Центарот за изучување на шпанскиот јазик „Каста дива“ од Скопје на традиционалната новогодишна забава ја додели стипендијата „Марко Кабранов“ на две свои ученички. Шпански јазик во училиштето бесплатно ќе учат Звезданка Тортевска и Марија Милкова. Наградата им ја доделија Јасмина Никуљски и Ненад Велковски, сопствениците и професори во училиштето. „Марко Кабранов беше хуманитарец и активист и затоа во негова чест пред 13 години, кога физички си ...

Летало на НАСА се обидува да го изведе најблиското пристапување до Сонцето во историјата. Сондата „Паркер“ денеска навлезе во неговата надворешна атмосфера, каде што ќе треба да издржи брутални температури и екстремна радијација. Комуникацијата со сондата ќе биде во прекин неколку дена и научниците очекуваат сигнал на 28 декември за да се види дали преживеала. Целта на мисијата е подобро да се разбере како работи Сонцето. „Луѓето со векови го ...

Дванаесет песни се испеаја на детскиот фестивал „Соната“ кој се одржа во Домот на култура во скопската општина Ѓорче Петров. Фестивалот во 2009 го основа наставникот по музичко образование Александар Китевски и во последниве 15 години го води со Розета Дулевска, наставничка по македонски јазик, кои се и автори на детските песнички. Се одржува со поддршка на Општината и градоначалникот Александар Стојкоски. „На фестивалот се претставија деца со ...

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вчера (23 декември) премиерно ја изведе претставата за деца „Новогодишна збрка“. Работена е според текст на Катерина Момева, во режија на Деан Дамјановски. Претставата ќе се игра по двапати на ден до 30 декември. „Со цел збогатување на културната понуда во градот со содржини наменети за најмладата публика, а во пресрет на новогодишните празници, Велешкиот театар подготви новогодишна претстава ...

Следниот филм на Кристофер Нолан ќе биде адаптација на старогрчката епска поема на Хомер, „Одисеја“, објави филмското студио „Јуниверзал“. Тој ќе има премиера во кината на 17 јули 2026. „Новиот проект на Кристофер Нолан ‘Одисеја‘ е митски акционен еп снимен низ целиот свет со помош на сосема нова филмска технологија ајмакс. Филмот ја носи сагата на Хомер за првпат на филмските екрани ајмакс“, соопшти „Јуниверзал“ на Икс. Веќе е познато дека ...

Два весели концерта со наслов „Виена во Битола“ одржа битолскиот Камерен оркестар изминатиов викенд (21 и 22 декември) во Центарот за култура во Битола, изведувајќи популарни класични дела во духот на новогодишните празници. Настапија сопраните Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска-Младенова, балетските играчи Марија Кичевска, Мими Поп-Алексова и Франсиско Хименез Руиз од Шпанија и истакнати солисти од Националната опера и балет. Со оркестарот пееше ...

Светски познатата фонтана Треви во Рим се отвори по три месеци реновирање. Меѓу 10.000 и 12.000 туристи ја посетуваа фонтаната секој ден, но сега е воведен нов систем на чекање за да се избегнат преголеми гужви кај едно од најпознатите обележја на градот. Фонтаната била нарачана од папата Клемент Дванаесетти во 1730 година. „Воведувањето на ограничувањето ќе им овозможи на сите подобро да уживаат во фонтаната, без гужви и конфузија“, изјави ...

Жени кои го победиле ракот беа модели на модната ревија која сношти (22 декември) се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Дамите носеа модели на модната куќа „Елена Лука“, која ја организираше ревијата заедно со здружението „ХЕМА-ОНКО“, со поддршка од Словачката амбасада во Скопје. „Ова е ваша вечер. Кога ќе ги извадите сликите од вашиот албум, ќе знаете дека сте биле доминантни, дека сте ја раскажале сопствената приказна и дека ...

Владетелот на Дубаи, Мохамед бин Рашид ал-Мактум, ги одобри плановите за Dubai Walk, мрежа од 6.500 километри пешачки патеки низ градот, што вклучува и издигната климатизирана кружна патека. Во обид да го трансформира Дубаи во пешачки настроен град до 2040, мастерпланот содржи мрежа од континуирани патеки дизајнирани да дадат приоритет на пристапноста, безбедноста и удобното пешачење. Кружна патека наречена The Future Loop ќе има 30.000 ...

Јадењето неколку парчиња темно чоколадо петпати неделно може да помогне да се намали ризикот од развој на дијабетес тип 2, покажа ново истражување. Студијата опфатила 192.000 возрасни кои не биле дијабетичари, кои пополниле серија прашалници за нивните навики во исхраната, вклучувајќи колку и каков вид чоколадо јадат. Приближно 19.000 луѓе до 34 години развиле дијабетес тип 2. Луѓето кои јаделе 28 грама каков било вид чоколадо најмалку петпати ...

Анимираните ликови Попај и Тинтин стануваат јавно добро во САД од 1 јануари следната година и ќе можат слободно да се користат без нарушување на авторските права. Имајќи предвид дека тие првпат се појавија во 1929 година, тоа значи дека измина временскиот период во кој требаше да им се плаќа надомест на сопствениците на авторските права. Морнарот Попај бил креиран од американскиот цртач И Си Сигар и првпат се појавил во стрип во 1929. „Зарем ...

На 24 декември во 12:30 часот, во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија, ќе се отвори изложбата „Инсекти“. Станува збор за инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. „Како и изминативе години, така и оваа, создаваме креативни проекти каде младите од повеќе скопски училишта, ученици со или без хендикеп, работеа заедно, односно создаваа уметност“, вели Маја Димитрова, едукаторка на проектот. Во ...

Во 1947 година, Горица ненадејно беше поделена меѓу Италија и Југославија. Во 2025, двата града ќе се обединат како прва транснационална Европска престолнина на културата. Нова Горица е скромен, но убаво испланиран модернистички град во Словенија со 30.000 жители. Но, потребни се само неколку чекори за да се премине невидлива граница со Италија и да се влезе во средновековниот град Горица, без да се покаже пасош. Нова Горица и Горица своевремено ...

Популарното анимирано куче Блуи се сели на големото платно и ќе ја добие својата прва долгометражна верзија. Филмот прво ќе игра во кината во 2027, а потоа ќе може да се гледа на стриминг платформата „Дизни+“, кој ќе го работи проектот заедно со Би-Би-Си. Блуи е сино куче кое живее со мајка му, татко му и помалата сестра Бинго, а секојдневните настани ги претвора во авантури. „Отсекогаш мислев дека Блуи заслужува да има филм. Сакам тоа да биде ...

„Крилестата дружина во Музеј“ е новата џиновска едукативно-музејска сликовница во која преку различни видови на пеперутки, искористени како метафора за различностите кај децата, се раскажува за експонатите во Завод и музеј Битола. Оваа инклузивна алатка содржи читлив текст со илустрации, исто така напишан на Брајово писмо и тактилни слики и елементи, со цел сликовницата да биде достапна за оние со оштетен вид, како и кјуар кодови и тагови кои ...

Од „Танцот на цвеќињата“, преку „Аве Марија“, „Турски марш“, „Сербез Донка“, па до Френк Синатра, пијанистот со светска кариера Симон Трпчески и пријателите ѝ приредија на македонската публика ретка привилегија да се ужива во празнична атмосфера, на синоќешниот (20 декември) новогодишен концерт во скопскиот спортски центар „Борис Трајковски“. „Вечерва сме во еден простор во кој сме биле сведоци на многу успеси на Македонија и за Македонија и ...

Првото издание на фестивалот Урбан леџендс (Urban LegendS) посветен на хип-хоп културата ќе се одржи вечерва (21 декември) во „Лабораториум“ во Скопје. Како главни ѕвезди се најавени „Бед копи“ од Србија (фото), големо име на балканската хип-хоп сцена, кои ќе ги придружуваат Гоце САФ и Страјк. Настанот е замислен како завршница на првата година од работата на „44 ЕвентМК“, кој летово го организираше фестивалот „Скопје се лади” со „С.А.Р.С.“, ...

Првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик „Дом во тишина“ е објавена од издавачката куќа „Арс Ламина“. Новата книга, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на оригиналниот, на јазикот на кој се напишани. Изданието содржи триесетина есеи распоредени во три тематизирани циклуси: Бездомни, Севремени и Епистоларни. „Речиси сè ...

В недела (22 декември) од 18 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи модна ревија посветена на жените кои го победиле ракот. Ја организираат здружението „ХЕМА-ОНКО“ и Елена Лука, со поддршка од Словачката амбасада во Скопје. „Ревијата ја организираме за да ги славиме храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победила ракот. Овој настан е искренo признание за храброста и истрајноста на овие неверојатни жени. Да ...

Тимоти Шаламе го спореди играњето на музичката легенда Боб Дилан со спортски подвиг, зашто траело многу подолго одошто очекувал. Тој бил избран за оваа улога уште во 2019, по што се случија пандемијата и штрајкот во Холивуд, поради што имаше две долги одложувања на снимањето, кое конечно продолжи во март годинава. Биографскиот филм „Целосно непознат“ (A Complete Unknown), кој ги следи раните музички години на Дилан, конечно ќе излезе во кината ...

Влатко Стефановски ја воодушеви публиката на концертот во распродадената сала „Лисински“ во Загреб. Прославувајќи 50 години од својата кариера, легендарниот гитарист одржа три одлични концерти: во Белград, Осиек и во Загреб. Самото појавување на Стефановски на сцената предизвика овации и огромен аплауз кај публиката, а тој ја почести со речиси три часа песни кои ја одбележаа неговата импресивна кариера, велат од издавачката куќа „Кроација ...

Сер Пол Макартни повторно се спои со поранешниот колега од „Битлс“, сер Ринго Стар, за време на својот концерт во лондонската „О2 Арена“. Тапанарот беше прелечекан на сцената со громогласен аплауз. „Поминав одлична ноќ и ве сакам сите“, рече Стар подоцна. Настапот беше дел од турнејата на Макартни „Сер Пол се враќа“, на која 82-годишниот музичар свиреше во Франција, Шпанија и Бразил. Стар не беше единствениот гостин на концертот. Гитаристот на ...

Излезе првиот трејлер за долгоочекуваниот филм за Супермен во режија на Џејмс Ган. Во овој филм Дејвид Коренсвет дебитира како Супермен/Кларк Кент, а Рејчел Броснахан како Лоис Лејн. Николас Хоулт го глуми главниот непријател на Супермен, Лекс Лутор. Во трејлерот се појавува и суперкучето на Супермен, Крипто. Најавено е дека „Супермен“ ќе има премиера на 10 јули во Австралија, односно на 11 јули во Велика Британија и САД. „Супермен“ се означува ...

Песна на Адел ќе биде отстранета од сите радија и стриминг сервиси откако судија од Бразил пресуди дека е плагијат. Кантавторот Тонињо Гераес (62) тврди дека песната на Адел од 2015 „Million Years Ago“ е копија на неговата класика „Mulheres“ од 1996, што ја отпеа бразилскиот пејач Мартињо да Вила. Бразилскиот суд нареди песната на Адел да биде отстранета од радио, телевизија и од сите платформи за стриминг на глобално ниво. Судијата Виктор Торес ...

Со дегустација на вина од преку 50 винарии, вчера (13 декември) во Скопје започна винскиот фестивал „Винодонија“, кој го наполни скопскиот хотел „Мериот“. Изложени се повеќе од 500 етикети на вина од Македонија, а годинава, специјални гости се винарии од Србија и од Унгарија. Ова е осмо издание на фестивалот кој продолжува и денес (14 декември) од 15 до 21 часот. Освен вино и ракија, има и штандови со храна и дегустација на традиционални јадења ...

Јапонскиот уметник Лито креира нежни дизајни на паднати лисја, давајќи им нов живот. Деликатната уметност на Лито, со која почна да се занимава во 2020 и ја објавува на социјалните мрежи речиси секојдневно, има обожаватели во целиот свет. Уметноста на лисја, исто така, му даде утеха по претходните борби со нарушувањето АДХД и цел во животот – да ги прави луѓето среќни со неговите дела. Тој ужива да работи ноќе. Од куп лисја избира еден и го ...

Театар Комедија на 20 декември премиерно ќе ја изведе претставата „Арсеник и стара тантела“, во режија на Лидија Дедовиќ. Автор на драмата е Џозеф Кеселринг, а преводот го направи Горан Додевски. „Навидум се е нормално и општествено прифатливо во животот на сестрите Аби и Марта Брустер, кои живеат со нивниот возрасен внук Теди. Тие се и религиозни и му се радуваат на новиот свештеник во заедницата, особено затоа што неговата ќерка има романтичен ...

Утре (17 декември) во 19 часот, во галеријата на Архитектонскиот факултет во Скопје ќе се отвори архитектонската изложба „ФАБ ЛАБ: Природно осветлени фабрики“, која ги претставува резултатите од истоимениот научно-истражувачки проект на Горан Мицковски, вонреден професор на Катедрата за индустриски и стопански згради на Факултетот. Проектот опфаќа истражување на 46 фабрички објекти изградени во Македонија во втората половина на 20. век. „Овој ...

„Дедо Мраз дојде со воз“ е насловот на мултимедијалниот новогодишен настан за деца што ќе се одржува на Железничката станица во Скопје. Премиерата е на 23 декември од 19 часот на сцената, музејската поставка и перонот број 1. Организатор е училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со Македонски железници. Тие велат дека за потребите на претставата, покрај сценскиот и музејскиот простор, за кратко време успеале да реставрираат ...

Манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, за која првично беше најавено дека ќе биде на 20 февруари, ќе се одржи ден порано, на 19 февруари 2025, во салата „Борис Трајковски“. „Најпопуларната манифестација на домашната сцена нестрпливо ги очекува сите заинтересирани на своето следно 28. издание, закажано на 19 февруари во арената ‘Борис Трајковски’. Под мотото ‘Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот’, и годинава ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
64%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
69%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
73%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
94%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
6.43
84%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
88%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
36%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
39%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
74%
1014
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
7.72
61%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
23%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74