Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Килијан Мбапе би можел да направи сериозен исчекор во светот на спортскиот бизнис. Француската фудбалска ѕвезда, по истекот на договорот со „Најки“, наводно разгледува можност да не потпише само нов спонзорски договор, туку да стане дел од сопственички проект. Мбапе со американскиот гигант соработуваше уште од најмладите години, а во текот на партнерството доби и сопствени модели на копачки и прерасна во едно од најпрепознатливите лица на ...
Европската Унија повторно отвора едно од најтешките прашања пред следниот бран на проширување: како да прими нови членки, а притоа да не го направи процесот на одлучување уште потежок. Одговорот треба да почне да се оформува веќе оваа есен. На 15 и 16 октомври годинава лидерите на земјите членки ќе се соберат на Европскиот совет, каде што, според информациите што ги објави „Политико“, една од централните теми ќе биде токму идното проширување ...
Србија располага со човечки, економски и административни ресурси што би можеле да поддржат подобар демократски развој, но власта, персонализирана преку харизмата на Александар Вучиќ, ги претвора во средства за сопствено опстојување. Меѓународно споредливите показатели, меѓутоа, укажуваат дека актуелниот модел на владеење на Вучиќ создава институционално распаѓање, корупција и недоверба кај граѓаните, пишува „Данас“. На тоа укажуваат и ...
Во август 2024 година, значи пред точно две години, автомобил ја проби оградата на Мостот на револуцијата или како што по ново се нарекува мост „Мајка Тереза“, лоциран во близина на Народна банка, и падна во Вардар. Делот од оградата што недостасуваше се замени со железна решетка, за колку-толку да се обезбеди сигурност за минувачите, а пред неа се постави дрвен знак за да ги предупредува граѓаните да внимаваат на тој дел од мостот. Ова ...
Бела црква се издига над исландскиот пејзаж. Низ Хвалфјорд дува ветер. Кристијан Инголфсон, пензиониран бискуп, живее тука, покрај црквата Халгримскиркја во Заубер, опкружена од тишина и широки пејзажи. Но, далеку од овој тивок агол на западен Исланд, дебатата за Европа се вжештува. На крајот на август, гласачите ќе одлучат дали да ги отворат преговорите за пристапување во Европската Унија. На референдумот не се одлучува за тоа дали веднаш ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции, истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не можат да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција, за која е задолжителна целосна законска постапка што во случајот не ...
Сања Николиќ на оригинален начин му го честиташе роденднот на сопругот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој наполни 40 години. Сања со многу љубов, но и со интересен хумор му посака среќен роденден. Таа на Инстаграм сподели видео од Слаткар како игра кошарка. Во моментот кога тој ја погодува топката во кошот, на снимката се појавува пораката: „4:0 за тебе! Среќен ти роденден, љубов“, напиша Сања. Објавата ја сподели и Слаткар на својот ...
Четири момчиња од Тетовско се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопатот Скопје-Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, тие со возило БМВ прво удриле во ограда па излетале од патот. „На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на село Ласкарци, Скопско, патничко возило БМВ со тетовски регистарски ознаки, управувано од ...
Во Општина Гази Баба ќе се реализира проектот „Помош и нега во домот“ преку кој ќе им се помага на граѓаните кои поради возраста, здравствената состојба, попреченоста или други животни околности имаат потреба од помош и поддршка во секојдневното функционирање во сопствениот дом. Денес градоначалникот Бобан Стефковски потпиша договор со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и секретарот на Црвениот крст на ...
Разрешениот министер за култура и туризам Зоран Љутков не се врати како актер во матичниот Драмски театар, туку продолжи како национален координатор за култура во владата на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Независен“. Тој беше опфатен со реконструкцијата на Владата, а неговата министерска позиција ја наследи Седат Сулејмани, кој претходно ја извршуваше функцијата заменик-министер. Поранешниот министер Љутков, а сега национален координатор, е актуелен во ...
Еден од тројцата осомничени ловокрадци кои беа приведени во ноќна акција на Националниот парк „Пелистер“ е поврзан со ловечко здружение, потврди СВР Битола. Случајот се случи по повеќечасовна акција на ренџери од НП „Пелистер“ и полицајци, кои во текот на ноќта се движеле низ тешко пристапен планински терен на над 2.000 метри надморска височина, во потрага по вооружени луѓе кои навлегле длабоко во строго заштитената зона. Од НП „Пелистер“ ...
Рокот од 60 дена утврден со меморандум за разбирање потпишан меѓу САД и Иран во јуни, истече ноќеска на полноќ без конечен договор за прекин на војната, додека се зголемуваат доказите дека Техеран го искористил преговарачкиот период за да се подготви за поширок конфликт, пренесува „Волстрит џурнал“. Официјалните лица велат дека тврдокорните во Техеран го гледале договорот не како вистински пат кон мир, туку како обид на САД и Израел да го ...
Од клуб кој треба да биде симбол на македонскиот фудбал, Вардар во краток период повторно стана тема за скандали, расправии, незадоволство и потсмев. Не е проблем само кратката европска епизодна улога во квалификациите за Лигата на шампионите, а потоа и во Конференциската лига, ниту поразите во домашното првенство од тетовска Шкендија и Струга Трим лум, туку и случувањата надвор од фудбалскиот тревник. Во центарот на најновиот скандал е ...
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки со потекло од Македонија, откако лабораториските испитувања утврдиле присуство на пестицидот „форметанат“ над законски дозволените граници. Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговска фирма од Петрич. Веднаш по пристигнувањето, зеленчукот бил задржан и ставен под забрана за продажба сè до добивањето на официјалните резултати од анализите. ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, изјави дека израелските сили „треба секоја вечер да убиваат 30 или 40“ луѓе во Газа, пренесува „Ал џезира“. Бен-Гвир ја дал шокантната изјава во разговор со Ром Браслaвски, поранешен израелски заложник кој бил држен во Газа за време на израелската воена офанзива на територијата по нападите предводени од Хамас во октомври 2023 година. Разговорот бил објавен во подкаст чија снимка ...
Американската актерка Хајден Панетиер, позната по улогите во сериите „Херои“ (Heroes) и „Нешвил“ (Nashville), беше пронајдена без знаци на живот во Јужна Каролина во неделата, на 16 август. Таа имаше 36 години, пишува „Пипл“. Според првичните информации од полицијата, засега нема индикации дека станува збор за насилна смрт или дека постојат сомнителни околности, но истрагата за нејзината смрт продолжува. Околу 13.50 часот по локално време, ...
Министерството за земјоделство тври дека од Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества. – Пред примената вакцините задолжително ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе почне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под контрола на ...
Десетици жители на Прилеп и активисти од иницијативите „Зелена народна стража“ и „Спас за Прилеп“ вчера утрото повторно дојдоа да го бранат стогодишниот јавор во дворот на училиштето „Кочо Рацин“, откако директорката побара дрвото да се исече со образложение „децата да не се лизнеле од лисјата“. Едниот од двата јавори веќе е исечен на барање на училишната управа, па, според активистите, вчера пак дошле од локалното претпријатие да го сечат и ...
Шкотската репрезентација доби нов селектор, а на клупата на националниот тим доаѓа белгискиот стратег Себастиен Покоњоли. Особено интересно е што Покоњоли веднаш ќе има можност да се запознае со македонскиот фудбал, бидејќи Шкотска и Македонија се најдоа во иста група во Лигата на нации. Нашата репрезентација ќе ја пречека Шкотска на 3 октомври од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Покоњоли има помалку од 40 години, ...
Полицијата вчера привела 67-годишен битолчанец кој е осомничен дека предизвикал пожар во своето поранешното стовариште. „На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б.С.(67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул. ‘4 Ноември’ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта ...
Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа, извести Министерството. „Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, ...
Пожар избувна над скопското село Вражале, а екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе се на терен и го спречуваат неговото понатамошно ширење. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али попладнево сподели фотографии од пожар на отворено што избувнал кај селото Вржале во Општина Зелениково. Тој информира дека на терен е заедно со заменик-командантот на ТППЕ – ...
По настапот на „Мизар“, „Синтезис“ и „Меморија“ во Струмица, во рамките на одбележувањето 35 години независна Македонија, на социјалните мрежи се разви преписка меѓу струмичкиот драмски писател и автор, Митко Бојаџиски и музичарот Перо Камиказа. Бојаџиски најпрво објави статус во кој го пофали концертот и атмосферата, но остро реагираше на цените на пијалаците и на тоа што, според него, обезбедувањето не дозволувало посетителите да внесуваат ...
Од полноќ се зголемуваат цените на бензините и на дизелот. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за 4,5, а дизелот за 6,5 денари по литар. Од 18 август во 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат: Еуросупер БС-95 – 91,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари. Еуросупер БС-98 – 93,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари. Еуродизел БС (Д-Е V) – 98 денари/литар, поскапување за 6,50 ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција информираше дека во саботата починал третиот пациент од западнонилска треска од едно од загрозените места. Станува збор за 61-годишен пациент, кој имал и неколку други заболувања. Во моментот во државата има 35 потврдени и три суспектни случаи на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега ...
„Добри луѓе“, документарниот филм на нашиот режисер Милчо Манчевски, за трагедијата во Кочани, синоќа имаше светска премиера во натпреварувачката документарна програма на 32. Сараевски филмски фестивал. Проекцијата беше проследена со силни емоции, а по нејзиното завршување во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше долго, за потоа да биде прекината со силен аплауз од присутната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага ...
Одгледувачите на овци тврдат дека алармирале за потребата од вакцинација на овците уште пред една година кога виделе дека болеста се шири во регионот и дека ќе стигне и кај нас, но дури сега од Министерството за земјоделство им било кажано дека се во преговори за набавка на вакцина од Турција. Првите случаи кај нас беа потврдени во февруари годинава, а за да не се шири болеста, според Сојузот на одгледувачи на овци, досега од надлежните ...
Американската пливачка Кејт Даглас испиша нова страница во историјата на пливањето на Панпацифичкото првенство во Ирвин, откако во само неколку часа двапати го подобри светскиот рекорд на 50 метри слободен стил. Даглас најпрво во утринските квалификации исплива фантастични 23,49 секунди, со што го собори дотогашниот најдобар резултат во историјата. Но, тоа очигледно не беше нејзиниот максимум. Само неколку часа подоцна, во финалето, ...
Во Скопје и во Штип денеска со повеќе активности се одбележуваат 34 години од формирањето на Армијата. На скопските партизански гробишта беа искажани пораки за храброст, истрајност и пожртвуваност, а истовремено и во Штип беше истакнато историското значење на 18 август 1943 година, кога на падините на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена единица на македонската војска. Владина делегација, составена ...
ТФТ Скопје продолжува со политиката на ангажирање и развој на млади македонски кошаркари, а најново засилување во составот е репрезентативецот Матеј Митревски. Деветнаесетгодишниот бек-шутер во Тафталиџе пристигнува од Вардар, каде што го направи досегашниот дел од кариерата. Во ТФТ ќе работи под водство на тренерот Боро Смилковски, кој ќе му даде можност дополнително да напредува и да го покаже својот потенцијал. Митревски е уште еден ...