Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Интер Мајами беше поразен од Нешвил со 4-1 во МЛС. Првата ѕвезда на тимот од Флорида, Лео Меси, беше стартер за прв пат по смртта на неговиот татко и не направи ништо – промаши пенал со Нешвил што водеше со 1-0. Тоа беше момент што многу влијаеше на конечниот исход на натпреварот. Во 23-тата минута, Аргентинецот се најде лице в лице со голманот на домашниот тим, шутираше во долниот десен агол, но голманот на противникот скокна токму таму. ...
Со вечерашниот меч Алавес – Хетафе стартуваше новата сезона во Ла Лига, и веднап убедлив триумф на домашните и тоа со 3:0. Интересно, до 73.минута резултатот беше 0:0 за да Тенаља стрела за 1:0 со што се запиша како стрелец на првиот гол во сезоната 2026/27 во една од најсилните лиги во светот. И така беше 1:0 се до 90+2.минута кога Диаз зголеми на 2:0, а Родригез две минути подоцна ги постави конечните 3:0. Да кажеме и тоа дека гостите играа ...
Машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија на 14-то место го заврши настапот на ЕП, Б дивизија. Ѓакедонските кадети остварија три победи и претрпеа пет порази. Во последниот натпревар одигран денес за пласман на 13. место, нашите млади кошаркари загубија од Бугарија со 62-102. Коневски и Зунзуровски имаа по 13 поени, Котевски 11, додека Шабани 10 поени. Машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија на 14-то место ...
Поранешната фудбалска звезда Драган Стојковиќ Пикси ќе стане селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави само еден услов пред фудбалската асоцијација на оваа земја, а тоа е долгорочен договор. „Вистина е дека сум заинтересиран да ја преземам репрезентацијата на Јужна Кореја, но тоа ме интересира само ако добијам долгорочен ангажман, а не да бидам в.д.селектор“, ...
Во американското финале на Мастерсот во Монтреал Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6:3 и 7:6(4)) го совлада Брендон Накашима. Ова за него е втор освоен Мастерс 1000 и вкупно седма титула во кариерата. Ова беше прво американско финале на Мастерс 1000 по Синсинати 2003 година. – Да се игра на начинот на кој играв оваа недела е навистина добро. Особено е добро е што не изгубив ниту еден сет, мислам дека тоа многу зборува за трудот што го вложив, но ...
Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-та од овогодинешното Мото ГП првенство. Шпанецот со оовј триумф стави крај на доминацијата на Дукати во спринтот во Силверстоун. Мартин го забележа својот трет триумф во саботните трки оваа сезона. Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до него, задоцни две секунди. На третото скалило на подиумот ...
Пред големото финале кое следи на 54-то издание на традиционалниот меѓународен турнир „Струга 2026“, Прилеп и домаќинот на турнирот го одиграа натпреварот за третото место, а на крајот поуспешни испаднаа гостите со резултат 28:30. Никола Шипинкоски беше најефикасен со шест гола во победничкиот тим, еден помалку постигна Стојановски, а играч на мечот најверојатно беше голманот Трајковски кој запиша 13 одбрани. Пред големото финале кое следи ...
Младиот дефанзивец импресионираше со своите настапи на СП, а како играч кој побара трансфер уште на крајот на минатата сезона. Италијанскиот првак остана без две планирани засилувања како Палестра и Ромеро, но успеа во целост да го аврши трансферот на Спенс. Угледните медиуми од Италија и Англија информираат дека трансферот достигнува 35 милиони евра со вклучени сите бонуси, а Спенс ставил потпис на петгодишен договор. За секоја сезона треба ...
Бредли Бил и Лос Анџелес клиперс постигнаа договор за продолжување на соработката, потврди неговиот агент, Марк Бартелштајн. Ветеранот ќе потпише двегодишен договор вреден 13,2 милиони долари, со опција за играч за втората сезона. Претходно тој ја одби опцијата од 5,6 милиони долари и го тестираше пазарот на слободни агенти. За неговите услуги интерес покажа и Мајами хит, но тој, сепак, одлучи да остане во Лос Анџелес. Бил следната сезона ќе ...
Познати се финалистите на 54. издание на Струшкиот ракометен турнир. Во третиот натпреварувачки ден, екипата на Вардар рутински обезбеди место во големото финале каде ќе се соочи со Охрид. Од друга страна, домаќинот Струга приреди вистинска драма во СЦ „Тими“, откако денешните натпревари беа преместени од отвореното игралиште поради дожд, и во неизвесен финиш славеше над српска Дубочица Лесковац. Екипата на Вардар ја запиша и втората победа ...
Победи за Силекс и Шкендија Арачиново на денешните дуели од третото коло од Првата фудбалска лига. Силекс во вториот дел успеа да го „скрши“ отпорот на Скопје и славеше со 3:0, додека новиот прволигаш Шкендија Арачиново направи изненадување и го совлада Тиквеш на негов терен со 1:0. Во Кратово домашниот тим поведе во 48.минута преку Есмир Хасукиќ. На 2:0 во 60.минута зголеми Никола Богдановски од пенал, а поради втор жолт картон натпреварот ...
Возбудувањата на македонската ракометна сцена продолжуваат во соседниот Охрид, каде следната недела ќе се одржи турнирот „Крсте Андоновски“. Денеска беше објавен и комплетниот распоред на натпреварите, а Македонија ќе има два претставника, Вардар и домаќинот Охрид, кој ќе се обиде да го одбрани трофејот освоен минатата година. „Црвено-црните“ се дел од групата Б, каде што ќе ги одмерат силите со Нексе, Олимпијакос и Тимо Требње. Охрид, пак, е ...
Атлетико Мадрид се засили со репрезентативецот на Аргентина, Кристијан „Кути“ Ромеро. Светскиот првак со Аргентина во 2022 година потпиша договор со „јорганџиите“, до летото 2031 година. Тимот на аргентинскиот стручњак Диего Симеоне сега брои четворица од редовите на „албиселесте“ – тука се неговиот син Џулијано Симеоне, резервниот голман Хуан Мусо и Хулијан Алварез, кој остана во Атлетико и покрај тоа што изрази желба да замине во Барселона. ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, се струполи на теренот, во финишот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој беше еден од стрелците за домашниот тим, ги загрижи сите на стадионот во тој момент. Падна, во еден момент дури и ја изгуби свеста, а сè изгледаше крајно драматично. За среќа, брзо се освести благодарение на експресната интервенција на медицинскиот тим на Баварците. Мусијала, очигледно, ...
Попладнево, екипата на ПСЖ и официјално го претстави досегашниот играч на Барселона, Феран Торес, како свој нов член. Светскиот шампион со Шпанија, пристигна во Парис откако со недели беше најавуван ваков развој на настаните. Торес потпиша петгодишен договор до 2031. година со назнака дека за него се платени цели 50 милиони евра. Со неговото доаѓање, следува и заминување на Бредли Баркола кој што има две сериозни понуди од Премиер лигата во ...
Рафаел Леао дефинитивно ќе го напушти Милан овие денови, останува да се види кој клуб ќе го избере за да ја продолжи кариерата, тврдат италијанските медиуми. Многу се очекуваше од Леао во Милано и тоа не беше без причина, но се чини дека напаѓачот никогаш целосно не го покажа својот потенцијал. Со текот на времето, се создаде негативна енергија во односот помеѓу играчот и клубот, а ситуацијата ескалираше ова лето кога новиот тренер Рубен ...
Според извештаите, продажбата на франшизата на Џош Кушнер и на поранешниот извршен директор на „Дизни“, Боб Игер, е договорена. Токму блискоста на Пол со Игер го прави поранешниот НБА-плејмејкер име што треба да се следи. Новинарката Рамона Шелбурн го посочи Пол како можна фигура во новата структура на Лејкерс. – Крис Пол му е многу близок пријател на Боб Игер. Тој беше негов ментор. Не знам што значи тоа, но очекувам дека ќе проговори – ...
Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува Инфантино зад сцената по скандалот што го потресе францускиот фудбал. Молина тврди дека целата ситуација се одвива далеку од очите на јавноста, односно без отворено да ги искаже своите ставови пред ...
Откако ја напушти Саудиска Арабија, каде што играше за Ал Наср во последните три години, Марсело Брозовиќ се враќа во Европа и има голем број понуди на маса за да ја продолжи кариерата. Сепак, понудите што ги доби досега не се задоволителни. Брозовиќ бара предизвик во најдобрите лиги во Европа, а сега е на пат да го добие она што го сака. Услугите на 33-годишниот играч од средниот ред му се понудени на Јувентус во Торино. Соработката би ...
Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше да биде дел од неговиот актуелен тим, Парис, и каде што имаше активен договор. Како што велат информациите, Имобиле ова го прави пред се поради семејството кое секако му е најважно. Имобиле цели 17 години играше ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја идентификуваше потребата за нов централен напаѓач откако пропадна можноста за ангажман на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Во тој контекст, лондонскиот клуб стапил во контакт со турскиот шампион Галатасарај откако од Истанбул бил покажан интерес за ангажман на бразилското крило Габриел Мартинели, за чии услуги била понудена сума од 45 милиони евра. За време на разговорите меѓу раководствата, темата се ...
Кошаркарската федерација на Македонија на 24 и 25 август 2026 година во Скопје ќе организира задолжителна тренерска клиника, посветена на континуирана едукација и професионално усовршување на македонските тренери. Клиниката носи богата програма и предавања од реномирани стручњаци, меѓу кои Светислав Пешиќ, Хосе Мариа Берокал (селектор на Македонија) и Саша Грујиќ. Темите опфаќаат дефанзивна и офанзивна транзиција, позициона одбрана, развој на ...
Македонската кошаркарска кадетска репрезентација со пресврт стигна до победа на денешниот дуел против Унгарија на Европското првенство дивизија Б во натпревар за пласман од 13-16.место. Македонските кадети постигнаа убедлива победа – 95:76. По изедначената прва четвртина, во вториот период унгарската репрезентација постигна 32 поена и во финишот на првиот дел имаше предност од 18 поени (51:33). Но, ако македонската селекција за десет минути ...
Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. – За мене претставува посебна чест и задоволство што Ракометната федерација на Македонија прави уште еден значаен чекор напред и што, заедно со ...
Досегашниот дефанзивец на тимот на Интер, Давиде Фратези и официјално е дел од екипата на Лацио. Фратези всушност заминува на позајмица со задолжитежна опција за откуп на тимот на Лацио и тоа првично беше и пречката поставена од страна на Серија А. Сепак, административните проблеми беа бргу решени меѓу двата тима, и Фратези се пресели во Рим. Фратези инаку во Интер пристигна пред три години од Сасуоло во трансфер вреден 35 милиони. Имаше ...
Тимот на Милан летово реши да го доведе Рубен Аморим за прв тренер, а тој пак, како и секој реномиран стратег, прво што направи е листа на играчи на кои што не смета повеќе. Тоа во Милан значи дека неколкус ериозни ликови во соблекувалната ќе мора да си најдат нова дестинација, а медиумите веќе шпекулираат и со имиња. Прв на листата е Фикајо Томори, англичанецот кој досега имаше сериозна улога во тимот. Како втор Кристофер Нкунку, уште еден ...
Дел од шпанските медиуми пренесоа дека Барселона остварила контакти со Луис Суарез како „опција Б“ за напаѓачката улога во тимот, но неколку часа подоцна, пристигна демант од клубот преку медиумите кои се најблиски до фудбалската структура на Барса. „Спорт“ категорично потенцираат дека Барселона не стапила во контакт со колумбискиот напаѓач на Спортинг Лисабон и дека не планира да го активира како втора опција во нападот, особено во ситуација ...
Фудбалерите на Арсими ја постигнаа првата победа откако попладнево во првиот дуел од 3.коло на домашен терен го победија Башкими со 1:0. Единствениот гол беше постигнат во 82.минута, а стрелец беше Колумбиецот Диего Контрерас. Арсими ги освои првите бодови во новиот шампионат, додека Башкими го претрпе третиот пораз. Утре се играат два дуела, а двојките се: Силекс – Скопје, Тиквеш – Шкендија Арачиново. Во недела се игра дербито меѓу Струга ...
Париз Сен Жермен постигна начелен договор со Ајакс за трансферот на Мика Годтс. Според Фабрицио Романо, вкупната вредност на трансферот изнесува 55 милиони евра, а холандскиот гигант ја прифатил новата понуда на парижаните. Сега останува двата клуба да ги потпишат документите и трансферот да биде официјализиран. Фудбалерот имаше одлична сезона лани, во која постигна 17 гола и запиша 12 асистенции во Ередивизие. Тој настапи во првите три ...
Договорот ќе биде вреден околу 2.000.000.000 долари, за малцински удел Американскиот магнат и основач на Амазон, Џеф Безос, дефинитивно ќе купи малцински удел во Ливерпул, потврди познатиот англиски клуб. Сопствениците на Ливерпул се согласија да продадат околу една третина од клубот на конзорциум во кој е вклучен и Џеф Безос и ќе учествува во инвестициска група предводена од Амит Батија, зет на милијардерот за челик Лакшми Митал и до ...