На 85-годишна возраст синоќа во Скопје почина легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ. Популарниот „Грк“ работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол Ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис). Како дел од стручниот штаб на југословенската репрезентација има освоено светски шампионат во 1970 година. Лазар Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во ...

Милан го тресе криза, не само резултатски, туку и клупски бидејќи целосно се нарушени односите меѓу советникот Златан Ибрахимовиќ и тренерот Фонсека. Ибра сака да го смени Фонсека по пет одиграни натпревари и таков епилог ќе биде објавен во случај на нов неуспех на градското дерби против Интер во недела. Дека тоа е практично завршена работа говори и фактот што двајцата веќе имале три инциденти. Се започна кога Фонсека изјави дека со ...

Синоќа се одиграа последните мечеви од првиот круг од новиот формат во ЛШ. Се чини дека најголемото изненадување го направи францускиот тим Монако, кој по шест години пауза се врати во елитнотно натпреварување. Веднаш на стартот голема победа. На домашен терен ја совладаа Барселона. Клучниот момент се случи во 11-та минута кога Гарсија заработи директен црвен картон. Потоа, Монако поведе со голот на Аклиуше во 16-та. Барселона успеа да ...

Мартин Зубименди, фудбалер од Шпанија летово имаше понуда од Ливерпул која ја одби и остана во Реал Сосиедад. Но, сега се кае и само неколку недели подоцна сам го контактирал клубот од „Енфилд“ бидејќи сега сака да премине во нивните редови. Мартин Зубименди на крајот од минатата сезона играше добро за Реал Сосиедад, а во текот на летото стана шампион на Европа во дресот на Шпанија. Секако по добрите игри секогаш пристигнуваат награди, а ...

Поранешниот напаѓач на Арсенал Џеј Емануел Томас е обвинет за шверц на дрога откако на аеродромот Стенстед беше запленето големо количество канабис. Фудбалерот е уапсен во Шкотска под сомнение дека организирал обид за увоз на канабис во вредност од 600.000 фунти од Тајланд преку аеродромот Станстед. Според податоците на Националната агенција за борба против криминалот, на 2 септември во два куфери биле откриени околу 60 килограми дрога. ...

На најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, Македонија остана на 72. Место исто како и на претходното рангирање. Од противниците на македонските фудбалери во групата во Лигата на нации најдобар пласман има Ерменија која е 96-та, односно има скок од едно место. Летонија се наоѓа на 137.позиција, додека Фарски Острови се на 140.место. Во Топ 10 нема промени. Води Аргентина пред Франција и Шпанија. По нив ...

Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол (35) стана новото засилување на славниот Бордо, кој неодамна поради банкрот беше префрлен во четвртиот ред на францускиот фудбал. 💥 MERCATO 💥 Welcome @AndyTCarroll 😉 Le club 🔵⚪ est enchanté d'accueillir l'attaquant international anglais 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Une très grande expérience du haut niveau avec près de 4️⃣5️⃣0️⃣ matches pros, un renfort de choix pour l'attaque bordelaise ! ...

Манчестер Сити не успеа да го победи Интер во првото коло од Лигата на шампионите, а дополнителен проблем за тренерот Пеп Гвардиола е повредата на Кевин Де Брујн. Белгиецот поради повреда замина на полувремето од натпреварот против тимот на Милано. „Не знам точно во што е проблемот. Сè уште не сум разговарал со лекарите. Верувам дека се ќе биде појасно во петок“, изјави тренерот Пеп Гвардиола. Според медиумите во Англија, мали се шансите ...

Навивачката група Зелена бригада, надалеку позната по љубовта кон Селтик и храброста сликовито да објаснат сè што мислат со парола на натпреварот, уште еднаш ја истакна пораката за поддршка на Палестина во Лигата на шампионите. "They can oppress you, they can imprison you, but they will never break your spirit! Gaza, Jenin, Tulkarm, Nablus, you’ll never walk alone!" Celtic fans' message to the people of Palestine tonight. 🇵🇸🇵🇸🇵🇸🇵🇸 ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен синоќа успеаја да победат на отворањето на новата сезона од Лигата на шампионите, бидејќи на домашен терен ја совладаа Жирона со 1:0. „Светците“ доминираа на „Паркот на принцовите“ цели 90 минути, но не можеа да најдат пат до мрежата, а Жирона потклекна на крајно болен начин и во последните моменти остана без бод на најтешкото гостување што ќе го имаат во првата фаза од елитното натпреварување.Имено, ...

Фудбалерите на Тотенхем и Брајтон се пласираа во осминафиналето на англискиот Лига куп. Тотенхем во средата навечер во финишот на дуелот го прегази гостинскиот член на Чемпионшип Ковентри и славеше со 2:1, додека Брајтон со 3:2 го елиминира Вулверхемптон. „Петлите“ беа на прагот на испаѓање откако Брендон Томас-Асанте ги доведе домашните во водство во 63. минута, но заменетиот Џед Спенс во 88. и Бренан Џонсон во 90+2 направија пресврт и ...

Фудбалерите на Манчестер Сити и Интер одиграа натпревар без голови на стадионот „Етихад“, а еден од деталите на натпреварот се случи по неговиот крај. Тогаш Ерлинг Халанд му пријде на стоперот на Интер, Франческо Ачерби и го праша дали го сака неговиот дрес бидејќи го влечеше цел натпревар. Италијанскиот дефанзивец веднаш му кажа дека веќе има два од претходните дуели, што и двајцата ги насмеа. Che gli ha detto Haaland a fine partita ad ...

Младиот бисер на Реал Мадрид – Ендрик се ожени со својата партнерка Габриели Миранда, објавија двајцата на социјалните мрежи. Бразилскиот модел објави цитат од Евангелието по Матеј: 19.6: „Значи, тие веќе не се две, туку едно тело. Затоа, она што Бог го споил, човекот нека не го разделува“. View this post on Instagram A post shared by GABRIELY MIRANDA (@gabrielymiiranda) Ендрик пред неполни два месеци наполни 18 години и потпиша со Реал ...

Добар фудбал се виде на „Етихад“, но мрежите останаа мирни, во дербито од првото коло во Лигата на шампионите, Манчестер Сити и Интер одиграа нерешено – 0:0. Натпреварот меѓу Манчестер Сити и Интер беше означен како дерби не само оваа среда, туку и целото прво коло од новиот формат на Лигата на шампионите. Без разлика на се, тоа беше реприза на финалето од 2023 година. Потоа во Истанбул славеше англискиот тим со голот на Родриго, овојпат ...

На вториот ден од Лигата на шампионите на програмата беа шест нови натпревари Во првиот период од 18 часот и 45 минути Спарта убедливо го победи Ред Бул Салцбург во Прага, додека во дуелот Болоња и Шахтјор немаше победник. Во вториот термин од 21 часот, дербито Манчестер Сити – Интер заврши нерешено, ПСЖ среќно дојде до бодови против Жирона, додека Селтик и Борусија Дортмунд остварија убедливи триумфи. Лигата на шампионите започна во нов ...

Се вели дека ПСЖ е многу заинтересиран за потписот на Џошуа Кимих, кој исто така беше на радарите на Ливерпул и Барселона. Фабрицио Романо откри дека Баварците ќе настојуваат да му понудат нов договор на Германецот. Сепак, тој исто така рече дека ПСЖ е многу заинтересиран за Кимих и би можел да направи потег следното лето. „Во текот на летото слушнавме многу гласини за клубовите од Премиер лигата и другите во Европа, но реалноста е дека ...

Долгото отсуство е избегнато, но секако останува сомнеж за неделното дерби против Интер. Откако беше принуден да го напушти теренот во второто полувреме од натпреварот против Ливерпул, Маињан денеска беше подложен на серија медицински тестови, кои открија полесна повреда на десниот бут, и исклучија посериозни повреди. Поради тоа, условите на голманот на Милан ќе се следат од ден на ден, за да се процени еволуцијата на претрпениот удар, со ...

Најплатените играчи на Баерн се Хари Кејн, Мануел Нојер, Лерој Сане, Серж Гнабри и Кингсли Коман. По заминувањето на Де Лигт, баварскиот клуб размислува за реструктуирање на платите. Целта е да се намалат платите на играчите и тоа првично ќе се случи со заминувањето на Нојер и Мулер во следните две сезони. Просторот што го оставаат автоматски ќе го намали огромниот финансиски товар на клубот за платите. Менаџерите размислуваат да направат ...

Барселона наводно одлучила да го ангажира 15-годишниот Мексиканец Жилберто Мора. Тинејџерот неодамна испиша историја со клубот Тихуана, привлекувајќи го вниманието на врвните клубови од целиот континент. Мора постигна гол во победата од 2:1 во Лига МХ над Клуб Леон во август, станувајќи најмладиот стрелец во историјата на мексиканската лига со само 15 години и 320 дена. „TUDNMEX“ објави дека Барса упатила покана до талентот да тренира во ...

Родриго нема ништо помалку од Винисиус или Мбапе. Бројките го покажуваат тоа. Бразилецот вчера стигна до посебна бројка при победата на Реал Мадрид над Штутгарт од 3:1 во Лигата на шампионите. Родриго асистираше за првиот гол, кој го постигна Килијан Мбапе на почетокот на вториот дел. Оваа асистенција му помогна да го мине бројот на асистенции на фудбалската легенда, Роналдињо, секогаш во рамките на натпреварувањето во Лигата на шампионите. ...

Поранешниот дефанзивец на Челзи, Гери Кејхил, тврди дека неговиот поранешен менаџер, Маурицио Сари, бил човек на изненадувања, особено со тоа колку суеверен бил на тренинзите. Поранешниот капитен на „сините“ зборуваше за италијанскиот тренер во подкастот „ObiOne“ на Џон Оби Микел и за тоа колку чудни се некои негови тренинзи. „Сето тоа беше само тактички. Што е Сарибол? Сè уште не знам што е тоа! Тој беше многу суеверен тренер, многу ...

Тренерот Карло Анчелоти упати пофални зборови за ѕвездата на Реал Мадрид, Ендрик Филипе, по неговиот одличен настап во победата на Лос Бланкос во Лигата на шампионите против Штутгарт. Бразилскиот тинејџер влезе во игра во 80. минута за Џуд Белингем и заврши со брилијантен контра напад со шут од 30 metri. Тренерот Анчелоти беше изненаден од перформансите на Ендрик, кој моментално е прва сезона во Европа по неговиот трансфер од бразилскиот ...

ИВАН ПЕРИШИЌ (35) и официјално беше претставен како нов фудбалер на холандскиот ПСВ. Тој дојде како слободен играч откако го раскина договорот со Хајдук. Клубот од Ајндховен ја сподели неговата фотографија на социјалните мрежи. Спортскиот директор на ПСВ објасни зошто го донел Перишиќ ПСВ, исто така, наведена е статистиката на Перишиќ и најголемите тимски достигнувања на својата официјална веб-страница.. 612 games, 141 goals, and 122 ...

Последниве години календарот од една сезона што го имаат фудбалерите е се попреполн со обврски кои треба да ги исполнат во поголемиот дел од годината. Поради ова, фудбалерите се почесто излегуваат во јавноста протестирајќи против се повеќе натпревари, а последен во низата е Шпанецот Родри, играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Родри најави можен голем штрајк на најдобрите фудбалери на денешницата, а поддршка во тоа му даде првиот човек ...

Синоќа фудбалерите на Реал Мадрид го победија Штутгарт со 3:1 во првото коло од Лигата на шампионите, а напаѓачот на „Кралевите“ Ендрик испиша историја. Осумнаесетгодишниот Ендрик во игра влезе во 80. минута, а во 90+5. минути погоди за конечни 3:1. Бразилецот поведе контранапад три на два, а наместо да му асистира на еден од соиграчите, реши да шутира од 25 метри и постигна навистина спектакуларен гол. Endrick’s goal from this angle, look ...

Фудбалерите на Баерн го совладаа Динамо со резултат 9:2 на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, со што загрепскиот клуб го претрпе најтешкиот европски пораз во клупската историја. „Сините“ беа потонати со четири гола на Хари Кејн, два на Мајкл Олисе (38, 61), а меѓу стрелците беа Рафаел Гереиро, Лерој Сане и Леон Горецка. За Динамо стрелци беа Бруно Петковиќ и Такуја Огивара на стартот од вториот дел, а се чини дека токму ...

Легендарниот италијански напаѓач Салваторе Тото Скилачи почина денеска во Палермо на 59-годишна возраст, објавија италијанските медиуми. Скилачи неколку години боледувал од тумор на дебелото црево, а неговата здравствена состојба се влошила откако добил тешка пневмонија. Ci ha lasciati, a soli 59 anni, Totò Schillaci. L'ex calciatore di Messina, Juventus, Inter e Júbilo Iwata, ricordato da tutti per le imprese ai Mondiali di Italia '90, ...

Интер уште еднаш покажа колку го цени Горан Пандев. Имено, тој е нивен специјален гостин за вечерашната пресметка со Манчестер Сити на гостински терен. Тој ги посети фудбалерите на теренот, еден ден пред одигрувањето на натпреварот и им посака успех. Мечот се игра вечерва во 21 часот, а Интер му гостува на Манчестер Сити во реприза од финалето во ЛШ пред две години. Nerazzurri vibes 🥹🖤💙#ForzaInter #ManchesterCityInter #UCL ...

Дали знаевте дека подобрата половина на Даглас Луиз е исто така фудбалерка, а игра за Јувентус? Станува збор за убавата 25-годишна девојка, родена во Швајцарија, Алиша Леман, која во истото лето со Даглас Луиз се пресели од Астон Вила во Јувентус. Таа дури е и редовен репрезентативец на Швајцарија, за кој досега одигра 55 натпревари и постигна девет голови. Сепак, таа е во центарот на вниманието поради нејзината интересна изјава за Газета ...

Во разговараа на интересна тема во најновата епизода од подкастот „Versus“ се спомнаа само едно име како потенцијален кандидат за приближување до рекордот на Кристијано Роналдо од преку 900 голови во кариерата. „Со овој сезонски напредок што го имаше во последните години, Халанд може да ги достигне бројките на CR7, но со еден услов: тој мора да игра на ова ниво и по 30-годишна возраст, што изгледа невозможно за физички играч како него“ – ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

-2ᴼ / -4ᴼ
2.06
79%
1014
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1010
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.54
68%
1020
weather icon

Сараево

-9ᴼ / -9ᴼ
1.34
96%
1022
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1009
weather icon

Атина

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
79%
1018
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1016
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -10ᴼ
2.68
92%
1020
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
5.66
87%
1014
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
6.17
87%
1021
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

150834.91

Алуминиум

3.15

Рутениум

45750.51

Сребро

3663.67

Цинк

3.34

Кобалт

64.04

Родиум

348835.60

Иридиум

221848.72

Калај

54.20

Платина

83354.78

Бакар

11.71

Паладиум

5433.48