Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо е решен да го прекине десетгодишниот пост на турскиот великан и да ја врати титулата во неговите витрини, а за тоа говорат и засилувањата кои пристигнуваат на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Откако редовите на Фенбахче ги засилија играчи како Чалгар Сујунџу и Раде Круниќ, францускиот крилен напаѓач Алан Сен Максимин и искусниот турски центарфор Ченк Тосун се споменуваат како две нови имиња кои би можеле да ...

Судот во Мајнц пресуди во корист на Анвар Ел Гази и ја укина одлуката за негово отпуштање во Мајнц, Германија, поради изразување поддршка за Палестина. Холандскиот фудбалер со марокански корени во ноември минатата година доби отказ од Мајнц по што возврати со тужба. Епилогот е Мајнц ќе треба да му плати 1,7 милиони евра на 29-годишниот фудбалер, а договорот меѓу двете страни останува на сила. Договорот на играчот првично требаше да истече на ...

Поранешниот фудбалер на Вардар и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Сенаид Ибричиќ на 38 години одлучи да ја прекине фудбалската пензија и повторно да се врати на теренот. Тој потпиша за словенечкиот нисколигаш ФК Шмартно, основан во 1979 година. -Порано уживав во фудбалот како професионалец, но сега уживам во дружењето низ играта. Фудбалот секогаш ќе ми биде во крвта и не можам да избегам од него, дури и во пензија. Ова е ново ниво на ...

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова попладнево во финалето на Вимблдон ја победи Италијанката Јасмин Паолини со 6:2, 2:6 и 6:4. Мечот траеше 1 час и 58 минути. Дваесет и осумгодишната Крејчикова сервираше шест асови, направи четири грешки на вториот сервис и реализира три брејк топки од седум шанси. Исто така 28-годишната Паолини имаше три директни поени од сервис, направи две двојна грешка и реализира две брејк топки од шест. За Крејчикова ...

Искусниот италијански голгетер Чиро Имобиле доцна синоќа пристигна во Истанбул, каде и официјално да стан нов фудбалер на Бешикташ, а на аеродромот го пречекаа членови на раководството на „црно-белите“ и околу илјада навивачи. Потпретседателот на клубот Хусеин Јуџел и членот на Управниот одбор Фејаз Учад го пречекаа 34-годишниот Италијанец кој пристигна од Рим со чартер лет. Benim immobile editim gelmiş pic.twitter.com/7UTjXkAnX1 — FURKAN JK ...

Капитенот на англиската репрезентација и нејзиниот најдобар стрелец во историјата, Хари Кејн утре има можност да го освои првиот трофеј во кариерата, но и да се закити со признание кое е толку ретко во светот на фудбалот. Кејн зад себе има уште една спектакуларна индивидуална сезона. Најдобар стрелец во Европа, најдобар стрелец во Лигата на шампионите и најдобар стрелец во Бундеслигата. Сепак, се уште нема трофеј. Англискиот капитен утре ...

Селекцијата на Уругвај ноќеска ја победи селекцијата на Канада во мечот за третото место на Купот на Америка. Средбата одиграна на „Банк оф Америка“ во Шарлот беше решена по изведување на пенали (4:3), откако по основниот дел немаше победник (2:2). Уругвај поведе во 8. минута преку Родриго Бентанкур, во 22. минута Исмаел Коне го израмни резултатот. Во второто полувреме Џонатан Дејвид погоди за Канада (80. минута), а Луис Суарез за Уругвај ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон 2024 година без меч во четвртфиналната фаза. Неговиот противник Алекс де Минаур од Австралија го предаде мечот поради повреда. Де Минаур се повреди на крајот од осминафиналето со Французинот Артур Фиерс. По мечот 25-годишниот тенисер со куцање го напушти теренот. Сепак, природата на повредата се уште не е позната. Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон ќе игра со победникот ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека сака да го повтори рекордот на Роџер Федерер по бројот на освоени титули на Вимблдон. Вчеравечер Ѓоковиќ го победи Италијанецот Лоренцо Музети (6:4, 7:6 (7:2), 6:4) и се пласираше во финалето на Вимблдон 2024 година, во кое ќе се сретне со Шпанецот Карлос Алкараз. -Да, знам дека Федерер освои осум, а јас седум трофеи овде. Историјата е во прашање. Плус, можам да ја освојам мојата 25-та Грен слем ...

17-кратниот НБА шампион ЛА Лејкерс направи историски потег! „Езернијаци“ ги собраа во еден тим големата ѕвезда Леброн Џејмс и неговиот син Брони. Младиот кошаркар беше избран на 55-то место на НБА драфтот. Така од новата сезона ќе го носи истиот тим како и неговиот 40-годишен татко. Тие ќе бидат првите татко и син кои ќе играат во ист НБА тим. Брони претходно играше за УСЦ на позицијата шут (4,8 поени на 36% шут и 2,8 скока), а неодамна ...

Фудбалските репрезентации на Англија и Шпанија в недела во Берлин ќе го одиграат финалето на Европското првенство во Германија. Еден од најважните играчи на Англија на патот до финалето беше дефанзивецот Марк Гуехи, кој откри дека нема да го задржи златниот медал доколку го освојат ЕП. “Ќе им го дадам на мама и тато, тие ќе го задржат. Спомените што можете да ги споделите ми се важни. Искрено, тие се најважни. Уживам во патувањето. Понекогаш ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потресе тенискиот свет обраќајќи ѝ се на публиката по победата во осминафиналето против Данецот Холгер Руне, а сега е откриено и зошто реагирал толку бурно. Новинарот Нуно Маркес-Нури, повикувајќи на братот на Новак, Марк, напиша на Твитер: „Тој е лут затоа што неговите деца се во публиката и не трпи непочитување пред нив. Мојот извор е директно Марко Ѓоковиќ“, напиша Нури на Твитер. He’s pissed because his ...

Младиот голман на НК Рудар од Каменград, БиХ Кристијан Клариќ (17) почина синоќа од струен удар, јави локалната телевизија Сана. Трагедијата се случила вчера кога споменатиот голман настрадал од струен удар во ресторан. „Неофицијално, тој починал од струен удар, но подетални информации за се ќе бидат познати откако полицијата ќе спроведе истрага на местото на трагедијата“, се наведува во веста што ја пренесува локалната телевизија Сана. ...

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше продолжувањето на договорот со миланскиот клуб. – Јас сум возбуден. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на клубот. Се чувствувам како дома. Оваа година наша цел е да ги израдуваме навивачите по освојувањето на втората ѕвезда. За време на мојот одмор запознав многу навивачи на клубот кои ми се заблагодарија – беше многу убаво. Сакаме да го повториме она што го направивме минатата ...

Младиот шпански репрезентативец Ламине Јамал во недела би можел да стане шампион на Европа, а тамошните медиуми открија неколку интересни факти за него. Тие истакнуваат Шпанија го обезбедила во септември минатата година бидејќи поради потеклото на неговите родители може да игра за Мароко и Екваторијална Гвинеја. Неговиот татко Мунир потекнува од Мароко, додека неговата мајка Шејла е од Екваторијална Гвинеја. И покрај тоа, за него Шпанија беше ...

Реал Мадрид продаде седум илјади дресови со името на Килијан Мбапе на првиот ден од продажбата, објави „El Chiringuito“. Приходот изнесува 800 илјади евра. Промоцијата на 25-годишниот Французин како играч на мадридскиот клуб ќе се одржи на 16 јули. Како гостин ќе гостува поранешниот играч и тренер на „Кралевите“ Зинедин Зидан. Откриени се детали од претставувањето на Мбапе во Реал Мадрид. Се очекуваат 80 илјади гледачи. Реал Мадрид за ...

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио на своите профили на социјалните мрежи сподели дека Болоња е заинтересирана за привлекување на македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски. -Болоња продолжува да работи на пазарот. Клубот е заинтересиран за Бојан Миовски, напаѓачот на Абердин, сподели новинарот, кој важи за еден од најточните кога се во прашање трансфер информациите. Миовски, кој ги брани боите на Абердин, лани во ...

Новак Ѓоковиќ го совлада Холгер Рун во осминафиналето на Вимболдон, а потоа даде една изјава со која влезе во клинч со публиката која постојано го провоцира. -Благодарност се срце до сите навивачи кои останаа овде, и до сите оние кои избраа да покажат непочитување – ви посакувам доооооооооооооообра нооооооооооќ, порача Ѓоковиќ. Zero shits given by Novak Djokovic. pic.twitter.com/FUQ1niGUsJ — James Melville 🚜 (@JamesMelville) July 8, 2024 ...

Каков меч на Тиквеш, освојувачот на Купот на Македонија, во Конференциската лига на Европа. Славеа преку пресврт со 3:2 против Бреидаблик од Исланд. Иако кавадарчани губеа по половина час игра со 2:0 со головите на Кристинсон и Еинарсон, сепак во последните дваесетина минути од мечот стигнаа до победа. Најнапред Стојковски во 74-та погоди за 2:1, а потоа Стојанов со гол од слободен удар ала Меси израмни на 2:2. Прекрасен го постигна и Лео Гуера ...

Манчестер Јунајтед денеска дефинитивно се договори за пристигнувањето на првото засилување во летниот преоден рок, бидејќи беше комплетиран трансферот на Џошуа Зиркзe. Зиркзe на „Олд Трафорд“ ќе пристигне од италијанска Болоња, за која Холанѓанецот одигра одлични партии минатата сезона и го привлече вниманието на многу великани. На крајот за неговиот потпис се бореа Милан и Јунајтед, а Росонерите пред неколку дена се повлекоа од преговорите. ...

Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари на сите времиња, е близу до продолжување на својата кариера со Лос Анџелес Лејкерс, откако му е понуден договор на три години вреден 162 милиони долари. Во рамките на овој договор, Леброн ќе земе 50 милиони долари во првата година, потоа 54 милиони во втората и 58 милиони во третата. Џејмс, кој има 39 години, игра за Лејкерс од 2018, а со нив ја освои НБА титулата во 2020 година. Минатата сезона имаше ...

Драган Стојковиќ Пикси и во наредниот период ќе биде селектор на српската фудбалска репрезентација! Како што пренесува „MozzartSport“, Србија во следниот циклус од Лигата на нации ќе влезе со Пикси на селекторската позиција, а во петок на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија ќе биде потврдена одлуката. Пикси ја доби поддршката од челниците на српскиот фудбал да ја продолжи работата што ја започна во текот на која ја однесе ...

Еурофарм Пелистер со задоволство најавува дека тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на клубот по една сезона помината во Кувајт. Хосни, кој е 31-годишен десен бек, потпиша едногодишен договор и се очекува наскоро да пристигне во Битола. Тој минатата сезона играше за клубот Ал-Араби во Кувајт, а пред тоа беше дел од тимот на Еурофарм Пелистер каде што ја освои македонската шампионска титула. Освен во Македонија и ...

Европскиот првак Реал Мадрид го претстави дресот на најголемото летно засилување Килијан Мбапе со бројот девет на грбот кој е пуштен во продажба. Со завршеното Европско првенство, Килијан Мбапе сега може да се фокусира на својата клупска кариера и непречен почеток на животот во Реал Мадрид. 🚨🚨| Kylian Mbappe jerseys on SALE! 🤍 pic.twitter.com/KQeZCNIHur — CentreMadrid. (@centreofmadrid) July 11, 2024 Настапот со Франција во полуфиналето на ...

Македонија го доби и петтиот Олимпиец кој ќе биде дел од Олимпијадата во Париз. Еди Шерифовски, најдобриот македонски џудист во категоријата до 81 кг, ќе учествува на Олимписките игри во Париз 2024, благодарение на заедничката одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација. Ова ќе биде трета Олимпијада по ред на која Македонија ќе има претставник во Џудо, следејќи ги Катерина Николовска во Рио 2016 и Арбреша Реџепи во ...

По повод одобрението на „вајлд-карти“ од Европската ракометна федерација (ЕХФ), македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и уште пет клубови добија можност да учествуваат во најелитното ракометно клупско натпреварување – Лигата на шампионите. Во оваа група, покрај Пелистер, се наоѓаат и Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Киелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија. Тие ќе се придружат на останатите клубови кои веќе ...

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за предстојните четвртфинални натпревари на женскиот младински светски првенство. Меѓу избраните судии се и македонскиот судиски пар, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои ќе бидат задолжени за еден од клучните мечеви на турнирот. Тие ќе ја судат пресметката меѓу женските младински репрезентации на Унгарија и Исланд, која е закажана за 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. За нив ...

Додека Франција со недели е во превирања поради политичката ситуација пред изборите, проблемите се натрупуваат и на други полиња. Така сега доаѓа неверојатна вест дека дури осум клуба од најсилната Лига 1 се подготвени да прогласат банкрот, доколку не се постигне договор околу новите ТВ права. Што е значи тоа? Новата сезона во најсилната француска лига започнува на 16 август, но нема договор кој ќе ги пренесува натпреварите. Првиот човек на ...

Неименуван надзорник во албанската репрезентација кој има 26 години е осомничен дека сексуално злоставувал млада девојка (18) во тоалетот во хотелот каде бил сместен националниот тим за време на Европското првенство. По нападот на 23 јуни во 19 часот и 30 минути вработен во хотелот за спортско училиште „Кајсерау“ во Камен повикал полиција, додека јавното обвинителство во Дортмунд ја потврди истрагата. Младата девојка им кажала на полициските ...

Шпанија се пласираше во големото финале на ЕУРО 2024 откако преку пресврт ја совлада Франција. Французите поведоа во 9-та минута преку Коло Муани, а потоа во 21-та со фантастичен гол израмни Јамал. Само четири минути подоцна Олмо погоди за пресврт што се по Шпанскиот играч за врска Ламин Јамал стана најмладиот голгетер во историјата на Европските и на Светските фудбалски првенства. На вечерашниот натпревар против Франција во полуфиналето на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
38%
1011
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
43%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
54%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 20ᴼ
6.17
40%
1012
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
5.34
25%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.63
48%
1008
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
53%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
44%
1010
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
7.2
45%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
7.72
100%
1008
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762