
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин, кој колабираше пред две недели на натпреварот против Верона, доби дозвола да се врати на теренот. Клубот соопшти дека напаѓачот ги поминал медицинските тестови и резултатите се позитивни. Кин сега може да продолжи со тренинзите со соиграчите. Ова ќе му овозможи да учествува на гостувањето на Наполи на „Диего Армандо Марадона“ стадионот на 9 март. Кин најверојатно нема да патува во Атина на натпреварот против ...
Тренерот на Милан, Консеиао, нема намера да го напушти тимот по серијата слаби резултати. Милан синоќа загуби од Лацио со 2:1 во 27. коло од Серија А. – Мојата главна цел е да спречам играчите да бидат разочарани по натпреварите. Ако ова бара повеќе работа подготвен сум да преземам дополнителниот товар. Не планирам да поднесам оставка, особено што фудбалерите целосно ми даваат поддршка, изјави Консеисао за „Газета дело спорт“. Португалецот ...
Интересна изјава даде поранешниот фудбалер на Ливерпул и Галатасарај , Рајан Бабел , кој индиректно ги поддржа тезите на актуелниот тренер на Фенербахче , Жозе Мурињо, кој постојано зборува за тоа како „чим бом“ се фаворизирани од судиите. Но, Бабел ги споменува и „фенерите“ како тим на кој и помогнале судиите. 38-годишниот поранешен репрезентативец на Холандија, кој има големо искуство во турскиот фудбал, во подкастот на поранешниот играч на ...
Веќе има промена на правилото во фудбалот во однос на голманите. Се работи за тоа колку секој од нив може да ја држи топката со раце. Според новото правило, тие ќе имаат само 8 секунди за тоа. Доколку по овој период топката се уште е во нивни раце, удар од аголот автоматски ќе биде досуден за противникот. Ова беше одлучено на состанокот на Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (IFAB), кој ги регулира правилата на фудбалот. Сегашното ...
Реал Мадрид како гостин славеше против Реал Сосиедад со 0:1 во Купот на Кралот, но брз мечот остана црна дамка навивањето на домашните фанови. Два некоректни моменти. Првиот инцидент се случил во последните моменти од првото полувреме кога е забележан навивач кој прави мајмунски гестикулации кон крилото Винисиус Жуниор. Бразилецот и претходно беше цел на расистички напади во текот на кариерата во Шпанија, а синоќешниот натпревар беше особено ...
Белмин Османбеговиќ (28) од Високо, БиХ постави нов Гинисов рекорд со кршење на 160 бетонски блокови со глава по направено салто. Основачот на таеквондо клубот Феникс го собори светскиот рекорд што претходно го држеше во Милано со 126 скршени блокови за 55 секунди. Možda nemamo puno uspjeha u kolektivnim sportovima, ali zato najbolje štemamo glavom siporeks blokove.https://t.co/8IAdQJAouu — Dis Balans (@DisBalansX) February 20, 2025 Овој пат, за ...
Екипата на Јувентус доживеа елиминација во четвртфиналето во Купот на Италија и тоа од Емполи по изведувањето на пеналите. Регуларниот дел заврши 1:1. Малех во 24-та им донесе предност на гостите од 0:1, а потоа Турам измани на 1:1. На крајот мораше да се изведуваат пенали, а таму Влаховиќ и Јилдиз промашија за Јуве, кај Емполи сите погодија, па следуваше елиминација на „Старата Дама“. Во полуфиналето ќе играат Болоња-Емполи и Интер-Милан. ...
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси гледа дека неговиот договор со Интер Мајами во САД истекува на крајот од сезоната, но неговата цел не е да се врати во Барселона. Гласините за враќањето на Лионел Меси во Барселона се постојани откако играчот со солзи во очите на „Камп Ноу“ објави дека го напушта клубот на својата љубов тој кобен август 2021 година. Направив се што е можно за да останам“, рече Аргентинецот низ солзи пред да замине во Париз да го ...
Според каталонските медиуми, Нејмар сака да се врати во Европа, во Барселона, каде ги одигра најдобрите натпревари во кариерата и ја заслужи титулата еден од најдобрите фудбалери во светот. Во оваа прилика каталонскиот весник Спорт наведува дека веќе започнале прелиминарните преговори меѓу агентот на Нејмар и Барселона околу враќањето на одличниот бразилски фудбалер на Камп Ноу следното лето како слободен играч. 🚨 Neymar wants to return to ...
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо се соочува со можна суспензија до шест месеци откако Турската фудбалска федерација отвори дисциплинска постапка против него поради „неспортско однесување“ и „навредливи коментари“ за време и по дербито против Галатасарај. По ремито 0-0, Мурињо изјави дека играчите на противничката екипа „скокаат како мајмуни“ на клупата, што Галатасарај го окарактеризира како расистички коментар. Клубот најави поднесување ...
Интер Мајами го совлада Спортинг Канзас Сити со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ минатата недела, а судијата на тој натпревар, Марко Ортиз, доби голема суспензија поради интеракција со Лионел Меси на крајот од натпреварот. Имено, по крајот на натпреварот, мексиканскиот судија ги поздрави сите играчи, а потоа го запре Меси и му побара автограм. Управното тело на фудбалот во Северна и Централна Америка ...
Лидерот во македонската Суперлига, тимот на Алкалоид в сабота ќе го одигра реваншот со Бриксен во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп. По убедливата победа (44:32) на првата средба во Италија, македонскиот претставник е речиси во четвртфиналето. Сепак, тренерот Кирил Лазаров бара од своите избраници максимален пристап и на реваншот и во ниту еден момент да нема потценување на ривалот. – Неочекувана висока победа на првиот натпревар против ...
Секогаш темпераментниот Жозе Мурињо повторно „блесна“ на прес-конференцијата откако неговиот Фенербахче ремизираше на гостувањето кај Галатасарај во дербито од сезоната на турската Суперлига. Иако на Фенербахче му требаше повеќе победа бидејќи e зад лидерот Галатасарај кој има шест бода на врвот на табелата, Мурињо е задоволен од ремито 0-0 бидејќи неговиот тим играше на гости. За разлика од речиси секој претходен меч, овојпат португалскиот ...
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го собори својот рекорд за најмногу порази во една сезона. Манчестер сити викендот на домашен терен загуби од Ливерпул (0:2) во 26. коло од Премиер лигата. Менаџерот на Сити го загуби својот 14-ти натпревар оваа сезона. Ова е неговиот најлош рекорд во целата негова тренерска кариера. Претходно „Граѓаните“ загубија од Тотенхем (1:2), Борнмут (1:2), Спортинг (1:4), Брајтон (1:2), Тотенхем (0:4), Ливерпул ...
Легендарниот бразилски напаѓач Нејмар конечно се враќа во вистинската форма, а доказ за тоа е натпреварот од 12. коло на бразилското првенство против Интер де Лимеира, каде постигна гол и запиша две асистенции. Тој во деветтата минута од натпреварот му асистираше на Тикињо Соареш за водство на Сантос, а во 27. минута дојде најдобриот момент на натпреварот. Навивачите на домашната екипа погрдно го скандираа неговото име при изведувањето на ударот ...
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва загуби од Спортинг во Лисабон со 30:24. Ова беше натпревар од 11. коло на Лигата на шампионите по кое битолчани го запишаа седмиот пораз. Португалскиот тим победата ја обезбеди во последните 15-ина минути кога со серија од три последователни погодоци стигнаа до водство 25:20. На „Пелистерци“ не им оди во прилог денешната победа на Висла на гости против ПСЖ (31:28). Со оваа победа Висла го ...
Ноќеска во Сан Франциско заврши НБА Ол-стар викендот, а најголемото воодушевување кај навивачите во Центарот Чејс предизвика 18-годишниот студент Јарен Барахас, кој во конкуренција против Демијан Лилард освои 100.000 долари. Best part of the #NBAAllStar Game? Mr. Beast challenged a fan named Jaren to hit one logo shot — before Damian Lillard hit 3 of them — he did and won 100 K… 🏀💰 pic.twitter.com/Sfne9Wlwrc — Jennifer X. Williams ...
Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс подготвен е да им помогне на соиграчите од националниот тим во походот кон Евробаскет 2025. Возбуден е што пак ќе игра за Македонија и се надева дека ќе помогне за победа над Естонија и Полска. -Мене ми е исто дали играм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено (Димитријевиќ) е лидер на тимот, а јас ќе го дадам се за да му помогнам и да го симнам товарот од него. Не сакам да зборувам ...
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Ромарио (59), повторно се најде во центарот на вниманието на бразилската јавност поради љубовниот живот. Најдобриот светски фудбалер за 1994 година, по избор на ФИФА, се женеше три пати и има седум деца, од кои едното е вонбрачно, а со години беше во друштво на помлади жени. Сепак, неговата последна врска привлече големо внимание бидејќи избраничката на неговото срце е 21-годишната ...
Со одигрувањето на денешните пет натпревари, комплетирано е 20. коло на Првата македонска фудбалска лига. Шкендија го совлада Силекс и ја зачува предноста пред Работнички на врвот на табелата. Постигнати резултати: АП Брера – Шкупи 1:2 Беса – Гостивар 0:0 Работнички – Воска 1:0 Шкендија – Силекс 4:2 Тиквеш – Пелистер 1:2. Вчера, Струга – Вардар 0:2. Табела: Шкендија 43 бода, Работнички 40, Гостивар 39, Силекс 38, Струга 32, Шкупи 28, Пелистер ...
Денеска на натпреварот помеѓу Верона и Фиорентина (1:0) видовме вознемирувачка сцена во која настрада напаѓачот на гостинската екипа Моисе Кин. Moise Kean’in kafasına darbe aldığı pozisyon. 😳 pic.twitter.com/ktPPsEjJfB — Kapitano Sports (@kapitanosport) February 23, 2025 Имено, во средината на вториот дел, Кин се судри со играчите на Верона, Павел Давидович и Диего Копола и тешко повреден падна. Кин бил изнесен надвор од теренот, а откако ...
Довчерашниот лидер Наполи се „удави“ на стадионот „Џузепе Синигалија“ во близина на езерото Комо. Истоимениот домашен тим го совлада тимот на Антонио Конте со 2:1, со што му овозможи на Интер по вчерашната победа над Џенова да го запоседне врвот со еден бод предност. Мрежата на гостите се затресе уште во 7-та минута кога Рахмани постигна автогол. Десет минути подоцна следуваше израмнување преку Распадори, а Комо до победата дојде по голот на ...
Англискиот премиерлигаш Тотенхем испрати мејл до сите водечки светски медиуми со барање никој повеќе да не ги нарекува Тотенхем. Имено, целосното име на клубот е Фудбалскиот клуб Тотенхем Хотспур, а челниците на клубот побарале од медиумите нивниот клуб да го нарекуваат Тотенхем Хотспур, или скратено Спарс. „Тотенхем Хотспур Ф.Ц. им се обраќа на медиумите во врска со именувањето на клубот. Ве молиме наведете го клубот првенствено како Тотенхем ...
Фудбалерите на Ал-Наср во петокот одиграа домашен натпревар против Ал-Етифак, а една сцена од загревањето стана хит на социјалните мрежи. Cristiano Ronaldo's reaction after seeing his "lookalike" in the stands. 😭🤍 pic.twitter.com/HfCfJhJmcF — Skye Sports Premier League (fan) (@skyeepl) February 22, 2025 Имено, додека се подготвувал за натпреварот, Кристијано Роналдо на трибините покрај теренот видел човек кој неодоливо личи на него, а носел ...
Шампионот Струга Трим Лум во продолжение на сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде предводена од друг тренер. Досегашниот шеф на стручниот штаб, Ќатип Османи поднесе оставка по вчерашниот пораз од Вардар. – Ќатип Османи повеќе нема да го води тимот на Струга Трим Лум. По слабите резултати, особено на стартот од пролетната сезона, тетовскиот стратег поднесе оставка од селекторската функција, а истото го прифатија и челниците на ...
Поранешниот фудбалер на Феенорд, Робин ван Перси, стана главен тренер на тимот, објави клупската веб-страница. Договорот на 41-годишниот фудбалски стручњак е до летото 2027 година. Ван Перси претходно работеше со младинските тимови на Феенорд и беше на чело на Херенвен. По 23 кола Феенорд е на третото место во холандскиот шампионат со 43 бодови. На 5 и 11 март тимот од Ротердам ќе игра со Интер во осминафиналето на Лигата на шампионите. ...
Попладнево беа извлечени паровите во осминафиналето од ЛШ. Најатрактивни двојки во оваа фаза се оние помеѓу ПСЖ и Ливерпул, и Реал Мадрид против Атлетико Мадрид. Еве ги комплетните двојки во осминафиналето. ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД ФЕЕНОРД – ИНТЕР БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЛИЛ КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА ПСВ АЈНДХОВЕН – АРСЕНАЛ БАЕРН МИНХЕН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА Осминафиналните дуели се на 4-ти и 5-ти март со реванши ...
Екстремниот студ ги зафати фудбалските терени ширум САД, каде сезоната почна во изминатите два дена, а играчите имаат сериозни проблеми да се навикнат да играат во такви околности. Así de CONGELADA quedó la barba de Olivier Giroud en el partido que jugaron Colorado Rapids y Los Angeles FC con 15 GRADOS BAJO CERO. pic.twitter.com/loFqCZMRJU — Pablo Giralt (@giraltpablo) February 19, 2025 Утрово имавме можност да гледаме натпревар во кој Лионел ...
Турскиот тим Фенербахче под водство на Мурињо се пласираше во осминафиналето откао на реваншот во Брисел против Андерлехт одигра 2:2, бидејќи првиот меч заврши со победа од 3:0. Немили сцени имаше на трибините, се степаа навивачите на двата тима, а работа имаше и за обезбедувањето по крајот на мечот кога летаа тврди предмети кон теренот. oevlatları ya direkt oldurmeye tesebbüs bu bakalım uefa bunlara hakkettigi cezayi verecek mi yoksa Türkler'e ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе направи чистка во летниот преоден рок, па дури осум играчи ќе ги напуштат „граѓаните“. Имено, Сити во текот на летниот преоден рок во своите редови ќе има дури десет играчи над 30 години, меѓу кои и Џек Грилиш, кој во септември ќе наполни 30 години. Дејли Стар пишува дека дури осум фудбалери ќе го напуштат клубот од Етихад во летниот преоден рок, а тоа се играчите Матео Ковачиќ, Кевин де Брујн, ...