Тектонско пореметување во Мадрид. Помалку од 24 часа откако Барселона го освои Суперкупот во Џеда, Флорентино Перез го повлече најрадикалниот потег. Чаби Алонсо веќе не е тренер на Реал Мадрид. Она што требаше да биде династија предводена од еден од најталентираните млади стратези во светот, заврши по само шест месеци. Официјално – „спогодбен раскин“. Неофицијално, сурова победа на „моќта на фудбалерите“ над авторитетот на тренерот. На негово ...

По експресниот отказ за Чаби Алонсо, Реал Мадрид потврди дека негов наследник е уште една легенда на клубот – Алваро Арбелоа. Досегашниот тренер на вториот тим (Кастиља) веднаш ги презема одговорностите на првиот тим, со надеж дека неговиот победнички менталитет ќе го спаси остатокот од сезоната или барем до наоѓање на нов постојан тренер на првотимците. Мајстор за трофеи во младинските категории Арбелоа доаѓа на оваа позиција со сериозна ...

Она што започна како голема надеж и „нова ера“ на „Сантијаго Бернабеу“, заврши експресно и болно. Реал Мадрид попладнево официјално потврди дека Чаби Алонсо повеќе не е тренер на првиот тим. Одлуката доаѓа како директна последица на поразот од Барселона (3-2) во финалето на шпанскиот Суперкуп, што беше капката која ја прели чашата кај раководството. „Спогодбена“ разделба со легендата Иако во официјалното соопштение клубот наведува дека ...

Ако мислевте дека поразот на Реал од Барса е единствениот срам за „кралевите“ синоќа, погледнете го турскиот „дијамант“ Арда Ѓулер. Откако Чаби Алонсо го извади од стартниот состав (веројатно со причина), Ѓулер влезе во игра за да покаже… па, ништо. Но, шоуто настана по крајот! Видно нервозен, Арда реши да го истури бесот на невино пластично шише покрај аут-линијата. Резултатот? Шишето остана нечепнато, а Ѓулер се струполи на земја како да го ...

Манчестер Јунајтед е на чекор до именување на својот трет тренер во една недела. По отказот на Рубен Аморим и двете епизоди на Дарен Флечер, Мајкл Карик изби во пол-позиција за преземање на функцијата привремен шеф на стручниот штаб до крајот на сезоната. Директни преговори во Манчестер Според последните информации, Карик и Оле Гунар Солскјер веќе одржале директни состаноци со извршните директори Омар Берада и Џејсон Вилкокс. Иако Солскјер е ...

Италијанската кошарка доживува срамни моменти, а македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски беше директен учесник во еден од нив. Неговиот тим Тренто славеше на гостувањето кај Трапани Шарк со службени 20:0 (на теренот беше 11:26), во натпревар кој траеше нешто повеќе од четири минути. Што се случи во Трапани? Домашниот тим, соочен со сериозни финансиски проблеми, суспензии и егзодус на играчи, на теренот излезе со само седум кошаркари, ...

Она што се шпекулираше низ ракометните кулоари, денеска доби официјална потврда. Стевче Алушовски е новиот тренер на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер! Легендарното лево крило и поранешен репрезентативец се враќа во својата матична средина за да ја води екипата во клучниот дел од сезоната 2025/26. Враќање на корените За 53-годишниот Алушовски, ова не е само нов ангажман, туку емотивно враќање дома. Својата играчка, но и тренерска кариера ...

Тоа што SportStation.mk го најави уште пред Нова година, денеска доби и официјална потврда. ГРК Охрид го промовираше своето најголемо зимско засилување, хрватскиот пивот Џанфранко Прибетиќ. Клубот од „Билјанини Извори“ потврди дека 25-годишниот ракометар, кој доаѓа директно од најсилното првенство на светот (Германската Бундеслига, тим Штутгарт), ставил потпис на договор со важност до 2028 година. Ова е јасен сигнал дека Охрид гради сериозен ...

Додека Барселона го слави својот 16-ти трофеј во Суперкупот, во центарот на вниманието е човекот кој уште еднаш го реши „Ел Класико“. Рафиња со два гола во Џеда потврди дека моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот, но неговиот пат до овој врв не беше нималку лесен. „Бев со една нога надвор од клубот“ По завршувањето на финалето, Рафиња даде искрена изјава која ги шокираше навивачите. Бразилецот откри дека неговата кариера во Барса ...

Чаби Алонсо пристигна во Мадрид како радикален тактичар со свежи идеи, но осум месеци подоцна, Баскиецот покажа дека знае да биде и прагматичар по примерот на Жозе Мурињо. Иако Реал Мадрид загуби во финалето на Суперкупот од Барселона (3-2), начинот на кој Алонсо го подготви тимот му купи доверба кај претседателот Флорентино Перез. Прагматизам наместо идеализам Во неделата во Џеда, Алонсо го напушти својот омилен систем 4-3-3 и се одлучи за ...

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, се најде во центарот на нов скандал откако неговиот профил на социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер) беше хакиран само неколку часа по поразот од Брајтон. „Да се ослободиме од INEOS“ На профилот на Португалецот, кој го следат повеќе од 4,5 милиони луѓе, се појавија неколку шокантни пораки, меѓу кои и онаа: „Да се ослободиме од INEOS“. Оваа порака е директен напад врз компанијата на Сер Џим ...

Трката за Скудетото останува ширум отворена откако Интер и Наполи одиграа фантастични 2-2 во Милано. Херој на вечерта беше шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминеј, кој со два гола ги „смрзна“ навивачите на Интер и докажа дека Наполи на Антонио Конте има шампионски ген. Димарко со мајсторија, Мектоминеј одговори Интер започна фуриозно. По само девет минути игра, Пјотр Зиелински му ја одзеде топката токму на Мектоминеј, го пронајде Лаутаро ...

Враќањето на Бојан Миовски на „Питодри“ очекувано донесе тензии, но наместо фудбалска пресметка, главната тема стана еден транспарент кој предизвика лавина од недоразбирања и потсмев на социјалните мрежи, иако овојпат, вистината е малку поинаква. Додека Ренџерс славеше со 0-2, интернетот гореше од дебата: Дали навивачите на Абердин си дадоа „автогол“ или медиумите целосно ја утнаа поентата? „Имам морал“ – Чиј е цитатот? Пред мечот, најверните ...

Комплетна анализа на Горан Талевски Македонската ракометна репрезентација се одјави од Винтертур со две победи и едно реми, но пред сè, со јасна слика за сопствените можности и слабости. Турнирот беше вистинско „чистилиште” за избраниците на Кирил Лазаров. Видовме моменти на тотален системски колапс, но и моменти на неверојатна ментална цврстина и голманска брилијантност. Против Бахреин: „Победа со капитенски блесок” Првиот тест против ...

Македонската тениска гордост, Лина Ѓорческа, го дозна патот до главниот ждреб на првиот Гренд Слем турнир во сезоната, Австралија Опен. Ждрепката во Мелбурн сакаше нашата најдобра тенисерка веднаш на стартот да се соочи со еден од најтешките можни предизвици во квалификациите. Прва пречка: Австријката Сиња Краус Ѓорческа (моментално 209-та на ВТА листата) во првото квалификациско коло ќе ги одмери силите со 4-тата носителка во квалификациите, ...

Изминатата ноќ во НБА лигата донесе неверојатни резултати, огромни бодовни разлики и индивидуални мајстории кои долго ќе се прераскажуваат. Вембањама пресилен за „келтите“ во Бостон (95:100) Виктор Вембањама уште еднаш докажа зошто е најголемиот феномен во кошарката. Иако имаше бавен старт, младиот Французин постигна 16 од своите 21 поен во второто полувреме, вклучувајќи го и клучниот „фејдавеј“ шут на 19 секунди пред крајот за победа на Сан ...

Арина Сабаленка потврди дека е апсолутен владетел на тениските терени во Австралија. Светската тенисерка број еден ја одбрани титулата на турнирот во Бризбејн, совладувајќи ја Украинката Марта Костјук во финалето со убедливи 6:4, 6:3 за само 79 минути игра. Ова е трета титула за Белорусинката во Бризбејн (по 2023 и 2025 година) и нејзина 22-ра во кариерата, што претставува совршена најава за претстојниот Австралија Опен. Демонстрација на сила ...

Барселона продолжува да доминира со шпанскиот фудбал под водство на Ханси Флик. Во реприза на минатогодишното финале во Саудиска Арабија, Каталонците славеа со 3-2 против Реал Мадрид, освојувајќи го својот 16-ти пехар во ова натпреварување. 𝗟𝗮𝗱𝗶𝗲𝘀 𝗮𝗻𝗱 𝗴𝗲𝗻𝘁𝗹𝗲𝗺𝗲𝗻, 𝘆𝗼𝘂𝗿 𝗦𝘂𝗽𝗲𝗿 𝗖𝘂𝗽 𝗰𝗵𝗮𝗺𝗽𝗶𝗼𝗻𝘀. pic.twitter.com/qsVZ4QBeZI — FC Barcelona (@FCBarcelona) January 11, 2026 Лудило во судиското продолжение на првиот ...

Ако некој се прашуваше дали паузата во Бундеслигата ќе го забави ритамот на Баерн Минхен, денешниот натпревар даде брутален одговор. Баварската машина не само што не забави, туку го прегази Волфсбург со историски 8-1. Во сенка на овој резултат, но со подеднакво импресивна доминација, Борусија Менхенгладбах го реши Аугсбург со 4-0, најавувајќи подобра 2026 година. Ова е преглед на денот во кој видовме дури 12 гола на два натпревари. Алијанц ...

Анализа на Горан Талевски Македонската ракометна репрезентација одигра натпревар со две дијаметрално спротивни лица во последниот натпревар на „Жолтиот Куп” во Швајцарија. Од комплетен „распад систем” и безидејност во првите 30 минути, до фанатична борбеност и одговор на судиските неправди во второто полувреме, нашите ракометари успеаја да извлечат реми (29:29) со гол во последните секунди од натпреварот. ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Апатија во одбраната ...

Лудилото во Саудиска Арабија нема крај, а Рафиња игра натпревар на кариерата! Во момент кога тензијата на теренот зовре и жолтите картони летаа на сите страни (Валверде, Ерик Гарсија, Асенсио), Бразилецот повторно ја презеде одговорноста. Во 73-тата минута, Рафиња се одлучи на удар од работ на шеснаесетникот. Топката го закачи дефанзивецот Раул Асенсио, го промени правецот доволно за да го фати Тибо Куртоа на „крива нога“ и заврши во мрежата ...

Во светот на SportStation.mk, ние имаме „нулта толеранција“ за мешање на политиката во спортот, користење на државни ресурси за евтин популизам или незаслужени привилегии. Меѓутоа, понекогаш животот пишува приказни каде што гестот е поважен од бирократијата. Ова е една таква приказна, за човекот кој не мрдна ниту мускул 90 минути, а сега ќе се движи со стил. Од трибина во луксузен теренец Мишел Кука Мболадинга, навивачот на ДР Конго кој стана ...

Зимскиот сон за ФК Работнички заврши, но будењето во Градскиот парк донесе сурова реалност наместо свежа енергија. „Романтичарите“ денеска и официјално ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната, но наместо нови лица, во соблекувалната ечи тишината на испразнетите шкафчиња. Новиот стратег Муарем Муарем, кој ја презеде „жешката клупа“ на 25-ти декември, ја изврши првата прозивка во можеби најделикатниот момент од поновата историја ...

Само пред три дена, Габриел Мартинели беше распнат од англиската јавност. По обидот насила да го изнесе повредениот Конор Бредли од теренот на дербито со Ливерпул, многумина го нарекоа „идиот“ и „неспортски играч“. Но, во фудбалот, најдобриот одговор секогаш се дава на теренот. Бразилецот денеска го постигна својот прв хет-трик во дресот на Арсенал, предводејќи ги „топџиите“ до пресврт и победа над Портсмут во ФА Купот. Артета: Тоа е ...

Кризата во Манчестер Јунајтед го допре дното. По срамната елиминација од Гримсби во Лига купот, тимот кој моментално е без постојан тренер, синоќа испадна и од ФА Купот по поразот од Брајтон со 1-2. Ова е првпат од сезоната 1981/82 Јунајтед да ги заврши настапите во двата домашни купа уште во нивната почетна фаза. Иронијата да биде поголема, пресудниот удар го зададе поранешното „дете“ на клубот, Дани Велбек, кој постигна прекрасен гол пред ...

Големото дерби на италијанскиот фудбал помеѓу Интер и Наполи на култниот „Џузепе Меаца“ целосно ги оправдува очекувањата, а во главна улога е македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас. Натпреварот започна пеколно за Наполитанците, но токму Елмас беше архитектот на враќањето во игра. Резултатот е е 1-1. Интер удри прв преку Димарко „Нераѕурите“ на отворија средбата фуриозно. Уште во 9-тата минута, по една брза акција, Федерико Димарко се најде на ...

Фудбалот е сурова игра, особено кога играте против Реал Мадрид. Барселона доминираше во финишот на првото полувреме, Тибо Куртоа правеше чуда на голот бранејќи ги ударите на Ламин Јамал и Фермин Лопез, но на пауза се заминува со егал (1-1). Токму кога се чинеше дека Каталонците ќе одат на одмор со заслужена предност, „Кралевите“ изведоа смртоносна контра во втората минута од судиското надополнување (45’+2). Младиот Гонзало Гарсија одлично го ...

Ако мислевте дека голот на Винисиус во 45+2. минута беше врвот на возбудата, тогаш првото полувреме од Суперкуп финалето во Џеда штотуку ве демантираше. Ова веќе не е само фудбалски натпревар, ова е боксерска пресметка со спуштен гард! На полувреме резултатот е неверојатни 2-2, а она што се случуваше во последните 180 секунди ќе се раскажува долго. Левандовски за кратка радост на Барса Само две минути откако Реал израмни, Барселона одби да ...

Додека Арсенал се погрижи секоја надеж за изненадување да трае само пет минути, „Чеканите“ на Нуно Еспирито Санто мораа да играат 120 минути руски рулет за да го избегнат срамот во Лондонското дерби. Ова е прегледот на попладневната програма од 3. коло на најстарото фудбалско натпреварување во светот. Арсенал: Хет-трик на Мартинели и историја за Марли Салмон Микел Артета направи дури 10 измени во стартниот состав, но тоа не го спречи Арсенал ...

Финалето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија донесе вистинска драма уште во првото полувреме. Додека живата во термометарот во Џеда покажува пеколни температури, на теренот „гори“ меѓу вечните ривали. Само неколку моменти откако пропушти колосална шанса по магичното додавање на Ламин Јамал, Рафиња покажа менталитет на победник. Бразилецот не дозволи промашувањето да го демотивира. Во 36-тата минута, по една молскавично брза контра, ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
42%
1024
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
55%
1027
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1026
weather icon

Софија

13ᴼ / 10ᴼ
4.12
57%
1024
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.77
52%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
54%
1026
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
3.6
56%
1024
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
48%
1025
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
48%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
68%
1027
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
46%
1027
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1026
Currency

61.635

Currency

52.7403

Currency

70.7103

Currency

37.3969

Currency

38.5558

Currency

67.61

Currency

7.66296

Currency

0.68067

Currency

0.3349

Currency

0.52515

Currency

1.19974

Currency

0.57587

Злато

173443.31

Родиум

384201.42

Бакар

12.14

Паладиум

57164.03

Платина

75811.46

Калај

57.67

Сребро

3043.39

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Иридиум

212342.22

Алуминиум

3.15