Слаткаристика настапи како изненадување на четвртиот акустичен концерт на Калиопи, кој се одржа вчера (30 декември) во Филхармонијата. Раперот се појави од публиката и со Калиопи ја испеа „Води ме“, нивниот нов дует кој се наоѓа на новиот албум на Марко Маринковиќ-Слаткаристика, „Одлични пет“. Музиката за „Води ме“ е на Слаткаристика и Лазар Цветкоски, кој е продуцент на песната. Слаткаристика го напиша текстот. Калиопи во 2024 го промовираше ...
Македонската поп дива Калиопи синоќа триумфално ја заврши серијата од четири распродадени концерти во Филхармонија, потврдувајќи го статусот на водечка ѕвезда на македонското естрадно небо. На нешто повеќе од 24 часа пред новогодишната ноќ, Калиопи испорача незаборавен настап, полн со емоции и навраќање на нејзината долгогодишна кариера, но истовремено оддавајќи почит и на македонската музика преку колаж од песни изведени на Скопскиот фестивал. ...

