Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
По завршувањето на европската авантура, фудбалерите на Шкендија целосно се фокусираат на домашните обврски. По двете победи на првите два меча и импресивна гол-разлика од 5:0, единствена цел на тимот е враќање на шампионската круна. Бразилскиот играч од средниот ред, Рафаел Фреитас, верува дека Шкендија мора да го задржи високото ниво на игра од европските сцени и во домашниот шампионат. „Без никакво сомневање, имаме квалитет да го одржиме ...
Пред Брегалница е тежок предизвик, најтешкиот во сезоната. Гостува на тетовска Шкендија во 3. коло во ПМФЛ. Во вечерен термин на ТЦ „Петар Милошевски“, штипјани ќе се обидат да направи изненадување. После триумфот над Арсими, самодовербата во екипата е на високо ниво, атмосферата исто така, во очекување на добар настап и добар резултат и од овој натпревар. „Очекувам тежок натпревар против екипа која има високи амбиции. Ќе дадеме максимум од ...
Актуелниот шампион Вардар нема старт каков што посакуваше во Првата македонска фудбалска лига, откако го запиша вториот пораз во низа во рамки на третото коло, губејќи од Струга Трим Лум со минимални 1:0. Стружани стигнаа до втората сезонска победа благодарение на голот на Христијан Малески кој погоди во 61. минута од средбата, по чистите мрежи во првиот дел. Во судиското надополнува главниот судија Доне Ристовски покажа на белата точка за ...
Битолскиот голман Кристијан Костадиновски се враќа во најквалитетното домашно ракометно натпреварување, откако по една сезона во Првата лига повторно ќе брани во Суперлигата. Костадиновски е дел од новиот амбициозен проект на Струга, каде што веќе настапи на трите натпревари на традиционалниот Струшки турнир. Официјализацијата на соработката меѓу голманот и клубот се очекува во наредните денови. Младиот чувар на мрежата минатата сезона ја ...
Струга Трим Лум во дерби натпреварот од третото коло во Првата македонска фудбалска лига денеска од 16.30 часот ќе го пречека актуелниот шампион Вардар. Стружани најавуваат дека се подготвени за надигрување, а напаѓачот Христијан Малески верува дека неговиот тим може да стигне до победа. „Се надевам дека ќе биде квалитетен и интересен натпревар, вистинско дерби во кое сакаме да го покажеме најдоброто од себе и на крајот бодовите да останат во ...
Актуелниот шампион Вардар ќе има можност за брза реакција по неуспешната измината недела, но пред себе има исклучително тежок предизвик – гостување кај Струга Трим Лум во рамките на третото коло од Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ минатиот викенд го загубија дербито со Шкендија на Арената „Тодор Проески“, а поразот беше последен во низата лоши резултати на домашен терен, имајќи ги предвид и неуспесите во европските ...
Камјани вечерва ќе испише нова страница во својата историја, откако за првпат ќе заигра во Втората македонска фудбалска лига. Ланскиот шампион во Третата лига – Запад дебито во второлигашката конкуренција ќе го има на едно од најтешките гостувања, против Пелистер во Битола. Натпреварот се игра од 20:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“, под рефлектори. Пелистер влегува како голем фаворит, не само во овој натпревар, туку и во целото ...
Филип Димоски на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Голгетерот се запиша во листата на стрелци на гостувањето кај Шкупи и со погодок придонесе за триумфот на Детонит Плачковица од 0:2 на Чаир во рамките на воведното коло. За Димоски ова беше посебен погодок и поради моментот во кој дојде. 27-годишниот напаѓач пред само два дена го прослави својот роденден, па самиот себеси си подари најубав ...
Детонит Плачковица со триумф над Шкупи ја отвори новата сезона откако на Чаир со 0:2 го доби ланскиот второлигаш кој продолжува со поразите од претходната сезона. Стрелци за тимот од Радовиш беа Давид Голубов и Филип Димоски, а шефот на стручниот штаб Горан Здравков е задоволен од изданието на неговиот тим, дополнувајќи дека можеле да постигнат уште еден до два гола. „Стигнавме до тешка победа на мечот во Чаир. Игравме против млада екипа, ...
Актуелниот шампион на традиционалниот турнир- ГРК Охрид, уште еднаш покажа карактер во големото финале и со 31-30 (15-13) против македонскиот шампион- Вардар 1961 стигна до трофејот на 54. издание на Меѓународниот турнир. Во возбудливото финале на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, двете екипи имаа свои периоди на игра, но охриѓани беа поконцентрирани во клучните моменти. Охрид во завршницата имаше предност од три гола, но Вардар ...
Пелистер утре во вечерен термин ќе ја отвори новата сезона во Втората лига против Камјани со една цел – експресно враќање во Втора лига. Битолчани имаат комплетно нов ростер во однос на тој од минатата сезона кога испаднаа од елитата, имаат и нов шеф на стручниот штаб, Борче Христов ќе треба да го врати Пелистер во Првата македонска фудбалска лига. Токму искусниот стратег зборуваше пред стартот на новата сезона. „Поминаа околу 35 дена од ...
Уште еден млад фудбалски талент од Тетово ќе ја продолжи својата кариера надвор од Македонија. 15-годишниот Ендрит Мурати потпиша со хрватскиот прволигаш Истра, каде што ќе го продолжи својот фудбалски развој. Мурати своите први фудбалски чекори ги направи во академијата на Шкендија, каде што со своите настапи и квалитет го привлече вниманието на фудбалските скаути од Хрватска. Како дел од младинскиот состав на тетовскиот клуб, тој беше дел ...
Третото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе две интересни пресметки, во кои Шкендија Арачиново приреди големо изненадување во Кавадарци, додека Силекс на домашен терен без поголеми проблеми го совлада Скопје. Шкендија Арачиново до прва историска победа, падна залетаниот Тиквеш Шкендија Арачиново испиша историја, откако како гостин со 0:1 го совлада Тиквеш и стигна до првиот триумф во својата историја во највисокиот ранг на ...
Стартуваше 35. издание на Втората македонска фудбалска лига, а првиот ден од воведното коло донесе интересни резултати, неизвесни натпревари и погодоци на сите натпревари. На шесте натпревари кои се одиграа денеска беа постигнати 12 голови, а уште еден натпревар од првото коло останува да се одигра утре. Охрид се намачи за победа против Новаци Еден од фаворитите за пласман во Првата лига, Охрид, со победа ја отвори новата сезона. Охриѓани на ...
Македонскиот шампион- Вардар го очекува првиот официјален натпревар во новата сезона, а противник ќе биде српскиот вицешампион Војводина. Дуелот во рамките на Регионалната лига ќе се одигра на 17 август во Охрид, со почеток од 17:00 часот. „Црвено-црните“ во Охрид пристигнаа во завршната фаза од подготовките, но и со веќе неколку силни проверки зад себе. Во моментов Вардар настапува на традиционалниот турнир во Струга, каде што вечерва во ...
Љубителите на македонскиот ракомет ќе можат од своите домови да ги следат сите возбудувања од петтото, јубилејно издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“. Сите натпревари од турнирот во Охрид ќе имаат директен телевизиски пренос на каналите на ТВ Арена Македонија. На теренот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се појават осум екипи, поделени во две групи. Домаќинот ГРК Охрид е во групата „А“ заедно со Египет У20, Војводина и Загреб, додека ...
Второлигашот Осогово од Кочани се засили со Стојче Стојов, кој се враќа во таборот на „жетварите“ од редовите на Силекс. 25-годишниот Стојов по една сезона во дресот на кратовскиот прволигаш одново ќе настапува за Осогово. Низ неговата кариера настапуваше и за Каменица Саса, Детонит Плачковица, Слога Виница и Зрновка. Стојов го Силекс минатата сезона го освои Купот на Македонија, а во Првата лига фудбалерот забележа четири настапи со 175 ...
Новата сезона во Втората лига се отвара денес – 35. издание на второлигашкиот шампион ќе го сочинат 14 екипи кои ќе водат битка за остварување на целите. Летниот преоден рок е отворен до 6 септември, а дел од екипите нагласија дека нивните ростери не се затворени, а пак кај дел дека веќе е затворен ростерот. Пелистер, Работнички и Камјани беа најактивни на трансфер пазарот, Детонит Плачковица има дури осум нови играчи, Охрид само три нови ...
После успешниот старт и високиот триумф над Башкими од 6-0 во првото коло, Силекс на првото гостување сезоната одигра само нерешено 1-1 против Шкендија Арачиново, на стадионот „Чаир“ во Скопје. Сега кратовскиот тим на домашен терен против Скопје, посакува втор триумф во оваа сезона во Првата лига. Само три бода се во мислите на фудбалерите од кратовскиот табор. Голманот на Силекс, Љупче Џеков очекува тимот да ја игра својата препознатлива ...
По освојувањето на првиот историски бод во ПМФЛ, Шкендија од Арачиново ќе се обиде да остане непоразена и на тешкото гостување во Кавадарци каде ги очекува дуелот против Тиквеш. Домаќините влегуваат во овој меч како најефикасен тим по првите две кола со дури 10 постигнати голови, максимален учинок и како лидери на табелата. Офанзивниот играч за врска, Вилдан Керим, го почитува тимот од Кавадарци, но истакна дека арачиновци се максимално ...
Одличен старт на сезоната имаше тимот на Тиквеш во ПМФЛ. Триумф над Арсими од 5-1, а потоа победа над Башкими со 0-5. Десет дадени голови, и само еден примен за цврсто прво место на табелата. Сега за кавадарчани престои нов предизвик во тимот на Шкендија Арачиново. Тиквеш посакува да ја продолжи победничката серија, да дојде до третата победа и да покаже дека оваа сезона има амбиции да се бори за горниот дел на табелата. „Имавме добар старт ...
Фудбалерите на Скопје во минатото коло го освоија првиот бод по враќањето во елитата откако ремизираа 1-1 против Струга Трим Лум. За тимот на Муарем Муарем продолжува „пеколниот“ распоред, па во третото коло ги очекува тешко гостување кај Силекс во Кратово. Сепак, составот од Автокоманда има план како да му се спротистави на Силекс и ќе се обиде да ги неутрализира силните страни на домаќинот. „Имаме план и се надеваме дека ќе го спроведеме на ...
Штип е пред можност повторно да добие суперлигашка кошарка, откако КК Соколи официјално поднесе барање на јавниот повик на Кошаркарската федерација на Македонија за пополнување на испразнетото место во Супер лигата за сезоната 2026/2027. Местото во елитата се отвори откако КК Чаир не доби лиценца за настап во највисокиот ранг. КФМ го отвори рокот за заинтересираните клубови, а покрај Соколи, кандидатурата официјално ја најави и КК Шкупи. Од ...
Денес стартува 35. издание на Втората македонска фудбалска лига, која во новата сезона носи одредени промени во системот на натпреварување во однос на минатогодишниот шампионат. Второлигашката конкуренција оваа сезона е намалена од 16 на 14 екипи, а голема промена има и во битката за опстанок. Баражите за опстанок во ВМФЛ се минато – тие повеќе не постојат, па последните три екипи на табелата, односно 12., 13. и 14. место, директно се селат ...
Ланскиот прволигаш Работнички промовираше голем број на фудбалери за новата сезона во Втората лига, со што „романтичарите“ ќе бидат во комплетно нов изглед за сезоната која започнува утре. Тимот ќе го предводи Блаже Јанакиевски, а како што истакнаа од тимот од Дебар Маало оставен е простор за дополнителен ангажман за уште некој нов фудбалер. 19-годишниот Дамјан Спасовски е ново име на Работнички кој доаѓа од Приморје од Словенија, а беше дел ...
Беласица продолжува да го гради ростерот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а струмичкиот клуб официјално ги потврди четирите нови имиња кои ќе бидат дел од екипата. Станува збор за Рон Мемеди, Давид Спасов, Михаил Танчев и Елмаз Емуш, офанзивно ориентирани фудбалери од кои во Беласица очекуваат дополнителен квалитет и поголема конкуренција во нападот. Најмлад меѓу новите играчи е 16-годишниот Рон Мемеди. Тој пристигнува ...
Охрид повторно ќе биде центарот на ракометното внимание во втората половина од август. Од 18 до 22 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи петтото, јубилејно издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, со осум учесници и пет дена исполнети со квалитетен ракомет. Македонија ќе има два претставника – домаќинот Охрид и Вардар. Меѓународната конкуренција ја комплетираат хрватските Загреб и Нексе, српската Војводина, словенечкиот ...
Арсими конечно ја дочека првата радост во новата сезона, откако со минимални 1:0 го совлада Башкими на Градскиот стадион во Гостивар, во првиот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегоа во натпреварот со желба да стигнат до првиот позитивен резултат, а победничкиот момент пристигна во самиот финиш. Диего Контрерас го постигна единствениот гол на натпреварот, со кој му донесе три големи бодови на ...
Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од првото воведно коло на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. На утрешната програма ќе бидат шест натпревари во дневен термин од 17 часот, а колото ќе се затвори утре во Битола со меч под рефлектори од 20 часот. Ндерим Тефику ќе ја дели правдата на мечот меѓу Македонија ЃП и Тетекс, а негови помошници ќе бидат Филип Ицковски, Станко ...
Нова страница во историјата на ФК Ржаничино – клубот од Општина Петровец влегува во нов предизвик со формирањето на женски фудбалски клуб, проект кој според најавите треба да донесе нова димензија во локалниот спорт. Раководството на ФК Ржаничино, предводено од претседателот Зоран Јагуриновски и членот на управата Дацко Здравковски, веќе подолг период работи на континуиран развој на клубот, како во сениорскиот, така и во младинскиот погон. Во ...