Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, постави нов рекорд по победи на Австралија опен. Триесет и осумгодишниот Србин (четврти носител) ја постигна својата 103-та победа на Австралија Опен, надминувајќи го рекордот од 102 победи на Швајцарецот Роџер Федерер. Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето откако неговиот противник, Италијанецот Лоренцо Мусети (петти носител), се откажа поради повреда на бутен мускул при водство со 2:0 во ...

Аргентинецот Хоакин Торес ќе биде ново засилување за Вардар. Актуелниот лидер на табелата остана без Мато, кој се пресели во Хартс, па Торес треба да биде неговата замена. 28 годишниот напаѓач во моментов е слободен играч и како таков доаѓа во Скопје. Информацијата ја потврди првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски, за одредени медиуми, кој притоа додаде дека Торес во понеделник треба да се приклучи на тимот. Од она што може да се ...

Наместо во летниот преоден рок, Роџерс Мато, најдобриот фудбалер на Вардар се сели во Хартс во зимскиот преоден рок. Тој веќе го облече дресот на новиот тим. Хартс веќе го промовираше, а според говорот Мато во следните шест месеци како позајмен играч од Вардар ќе настапува за новиот тим, а потоа кога ќе му заврши договорот, ќе потпише тригодишна соработка со Хартс. Мато во досегашниот тек од сезоната во ПМФЛ постигна 12 голови и го дели ...

ови детали за состојбата на Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“, повикувајќи се на повеќе извори, објавува дека седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе не е врзан за кревет. Сепак, тој сè уште не може да оди, наместо тоа, се вози низ својот дом во инвалидска количка. Објавени се и детали во врска со извештаите дека Шумахер страда од синдром на заклучување или псевдокома, што се однесува на способноста да реагира ...

По настапот во квалификациите на Австралија Опен најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Порто што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло ја совлада Ралука Шербан од Кипар со 2:0 во сетови (64 64). Ова беше трета победа за Лина Ѓорческа во последните три меча против Шербан. Во првиот сет двете тенисерки на почетокот имаа проблем со освојување на гем на свој ...

Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) му изрече суспензија од пет натпревари на селекторот на Сенегал, Папе Тиав и го казни со 100.000 долари по инцидентите во финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко. Сенегал победи со 1-0 по продолженијата во финале исполнето со инциденти. На инсистирање на Тиав, дел од сенегалските фудбалери накратко го напуштија теренот во знак на протест против одлуката на судијата, кој, со помош на ВАР, ...

Бенфика со 4:2 го победи Реал Мадрид, па во последен момент се пласираше во плејофот на Лигата на шампионите, а „Кралевите“ со овој пораз испаднаа од ТОП 8 и останаа без директен пласман во осминафиналето. Херој на Бенфика е голманот Трубин кој постигна гол во 98-та минута, а практично тој гол ја однесе Бенфика во плејофот, на сметка на Марсеј поради гол разликата. Мурињо по мечот откри луда приказна за она што се случувало синоќа. „Кога ги ...

Синоќа беше одиграно последното коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите, по што се познати сите екипи кои го продолжуваат натпреварувањето во нокаут-фазата. Пласман понатаму обезбедија вкупно 24 екипи, од кои првопласираните осум тима директно се пласираа во осминафиналето, додека екипите од 9. до 24. позиција ќе играат во плеј-оф и ќе се борат за место во осминафиналето. Директен пласман во осминафиналето изборија Арсенал, Баерн, ...

Каква само драма имаше на мечот Бенфика-Реал Мадрид (4:2) на кој Португалците во 98-ма минута постигнаа гол кој ги однесе во плејофот во осминафиналето на ЛШ. Беше досуден прекршок, камерата го дава Мурињо во кадарот, како му покажува на голманот Трубин да оди напред во казнениот простор на Реал. Нафрлена топка, Трубин со глава гол и делириум на стадионот. А, Мурињо, тој со прослава во свој стил. Каква само драма имаше на мечот Бенфика-Реал ...

Бенфика го совлада Реал Мадрид со 4:2, а голот на одлука за пласманот во осминафиналето од ЛШ го постигна голманот Tрубин во 98-ма минута од мечот. Водеше тимот од Португалија 3:2, но сепак уште еден гол им беше потребен, заради гол разликата, па наместо Марсеј, тие да се пласираат во осминафиналниот плеј оф. Имаше прекин, голманот на Бенфика отиде во казнениот простор на Реал, а по нафрлената топка со глава постигна гол. Инаку, по ...

По трагедијата во близина на Темишвар, во која загинаа седум навивачи на ПАОК кои патувале на гостување на својот клуб, се појави и снимка од страшната сообраќајка. Навивачите на ПАОК патувале со комбе кога во еден момент преминале во спротивната лента и директно удриле во камион кој доаѓал од спротивен правец. Навивачите на ПАОК патувале кон Франција за мечот против Лион во четврток. Tragedie în județul Timiș: accident între un autotren, o ...

Натпреварот од осминафиналето на Купот на Катар меѓу Ал Шаханија и Ал Шамал доспеа во фокусот на јавноста поради бизарниот автогол што го постигна голманот на гостите, Омар Бари. Резултатот во 92. минута беше 0:0, а слободниот удар од речиси 40 метри го изведе играчот од средниот ред на Ал Шаханија, Јусуф Раиси. An unusual scene in the Qatar Stars Cup match! 🇶🇦 Al Shamal SC goalkeeper Oumar Barry's bizarre own goal in the final moments left ...

Во фудбалската Лига на шампиони вечер со почеток во 21 часот ќе се играат сите 18 натпревари од последното, 8. коло. Двојките се: Ливерпул – Карабах Барселона – Копенхаген ПСЖ – Њукасл Борусија – Интер Наполи – Челзи Бенфика – Реал ПСВ – Баерн Ајакс – Олимпијакос Пафос – Славија Атлетик – Спортинг Атлетико – Бодо-Глимт Клуб Бриж – Марсеј Монако – Јувентус Арсенал – Каират Ајнтрахт – Тотенхем Баер – Виљареал Унион – Аталанта Манчестер сити – ...

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш привлече внимание на јавноста, овој пат со видео на кое демонстрира импресивна физичка сила. Ibra alza 135 kg in sala pesi VIDEO -) https://t.co/sT3jG8QlGF#Milan #Acmilan #Ibrahimovic — MilanWorldCommunity (@MilanWorldForum) January 27, 2026 Легендарниот Швеѓанец објави видео од теретана на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како крева тегови од 135 килограми, потврдувајќи дека сè уште е во врвна физичка ...

Израелскиот фудбалер Диа Саба беше погоден со снежна топка директно во главата за време на натпреварот од турската Прва лига меѓу Сиваспор и Амедспор. Саба беше еден од најдобрите поединци на теренот, а играта ја напушти во 87. минута од натпреварот, кога беше заменет со Орхан Чекдар. Потоа следеше реакција од домашните навивачи, кои го погодија со снежна грутка директно во главата, што може да се види во видеоприлогот кој се наоѓа во ...

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос, и група инвеститори што тој ги предводи, се согласија да ја купат Севилја. Според „Карусел Депортиво“, договорот е вреден приближно 400 милиони евра. Триесет и деветгодишниот Шпанец ќе стане претседател на клубот од каде што доаѓа. Рамос играше за сениорскиот тим на Севилја од 2004 до 2005 година и во сезоната 2023/24. Тој играше и за Реал Мадрид, ПСЖ и Монтереј. Фудбалерот ...

Македонскиот Олимписки Комитет го објави официјалниот состав на македонската делегација што ќе ја претставува нашата држава на претстојните XXV Зимски олимписки игри, кои ќе се одржат во Милано и Кортина, Италија. Македонскиот тим патува за Италија со четири потврдени олимписки норми. Честа да ги носат националните олимписки обележја и да се натпреваруваат со светската елита ја имаат следните спортисти: Нордиско трчање (Крос-кантри): Ана ...

Искуствениот играч во средина Каземиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната. Овој 33-годишен фудбалер одигра 21 натпревар во сите натпреварувања за Јунајтед оваа сезона. „Играјќи во средина, тој помина четири сезони во тимот, одигра вкупно 146 натпревари и постигна 21 гол“, соопштија од клубот. Да потсетиме, Каземиро пристигна во Јунајтед од Реал Мадрид во 2022 година и брзо стана миленик на навивачите поради својата ...

Израелските спортисти биле изложени на вербални и физички напади, како и на антисемитски извици за време на меѓународен џудо-турнир во Полска, соопшти израелската амбасада во Варшава. Инцидентот се случил во саботата на натпревар за млади категории од седум до 16 години, одржан во градот Биелско-Бјала, околу 50 километри југозападно од Краков. Како што е наведено во соопштението на амбасадата објавено на Твитер, израелскиот џудо-тим бил ...

Македонската ракометна репрезентација, вечерва, од 18 часот, ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија. Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол разлика, а исто таков епилог ќе треба да има и на средбата меѓу ...

Шалке 04 го официјализира доаѓањето на Един Џеко. Искуствениот босански напаѓач потпиша договор со клубот од Гелзенкирхен до крајот на сезоната и ќе го носи дресот со број 10. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина во Шалке доаѓа од Серија А, каде што настапуваше за Фиорентина. Verstärkung für den Angriff: Edin Džeko wechselt für den Rest der laufenden Saison zum #S04 🆕🎯 Willkommen auf Schalke, @EdDzeko! ⚒️ Mehr dazu hier ↪️ ...

Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути. На трибините имаше голем број нашинци, кои и дадоа голема поддршка. Ечеше од трибините „Македонија, Македонија“, но и добро познатата навивачка химна „Излези момче право на тераса“. Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна ...

Реал Мадрид е на врвот на светската ранг-листа на фудбалски клубови со највисоки приходи трета година по ред. Ревизорската фирма „Deloitte“ ги анализираше приходите на фудбалските клубови ширум светот за сезоната 2024/25. „Кралскиот клуб“ минатата сезона заработ 1,161 милијарди евра. Нивните приходи за претходниот извештаен период изнесуваа 1,046 милијарди евра, што ги прави првиот клуб во историјата што заработил над 1 милијарда евра за една ...

Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути. Ѓорческа и Краус на почетокот од мечот водеа неизвесна борба, а првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на ...

Сенегалските фудбалски репрезентативци и тренери би можеле да бидат суспендирани од четири до шест натпревари поради нивниот протест за време на финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко што заврши со 1:0. Според шпанскиот весник „AS“, доколку санкциите бидат одобрени, дисквалификацијата би се однесувала на натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Понатаму, според прописите на турнирот, Сенегал се соочува ...

Арсенал останува со максимален учинок и по гостувањето кај Интер. Победи со 3:1, целосно надигрувајќи го својот противник и секако остана на лидерската позиција со 21 бод од седум одиграни меча, единствен тим кој забележал победи на сите мечеви во досегашниот тек од ЛШ. Вреди да се напомене дека избраниците на Артета на седум меча примиле само два голови. По поразот и елиминацијата во Купот на Шпанија од второлигашот Албасете на првиот меч на ...

Лука Дончиќ уште еднаш реши да ја преземе улогата на Дедо Мраз и да покаже зошто важи за еден од најомилените кошаркари каде и да игра. Словенечката суперѕвезда со години е позната по тоа што несебично ги дарува своите соиграчи, стручниот штаб, но и бројни членови на клупската организација кои не се во прв план. Божиќ е време на дарување, а Дончиќ таа традиција доследно ја почитува од година во година. Ни оваа година не беше поинаку, но ...

Новиот тренер на Реал Мадрид, Арбелоа на промоцијата изјави дека неговата филозофија е секогаш да победува. Сепак, оваа изјава му се „удри од глава“ веќе на првиот меч. Имено, Реал Мадрид доживеа пораз од 3:2 и елиминација во Купот на Кралот од второлигашот Албасете. Иако многумина, пред се најверните фанови очекуваа промени и серија добри резултати со новиот тренер, сепак голема „сопка“ уште на првиот меч. Новиот тренер на Реал Мадрид, ...

Екипата на Самсунспор од Турција е противникот на тетовска Шкендија во првата рунда од нокаут фазата во УЕФА Конференциската лига. Тоа е епилогот од денешното извлекување на двојките во ова европско натпреварување. Првиот натпревар Шкендија ќе го игра во Скопје на 19.февруари, додека реваншот е седум дена подоцна на теренот на Самсун. Македонскиот претставник групната фаза ја заврши на 22.место на табелата и на тој начин обезбеди „фудбалска ...

Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
75%
1011
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
5.66
70%
1013
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1012
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
80%
1013
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
2.75
91%
1016
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
85%
1010
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1007
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1007
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
5.66
75%
1014
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
94%
1012
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
7.72
100%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Родиум

363303.44

Калај

54.25

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Паладиум

54624.12

Бакар

11.99

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.15

Цинк

3.34

Злато

156424.63