Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Арсенал синоќа ремизираа во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а резултатот беше 1:1. Ремито на стадионот „Ванда Метрополитано“ остави сè отворено пред реваншот во Лондон, а натпреварот го одбележаа пеналите. Досудени беа дури три пенали, од кои еден беше поништен по интервенција од ВАР собата, што ги разлути сите во Арсенал. Actually fair choice from ref not to award second penalty to ...
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, физички го нападнал дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, откако овој поминал преку грбот на мадридскиот клуб на теренот на стадионот „Ванда Метрополитано“. Овој инцидент се случил по синоќешниот напнат прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој завршил со резултат 1:1. Симеоне одел зад Вајт кон тунелот и, заедно со еден свој играч, се налутил кога забележале дека дефанзивецот не го заобиколил ...
ПСЖ го совлада Баерн Минхен со 5:4 во можеби највозбудливиот меч во историјата на ЛШ. По натпреварот тренерите Енрике и Компани се сретнаа во микс зоната каде што се даваа изјави. Енрике: Го гледаше мечот од трибините, дали уживаше! Компани: Не, воопшто! Двајцата се насмевнаа, се ракуваа, разменија пријателски гестови и си посакаа среќа во реваншот! На терен – ривалство, а надвор од него – ПОЧИТ! Реваншот се игра следната среда. 🗣️ Luis ...
Додека очите на фудбалскиот свет беа насочени кон Париз и неверојатниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн, тоа воопшто не го интересираше Пеп Гвардиола, кој ја изненади јавноста кога беше снимен на трибините на „Edgeley Park“. Why is Pep Guardiola at Stockport v Port Vale? 😲 pic.twitter.com/x0x4ZpHri4 — Football Away Days (@FBAwayDays) April 28, 2026 ПСЖ во еден од најдобрите натпревари во историјата на Лигата ...
Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ неочекувано се соочи со големи проблеми пред денешниот прв четвртфинален натпревар од ЕХФ Лига Европа на гости против француската екипа Монпелје. Во составот ќе ги нема Дмитро Горига и Јака Малус, поради здравствени проблеми. Во таква ситуација Чупиќ на вечерашниот натпревар ќе ги има на располагање: Валах, Гогов (голмани); Стојановски, Воркапиќ, Боно, Георгиевски, Кеита, Митровиќ, Танкоски, Лазаревски, ...
Голема контроверза предизвика пеналот кој беше досуден за ПСЖ против Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, по што повторно се доведува во прашање субјективното толкување на одлуките при игра со рака. Фудбалските навивачи се прилично уверени дека Bayern е оштетен. По центаршутот на Осман Дембеле, топката најпрво го погоди во телото Алфонсо Дејвис, а потоа во раката. Сите овие години тоа значеше дека нема ...
Шпанската фудбалска суперѕвезда Ламине Јамал ќе ги пропушти првите два натпревари на Светското првенство, објави каталонски „Спорт“. Јамал неодамна се повреди на натпреварот против Селта Виго, при што заработи повреда на мускул на ногата, а се покажува дека повредата е посериозна отколку што првично се мислело. Барселона соопшти дека тој ќе ја пропушти и целата преостаната сезона во Ла Лига, односно шест натпревари, во кои клубот има голема ...
Естебан Андрада, голман на шпанскиот клуб Реал Сарагоса, изјави дека многу се кае за скандалот што го предизвикал на натпреварот против Уеска. Аргентинецот беше исклучен откако со тупаница го удри Хорхе Пулидо, капитенот на противничката екипа. Андрада упати јавно извинување, оправдувајќи го својот неспортски потег со „моментално помрачување на умот“ и вети дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори. Во видео-порака објавена на ...
Норвежанецот Ерлинг Халанд денес е прототип на модерен напаѓач – брз, немилосрден пред голот и неверојатно физички силен. Но зад таквата форма стои посебен животен режим. За разлика од просечен човек, Халанд дневно внесува и до 6.000 калории. Неговата исхрана вклучува намирници кои не се баш секојдневни, како говедско срце и црн дроб. „Вие ова не го јадете, но јас се грижам за своето тело“, изјави тој во еден документарец. Сепак, не е сè ...
РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година. Во целата досегашна кариера Матео во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во ...
Кадетската македонска ракометна репрезентација избори финале на Светското првенство што се игра во Скопје. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски попладнево забележаа убедлива победа над Србија со 30:19 во првото полуфинале на машкиот турнир. Противник на „Црвено-жолтите“ утре во натпреварот за златниот медал ќе биде поуспешниот од дуелот Израел – Хрватска кој ќе се одигра попладнево. Претходно во текот на денот пласман во големото ...
Голманот Никола Митревски и следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. – Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмислена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за ...
Лука Модриќ натпреварот против Јувентус мораше да го напушти во 80. минута поради повреда на главата. Играчот од средниот ред на Милан извлече подебел крај во синоќешното дерби со Јувентус (0:0), кога при крајот на натпреварот со глава се судри со капитенот на „Старата дама“, Мануел Локатели. Luka Modrić não parecia bem depois do jogo, após ter tido um choque de cabeça… Locatelli foi até ele e pediu desculpas 👏♥️ pic.twitter.com/pXS9pwlyiZ — ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари на тимот во сезоната 2025/2026 поради повреда, објави телевизијата „Ел Чирингито“. Повредата е посериозна отколку што првично се очекуваше. Официјалното соопштение на клубот за состојбата на играчот се очекува да биде објавено во текот на денов. Претходно беше соопштено дека на Французинот му е дијагностицирано истегнување на тетивата на левата нога. ...
Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без своите фудбалери Арда Гулер и Едер Милитао, кои се повредени, објави денеска шпанскиот весник „Марка“. Гулер има проблем со десната тетива, додека Милитао со левата нога, а двајцата играчи се повредија на натпреварот против Алавес во вторникот. Според весникот, повредата на Милитао е „позагрижувачка“ и неговиот настап на претстојното Светско првенство во дресот на Бразил засега е „неизвесен“. „Случајот на ...
Стевче Алушовски и актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја прекина соработката. – РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа, објавија битолчани попладнево на социјалните мрежи. До крајот на сезоната ...
На социјалните мрежи кружи снимка од поздравувањето на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, со најголемите ѕвезди на „кралевите“. Како што се гледа на снимката, Бразилецот Винисисус поминал покрај него без некоја посебна реакција, додека Французинот Мбапе срдечно се поздравил и го прегрнал првиот човек на клубот. El saludo entre Florentino Pérez y Vinícius 🤣🤍pic.twitter.com/JKmOxTfEAU — (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) April ...
Извршените тестови потврдија дека првотимецот Ламин Јамал има повреда на задната ложа на левата нога (мускул бицепс феморис). Играчот ќе следи конзервативен план на лекување. Ламин Јамал ќе го пропушти остатокот од сезоната, а се очекува да биде подготвен за Светското првенство. Јамал се повреди на мечот со Селта при изведување на пенал, по што веднаш ја напушти играта. The tests carried out have confirmed that first-team player Lamine Yamal ...
Раководството на РК Вардар одлучи 65 роденден на клубот да го прослави в четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плејоф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид ќе настапат со ретро дресови. Покрај ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар, од клубот подготвуваат уште многу изненадувања за прославата на нивниот јубилеј. Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано ...
Тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би го поздравил втор престој во Реал Мадрид, 13 години по неговото заминување во летото 2013 година, објави „Diario AS“. Според шпанскиот медиум, агентот на 63-годишниот Португалец, Жорге Мендеш, го пријавил ова на службениците на Реал Мадрид, кои исто така биле информирани за клаузулата за ослободување во неговиот тековен договор со Бенфика. Мурињо би можел да го раскине договорот со Бенфика на крајот од ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, е уапсен под сомнение за сторени кривични дела проневера и злоупотреба. Сејдини, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, е уапсен од полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и од Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје. Од Обвинителство информираат дека сè уште се преземаат ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид, откако попладнево нејзината ривалка Алина Корнеева од Русија ѝ го предаде дуелот во вториот сет по 50 минути игра. Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а притоа успеа да направи два брејка во третиот и во деветтиот гем, искористувајќи ја третата сет топка. На стартот на вториот сет Ѓорческа направи брејк и потоа руската тенисерка ...
Фудбалерите на тетовска Шкендија триумфираа попладнево на домашен терен над Шкендија Арачиново со 3-2 (1-2) во првиот полуфинален натпревар во рамки на Купот на Македонија. Актуелниот шампион со пресврт дојде до победа над второлигашот и со гол предност ќе патува на реваншот по една недела на гостински терен. Домашниот тим дојде во водство со голот на Трумчи од пенал во четвртата минута, но Шкендија Арачиново до крајот на полувремето направи ...
Ракометарите на Охрид изборија историско финале во Купот на Македонија откако во првото полуфинале го совладаа првакот Еурофарм Пелистер со 26:19. Охриѓани во кус временски период по втор пат слават победа на Е.Пелистер, а ова им е прво финале во куп натпреварувањето. Прашањето на победникот беше решено во првиот дел кога Охрид благодарение на одличната одбрана на противникот му дозволи да постигне само седум голови и водеше со 13:7. Во ...
Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски е најзаслужниот што неговата екипа Валенсија остана непоразена на гостувањето од 33.коло на Ла Лига кај Мајорка. Дуелот заврши 1:1, а Димитриевски имаше вкупно седум одбрани. Македонскиот голман воедно е најдобро оценетиот фудбалер на натпреварот. Мајорка поведе во 49.минута со голот на Саму Коста, а изедначи Умар Садик во 69.минута. Валенсија со денешниот освоен бод со ...
Веќе е познато дека по завршувањето на сезоната Гоце Седлоски заминува од клупата на Вардар и целосно ќе се посвети на македонската репрезентација. Нов тренер на „црвено-црните“ ќе биде Аргентинецот Кристијан Фабијани, кој е поранешен тренер на Њу Олд Бојс, Депортиво Риестра, Депортиво Мерло. Тој на социјалните мрежи објави дека почнал на интензивен курс по македонски јазик, а веќе објавува и фотографии од места од нашата држава. View this ...
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Алавес во 33. коло од Ла Лига со резултат 2:1, но наместо славје – навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ ги испратија играчите со свирежи. Despite the win, huge whistles directed at the team at FT by Real Madrid fans at Santiago Bernabéu. pic.twitter.com/bQbSzswZP1 — LIVE GOALS (@FTLiveGoals) April 21, 2026 Головите за победата на Реал ги постигнаа Мбапе во 30. минута и Винисисус во 50. минута. Реал поведе ...
И во следната сезона организацијата на играта на Еурофарм Пелистер ќе му биде доверена на словенечки среден бек. „Зелено-белите“ потпишаа двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Битола доаѓа од првакот на Србија, Партизан. Котар е роден во Требње, поникна во матичниот Тримо Требње, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше дресот на белградски Партизан. -Со ангажманот на Котар нашиот ...
Легендарниот Руд Гулит е последниот во низата што даде коментар за неуспехот на Италија да се пласира на Светското првенство во фудбал. Иконата на Милан, Гулит ја повика Италија да се врати на своите темели за да ја врати националната гордост по третиот последователен неуспех во квалификациите за Светско првенство. Тој смета дека италијанскиот фудбал треба да се врати на својот дефанзивен ДНК, бидејќи, како што вели, „тики-така не е за ...
Интер го совлада Комо со 3:2 во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија. Првиот меч заврши 0:0, а двата тима синоќа на „Џузепе Меаца“ приредија вистинска драма. За само девет дена Интер по втор пат го совлада Комо, претходно во рамките на Серија А, иако имаше два голови негатива. Комо поведе во 32-та минута со голот на Батурина, а во вториот дел по само неколку минути игра, поточно во 48-та имаше 2:0 откако погоди Да Куња. Се доби ...