
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Танцовото студио „Денсерс јунајтед“ по десетти пат ја одржа инклузивната претстава „Мјузикл“ по повод Светскиот ден на лицата со попреченост. На сцената на МНТ танцуваа, пееја и свиреа лица на возраст од 4 до 44 години. „Претставата со инклузивни точки по хип-хоп, балет и латино танци ја истакна убавината на различноста и заедништвото. Преку танц, музика и емоции сцените ја раскажаа приказната за едно дете кое ги истражува животните фази, од ...
Раде Шербеџија ќе одржи концерт во Скопје на 1 февруари, во Филхармонијата од 20 часот, објави „Авалон“. Хрватскиот пејач и актер со холивудска слава доаѓа во Скопје со проектот „Поради тебе, поради себе, поради другите“ (Због тебе, због себе, због других) со репертоар од сите негови хитови, меѓу кои и „Не се давај Инес“ (Ne daj se Ines). Шербеџија ќе настапи со неговиот бенд „Западни колодвор“. Тој ќе биде гостин во Скопје и на 9 декември, на ...
Се одложува Турбо рок фестивалот кој требаше да се одржи на 14 декември во Скопје, во салата „Јане Сандански“, објави „Авалон“. „Од технички причини фестивалот со Неле Карајлиќ, ‘Ван Гог’ и ‘Ју група’ се презакажува за напролет 2025. Сите влезници купени на ticketx.mk ќе бидат автоматски рефундирани, додека за влезниците купени во некое од нивните продажни места потребно е да се обратите на истите за рефундација“, велат од „Авалон“. Новиот датум ...
Вечерва (5 декември) од 20 часот, по 100. пат ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“. Таа имаше премиера во април 2017 и седум и пол години билетите за неа бргу се распродаваат. Во режија на Александар Ивановски, претставата е работена по текст на британскиот автор Џо Пенхол. Улогите ги толкуваат Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски. Приказната е за двајца ...
Три први места се доделени на 28. Ликовна работилница за ученици со попреченост, организирана од основното училиште и ресурсен центар „Маца Овчарова“ во Велес. Тоа се Фатбарл Воца од ОУ „Даме Груев“ од Градско, Билјана Николовска од ОУ „Васил Главинов“ од Велес и Елифнур Дурмаз од Турција. За ваквата одлука жирито се одлучило поради добриот квалитет на изработените цртежи. „Со оваа работилница го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со ...
Вредноста на биткоинот за првпат надмина 100.000 долари, што е поттикнато од надежите дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе води пријателска политика кон криптовалутите. Магичната граница беше надмината откако Трамп го назначи Пол Еткинс за нов шеф на Агенцијата за хартии од вредност и берзи, кој е голем заговорник на криптовалутите. Вредноста на биткоинот порасна за 6% во еден ден и во еден момент достигна до 103.619 ...
Бијонсе е најголемата поп-ѕвезда на 21. век, објави „Билборд“, победувајќи имиња како Тејлор Свифт, Леди Гага и Дрејк. Во образложението, уредничкиот колегиум на „Билборд“ вели дека ја избрале Бијонсе „врз основа на нејзиното 25-годишно влијание“. „Големината на Бијонсе како поп-ѕвезда е во тоа што можете да ја гледате на сцената половина минута и веднаш да препознаете дека поседува сѐ: талент, вокал, блескава убавина, беспрекорна мода. ...
Скопскиот Драмски театар со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ ќе гостува во Београдско драмско позориште на 5 декември во рамките на фестивалот РУТА. Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс, направена според мотиви од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, асистент на режија е Димче Николовски-Димсата, а драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а ...
Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди во поранешна Југославија, ќе одржи концерт во Скопје на 18 март следната година, во салата „Борис Трајковски“. Ова ќе биде негов прв настап во Скопје по шест години пауза, овојпат со симфониски оркестар, составен од 50 музичари од Биг бендот од Нови Сад и од оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Новите аранжмани на неговите хитови прилагодени за оркестар ги подготви ...
Претставата на Народниот театар од Штип „Лекција“ е избрана да учествува на театарскиот фестивал „Танжер“ во Мароко. Ова е 20. издание на овој фестивал, кој ќе се одржува во Палатата на уметностите и културата во Мароко. „Ова е прво гостување на македонски театар во Мароко, а и прво гостување на Штипскиот театар на африканското тло. Имаше голема селекција, бидејќи се работи за фестивал на кој учествуваат театри од целиот свет“, вели актерот ...
„Бумеранг“ е новата песна на поп-пејачката Викторија Лоба, за која вели дека е напишана за само неколку часа, а е снимена наменски пред новогодишните празници. Автори на песната се Лоба и еден од нашите најангажирани композитори и продуценти Лазар Цветкоски. „‘Бумеранг’ е песна која ја чувствувам како дел од мене, не само затоа што ја создадовме во еден спонтан, инспириран момент, туку и затоа што нејзината порака длабоко зборува за тоа кои сме ...
„Виорот на Анадолија“ е насловен концертот со спој на традиционалната турска музика и современиот џез, кој ќе се одржи на 5 декември во Националната опера и балет во Скопје од 20 часот. Ќе настапат турските музичари Анил Шалиел на саксофон и Мареечи Асу на даф, кои преку своите џез интерпретации ќе го оживеат споменот на уметниците Ашик Вејсел и Зеки Мурен. „За мене, ова е остварување на еден сон. Мојата музика стана тема за докторски студии на ...
Поп-пејачката Елизабета Јовановска, со уметничко име Бети Лин, ја промовираше новата песна „Сама“. Автор на текстот и музиката, како и сценарист на спотот е пејачот Виктор Апостоловски, долгогодишен пријател и колега на Бети Лин. „Инспирација да ја снимам песната ми беше моменталната состојба во која што се наоѓав тој период. Бев заглавена во еден токсичен круг, во кој немаше промени. Песната е, всушност, едно ослободување за мене, а верувам и ...
„Кроација рекордс“ објави спот за новата верзија на хитот на „Леб и сол“, „Чукни во дрво“, снимена од триото на Влатко Стефановски. Песната ќе се најде на албумот „Лондонски сесии“ (London Sessions), што ќе биде објавен на 6 декември. Спотот се состои од снимки од снимањето на албумот во легендарното студио „Аби роуд“ во Лондон. Покрај Стефановски, во триото се и неговиот син Јан на тапани и хрватскиот контрабасист Тихомир Хојсак, а гостуваат ...
Мајонезот е популарен додаток во јадењата во целиот свет, но Јапонците ја издигнаа љубовта кон него на повисоко ниво. Добро познатиот јапонски ланец продавници „Лосон“ го лансираше „Nomu Mayo“, мајонез што се пие, опишувајќи го како „ладен пијалак што фанатиците по мајонез долго време го чекаа“. Сепак, на пакувањето е истакнато дека ова не е мајонез, туку пијалак на база на мајонез. Една чаша од 200 милитри чини 198 јени, односно 1,30 долари. ...
Битолскиoт Камерен оркестар ќе одржи два концерта во една вечер, на 9 декември од 19:30 часот во Центарот на култура во Битола. Концертите се со наслов „Лоша симфонија“ и „Дискополис“. На првиот концерт ќе свири песни од „Продиџи“, „Депеш мод“, „Рамштајн“ и други, а ќе ги пеат Јасна Димитровска, Жарко Јакимовски од „Бекдор бенд“ и битбоксерот Огнен Димовски. Најголемите диско хитови ќе ги пее бендот „Sarah Mace & the Girlzz“ на концертот ...
Младиот македонски музичар Петар Саркањац ја објави песната „Me acuerdo de tí“ (Се сеќавам на тебе), која претставува почеток на неговата меѓународна кариера. Саркањац е комплетниот автор на песната со текст на шпански јазик, а ја пее заедно со Иранката Махја Хамеди. Песната ја сними со бендот од Бостон „Вуду бејби ејлиенс“ (Voodoo Baby Aliens), во кој членуваат 11 музичари од осум земји. Петар Саркањац е роден во Скопје во 2000. Дипломирал ...
Симон Трпчески вели дека отсекогаш сакал да има поголем новогодишен концерт во Скопје, а желбата ќе му се исполни на 20 декември на настанот „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ во салата „Борис Трајковски“. Македонскиот пијанист со светска слава денеска (2 декември) на прес-конференција во Скопје најави дека концертот ќе биде во повеќе делови, со повеќе негови пријатели како гости. „Во првиот дел од концертот ќе свириме свита од ...
Во интимна атмосфера, во малата сала на Филхармонијата, хрватскиот кантавтор Борис Новковиќ сношти (1 декември) одржа весел концерт пред главно женска публика. „Вакви свирки најмногу сакам, кога сите можеме да се видиме, а вас да ве слушам како пеете повеќе од мене“, рече пејачот. Новковиќ последно имал концерт во Скопје пред повеќе од 15 години, во Универзална сала. Тој е син на еден од најголемите хитмејкери во поп-музиката во поранешна ...
Американската аренби ѕвезда Џејсон Деруло за првпат доаѓа во Македонија, на концерт во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ на 2 август, објави продукцијата „Прагма“. Деруло (35) е пејач, текстописец и танчaр. Од почетокот на соло кариерата во 2009 има продадено над 250 милиони синглови во светот и има 14 платинести синглови во САД. Тој е еден од најпопуларните пејачи кај младата публика, со преку 65 милиони следачи на ТокТок. На 16 февруари ...
Утре (3 декември) од 19 часот, во Македонскиот народен театар ќе се одигра инклузивната танцова претстава „Мјузикл“ по повод Светскиот ден на лицата со попреченост. Ја организира танцовото студио „Денсерс јунајтед“, кое десет години создава инклузивни танцови претстави каде што сите танчари ја слават различноста преку танц, музика и уметност. Сценариото и режијата се на Сара Кочан. „Ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст, кои ...
Проект за социјално домување во Барселона, чиј автор е локалното студио „Перис+Торал“, е годинашниот добитник на меѓународната награда РИБА, што ја доделува Кралскиот институт на британски архитекти за најдобра нова зграда во светот. Зградата беше фалена за нејзиниот дизајн со модуларна дрвена рамка, што промовира флексибилност за своите жители, за што жирито рече дека се стреми да покаже вистинска промена. Довршена во 2022, зградата се состои ...
Изложбата „Не си одам дома“ на уметницата Клелија Живковиќ ќе се отвори на 3 декември во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ), во 20 часот. Изложбата содржи дела создадени во 2023 и 2024. „Тишината во темнината е поинаква од тишината на денот. Кога ќе стивне денот, шепотот најјасно се слуша. Изговореното и премолченото женско знаење. Насилството од кое се штитиме една со друга. Насилството што си го нанесуваме една ...
Незаборавна вечер со извонредна изведба на светски познатите хитови „Bamboleo“, „Volare“, „Jobi Joba“ и многу други приредија легендарниот музичар Маноло Гименез и бендот „Voice of the Gypsy Kings“ во Центарот за култура во Битола. Концертот, кој беше дел од Фестивалот на музика од светот, никого не остави рамнодушен во публиката. Гименез, придружуван од пет гитари, повеќе од час и половина пееше и свиреше каталонска румба и фламенко, а ...
Националниот џез оркестар го одржа својот најдобар концерт досега, сношти (30 ноември) по подолго време повторно во салата на Филхармонијата. Убаво избрани рок и поп хитови слушавме на настанот „Golden Rock Swings“, кој беше полн и со долги аплаузи. По четири хита испеаја Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрен, Бранислав Николов („Фолтин“) и Дејан Бобиќ-Дексо. „Драго ни е што по подолго време повторно свириме во салата на Македонската ...
Триесет и пет диџеи и разни стилови на електронската музика ќе се обединат на големата новогодишна забава во Младински културен центар во Скопје. Замислена како потсетување на златните времиња на скопската клупска сцена од 1990-тите и 2000-тите, журката ќе се одвива на четири бини: во Денсинг салата ќе се пуштаат хаус и техно, на подиумот над кино Фросина ќе има хип-хоп, драменбејс и џангл, во клубот МКЦ ќе се танцува на гоа/транс, а во бифето ...
Будимпешта го претстави првиот трамвај на светот направен од лего коцки и поставен на фиксни шини. Тој еден месец ќе биде изложен на централниот плоштад Ференц Деак. Составен од 1,8 милиони коцки, трамвајот е долг 11,5 метри и тежи шест тони, а бил конструиран од 90 градежници за над 6.800 часа. Тој нема да превезува патници, но бил влечен од два мали железнички мотора до неговото изложбено место. Градоначалникот Ѓерѓели Карачони истакна дека ...
Сузана Спасовска ја препеа старата песна од Гоце Николовски „Има една земја“ во дует со поп-пејачот Александар Тарабунов. Новата верзија ќе се промовира на 7 декември на концертот „Македонијо во срце те носиме“ во Филхармонијата. Автор на музиката на песната е Григор Копров, а Гоце Николовски ја испеа во 1986 година, на албумот што го носи неговото име. Николовски, кој во тоа време живеел во Ниш, пеел шлагери и бил дел од групата „Далтони“. ...
Српската хит-претстава „Хотел 88″, која требаше да се игра денеска (30 ноември) во Националната опера и балет, е одложена за февруари 2025. Ваквата одлука била донесена поради болест на еден од глумците, објави „Јес продукција“. Во претставата, која досега била изведена повеќе од 500 пати, играат Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин-Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ, а режисерка е Сташа Копривница. Дејството се одвива во луксузен ...
„Апокалиптика“ им се врати на корените и на новиот албум и на актуелната турнеја ја стави „Металика“ во фокусот на своето музицирање. Така беше и на синоќешниот концерт во „Борис Трајковски“, трет за групата во Македонија, каде што финскиот квартет свиреше, а публиката пееше класици на „Металика“. Перту Кивилаксо, еден од виолончелистите, кажа дека за разлика од првиот албум од 1996, сега им било далеку потешко да изберат кои песни ќе ги ...