
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



На 20 и 24 декември од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент e гостинот од Ерменија Едуард Амбарцумјан, сценограф е Андреј Злобин, а костимографка е Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Климент Тодороски. Во улогите на Китри и Базил на 20 декември ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија, а ...
Анџелина Џоли ретко зборува за својата приватност. Но, во новото интервју за Би-Би-Си, холивудската ѕвезда искрено зборуваше за своето искуство од работа на сет со нејзините најстари синови, велејќи дека ја гледаат болката што таа обично ја крие од нив. Џоли глуми во новиот биографски филм „Марија“ за оперската пејачка Марија Калас. Две од нејзините шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, Медокс и Пакс, ги презедоа улогите на продукциски ...
Концертот што Владо Јаневски требаше да го одржи на 27 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје се одложува за пролет 2025, објави „Авалон“. „Поради новонастаната здравствена состојба на Владо Јаневски, по која нема стопроцентна сигурност дека ќе биде способен да го одржи закажаниот концерт на 27 декември, како и поради одредени технички причини кои ги има овој проект во моментов, заедно со Владо донесовме одлука концертот да се одржи во ...
Вториот албум на кларинетистот Благој Ламњов „Носталгична љубов 2“ е објавен на музичките платформи и може бесплатно да се преземе. Македонскиот фолклор е, меѓу другото, инспирација и за овој албум, како и на првиот „Носталгична љубов“. „Фокусот е ставен на кларинетот, користејќи ја убавата западна класична традиција, притоа задржувајќи ги македонските народни орнаменти“, вели кларинетистот. Ламњов е по потекло од Велес, а долги години живее во ...
Поп-пејачката Ивона Јо сними спот за баладата „Себично“, една од најслушаните песни од овогодинешниот Макфест. Видеоспотот е во продукција на „2бy4“ и во режија на Ени Вучидолова. „Оваа песна е за едно време кога ‘себично’ ја чував болката во себе и за себе. За едно време кое зеде сѐ од мене, за да се пронајдам себеси. Оваа песна ми ја исцели душата, вадејќи ја секоја негативна емоција од мене. Сакам да допрам до слушателите и публиката. Толку ...
Со концертот во Бруклин, поп-ѕвездата Мараја Кери ја заврши божиќната турнеја. Во публиката имаше многу нејзини колеги, меѓу кои и Ријана. Кери ѝ се потпиша на Ријана на градите на нејзино барање. „Марија Кери ми ја потпишува градата“, рече Ријана. Продолжувањето на божиќната турнеја дојде откако Кери објави дека била принудена да откаже три концерти затоа што имала грип. Откако првпат ја најави турнејата од 20 датуми во август, Кери го имаше ...
„Сони“ објави трејлер за „Карате кид: Легенди“, ново поглавје во серијалот за боречки вештини, што доаѓа во киносалите на 30 мај. Ова продолжение ги обединува Ралф Мачио, кој го глумеше Даниел ЛаРусо во оригиналниот филм од 1984 и Џеки Чен, кој го играше Хан во римејкот од 2010. Двајцата сега имаат нов ученик – Ли Фонг (Бен Ванг). Ванг беше откриен откако Мачио и Чен објавија светска потрага по актер кој ќе го игра Ли Фонг, а на аудицијата се ...
Публиката во Малата сала на Филхармонијата сношти (16 декември) на нозе ги испрати Битолскиот камерен оркестар и пејачките Наде Талевска, Јасна Димитровска и Елена Васова на концертот „Скопје го среќава Холивуд“. На традиционалниот предновогодишен концерт, кој го организира Македонско-американската алумни асоцијација, се свиреа најубавите песни од холивудските хитови и неколку од македонски филмови. „Замислете си песна од филм кој најмногу го ...
Легендарниот Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во реновираниот „Сава центар“ во Белград, кој беше исполнет докрај. Прославениот музичар заедно со бендот одржа еден вид мастерклас и на верната публика ѝ се одолжи со концерт за паметење, пишуваат српските медиуми. Влатко Стефановски се појави пред спуштената завеса и го отвори концертот со познатата „Приспивна за Радмила М.“ (Uspavanka za Radmilu M.), по ...
Третата сезона на популарната серија на „Ејч-Би-О“, „Белиот лотус“, премиерно ќе почне да се прикажува од 16 февруари. Според првиот трејлер од 90 секунди, ќе има исто толку интриги, тајни и критики на општеството како во првите две сезони, овојпат на плажите во Тајланд. Марк Вајт, креаторот на серијата која доби 15 награди Еми, овојпат ги носи жителите на западот да се запознаат со духовноста на истокот. Во третата сезона играат Џејсон Ајзакс, ...
Оркестарот на АРМ вечерва (17 декември) од 20:30 часот ќе одржи предновогодишен концерт во Филхармонијата со музичари од вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД. На концертот, кој оваа година се одржува под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, ќе се изведе репертоар од Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, како и композиции од композитори од земјите на учесниците. Концертот е во организација на ...
Еден од најпопуларните домашни рапери Тонио Сан повторно ќе го издаде неговиот дебитантски албум „Цветот на светот“, кој првично излезе пред 20 години. Промоцијата ќе се одржи на 21 декември во музичката продавница „Рестарт“ во Градски трговски центар во Скопје и ќе трае од 16 до 19 часот. Албумот ќе биде објавен на цеде и ќе содржи бонус песна, која била снимена пред 20 години, но не се нашла на оригиналното издание. „Овој декември е јубилеј од ...
На 19 декември од 20 часот, Оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи виолинистката Алена Баева од Луксембург. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев и Симфонија бр. 8 од Дмитри Шостакович. Табаков се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори, свири контрабас и има дипломирано ...
Денеска (16 декември) во 20 часот, во Националната галерија објект Мала станица во Скопје ќе се отвори самостојната изложба на мултидисциплинарната уметница Мила Добревска, насловена „Ескапизам: Меморијата и идентитетот”. Мила Добревска (1999) неодамна магистрираше на Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија со специјализација во современ мозаик. Досега учествувала на бројни групни изложби и натпревари на интернационално ниво и има ...
Брајан Кренстон и Џејн Качмарек потврдија дека хумористичната серија „Малколм во средина“ (Malcolm in the Middle) ќе се врати со дел од оригиналната постава по цели 19 години. Покрај нив, својата улога ќе ја репризира и насловниот лик Френки Муниз, кој сега има 39 години. „Го чекав овој момент 18 години. Ајде да видиме каде се Малколм и неговото семејство сега“, изјави Муниз. Стримиг платформата „Дизни+“ нарача четири нови епизоди и навести што ...
Весел детски концерт одржа Националниот џез оркестар во Филхармонијата на 15 декември. Во празничен дух, џезерите ги свиреа најпознатите новогодишни и божиќни песни за најмладата публика. Овојпат, како солисти гостуваа млади пејачи: Лена Илиевска, Алексеј Ивановски, Нела Манческа, Ирина Давидовска и Бисера Мојаноска. Дел од гостите беа и хорот при ООУ „Дане Крапчев“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев и балетското студио за класичен балет и ...
Хрватската поп-ѕвезда Северина својата последна песна „Така е, сине мој“ им ја посвети на српските студенти кои протестираат и ги блокираат Универзитетите барајќи одговорност за смртта на 15 лица во Нови Сад откако на 1 ноември годинава падна настрешница на реновираната Железничка станица. Текстот, како што рече, самата го напишала во моментот кога Врховниот суд на Хрватска повторно ѝ го одзема старателството над синот, но поттикната од ...
Традиционалниот новогодишен концерт во Филхармонијата ќе се одржи на 26 декември од 20 часот. Популарни класични дела ќе свири оркестарот на Филхармонијата, а концертот е насловен „Слушни! Доаѓа Новата…“ На репертоарот се увертирата на „Кармен“ од Бизе, „Танцот на цвеќињата“ од балетот „Оревокршачка“ од Чајковски, и неколку познати дела од Јохан Штраус како „Виенска крв“, оп. 354, „Царски валцер“, оп. 437 „На убавиот син Дунав“, оп. 314 „Радецки ...
Архитектонското студио „Хоба дизајн“ најави изградба на станбениот комплекс „Марбела“, инспириран од шпанскиот град кој ќе содржи серија вили во Келарабад, Иран. Во обид да направи поодржлива алтернатива на типичен станбен блок, комплексот од 38.477 квадратни метри ќе биде составен од вили кои се базираат и на „регионалната архитектура и на локалните закони за животна средина“. „Шаблонот се промени од модел на стан во вили наредени една врз ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ оваа година слави голем јубилеј 75 години постоење, и ќе одржи новогодишен концерт на 22 декември, во Националната опера и балет од 19 часот. На концертот ќе бидат изведени многу музичко-сценски бисери од богатата фолклорна ризницата на „Танец“, од различни периоди на делувањето на ансамблот, ора и кореографски постановки како „Тешкото“, „Женско чамче“, „Драчевка“, „Свадба“, „Два танца“, ...
Луксузните хотели нудат гламурозен начин за разубавување на божиќната и новогодишната сезона, без разлика дали е за ноќевање или за елегантен попладневен чај. Си-Ен-Ен направи избор од најинтересните и најскапи новогодишни хотели во светот. Еден од нов е „Фајр армс“ во Браемар, Шкотска. Риболовот и пешачењето се популарни активности во ова одморалиште од 19 век полно со антиквитети. На Бадник, ирвасите парадираат низ селото додека во хотелот се ...
Музејот на уметноста „Метрополитен’ во Њујорк ги објави првите рендери на своето обновено крило за модерна и современа уметност, проект вреден 550 милиони долари кој се протега на околу 126.000 квадратни метри. Дизајниран е од Фрида Ескобедо, првата жена архитект која дизајнирала крило во музејот во 154-годишната историја. Изградбата на крилото „Танг“ во чест на Оскар Л. Танг и Х.М. Агнес Хсу именувано во чест на двојката која донираше 125 ...
„Признај“ е првата песна на младата поп-пејачка Луна Бејков која излезе во продукција на регионалното шоу „ИДЈ“. Луна Бејков е учесничка во белградското шоу во новата сезона, и досега имаше повеќе успешни настапи. Во жирито е и македонскиот продуцент Дарко Димитров, а досега за нејзините настапи жирито коментираше дека се уникатни. Осумнаесетгодишната Луна Бејков веќе две години е дел од актерската екипа на популарната тинејџерска ТВ серија „Тин ...
Поп-пејачот Дарко Илиевски кој седум години живее во Америка, за десет месеци ослабел 65 килограми, откако минатата година, на крајот на ноември, завршил во болница. Од 152 килограми, сега има 87. Илиевски беше еден од нашите најпопуларни млади поп-пејачи, и уште се слушаат неговите песни „Едно тело“- дуетот со ДНК, „Бори се за неа“, „Да ти биде срам“. „Неколку дена пред да завршам во болница имав проблем со ногата и примив инекција со кортизон, ...
Денес (14 декември) во 20 часот во киносалата на Кинотеката ќе има специјална проекција на кратките филмови изработени од страна на младите филмаџии – учесници на работилницата „Филмска училница ФИЛМЕЈ“ која е во организација на Кинотеката на Гете институт – Скопје, а е дел од меѓународниот проект ФилмЕД. Кратките филмови „Агент Блу“ на Јана Денковска, „Колач“ на Костадин Тасевски и „Фејктопија“ на Максим Котески и Алек Дуковски ќе бидат ...
Светското фудбалско првенство во 2034 година ќе се игра во Саудиска Арабија, која вети дека ќе изгради уникатни стадиони и кажа дека сите се добредојдени. И покрај тоа што 11 од планираните 15 стадиони, како и еден град-домаќин сѐ уште не се изградени, кандидатурата на Саудиска Арабија не наиде на противење, освен веќе познатите забелешки за (не)почитувањето на човекови и работнички права во земјата. „Тие имаат огромен потенцијал и несомнено ќе ...
Осум години по објавувањето на албумот „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски, „Кроација рекордс“ повторно ќе го издаде на винил. Песните се ремастерирани од Горан Мартинац во студиото на „Кроација рекордс“. Стефановски рече дека иако бил исклучително продуктивен во текот на неговата кариера, она што отсекогаш ѝ недостигало на неговата дискографија бил гитарски соло албум како „Мајчин јазик“. Легендарниот гитарист кажа дека за само неколку дена ...
Хрватскиот биографски филм за кошаркарската легенда Дражен Петровиќ насловен „Дражен“, во режија на Данило Шербеџија, почна да игра во скопските кина Синеплекс и Милениум. Филмот го следи животот на кошаркарскиот гениј кој израснал во Шибеник, а потоа ги освоил Европа и САД. „Низ призмата на неговите најважни животни моменти, филмот ги истражува непопустливата одлучност на Дражен, длабоката поврзаност со неговото семејство и огромната страст за ...
На 15 декември во Филхармонијата, Националниот џез оркестар ќе одржи новогодишен детски џез концерт на кој ќе се свират најпознатите новогодишни композиции. Од НЏО најавуваат дека на концертот ќе учествуваат младите музичари Лена Илиевска, Алексеј Ивановски, Нела Манческа, Ирина Давидовска и Бисера Мојаноска, хорот при ООУ „Дане Крапчев“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев и балетското студио за класичен балет и модерен танц „Балерина” ...
Денеска (13 декември) од 20 часот, во Театар Комедија ќе се изведе премиерата на претставата на Турскиот театар „Слепци“, работена според истоименото дело на Морис Метерлинк и книгата ,,Погубни идентитети” од Амин Малуф. Претставата ќе има титл на македонски јазик. Режисер е Ќендрим Ријани, музиката е на Емрах Џемаили, а костимите на Медина Хоџа и Маја Ѓуреска. Играат Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин ...