен натпревар од сезоната, фудбалот падна во втор план. Славниот „Сантијаго Бернабеу“ стана арена на незадоволство, протести и неочекувани кавги меѓу навивачите и раководството. Тензиите го достигнаа врвот откако 79-годишниот претседател Флорентино Перез неодамна свика вонредни избори, истовремено негирајќи ги шпекулациите за негова оставка или тешка болест. ...
Бразилската фудбалска федерација (CBF) повлече голем потег на само неколку недели пред почетокот на Светското првенство во Северна Америка. Најискусниот и еден од најтрофејните тренери во историјата, Карло Анчелоти, потпиша нов договор со кој ќе остане селектор на „Селесао“ до крајот на Мундијалот во 2030 година. Иако првичниот договор беше со покус рок, двете страни се одлучија за долгорочна соработка, давајќи му на италијанскиот стратег ...
Селекторот на Франција, Дидие Дешам, денес го претстави својот избор на играчи за претстојното Светско првенство во Северна Америка, потврдувајќи дека „триколорите“ пристигнуваат како едни од главните фаворити за трофејот. Со напад во кој доминираат светските ѕвезди, Франција ќе се обиде да ја врати титулата по поразот во финалето во 2022 година. Французите се сместени во групата „И“ заедно со селекциите на Сенегал, Ирак и Норвешка, а својата ...