
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Во светот на фудбалот, навивачките групи честопати се познати по својата страст и лојалност кон клубовите, но и по нивните конфронтации и насилни инциденти. Последните извештаи укажуваат на тоа дека англиските хулигани, познати по својата агресивност и немилосрдна репутација, можеби се плашат од српските навивачи. Според изворите, овој страв произлегува од неколку инциденти во кои српските навивачи покажале значителна агресија и организираност. ...
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на полумаратон од Европското првенство кое се одржува во Рим. Тој претпладнево полумаратонот во италијанската престолнина го истрча со време со време од 1:04.01 час. Претходното најдобро време на Ивановски на оваа делница изнесуваше 1 час 4 минути и 45 секунди. Ивановски трката ја заврши на 29. место во конкуренција на 64 натпреварувачи. Златниот медал го освои домашниот ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски, кој моментално настапува за шпанскиот клуб Рајо Ваљекано, зборуваше за своите искуства играјќи на некои од најпознатите стадиони во светот. Во своето интервју, Димитриевски откри дека иако „Сантијаго Бернабеу“ и „Камп Ноу“ се навистина импресивни, „Местаља“ го оставила со посебен впечаток. „Бернабеу и Камп Ноу се стадиони со неверојатна историја и атмосфера, но за мене, играњето на Местаља беше едно од ...
Баерн Минхен успеа да постигне договор за ново засилување во одбраната, обезбедувајќи го потписот на еден од најперспективните дефанзивци во Европа. Оваа информација беше потврдена денес, со што германскиот гигант дополнително ја зајакнува својата одбранбена линија во пресрет на новата сезона. Според изворите, новиот играч кој ќе се приклучи на Баерн е одличен млад талент, познат по своите физички способности и тактичка интелигенција. ...
Поранешниот кошаркар Делонте Вест (40) повторно е уапсен во четвртокот рано наутро, а овој пат „чудната душа“ на НБА, како што го нарекуваат светските медиуми, паднала во рацете на полицијата во Вирџинија. Таму Вест бегаше од полицијата која се обидуваше да го уапси, а успеаја кога поранешниот кошаркар се онесвести, поради што мораше да му биде укажана лекарска помош. Ex-NBA player Delonte West has been arrested again in Virginia today. West, ...
Поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Филип Поповски, ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024 кое ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. Како што денеска соопшти ФФМ, Поповски е одреден за делегат на трите натпревари од групната фаза кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: меѓу Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија и, Холандија – Австрија, како и осминафиналето, ...
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски и официјално е нов голман на Валенсија, објавија од клубот. Очекувањата се во новата сезона да биде прв голман на Валенсија, бидејќи главна цел на клубот е да заработи поголема сума на пари од Георги Мамардашвили. ☕ Hay un nuevo portero en la oficina#ADNVCF pic.twitter.com/F7PelE4F4k — Valencia CF (@valenciacf) June 12, 2024 Популарниот Столе одигра шест сезони во Рајо Ваљекано, каде што се ...
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, ќе остане и следната сезона на клупата и покрај најнискиот пласман на тимот во историјата на Премиер лигата, објавија британските медиуми. Одлуката доаѓа по прегледот на крајот на сезоната на минатата кампања, која заврши со победа од 2-1 во финалето на ФА Купот над градскиот ривал Манчестер Сити. Уште повеќе, клубот е во преговори со Тен Хаг за нов договор бидејќи неговиот договор влегува во ...
Новак Ѓоковиќ беше опериран во Париз по повредата на менискусот, а првите информации говореа дека паузата ќе трае околу три недели и дека српскиот ас сигурно ќе го пропушти Вимблдон, додека се чека да се види како ќе се одвива опоравувањето за Олимписките игри. Но, се појави и едно поинакво, пооптимистичко мислење. Познатиот физијатар Горан Родиќ проговори за состојбата на повреда на најдобриот тенисер во светот.’ „Прво да ви кажам дека ...
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на европските првенства со 14 голови, кои ги постигна на пет континентални турнири. Во Португалија 2004 постигна два гола, еден во 2008 година, три во 2012 година, уште три на ЕП во 2016 година, додека на последниот европски турнир постигна пет голови. На второ место е легендарниот француски фудбалер и поранешен претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел ...
Репрезентацијата на Ангвила загуби од Суринам со резултат 4:0, а најголемо внимание привлече претставникот на споменатиот тим Аедан Сципио, но не поради неговите вештини на теренот. Овој фудбалер се појави на теренот со фризура која речиси стигна до тревата. Aedan Scipio from the Anguilla National Team is a player to watch literally. pic.twitter.com/Z2jgCBUiXL — Football Factly (@FootballFactly) June 10, 2024 Нема сомнеж дека го привлече ...
Лука Дончиќ (25) го предводеше Далас до големото финале на НБА лигата со тоа што беше најдобар играч во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција за победата на Мавс кај Минесота од 124:103, а Словенецот не се истакна само со неговите кошаркарски вештини. Имено, Дончиќ на непријателската атмосфера во Минеаполис одговори пцуење и провокација на 19.000 гледачи во Таргет Центарот откако постигна кошеви. Највирална сцена беше кога по ...
Зголемената популарност на фудбалската селекција на Сан Марино во последно време е предмет на истражување на бројни медиуми, бидејќи официјално најлошиот тим на светот го следат стотици илјади фанови на социјалните мрежи. Сан Марино и официјално е најлошата репрезентација во светот. Во последните 20 години не победија никого, ремизираа само неколку меча и забележаа безброј порази. ⁉️¿Por qué gusta tanto la peor selección del mundo? La ...
Титулата европски фудбалски првак досега ја освоиле десет репрезентации, а најуспешни се Германија и Шпанија со по три европски титули. Шпанија славеше во 1964, 2008 и 2012 година, а покрај трите титули, може да се пофали и дека е единствената што успеала да ја одбрани титулата (2008, 2012). Три европски титули има и Германија (1972, 1980, 1996), а домаќин на ЕВРО2024 воедно е единствената репрезентација која играше три финалиња во серија (1972, ...
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски за очекувањата за денешниот контролен натпревар против Чешка во Храдец Кралове со почеток во 18:00 часот. „Работевме на освежување на тимот, задоволен сум тоа што сите се здрави, освен како што знаеме Енис Барди не може да биде со нас. По тренингот кој го имаме, сите работи околу составот ќе ги оставиме за потоа. Се надевам дека сите ќе бидат спремни да се стават на располагање за она ...
Македонската А репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове. Барак погоди од непостоечки пенал во 97. минута. Исник Алими во 65. минута го даде голот за Македонија за израмнување на 1:1. Спорен момент беше и првиот гол од пенал за домаќините. Чешките фудбалери се судрија во казнениот простор, Муслиу беше зад капитенот Соучек и по скоро минимален контакт, судијата ...
Реал Мадрид нема да учествува на Светското клупско првенство под покровителство на ФИФА кое следното лето ќе се одржи во САД, тврди тренерот на овој клуб Карло Анчелоти. Италијанскиот стручњак смета дека идејата за ова натпреварување под овие услови не е добра и затоа не сака да биде дел од тој проект кој веќе привлече големо внимание. „ФИФА може да заборави на фактот дека Реал Мадрид ќе учествува во тоа натпреварување. Секој натпревар на овој ...
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберле реагираше негативно на трансферот на напаѓачот Килијан Мбапе во Реал Мадрид. -Секогаш можете да станете полаком за пари, но секој што е алчен за пари постепено ќе стане клинец во ковчегот на фудбалот“, изјави Еберле, цитиран од „Зидојче Цајтунг“. Тој истакна дека се работи стотици милиони, додавајќи дека тоа не го прави позитивен. -Некогаш корист имаа клубовите. Парите остануваа во оптек, но сега ...
Реал Мадрид веќе е на прагот да договори голема зделка за 2025 година, откако неодамна ги доведе Килијан Мбапе и Ендрик. Според шпанските медиуми, за точно една година во Мадрид треба да пристигне одличниот германски офанзивен играч за врска, Флоријан Вирц, откако Реал ги договорил условите за соработка со него, па му останува уште да се договори со бундеслигашот Баер од Леверкузен. Германскиот репрезентативец кој има 21 година му ветил на ...
Тимот на Бостон ноќеска ја победи Индијана со 105:102 на гостински терен во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот. Ова беше четврта победа на исто толку натпревари за Селтикс во конференциското финале на Источната конференција по што обезбедија учество во големото финале. Најефикасен играч во победничката екипа, водно и на натпреварот беше Џејлен Браун, кој постигна 29 поени. Противник на Бостон селтикс ќе биде победникот ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше опериран на менискусот на десното колено, а денеска потврди дека се поминало добро со фотографија на која се гледа како се движи со помош на патерици. Ѓоковиќ мораше да се повлече од Ролан Гарос откако заработи повреда на исцрпувачкиот натпревар против Аргентинецот Франциско Черундоло. Тој беше подложен на магнетна резонанца, која ја откри состојбата на неговото колено, по што реши да оди на операција. In the ...
Шведска и Србија одиграа пријателски меч како подготовка за ЕП, кој го доби Србија со 0:3. Пред мечот, во подтрибинскиот простор, легендарниот фудбалер на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, чии родители потекнуваат од балканските простори, таткото Босанец, а мајката Хрватка, ги посети фудбалерите на Србија. Се сретна и со Драган Стојковиќ Пикси, селектор на Србија, легендарен фудбалер уште од времето на Југославија, кој со Црвена Звезда беше европски ...
Арсенал е сериозно заинтересиран да го купи напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, пренесува инсајдерот Николо Шира. Се истакнува дека италијанскиот клуб ќе се раздели со играчот доколку добие понуда од 130 милиони евра. Самиот фудбалер е подготвен да ја смени клупската средина. Претходно беше објавено дека за напаѓачот се заинтересирани и Челзи и ПСЖ. Во сезоната 2023/24, Осимен одигра 32 натпревари, постигнувајќи 17 голови и четири асистенции. ...
Кошаркарите на Панатинаикос по цели 13 години повторно го освоија европскиот кошаркарски врв, триумфирајќи во финалето на Ф4 турнирот од Евролигата против Реал Мадрид со 80-95. Најдобар поединец на натпреварот беше Костас Слукас со 24 поени, а три помалку имаше Кендрик Нан. За Реал Мадрид прв поентер беше Муса со 15 поени. За Панатинаикос ова е седма европска титула, а последен пат дојде до ваков успех во 2011 година. МВП на завршниот турнир е ...
Македонија на СП 2025 се најде во Група Д со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Мечевите ќе се играат во Вараждин, Хрватска каде репрезентацијата има добри спомени. Селекторот Кире Лазаров со прва реакција. -Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни ...
Фудбалската репрезентација на Англија синоќа беше поразена со 1:0 од селекцијата на Исланд во пријателски натпревар одигран на „Вембли“ во Лондон. Стрелец на единствениот гол на оваа средба беше Јон Дагур Торштајнсон во 12. минута. На 3 јуни Англија ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со резултат 3:0. Следниот пријателски натпревар на Исланд е в понеделник (10 јуни) против Холандија. Репрезентацијата на Англија предводена од ...
Репрезентацијата на Германија синоќа ја победи Грција со 2:1 во пријателски натпревар одигран на „Борусија-Парк“ во Менхенгладбах пред 55 илјади гледачи. Грчкото крило Георгиос Масурас погоди во 33. минута. Каи Хаверц израмни во 56. минута. Во финишот (89. минута) Паскал Грос и донесе победа на Германија. Германија во групната фаза на Европското првенство 2024 ќе игра против Шкотска, Унгарија и Швајцарија. Покрај Англија и Франција, Германците ...
Новак Ѓоковиќ е успешно опериран во клиника во Париз. Процедурата помина максимално без проблеми и закрепнувањето ќе трае три недели. Да потсетиме, тој се повлече од Ролан Гарос поради кинење на менискусот на десното колено. Целиот спортски свет денеска погледна кон Париз, каде на Новак Ѓоковиќ му беше извршена артроскопија, каде беше утврдено дека кинењето не е од сериозен карактер и дека по операцијата може да се врати на тренинзите за три ...
Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацхелија, најверојатно нема да го напушти тимот во следниот преоден рок, пренесува „L’Equipe“. Претходно медиумите во Франција пишуваа дека фудбалерот би можел да стане играч на Пари Сен-Жермен. Сепак, новиот тренер на наполитанците, Антонио Конте инсистира дека играчот мора да биде задржан. Страните може да објават продолжување на договорот во блиска иднина. На 1 јуни, L’Equipe објави дека Кварацхелија и ...
На 15 јуни 2003 година, Ксиско Надал (37) испиша историја со тоа што стана најмладиот стрелец во историјата на шпанската Ла Лига кога постигна гол на возраст од 16 години и 153 дена. Тој рекорд подоцна го собори Икер Муниаин, а денес Ксиско е далеку од млад фудбалер кој многу ветуваше. Од тој момент започна професионалната кариера на играчот на Балеарците, првично поделена помеѓу првиот и вториот тим на Виљареал, пред да заврши на позајмица во ...