Пред само неколку дена Вардар одби понуда од шкотски Хартс во висина од 350.000 евра за нивниот најдобар играч Касим Рогерс Мато. Клубот соопшти дека има голема заинтересираност за услугит на овој напаѓач кој имаше одлична полусезона во дресот на Вадар. Поради тоа клубот одлучи да постави цена за негов трансфер. Клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги ќе мора да платат 1 500 000 евра доколку го сакаат неговиот потпис. -Оваа одлука ...

Вардар ќе го задржи Роџерс Мато до крајот на сезонава, но интернационалецот од Уганда потоа ќе си замине од таборот на „црвено-црните“ и кариерата ќе ја продолжи во дресот на шкотски Хартс. И тоа без ниту едно евро за Вардар, официјално објави шкотскиот клуб! Интересно, раководството на Вардар пред десетина дена објавија дека одбиле 350.000 евра од Хартс за Мато, потоа и дека бараат 1,5 милиони евра како отштета за својот најдобар фудбалер. ...

Вардар налето ќе остане без Роџерс Мато и притоа клубот нема ништо да заработи бидејќи напаѓачот од Уганда ќе си замине во шкотскиот Хартс како слободен играч, договорот со Црвено-црните му истекува во јуни. Оваа вест предизвика шок кај фановите на Вардар. Добрата страна е што Мато ќе остане во клубот и во пролетниот дел од сезоната и ќе помогне во битката за титулата, но лошо е што ќе си замине без клубот да заработи пари од негова продажба. ...

Шкотскиот фудбалски клуб Хартс на својот официјален сајт денеска објави дека од следната сезона нов играч на екипата ќе биде Кассим Рогерс Мато (22) кој настапува во редовите на ФК Вардар. Како што соопштија од Хартс, по истекот на договорот со скопските „црвено-црни“, интернационалецот од Уганда, напаѓачот Рогерс Мато се согласил да го облече дресот на шкотскиот клуб од следното лето, поточно од јули, кога ќе потпише договор на три години. ...