На 29 април од 20 часот, во камерната сала на Филхармонијата, ќе се одржи хуманитарен концерт на институтот „Фејмс“, на кој ќе гостува српскиот виолинист Роман Симовиќ (фото). Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На концертот, ќе се свират дела од Бетовен, концерт за виолина и Симфонијата бр. 7. Оркестарот на „Фејмс“ е составен ...

На 25 април од 20 часот во Филхармонијата, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој како гости ќе настапат француските музичари Пјер Миле на труба и Бети Жардан како вокал. (фото). Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин. Роден во средината на 1970-тите, Пјер Миле се етаблира како инспиративен инструменталист и композитор кој покрај џез музиката соработува со бројни уметници од областа на рок музиката, како и разни други ...

Ќерките близначки на Сара Џесика Паркер, Табита и Мерион никогаш не ја гледале „Сексот и градот“, кажа актерката која во серијата ја играше Кери Бредшо. 15-годишните сестри носеа високи потпетици на премиерата на мјузиклот на „Smash“ на Бродвеј посветен на Мерилин Монро, со нивната мајка и татко им, актерот Метју Бродерик. Слично како Керо Бредшо од „Сексот и градот“, најпознатиот лик кој го играше нивната мајка, чевлите беа високи и светкави. ...

Стан на Менхетен во Њујорк, на таканаречениот најтенок облакодер на светот, се појави на пазарот за 110 милиони долари. Станот со четири нивоа, е од 80 до 83 кат од зградата висока 1.428 метри, и има поглед на Централ парк. Има пет спални соби, шест бањи и две тераси, како и поглед од 360 степени на градот Њујорк. Зградата, позната и како кулата „Стенвеј“ беше завршена во 2022 на местото на кое некогаш беше музичката компанија за пијано „Стенвеј ...

Музичари од осум држави ќе настапат на 24. издание на Офф-фест во Скопје, при што организаторите ја опишуваат програмата како најсилна во последните години. Концертите ќе се одржуваат од 5 до 8 јуни во Национална опера и балет и во Младински културен центар, а билетите веќе се пуштени во продажба. Како најголема ѕвезда се најавува португалската пејачка Марија Жоао (фото), која во Скопје ќе го претстави својот нов проект насловен „Абундансија“. ...

Вечерва (11 април) од 20 часот, во Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ од Едвард Олби, во режија на Игор Павловиќ, продукција на Театарот од Ниш. Во претставата играат Снежана Петровиќ, Александар Крстиќ, Урош Милојевиќ и Наталија Јовиќ. Таа е дел од содржините на 4. издание на театарскиот фестивал „5ре“. „Претставата не е само интимна драма за средовечна двојка во криза, претставува речиси филозофско ...

По долги години повици да се оддаде признание на уметноста на каскадерството, Филмската академија конечно ќе го воведе овој Оскар. Награда за дизајн на каскадерство ќе дебитира на Оскарите во 2028, на нивното 100. доделување, објави академијата. „Уште од раните денови на филмот, каскадерите се интегрален дел од филмската работа. Горди сме што можеме да оддадеме признание за иновативната работа на овие технички и креативни уметници“, изјави ...

По неколку месеци неизвесност, Ливерпул денеска потврди дека Мохамед Салах останува во клубот. Египќанецот потпиша нов двегодишен договор, откако сегашниот му истекуваше на крајот на сезоната, поради што можеше да си замине како слободен играч. „Се разбира дека сум возбуден. Имаме одличен тим и потпишав нов договор зашто мислам дека тука имам шанса да освојам уште трофеи и да уживам во моето играње. Тука играм веќе осум години и се надевам дека ...

Уметникот Иван Ивановски се претставува со изложбата „One of Us“ (Еден од нас) во Музејот за сликарство на школата Лингнан, Академија за фини уметности во Гуанџоу, Кина. Изложбата ќе трае до 5 мај. „Еден од нас. Една фигура се издвојува од останатите – фокусна точка, аномалија. Се поставува прашањето: Дали е ова еден од нас? Или еден од нив? Кои сме ние? Кој е тој? Кој сум јас? ‘Еден од нас’ е интерпретација на вклучувањето и одвојувањето, ...

Независна британска комедија снимена од екипа која прави ТВ-скечеви? Звучи како нешто на што му е судено да биде брзо заборавено. Но, „Монти Пајтон и светиот грал“ и денес се цени како една од најдобрите комедии на сите времиња, 50 години откако имаше премиера на 9 април 1975. Тери Гилијам, кој го режираше филмот заедно со сега покојниот Тери Џонс, мисли дека знае зошто. „Секој пат кога го гледам филмот воодушевен сум колку е неверојатно ...

„Суперхикс“ ќе биде дел од годинашното издание на фестивалот „Хилс оф рок“ (Hills of Rock) во Пловдив, еден од најголемите рок/метал фестивали во регионот. Фестивалот ќе се трае од 25 до 27 јули. „Хилс оф рок“ се одржува од 2017 и секоја година носи и ексклузивни настапи за регионот и Европа. „Суперхикс“ ќе свири на 26 јули на бината „Строеја“, додека главната бина е резервирана за светски музички ѕвезди како „Смешинг пампкинс“, „Сепултура“, ...

Утре (11 април) во 19:30 часот, со концерт на Националниот џез оркестар (НЏО) ќе биде отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ на Градскиот плоштад во Гевгелија. НЏО ќе свири хитови и евергрини од македонската и светската музичка сцена. Диригент ќе биде Џијан Емин, а како пејачи, покрај членовите на биг бендот, ќе настапат Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска. „Овие безвременски ...

Од 16 до 19 април, во Битола ќе трае осмото издание на Џез фактори фестивалот. Настаните ќе се одржуваат во Народниот театар, Центарот за култура и во неколку кафе барови. Тони Китановски (фото) ќе биде диригент на Биг бендот на фестивалот. Фестивалот ќе биде отворен на 17 април од 20 часот во Народниот театар, а ќе гостуваат музичари од Франција, Шпанија, САД, Македонија и други земји. Ќе има и работилници за деца и промоција на книга од Ненад ...

Ќерката на Дејвид Боуви, Лекси Џонс, го објави својот дебитантски албум насловен „Xandri“. Дваесет и четиригодишната Џонс е единственото дете што Боуви го доби во бракот со супермоделот Иман. Џонс го објави албумот без претходна најава. Содржи 12 песни кои се мешавина од жанрови како поп, електроника и инди рок. Покрај тоа што пее, Џонс е и авторка и продуцентка на сите свои песни и го дизајнираше омотот на албумот. Џонс се промовира како ...

Песната „Бордел танго“ на Кирил Џајковски ќе се најде во серијата на „Дизни“, „Дердевил: Повторно роден“. Откако „Дизни“ ги откупи правата за серијата која претходно се емитуваше на „Нетфликс“, во деветте епизоди се употребени песни од светски познати музичари, како Ник Кејв и „Килс“. Песната на Џајковски се појавува во завршната сцена од претпоследната епизода. Оригинално напишана за филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Бордел танго“ се вклопи ...

Утревечер (10 април) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Проектот „Мевлем“ е спој на музика и поезија, создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ. Во „Мевлем“ свират Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Енис Аљи (виолончело), покрај Марко Виденовиќ (пијано и глас). Специјално за овој проект, Виденовиќ има создадено 15 оригинални композиции, ...

Квартетот тромбони од Скопје „Макбрас“ одржа настапи и предавања во Гран Канарија, Шпанија. Беа одржани три семинари, еден едукативен концерт за деца и предавање и концерт на Универзитетот во Лас Палмас. Македонските музичари заминаа за Шпанија во соработка со композиторите на филмска музика Хектор Муњоз од Гран Канарија и Блажен Настевски, Македонец кој живее во Белгија. „На семинарите учествуваа музичари од локални дувачки оркестри, а ...

Брус Спрингстин ги отвора своите архиви за да им дозволи на фановите да слушнат седум завршени, но никогаш објавени албуми. Снимките кои датираат од 1983 до 2018 година ќе „пополнат богати поглавја од широката временска рамка на кариерата на Спрингстин, нудејќи непроценлив увид во неговите живот и работа како уметник“, велат од „Сони мјузик“. „Ја пуштам оваа музика за себе и често за блиски пријатели со години. Мило ми е што ќе добиете шанса ...

Утревечер (9 април) од 19:30 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи концерт на учениците од насоката за традиционална музика и игра од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Концертот е со наслов „Мелодија што трае“ и е инспириран од богатата музичка оставина на етномузикологот Трпко Бицевски. Концертот е завршница на семинарот реализиран под менторство на проф. д-р Драган Даутовски, со поддршка од професори и млади таленти од ...

Албумот „Агол“ на „Парусион груп“, предводен од тапанарот Михаил Парушев, се најде на музичките платформи на шведската издавачка куќа „Темпо продукција“. Концертната промоција на албумот се одржа во Скопје во јуни 2022. „На албумот ‘Агол’ има седум авторски композиции со модерен етнофјужн балкански џез. Го снимивме во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски. На албумот свират Зоран Костадиновски, Дамир Имери, Дарко Мучев, Петар Христов, Сенад ...

По 27 години, Калиопи и Влатко Стефановски настапија заедно, на нејзиниот концерт во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Калиопи вели дека додека Стефановски ја свирел, а таа ја пеела македонската народна песна „Калеш бре Анѓо“, во салата имало ерупција од емоции. „Неверојатно е она што се случи, кога на големо изненадување на публиката, Влатко се качи на сцената и ја изведовме ‘Калеш бре Анѓо’. Последен пат Влатко и јас заедно сме настапиле ...

Бред Пит ќе биде ѕвездата на продолжението на „Беше еднаш во Холивуд“, што нема да го режира Квентин Тарантино, туку Дејвид Финчер, објавија холивудските медиуми. Пит го глуми каскадерот Клиф Бут во хитот на Тарантино од 2019. Дејството на новиот филм не е познато, но „Холивуд рипортер“ објави дека ќе биде „дериват“ на оригиналот, наместо продолжение. Тарантино објави роман за филмот во 2021, во кој се изнесени повеќе детали за животот на Бут. ...

Моден викенд Скопје, кој годинава слави 30-годишен јубилеј, ќе се одржи од 25 до 27 април во „Дајмонд резиденс“ во Скопје. „Оваа година под слоганот ‘Заедница’ (Community), Моден викенд Скопје ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е модна недела што гледа само кон пистата, ова е модна недела што гледа кон луѓето. Бидејќи што е модата без оние кои ја носат?“, велат организаторите. Најавени се модни ревии, јавни дискусии, ...

Андријана Јаневска вели дека го имала емотивно најтешкиот настап досега, пеејќи го хитот „Ако утре ме нема“ од „ДНК“ на концертот посветен на Тоше Проески „Засекогаш во срцата“, што се одржа на 5 април во Битола. Ова беше седмиот концерт на Камерниот оркестар на Битола со хитовите на Тоше, а оваа година се пееја и песни од „ДНК“, во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани на 16 март. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ што изби на ...

Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025, во организација на „Литература.мк“. Манифестацијата ќе има и хуманитарен карактер, па средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје ќе се одржат 15 настани кои ги обединуваат ...

Продуцентот на ТВ-серијата „Белиот лотус“, Дејвид Бернард кажа дека лажни сценарија со шест различни финалиња биле поделени за време на снимањето на хит-серијата на „Ејч-Би-О“, за да се осигураат дека вистинското финале нема да протече во јавноста. На 6 април се емитува последната, осма епизода од третата сезона на „Белиот лотус“, и се најавува дека ќе трае 90 минути. „Во сценаријата напишавме шест лажни краеви и ги поделивме на екипата, во ...

Лијам Нисон во миниздолниште и боксерки со јагоди е нешто што никогаш не сме очекувале да го видиме, сѐ додека ѕвездата на акциони филмови не ја наследи улогата на детективот Френк Дребин во новата пародична комедија „Гол пиштол“. Нисон се претставува себеси како нова верзија на Френк Дребин во првиот трејлер за „Гол пиштол“, продолжение на култните комедии од 1980-тите и 1990-тите. Седумдесет и двегодишниот Нисон всушност го глуми синот на ...

Од денеска (4 април) до 6 април, во КИЦ (Салон 19:19) во Скопје ќе се одржува Меѓународниот фестивал за кларинети Кларифест. Ова е седмо издание на фестивалот, што го организира Здружението за култура и уметност „Артистико“ од Скопје. Фестивалот ќе се состои од семинари и концерти за кларинет, а гостуваат професори и интернационални солисти Николај Пфефер од Германија и Габор Варга од Унгарија (фото). Фестивалот се отвора во 18 часот со концерт ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ќе учествува на еден од водечките фестивали за независен филм во светот BAFICI во Буенос Аирес, Аргентина. Филмот ќе се прикаже трипати пред фестивалската публика, на 8, 10 и 11 април. „Анимиран долгометражен филм од Македонија не е нешто што се гледа секој ден, но шармот на ‘Јон Вардар‘ е далеку од тоа да е само географски куриозитет. Оваа визуелна лудорија со своите ...

Музичката платформа „Терапија“ од Скопје ќе биде дел од „Мјуз икс Експофест Тирана 2025“, фестивал кој ќе се одржи од 11 до 13 април. „Благодарение на оваа соработка, добиваме простор да ја претставиме нашата работа, да се вмрежиме со водечките имиња од индустријата и да станеме дел од една револуционерна музичка и уметничка платформа. Настанот не е само фестивал, туку експофест што комбинира изложба, настапи во живо и програма за развој на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1024
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
63%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
68%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
81%
1023
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
7.38
50%
1023
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
89%
1020
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
55%
1022
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
54%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
66%
1025
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
94%
1020
Currency

61.6038

Currency

52.8584

Currency

70.8049

Currency

34.3723

Currency

37.6973

Currency

66.7175

Currency

7.41854

Currency

0.64939

Currency

0.35195

Currency

0.52596

Currency

1.26247

Currency

0.60059