
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, ќе го продолжи договорот со римскиот клуб, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Според информациите, двете страни постигнале договор и 40-годишниот Де Роси ќе стави потпис на тригодишно продолжување на соработката. Поранешниот италијански репрезентативец седна на клупата на Рома во јануари на местото на Португалецот Жозе Мурињо, а под негово водство клубот од Рим ја заврши сезоната во Серија А ...
Порталот „Трансфермаркт“ објави рангирање на најскапите фудбалери во шпанското првенство. Предводник на списокот е крилото на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор. Неговиот трансфер во јуни се зголеми за 30 милиони евра. Во моментов цената за играчот е 180 милиони евра. Минатата сезона Винисиус ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Дваесет и тригодишниот фудбалер одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, постигна 24 гола и 11 ...
Нема дилема дека Португалија е еден од фаворитите на претстојното Европско првенство во Германија. Жозе Мурињо има исклучително високо мислење за сегашната генерација. Новиот тренер на Фенербахче смета дека нема подобар од нив на ЕУРО 2024 година. „Не сакам никој да каже дека немам почит кон претходните генерации, но во однос на длабочината и квалитетот на тимот, Португалија сега го има најдобриот тим што некогаш го имала“, пренесуваат ...
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Баерн Минхен (2:1) во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, па на 1 јуни на Вембли ќе се борат за трофејот против Борусија Дортмунд. Важна улога во победата на славниот шпански клуб имаше и Лука Модриќ кој мечот го започна на клупата за резерви, но на крајот беше импресивен на теренот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Не е ни чудо кога ќе видите каква поддршка имаше. Една од најпознатите ...
Моментално на одмор во Алжир, Карим Бензема во средата го посети кампот на алжирската репрезентација. Згора на тоа, тоа беше негово прво гостување во земјата од каде потекнува, а доби дрес на селекцијата на Алжир со неговото име, додека срдечно беше пречекан од селекторот Владимир Петковиќ и останатите фудбалери. Како и Зинедин Зидан или Набил Фекир, и Карим Бензема можеше да го облече дресот на Алжир, но се одлучи за француската репрезентација. ...
Фудбалерите на Франција го совладаа Луксембург со резултат 3:0 во пријателски натпревар во рамките на подготовките за ЕП, а големо внимание привлече Килијан Мбапе, кој по голот му оддаде почит на неодамна починатиот тренер. Идниот напаѓач на Реал Мадрид постигна гол во 85. минута за 3-0, пред да ги крене рацете кон небото со истакната маица под дресот на која пишува „Почивај во мир, чичко“. А кој е човекот на кој Мбапе му оддаде почит? На 1 јуни ...
Ситуацијата со повредата на Новак Ѓоковиќ воопшто не е безопасна, а најдобриот довчерашен тенисер на светот веќе денеска е на операционата маса во Париз за да го реши проблемот со менискусот. По победата над Франциско Черундола, Ѓоковиќ беше подложен на магнетна резонанца, која му наложи да се повлече од Ролан Гарос. Таму требаше да ја брани титулата, но откако се повлече од натпреварувањето, остана без шанса да го освои трофејот и да го задржи ...
Францускиот суд ја усвои жалбата на наследниците на Диего Марадона да се запре планираната аукција за продажба на Златната топка, која легендарниот аргентински фудбалер ја доби како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година, јави агенцијата ДПА. Апелацискиот суд во Версај во средата ја поништи претходната судска одлука со која се дозволува аукцијата да се одржи и покрај противењето на двете ќерки на Марадона, кои ја ...
Сепак, неговиот тимски колега Карлос Саинз излета од патеката веќе во првиот круг. Трката беше прекината неколку секунди подоцна кога возачот на Хаас Кевин Магнусен удри во болидот на Ред Бул Серхио Перес. Мексиканецот потоа удри во заштитната шина пред да го закачи Ник Хулкенберг од Хас. Болидот на Ред Бул е целосно уништен, а Перес е неповреден. Организаторите на трката најавија дека трката ќе продолжи во 15:44 часот по расчистување на ...
Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп има нова работа. Тој потпиша договор на 3 години со спортската маркетинг агенција „СПОРТФАЈВ“. Германецот ќе биде претставник за продажба и маркетинг на компанијата за Азија и САД. Главниот оперативен директор на „СПОРТФАЈВ“ – Филип Хасенбејн, не го криеше задоволството од идната соработка. -Јирген Клоп е олицетворение на извонредност, менторство, емоционална интелигенција, лидерство и долгорочна ...
Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос откако направи магнетна резонанца на коленото, откако вчера цел меч се мачеше и беше на раб да се откаже. Снимките не биле добри, па поради тоа мораше да се повлече. Освен тоа Ѓоковиќ ќе го загуби првото место на АТП листата. Со повлекувањето губи 1600 бодови, па од следниот понеделник првата позиција на АТП листата ќе ја преземе Јаник Синер. Тој се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако со 3:0 го ...
Легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон му прости на иконата на Челзи, Џон Оби Микел по речиси две децении што го измами да потпише за Манчестер Јунајтед во 2005 и 2006 година. Тоа го потврди и самиот Оби Микел во подкастот talkSport каде гостуваше. John Mikel Obi on Instagram via his podcast: "🤝 ALL IS FORGIVEN." 😅 pic.twitter.com/gJNyE5oOa5 — UF (@UtdFaithfuls) June 5, 2024 Во 2005 година Оби Микел требаше да стане нов играч на Јунајтед, па ...
Жоан Лапорта зборуваше за Barca One за сезоната која заврши неодамна, а особено остро зборуваше за Реал. Оваа сезона 2023/24 е за Барселона крајно неуспешен. Не ја одбрани шпанската титула, па заостануваше 10 бода зад шампионот Реал, а најголемиот ривал убедливо ја победи (4:1) во финалето на шпанскиот Суперкуп. Во Купот на кралот веќе беа елиминирани во четврт-финалето од Атлетик, а во истата фаза испаднаа и во Лигата на шампионите, иако во ...
Познатиот португалски стручњак Жозе Мурињо пред неколку дена беше претставен како нов тренер на Фенербахче, а турските медиуми ги открија финансиските детали од овој изненадувачки трансфер. Ретко кој можеше да претпостави дека Исмаил Картал на клупата на Фенербахче ќе го наследи толку голем стручњак како Жозе Мурињо. Сепак, Турците имаа план, одржаа состанок прво со Португалецот и на крајот го наградија со многу богат договор, кој на крајот ...
Утрово Манчестер Јунајтед излезе со соопштение за медиумите во кое потврди дека договорите со клубот не ги продолжиле седум играчи кои од денеска и официјално се слободни фудбалери на пазарот. ℹ️ Our retained list has been announced following the conclusion of the 2023/24 season.#MUFC — Manchester United (@ManUtd) June 5, 2024 Очекувано, ова лето ќе биде жешко за раководството на Манчестер Јунајтед, кое пред се треба да се ослободи од ...
Светскиот тениски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ буквално полета за да го произведе еден од најдобрите настапи на Ролан Гарос. Во 1/8-финалето, Србинот мораше да се бори со пет сета за да го победи Франциско Черундоло – и конечно успеа, и покрај сите проблеми. Ноле надмина повреда и продолжи да се бори за секој бод на теренот. Во еден момент од натпреварот, Черундоло се обиде со додавање шут кој мораше да слета во невозможна ситуација за Ѓоковиќ. ...
Сагата околу преселбата на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е завршена, но војната меѓу него и претседателот на Пари Сен Жермен Насер Ал-Келафи се уште не е завршена. Напротив. По двегодишен „флерт“ со Реал, Мбапе конечно потпиша и од 3 јуни е играч на „кралскиот клуб“. Стана слободен фудбалер, без обештетување, а токму тоа се реши во февруари и со тоа го налути претседателот на ПСЖ. Месечно заработувал околу шест милиони евра бруто (2,7 милиони ...
Беа неверојатни неколку дена за Реал Мадрид, а денеска и официјално го објавија новиот домашен дрес за натпреварувачката сезона 2024/25. кој ќе го носат Мбапе, Модриќ, Белингем, Винисиус… Од Реал објаснија дека сакале минималистички дизајн за новиот дрес, кој очекувано е бел. На површината на дресот може да се забележат груби детали, а најголемата промена на дресот во однос на минатата сезона се всушност линиите на Адидас на рамената кои веќе не ...
Сега е официјално. Трофејниот италијански тренер Антонио Конте ја презеде клупата на Наполи. Целиот договор беше официјализиран во клубот во подножјето на Везув, откако Конте потпиша тригодишен договор. Benvenuto Antonio! pic.twitter.com/HHtEkixxb3 — AurelioDeLaurentiis (@ADeLaurentiis) June 5, 2024 За тоа време, како што претходно открија италијанските медиуми, тој ќе заработи 24 милиони евра. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ...
Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Ералдо Чинари, се раздели со тетовскиот клуб. Тој разделбата ја објави на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се на Шкендија за периодот поминат во овој клуб. Чинари беше еден од лидерите на тимот, но очигледно дека ова лето ќе следи делумна реконструкција на составот. Шкендија веќе ги започна подготовките за новата сезона, а се раздели и со десниот бек Башким Велија. На оваа позиција е доведено ново ...
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале. По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и победата која ја извојува во 3 часот наутро, Ѓоковиќ вчера по четири и пол часа игра го совлада Аргентинецот ...
Светската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе официјално му се приклучи на шпанскиот гигант Реал Мадрид . Неколку часа по звучниот трансфер, се појавија првите податоци за сумата што францускиот талент ќе ја добие на „Сантијаго Бернабеу“. Според голем број авторитетни изданија, вклучувајќи ги Би-Би-Си и АС, нето платата на Мбапе по сезона ќе биде во износ од 15 милиони евра. Потсетуваме дека договорот меѓу двете страни беше потпишан на 5 години . ...
Еден од најдобрите светски фудбалери, Кевин Де Брујн (32) најави заминување од Манчестер Сити, со кого актуелниот договор му истекува на крајот на следната сезона, односно летото 2025 година. Де Брујн зборуваше за напуштањето на „Етихад“ во интервју за белгиски „ХЛН“, каде што рече дека нема ништо против да игра во Саудиска Арабија бидејќи таму може да заработи „неверојатна сума пари“. 🚨 Kevin de Bruyne: “Saudi? At my age you have to be open to ...
Доаѓањето на Килијан Мбапе во веќе еден од најдобрите клубови во светот предизвика дискусии за тоа дали новиот Реал Мадрид е посилен од легендарните Галактикос. Реал Мадрид вчера го официјализираше потписот на Килијан Мбапе, според многумина најдобриот светски фудбалер, кој доаѓа како слободен играч по разделбата со Пари Сен Жермен. ⚔ Madridistas, duda razonable… ¿qué equipo es mejor? ¿El de la temporada que viene, o el legendario de los ...
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Дарио полумаратонот го истрча за 1:10:01 часа, пред бугарските атлетичари , второпласираниот Михаил Валковски (1:14:00) односно третопласираниот Николај Николов (1:15:44). Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни ...
Фудбалерот Емилио Нсуе, кој беше најдобар стрелец на Африканскиот куп на нации одржан минатата година, се најде во центарот на вниманието поради големиот скандал кој се појави четири месеци по натпреварувањето. Тој блесна на африканското првенство, а Асошиетед прес сега ја објави шокантната вест дека Нсуе никогаш немал право да игра за оваа селекција во текот на својата 11-годишна репрезентативна кариера! #TopInfo 🆕 La FIFA a annoncé qu'Emilio ...
„Јувентус“ и Масимилијано Алегри со заедничка согласност го раскинаа договорот меѓу двете страни, соопшти италијанскиот гигант. Минатиот месец поради нескротливото однесување на специјалистот кон новинар по победата во финалето на Купот на Италија против Аталанта, стана јасно дека си заминува. Алегри ги тренираше „бјанконерите“ вкупно 8 години во два периода – 2014-2019 година, како и последните три сезони. Тој го предводеше тимот до 5 титули, 5 ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Италијанецот Лоренцо Мусети со 3:2 во сетови (7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0) и се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос во меч кој ќе остане запаметен како најдоцна завршен досега на париската земјена подлога. Натпреварот траеше 4 часа и 28 минути. Во саботата започна во 22:38 часот, а во неделата заврши во 3:06 часот. Од стартот на мечот се навестуваше дека Ѓоковиќ ќе има тешка задача против расположениот ...
Maкедонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 3:0 против селекцијата на Хрватска. Хрватите се сериозно поквалитетни и тоа успеаја да го потврдат на денешниот дуел, иако им недостасуваа и фудбалери како Модриќ, Брозовиќ, Пашалиќ. Ние го немавме капитенот Енис Барди во средниот ред и тоа многу се почувствува. Буквално со само две акции и два шута за цели 45 минути Хрватска премногу лесно со двата гола на Ловро Мајер дојде до убедливо ...
Реал Мадрид конечно потврди дека Килијан Мбапе следната сезона ќе го носи дресот на „Кралевите“. Во кусото соопштение објавено на клупскиот сајт се вели: -Реал Мадрид и Килијан Мбапе постигнаа договор според кој тој ќе биде играч на Реал Мадрид во следните пет сезони. Comunicado oficial: Mbappé.#RealMadrid — Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 3, 2024 Други детали не се објавени. Сепак, одредени медиуми објавија дека Мбапе во Реал ќе игра за ...