
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Фотографија на верверица заглавена во дрво е прогласена за најдобра на годинашниот избор на најсмешна фотографија на животни (Comedy Wildlife Photography Awards). „Заглавена верверица“ на Милко Маркети беше избрана за победник меѓу повеќе од 9.000 пријавени фотографии, најмногу во десетгодишната историја на конкурсот. Снимена е во 2022 во природен резерват во Бањакавало во Италија. „Низ годините сум направил многу, многу фотографии од верверички ...
Остин Батлер ќе го игра Патрик Бејтмен во новата филмска верзија на „Американски психо“, чиј режисер ќе биде Лука Гвадањино. Новата адаптација ќе се прави директно врз основа на романот на Брет Истон Елис, со цел да се избегнат сличности со првата филмска верзија од 2000, која го прослави Кристијан Бејл. Романот „Американски психо“ предизвика контроверзи кога излезе во 1991 и го следи Патрик Бејтмен, самобендисаниот инвестициски банкар од висока ...
Во духот на староградската, кафеанска музика е новата песна на Миле Кузмановски „Срце храбро“, која беше промовирана вчера (11 декември). Пејачот на народна музика вели дека во Македонија одамна немало таква боемска песна, без да се користат традиционалните народни инструменти. „Срце храбро е песна за храбрите“, вели Кузмановски и додаде: „Авторот на музиката е Драган Пејиќ-Пеја од Босна и Херцеговина, не се познаваме лично. Аранжманот го ...
Здравко Чолиќ ќе одржи и втор концерт во Скопје, на 19 март следната година во салата „Борис Трајковски“, откако првиот, закажан за ден порано, се распродаде една недела по објавувањето. Балканската поп-ѕвезда во Скопје ќе пее по шест години пауза. Овојпат доаѓа со симфониски оркестар, составен од 50 музичари од Биг бендот од Нови Сад и од оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Новите аранжмани на неговите хитови ...
Податоците собрани од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за две години ги потврдија претходните наоди на телескопот „Хабл“ дека стапката на ширењето на универзумот е побрза од она што досега го проценуваа астрофизичарите, и тоа за 8%. Набљудувањата на најнапредниот вселенски телескоп досега ја поништуваат идејата дека податоците од „Хабл“ биле инструментална грешка. „Ова е најголемиот примерок од податоци на ‘Џејмс Веб‘ и го потврдува збунувачкиот ...
Ѕвездите на серијата „Игра на лигни“ се појавија на розов килим на премиерата на втората сезона во Сеул. Таа официјално ќе се прикажува на „Нетфликс“ од 26 декември, но веќе доби номинација за Златен глобус за најдобра драмска серија. Првичните критики се дека втората сезона е брилијантна и мајсторски направена. Продолжението доаѓа три години по премиерата на првата сезона, која беше во септември 2021. Таа стана најголемата серија на „Нетфликс“ ...
Изминатиот празничен викенд, илјадници посетители од Штип и од соседните градови присуствуваа на првиот ден од едномесечниот новогодишен и божиќен базар во Штип, а Битола го означи почетокот на празничната сезона на 10 декември со свечено палење на новогодишните светилки. Целокупното централно градско подрачје во Штип во должина од два километра, улиците покрај реката Отиња и самиот кеј се новогодишно украсени, за што Општината предвиде да ...
Ирскиот музичар и активист Боб Гелдоф ќе гостува на фестивалот Егзит во Нови Сад следната година, каде што ќе се одбележат 40 години од одржувањето на добротворниот концерт „Лајв ејд“ (Live Aid) за помош на гладните во Етиопија. Гелдоф, кој беше еден од организаторите на ова глобално движење, од Петроварадинската тврдина ќе испрати порака за силата на музиката, која инспирира, поврзува и го менува светот на подобро. Концертите „Лајв ејд“ ...
Вечерва (10 декември) од 19 часот, во Европската куќа во Велес ќе се прикажат филмови од Фестивалот на планински филм „Ехо“, со програма од последното 15. издание, кое претходно се одржа во Скопје (фото). На програмата се документарни филмови од Македонија, Франција, Полска, Италија и Унгарија и ќе бидат презентирани активностите на граѓанските здруженија „АК Велесин“ и „Велес бајкинг“. Ќе можат да се гледаат документарците „Тивок сведок“ на ...
Легендарниот американски рок бенд „Ганс ен роузис“ потврди дека доаѓа во соседството на својата европска турнеја следната година. Турнејата почнува во Саудиска Арабија на 23 мај, а од 30 мај ќе продолжи во Европа, при што Аксл Роуз и екипата ќе настапат и во Белград на 18 јули и во Софија на 21 јули. Специјални гости на турнејата се „Рајвл санс“, „Паблик енеми“ и „Секс пистолс“, но со Френк Картер како вокал. Рап легендите „Паблик енеми“ ќе ...
Бијонсе и Џеј Зи се појавија на црвениот килим на премиерата на филмот „Муфаса: Кралот лав“ во друштво на нивната 12-годишна ќерка Блу Ајви, за која ова е филмско деби. Таа го позајми гласот на ќерката на Симба и Нала, Кјара, додека Бијонсе се враќа во улогата на лавицата Нала. Дејството се случува по настаните во „Кралот лав“, кога Рафики ѝ ја раскажува на Кјара приказната за нејзиниот покоен дедо Муфаса. „Моето прекрасно девојче, ова е твоја ...
На 14 декември од 9:30 часот, во Салон 19:19 во скопски КИЦ ќе се одржи меѓународниот натпревар „Пијано клавиш“. Ќе се натпреваруваат повеќе од 80 учесници од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и САД. Ова е прв меѓународен натпревар по пијано во Скопје во организација на здружението за промоција и развој на културата „Модорас“, а уметнички директори се Ема Попивода, професор по пијано на Музичката академија во Штип и Светлана ...
„Гугл“ создаде квантен компјутерски чип на кој му требаат само пет минути за да реши задачи за кои на некои од најбрзите конвенционални компјутери на светот би им требале 10.000.000.000.000.000.000.000.000 години. Тоа се десет септилиони години, бројот што значително ја надминува староста на нашиот познат универзум. Новиот чип наречен Вилоу (Willow) е развиен во Санта Барбара во Калифорнија и има големина од само четири квадратни сантиметри. Се ...
„Ова е Македонија“ рече актерот Раде Шербеџија по речиси 10-минутниот стоечки аплауз со кој публиката го поздрави „Пред дождот“, на синоќешната гала златна премиера за 30-годишнината на филмот што го градеше идентитетот и му даде лице на името Македонија. Громогласниот аплауз во полната сала на Филхармонијата почна уште на одјавната шпица на филмот и траеше долго по поклонувањето на екипата во која на чело со режисерот Милчо Манчевски беа и ...
На 14 јануари во Националната опера и балет (НОБ) ќе се изведе втората претстава од кабаре шоуто „Еуфорија“, откако се распродаде првата, закажана на 30 декември, објави продукција „Прагма“. На сцената ќе настапат триесет македонски уметници: танчари, акробати, балерини, вокалисти и актери. Во кабарето членуваат и актерката Јана Стојановска, поп-пејачот Даниел Дан, актерката Емилија Мицевска и многу други. „Со преку 130 костими, изведувачите ќе ...
Тејлор Свифт им се заблагодари на своите обожаватели што ја направија турнејата „Ерас“ „највозбудливото, најмоќното, најинтензивното, најпредизвикувачкото“ искуство во нејзиниот живот, за време на завршниот концерт во Ванкувер на 8 декември. Свифт на публиката во Канада ѝ рече дека е на турнеја од нејзината 15-годишна возраст, но искуствата од изминатите 21 месец биле „целосно различни и неспоредливи“ од сè што некогаш правела. „Никогаш не ...
Никаде празничниот шарм не е како во Европа. Особено северниот регион е идеален за оние кои бараат совршена зимска земја на чудата во овој период од годината. Виена, Австрија Прекрасната австриска престолнина има празничен шарм најдолго во годината. Накитена е висока новогодишна елка близу Градскиот дом, каде што се одржува и традиционален божиќен базар. Ракотворбитe и рачно изработените џемпери се дел од производите на празничните тезги. ...
На 13 и на 14 декември во скопскиот хотел „Мериот“ ќе се одржи винскиот фестивал „Винедонија“, кој ќе трае двата дена од 15 до 21 часот. Ова ќе биде осмо издание на фестивалот за кој организаторите велат дека врвот на посетеност го постигнал по пандемијата, во 2022. Минатата година, за два дена го посетиле околу 1.600 луѓе. Ќе бидат изложени вина од над 50 винарии, со 500 вински етикети. Годинава, специјални гости се винарии од Србија и од ...
Петнаесет македонски фолк и народни песни во придружба на Симфониски оркестар синоќа (7 декември) добија искрени овации и аплуази од публиката во Филхармонијата. На концертот „Македонијо во срце те носиме“, пејачите: Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, групата „ДНК“, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски изведоа песни кои не ...
Во пресрет на годишнината од смртта на познатиот фолк пејач Гоце Арнаудов, во Струмица се одржа концерт во негова чест насловен „Струмица се сеќава на Гоце“. Дваесетина фолк и поп пејачи од земјава ги пееја неговите најголеми хитови. На сцената се појави и неговата ќерка Кристина Аранудова, која со силни емоции ја отпеа познатата балада ,,Дали да те побарам“. На крајот од настапот, таа се сврте кон банерот со ликот на татко ѝ и се поклони. ...
„Сите деца се исти“, рекоа кантавторката Мијата и Денис Јанкуловски-Космонаутко од Центарот за јавно здравје, на промоцијата на инклузивната песна „Гуш и бац“ вчера (7 декември) во Кинотеката. Песната беше промовирана на фестивалот „Златно славејче“ во ноември. „Ова е трета песна посветена на децата со атипичен развој, за зголемување на свеста, за почитување и инклузија, прва песна во соработка со Мијата и Весна Малинова која ги напиша овие ...
Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“, го претстави новиот дизајн за своето првокласно авионско седиште, кое треба да биде лансирано со авионите „А380“ во 2026. Првото нешто што ќе ги изненади патници на „Бритиш Ервејс“ е просторноста на новиот производ. Ова седиште е широко 92 сантиметри и се протега во рамен кревет кој се простира 2 метра во должина. Седењето на седиштето е повеќе слично на лежење на фотелја или мал тросед. Дизајнирано е за еден ...
Ламбе Алабаковски ја препеа песната „Како пиреј“, која во 1994 ја испеа пејачот на народна музика Гоце Николовски, на фолк фест „Валандово“. Поп-пејачот оваа песна за првпат ќе ја испее на концертот „Македонијо во срце те носиме“, на 7 декември во Филхармонијата со уште 14. други македонски народни песни кои ќе ги пеат повеќе пејачи, во аранжмани за симфониски оркестар со кој ќе диригира Сашо Татарчевски На истиот концерт, ќе се пее „Молитва“ ...
Две бини и 15 изведувачи ќе донесе 26. издание на фестивалот Таксират, што се одржува денеска (7 декември) во арената „Борис Трајковски“, а програмата почнува во 20:45 часот. Овојпат, музичката програма не е така разновидна како што знае да биде. Ексју сцената и електроника ќе бидат застапени на главната бина, а на другиот, смут стејџ ќе се слушаат главно хип-хоп и трап. Најголемата ѕвезда на годинашниот фестивал е норвешкото електро-дуо ...
Со богат концерт и разновидна музика во Филхармонијата, Факултетот за музичка уметност (ФМУ) сношти (6 декември) го прослави 58. роденден. Концертот почна во фоајето, со балетската точка „Променад“ со студентите од Катедрата за балетка педагогија, во кореографија на професорката Искра Шукарова. Мешаниот хор „Драган Шуплевски“ и Симфонискиот оркестар при ФМУ за почеток ги свиреа и пееја македонската химна, Академската химна и Химната на УКИМ. ...
Најстарата позната птица на светот снесе јајце на возраст од 74 години, нејзино прво во последните четири години, објавија од Американската агенција за див свет и риби. Албатросот Виздом се врати во националниот резерват Мидвејски Атол на северозападниот раб на хавајскиот архипелаг и го снесе, како што проценуваат експертите, своето 60. јајце. Виздом и нејзиниот партнер Акекамаи создавале подмладок на атолот во Тихиот Океан од 2006. Албатросите ...
Македонските рапери Слаткар и Тони Зен ја снимија дуетската песна „Жими сè“, за која промовираа и видеоспот. „Текстот на песната носи препознатливи искрени пораки, со доза хумор, реалност и урбана филозофија“, велат Слаткар и Тони Зен, кои ја почнаа својата соработка пред 18 години, нарекувајќи ја „Хип-хоп револуција“. Музиката е на Илија Цветковски-Ики. „Жими сè“ е најава за нивниот заеднички концерт, кој ќе се одржи на 5 април во Скопје, во ...
Ејч-Би-О објави дека снимањето на серијата за Хари Потер ќе почне во лето следната година и ќе се одвива во студиото на „Ворнер брос“ во Велика Британија, каде што се снимаа и осумте филма. Премиерата на првата од неколкуте најавени сезони ќе биде во 2026, речиси 30 години од излегувањето на првата книга на Џеј Кеј Роулинг и 15 години откако во кината дојде последниот филм. Засега нема официјални информации за кастингот, само шпекулации во ...
Спотот за инклузивната песна „Гуш и бац“, која ја пеат Мијата, Денис Јанкуловски и група деца, ќе се промовира утре (7 декември) од 16 часот во Кинотеката. Денис Јанкуловски-Космонаутко од Центарот за јавно здравје и кантавторката Мијата велат дека песната е химна за пријателството, љубовта и инклузијата. Песната е дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој, а премиерно ...
Поп-ѕвездата Леди Гага ќе одржи бесплатен концерт на најпознатата плажа во Рио де Жанерио, Копакабана, во мај идната година. Се очекува да дојдат стотици илјади обожаватели. На ланскиот концерт, Мадона привлече 1,6 милиони луѓе. Изминатите години настапија и ѕвезди како „Ролинг стоунс“, Род Стјуарт и Лени Кравиц. Овој настан е дел од ангажманите на градоначалникот Едуардо Паес, кој носи светски суперѕвезди да настапуваат бесплатно, за што ...