Македонскиот првак Шкендија ќе биде без повредениот напаѓач Фитон Адеми на утрешниот натпревар против бугарски Лудогорец, соопшти денеска тетовскиот клуб. Адеми го истегна глуждот изминатиот викенд во триумфот на Шкендија на гостински терен против Македонија ЃП (3-1) во рамки на 2 коло во ПМФЛ и ќе отсуствува од теренот најмалку 10 денови. Адеми принудно го напушти теренот по само 27 минути игра,откако претходно во 9. минута со својот прв ...

За натпреварот Хуарез – Тихуана во рамки на мексиканската женска фудбалска лига најмалку ќе се зборува поради резултатот (заврши 2:0, доколку некој се интересира), а најмногу поради жестоката тепачка меѓу две фудбалерки што се случи среде терен. Веќе во 23. минута од натпреварот, додека резултатот сè уште беше 0:0, буквално се „заплеткаа“ Миа Зуазуа од Хуарез и Нативидад Мартинез од Тихуана. Имаше туркање, удирање, влечење за коса… Сцените не ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја укина котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига. – За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на ...

Нејмар никогаш нема да го заборави понижувањето што го доживеа дома, пред своите луѓе, пријатели, семејство, соиграчи… Сантос беше поразен на домашен терен, Васко славеше убедливо со 6:0, при што постигна пет гола во второто полувреме. Еден од најдобрите бразилски фудбалери започна да плаче на теренот. Кога заврши натпреварот, на кој дури и навивачите им свртеа грб, Нејмар не можеше да ги задржи емоциите. Се расплака. Поразот тешко му падна, ...

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка (27), се сликала разголена во горниот дел за Инстаграм и ја објавила фотографијата со коментар: „Ден поминат на сонце“. Нејзината објава добила стотици илјади лајкови, како и секогаш кога објавува фотографии од плажа или во костим за капење. View this post on Instagram A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka) Белоруската тенисерка одамна живее во Мајами, Флорида, каде се подготвува за ...

Нов трет пораз на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Романија забележа победа од 79:66 (26:19; 19:15; 14:15 и 20:17). Ова за македонскиот национален тим беше трет пораз во истотолку натпревари. Во текот на првото полувреме противникот беше во постојано водство, кое на полувреме изнесуваше 45:34. На почетокот на вториот дел Романија стигна до највисоките +14 (50:36), а по 64:51 ...

Јунајтед беше поразен од Арсенал со тесен резултат благодарение на голот на Рикардо Калафиори во 13-тата минута, додека новите засилувања како Брајан Мбеум и Матеус Куња не ги оправдаа очекувањата на навивачите на „Црвените ѓаволи“ на почетокот од првенството. Сепак, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, ги шокираше навивачите по натпреварот давајќи го своето мислење за играта на Јунајтед. Неговите играчи имаа 22 шута наспроти деветте на Арсенал, ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ има болки во коленото, и нема да игра против Романија. Селекторот Марјан Илиевски се одлучи за две измени во играчкиот ростер, за денешното гостување во Орадеа. На местото на повредениот Мекиќ во македонскиот национален тим ќе биде Марко Миловановиќ. Втората измена е Никола Василевски кој ќе го заземе местото на Тома Стојаноски. Василевски за прв пат во својата кариера ќе биде дел од ...

Угледниот спортски медиум „Газета дело Спорт“ објави загрижувачки вести, а и Наполи ги потврди информациите. Имено, Ромелу Лукаку бил на прегледи и тестови по повредата заработена на пријателскиот меч со Олимпијакос (2:1) одигран пред една недела. Првичните резултати покажуваат дека е скинат мускулот на левиот бут. Тој веќе ја започнал програмата за рехабилитација, а се вришат и консултации за хируршки зафат. Доколку биде приморан да оди на ...

ФИФА размислува за промена на форматот на Светското клупско првенство, објавува „Гардијан“. Според британскиот медиум, Светската фудбалска асоцијација планира да го одржува турнирот на секои две години од 2029 година и да го прошири бројот на учесници од 32 на 48 екипи. Предвидено е повеќе од два клуба од една земја да можат да учествуваат на Светското клупско првенство. Исто така, за да не се преоптовари меѓународниот календар, планирано е да ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во периодот што следува започнува со значајна донација со која 72 клубови од Трета МФЛ ќе добијат околу 1.400 фудбалски топки, а 140 младински екипи од Супер лигата, Втората и Третата младинска лига ќе добијат повеќе од 3.000 топки. Со оваа донација, секој клуб обезбедува неопходна опрема за тренинг и натпревари, со цел создавање подобри услови за работа и напредок на младите фудбалери. Оваа иницијатива ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднело кривична пријава против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“, едно лице е лишено од слобода. Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена ...

По комплетирање на првиот микро-циклус од подготовките во Маврово за квалификациските натпревари со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026, машката сениорска репрезентација на Македонија денес отпатува за Софија каде ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија. Натпреварите се играат во салата „Левски“ во Софија. Првиот натпревар е закажан за 29 јули во 17 часот, додека втората контрола на 30 јули се игра на ...

Изминатиот викенд се одржа уште еден UFC Fight Night кој понуди многу возбудувања и спектакуларни моменти. Во главната борба на вечерта се случи големо изненадување – поранешниот шампион во средна категорија и еден од најдобрите борци во таа дивизија, Роберт Витакер, беше поразен од Рајниер де Ридер. Steven Nyugen just set the record for the more knockdowns in a single UFC fight with 6️⃣ against Mohammad Yahya. 😳 (🎥: ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер утре ќе ги започне подготовките за сезоната 2025/26 со нов тренер. За шеф на стручниот штаб на битолчани е назначен шпанскиот стручњак Рубен Гарабаја Аренас. Договорот е на 1+1 година. – Гарабаја е трофејно шпанско име од играчките денови и млад стручњак со голем потенцијал. Има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Тренерскиот занает започна да го бруси во ...

Шпанскиот репрезентативец и играчот на Барселона Дани Олмо е пред заминување од клубот. Барселона има финансиски проблеми, а поради недостаток на континуитет и честите повреди Олмо е во незгодна позиција. Ова особено што дел од играчите што му се конкуренција за позициите во екипата имаа одлична предсезона. Во Барселона сметаат дека продажбата на Олмо би требало да биде логичен потез, пред се ако се има в предвид тоа дека често се повредува и ...

ктуелниот шампион на Премеир лигата Ливерпул вечерва ја почнува одбраната на титулата. Во првиот натпревар од првото коло на Премеир лигата Ливерпул ја пречекува екипата на Бормут. „Црвените“ важат за фаворити во овој дуел што почнува во 21 часот. Саботната програма од пет натпрвари ќе ја стартуваат: Астон Вила и Њукасл, а на другите дуели играат: Брајтон – Фулам, Сандерленд – Вест Хем, Тотенхем – Барнли и Вулверхемптон – Манчестер Сити. Во ...

Македонскиот репрезентативец Eљиф Елмас можно да се врати во редовите на својот поранешен клуб Наполи. Според „Фудбал Италија“ Наполи направил сериозни чекори за враќање на својот поранешен играч Елмас од Лајпциг. Ова од причина што клубот бара офанзивни играчи. Наполи „работи“ на враќање на македонскиот репрезентативец, кој во зимата 2023 година беше продаден во Лајпциг за 25 милиони евра. Како што објавува „Фудбал Италија“ постои реална ...

Управата на Реал Мадрид жестоко реагираше на одлуката на Шпанската фудбалска федерација натпреварот од 17.коло на Ла Лига меѓу Виљареал и Барселона да се игра на 20.декември во Мајами. Одлуката беше донесена вчера, а Шпанската федерација ќе мора да бара дозвола од УЕФА и од ФИФА. Според шпанските медиуми реакции има и од други клубови не само од „кралскиот клуб“. Во Реал Мадрид сметаат дека на овој начин Барселона ќе избегне едно од најтешките ...

Дефанзивецот на Џенова, Кони де Винтер, потпиша договор со Милан, објави официјалната веб-страница на клубот од Милано. Договорот со 23-годишниот Белгиец е со важност до летото 2030 година. Порталот „Transfermarkt“ го проценува трансферот на 20 милиони евра. Де Винтер играше за Џенова од летото 2024 година, откако се пресели од Јувентус. Во сезоната 2024/25, фудбалерот постигна три гола на 26 натпревари. До пред неколку дена дефанзивецот се ...

Европскиот шампион ПСЖ го освои Супер купот на УЕФА откако во Удине по изведување на пенали го совлада освојувачот на Лига Европа Тотенхем. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали 4:3 за екипата од Париз. Премирлигашот поведе во финишот на првото полувреме со голот на Мики Ван де Вен во 39.минута, а на почетокот на вториот дел екипата од Лондон го зголеми водството на 2:0 стрелец на голот беше Кристијан Ромеро. ...

Македонската кошаркарска репрезентација веќе втор ден е во романскиот град Орадеа. Во среда македонскиот тим го игра третиот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Противник (домаќин) ни е селекцијата на Романија, која на 2.август славеше победа во Куманово. – Романија е добро позната репрезентација за нас бидејќи пред десетина дена се сретнавме со нив во Куманово, на наш терен каде што бевме многу блиску до победа, а ...

Актуелниот европски фудбалски шампион ПСЖ и освојувачот на Лига Европа, Тотенхем, вечер ќе го играат Суперкупот на УЕФА. Во ПСЖ се оптимисти дека со трофеј ќе ја отворат новата сезона. Капитенот на парижаните, Маркињос, најави голема борбеност на неговиот тим кој е фаворит. – Одлично е што ја започнуваме сезоната вака – како победници на Лигата на шампионите! Ова е првпат за играчите на ПСЖ. Ние сме борци и секогаш сакаме да се бориме за сите ...

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, постигна договор за лични услови со Манчестер сити, објави Л’Екип. Според францускиот медиум, агентот на италијанскиот голман, Енцо Раиола, преговара со клубовите од Манчестер веќе неколку месеци. „Граѓаните“ ќе започнат активна работа на овој трансфер кога ќе се договори заминувањето на Едерсон од англискиот клуб. ПСЖ сака да добие околу 55 милиони евра за Донарума. Италијанецот игра за парискиот тим од 2021 ...

Бесмислениот тренд на фрлање дилдо на натпревари од ВНБА лигата продолжи и синоќа на натпреварот помеѓу Чикаго и Атланта, а бројни обложувачи изгубија пари поради тоа. Имено, откако на 30 јуни еден навивач фрли дилдо на натпревар од ВНБА лигата помеѓу Атланта и Голден Стејт, тој бесмислен и сексистички чин стана популарен, па на идентичен начин привремено беа прекинати и натпреварите помеѓу Чикаго и Голден Стејт, како и Лос Анџелес и Индијана. ...

По убедливиот пораз од Карабах од 5:1 (вкупни 6:1) и елиминацијата од квалификациите за ЛШ, фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Шкендија ја чека нов предизвик и битка за групната фаза од Лига Европа. На 21-ви август во Скопје ќе го одигра првиот меч против Лудогорец од Бугарија. Бугарскиот тим беше поразен синоќа на гостувањето кај унгарски Ференцварош со 3:0, а првиот меч заврши без голови 0:0. Реваншот помеѓу Шкендија и Лудогорец ќе ...

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, за средбата со Унгарија очекува подобро издание на неговите избраници во однос на мечот со Романија. – Унгарците се една атлетска екипа, која што игра брза и модерна кошарка. Екипа каде сите играчи шутираат од сите позиции. Нивниот играч Војвода, е со најголема возраст, и е клучен играч во таа репрезентација. Сето она кое што треба да го направиме, е да ја спречиме таа нивна ...

Италијанскиот новинар Матео Морето тврди дека македонскиот голман Столе Димитриевски е на радарот на турскиот тим Фенербахче. Наводно Жозе Мурињо во него гледа замена за Ливаковиќ, кој веќе неколку сезони е неприкосновена „единица“ на турскиот гигант. Како што е познато, во Валенсија нашиот голман нема иднина, односно нема да биде прв избор, па можеби Фенербахче е добра опција. Освен Фенер, за Димитриевски наводно е заинтересирана и Џенова. ...

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер не е оптимист дека неговиот тим може да се надева на борба за врвот во претстојната премиерлигашка сезона. – Работиме напорно и тука има одлична атмосфера. Сакаме да бидеме успешни, правиме сè што можеме за да бидеме успешни. Понекогаш чувствуваме дека не е доволно добро во последно време и не им дадовме на нашите навивачи толку колку што сакавме. Се чувствувам како да е речиси како нов почеток и се ...

Фудбалерите на Шкендија претрпеа убедлив пораз со 5:1 на гостувањето кај Карабах и со вкупни 6:1 се елиминирани од првакот на Азербејџан. Ова беше реванш натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак поведе во 10.минута со голот на Фабрис Тамба, но домашните брзо дојдоа во водство. Прво Клисман Цаке постигна автогол во 16.минута за 1:1, а Кади две минути подцна погоди за водство од 2:1. Карабах ја зголеми ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
88%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.9
80%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.46
95%
1028
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
83%
1029
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
84%
1026
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.57975

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Калај

42.35

Паладиум

52470.02

Иридиум

145787.60

Платина

61733.50

Алуминиум

2.90

Сребро

2128.87

Цинк

3.03

Злато

139470.53

Кобалт

58.42

Родиум

258009.74