Чест е моја, денес да бидам домаќин на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму и на претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченото откривање на бистата на Махатма Ганди во Скопје, сподели денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Во името на Град Скопје, на претседателката на Индија ѝ посакав срдечно добредојде во нашиот град. На овој свечен настан во Музејот на град Скопје, со поставувањето на ...

Вчера во Карпош 3 на улица Радика бр.5 падна огромен дел од кровот на зграда. По силното невреме што вчера го зафати Скопје, скопјанка наведува дека станарите со години воделе судски спор со фирмата изведувач, тврдејќи дека кровот не бил соодветно изведен. - И тоа воопшто не е случајно. Со години станарите на оваа зграда се тужеа со фирмата изведувач затоа што оние што и малку се разбираат проценија дека кровот не е соодветно изведен. Плаќаа ...

Невремето кое вчера беснееше во неколку делови од државата, зад себе остави големи материјални штети во главниот град. Покрај оштетувањето на повеќе објекти државни од витално значење, на социјалните мрежи се појавија и фотографии и објави дека меѓу оштетените е и часовникот на Музејот на град Скопје. На фотографијата која од утрово кружи на социјалните мрежи, може да се види дека е оштетена стрелката која ги означува минутите на часовникот. ...

Критичните минерали се од централна важност за економската конкурентност, технолошкото лидерство и геополитичката стабилност – ова се наведува во најновата анализа на Европскиот Парламент насловена „Политиките на САД за критични минерали и импликациите за стратешката автономија на ЕУ“. Од друга страна, домашните власти допрва се очекува да создадат Листа на критични минерални суровини. Од оние руди за коишто е познато дека Македонија ги ...

По големото невреме вчера во Скопје, меѓу објектите кои претрпеа најголеми оштетувања е и Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од менаџментот на спортскиот центар денеска итно ја информираа јавноста дека пливачкиот базен претрпел огромна материјална штета и до понатамошно известување ќе биде целосно надвор од функција. „Поради невремето кое во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета на кровот на ...

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, по силното невреме што го зафати Скопје, упати порака дека, покрај материјалната штета, на површина испливал и недостигот од солидарност и меѓусебна помош. Таа истакнува дека врз природните појави луѓето немаат влијание, но можат да влијаат на начинот на кој ќе реагираат по нив. „Летаат покриви, се кршат дрвја, паѓаат бетонски и дрвени столбови. ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека синоќа работеле до доцна во ноќта, а денеска уште од раните утрински часови повторно бил на терен со службите. „Интензивно се работи на нормализирање на состојбите. Синоќа интервенираме на најкритичните локации низ Центар за што побрзо да ги отстраниме последиците од невремето, а не застануваме ни денеска“, истакна Герасимовски. Тој во објава на социјалните мрежи уапати ...

По силното невреме што зад себе остави паднати гранки и расфрлан отпад, група млади момци покажа дека грижата за животната средина започнува од личниот пример. Без ничија организација или повик, деца од Гази Баба самоиницијативно се зафатија со расчистување на спортскиот терен што го користат, отстранувајќи ги гранките и отпадот што останале по невремето. Нивниот гест е потсетник дека во заедницата има млади, воспитани и одговорни луѓе ...

Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот. Појаснуваат дека во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието се реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. „Се реализираат ...

По силното невреме што вчера го зафати Скопје и предизвика значителни материјални штети, граѓанин од Ѓорче Петров јавно им се заблагодари на полициските службеници и на сите институции кои учествувале во справувањето со последиците. Во својата објава на социјалните мрежи, Оливер Шамбевски кој е поранешен пратеник и дипломат и професор по македонска книжевност, наведува дека и неговиот дом бил оштетен од паднато дрво, по што штетата ја ...

Од вчерашното невреме во Скопје, поради кое 15 луѓе завршија во болница, а многу повеќе можеби се уште ги пресметуваат штетите врз својот имот, сепак еден граѓанин забележал и една интересна случка. Поетот и мултимедијален артист Гаврило Миловановиќ, од прозорец во неговиот дом, набљудувајќи го невремето посведочил како две госпоѓи и еден господин, обидувајќи се да си помогнат меѓусебно поради силниот ветер, се гушнале и така седеле неколку ...

Петнаесет лица се повредени во силното невреме што вчера го зафати Скопје, а медицинска помош побарале во две клиники. Во ТОАРИЛУЦ биле примени девет пациенти, од кои две лица се со потешки повреди – жена со повреда на глава е згрижена на Неврохирургија, а друга со скршена рака. Уште шест лица биле прегледани во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Тие имале посекотини и набиеници, најчесто од паднати дрвја, лимови и керамиди. ...

Од Царинската управа утрово информираа дека на граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје бил запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, откако царинските службеници го откриле при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. ...

Во услови на силно невреме, кога низ Скопје паѓаа дрвја и летаа делови од покривни конструкции, возач на автобус на ЈСП со својата смиреност и професионалност се погрижил патниците безбедно да стигнат до своите домови. За неговата постапка сведочи скопјанка која се превезувала со автобусот на линијата 65 кон Раштак. Невремето ги затекнало кај Бит-пазар, каде парчиња од околните објекти удирале во автобусот, а дрвја паѓале во непосредна ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска споделија нов метео аларм. Од УХМР за денеска најавија дека ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има и услови за невреме со појава на град. Исто така, ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, со јачина од над 60 километри на час. Споделија и карта за преглед по региони. Од ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по силното невреме што вчера го зафати главниот град, соопшти дека сите надлежни градски служби веднаш биле мобилизирани и излегле на терен за расчистување на последиците. Посочувајќи дека, иако природните непогоди не можат да се спречат, институциите реагирале брзо, организирано и навремено. „Скопје денес го зафати силно невреме со бурни налети на ветер. Природата не можеме да ја спречиме, но ...

Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од силното невреме, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за заштита на граѓаните, расчистување на теренот и нормализирање на сообраќајот и другите јавни функции. Најголеми последици се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот биле евидентирани 10 ...

Дел од корисниците во општините Центар и Кисела Вода денеска ќе останат без вода поради интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Поради изведување водоводен приклучок Ф80 на улицата „Златко Шнајдер“ број 9, од 10 часот без вода ќе бидат дел од корисниците на истата улица во Центар. Прекинот ќе трае до завршување на работите. Во Кисела Вода, поради уличен дефект на улицата „Маца Карбева“ број 24/42, од 9 ...

На 22 јули Сонцето влегува во знакот Лав, со што официјално започнува сезоната на Лавот, која ќе трае до 22 август. Photo by Alexas_Fotos on Unsplash По периодот на ретроградниот Меркур, кој кај многумина донесе одложувања, недоразбирања и чувство дека работите не се движат со посакуваното темпо, оваа астролошка промена носи сосема поинаква енергија. Лавот е знак управуван од Сонцето, па затоа овој период традиционално се поврзува со ...

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број повици до Единствениот број за итни случаи 112. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во периодот од 17:00 до 21:00 часот биле примени повеќе од 8.300 повици од граѓани. Од ЦУК соопштија дека операторите работеле со полн капацитет, а поради наглиот пораст на повици уште во првиот час биле ангажирани и дополнителни смени за да се обезбеди побрза ...

Сонцето денес влегува во Лав и започнува сезоната на Лавот – период исполнет со повеќе самодоверба, креативност, радост и желба да го живеете животот со полно срце. Photo by Alfonso Scarpa on Unsplash По периодот на ретроградниот Меркур, сега полека се враќа чувството дека повторно можете да гледате напред и да ги следите своите желби. Во наредните недели ќе биде полесно да се посветите на хобијата, љубовта, забавата и проектите што ве ...

Осум лица се згрижени во скопските болници поради повреди здобиени во силното невреме што попладнево го зафати главниот град, објави порталот „Прес24“. Според првичните информации, четворица од повредените се примени во Ургентниот центар, додека дел од останатите се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им е укажана неопходната медицинска помош. Меѓу повредените е и 86-годишна жена од Чаир, врз која паднало дрво. Таа ...

Нешто по 17 часот, Скопје го зафати силно невреме со ветер кој за околу 15 минути успеа да направи хаос низ градот. Летаа делови од покриви и лимови, се кршеа дрвја, паѓаа семафори, а маси и столови од кафулињата добија „слободен лет“ по улиците. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат и невообичаени сцени од различни делови на градот. На една локација, скопјани со здружени сили ја придржувале рампата за да не ја однесе ветерот, додека во ...

Невреме со силен ветер и пороен дожд попладнево го погоди Скопје, предизвикувајќи огромна материјална штета и сериозни проблеми во повеќе делови од градот. Според фотографиите и видеоснимките што граѓаните ги споделуваат на социјалните мрежи, станува збор за една од најтешките временски непогоди со кои главниот град се соочил во последните години. Силните налети на ветер откорнале делови од покриви, кои летале низ улиците и претставувале ...

Силно невреме попладнево го зафати Скопје, проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Граѓаните веќе споделуваат фотографии и видеоснимки од различни делови на градот, на кои се гледаат интензивните врнежи и невремето. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица ги зафатило подрачјата на Скопје и Куманово. УХМР претходно предупреди дека ...

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика повеќе проблеми низ градот. Граѓани преку социјалните мрежи пријавуваат паднати дрвја и канделабри, откачени кабли, блокирани сообраќајници и оштетени возила во неколку скопски населби. Во близина на Зоолошката градина бил забележан откачен кабел, додека пред трговскиот центар „Капитол“ дрво паднало на булеварот. Паднати дрво и канделабра се пријавени и пред Соборниот храм, а дрвја ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, пред околу 30 минути информираше дека општината е зафатена од силно невреме и дека е активиран Кризниот штаб за справување со евентуалните последици. „Во моментов општината е зафатена од силно невреме. Активиран е Кризниот штаб и ќе бидеме присутни на терен за справување со несакани последици, доколку ги има“, објави Стојкоски на својот Фејсбук-профил. Тој информираше дека е ...

Триесет и тригодишен жител на скопското село Батинци бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил без да се стекне со право за управување. Според информациите од МВР, вчера во 13:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М. (33) од село Батинци. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, при што ...

Во делови од западниот дел на Скопје попладнево започна најавеното силно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, а во некои населби има и прекин на електричната енергија. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силното невреме беше очекувано во попладневните часови. Поради тоа, Кризниот штаб на Град Скопје одржал состанок, а службите се целосно мобилизирани и присутни на терен за навремена интервенција ...

Четири лица биле инволвирани во физичка пресметка по претходна вербална расправија на подрачјето на Шуто Оризари. Според информациите од МВР, на 21 јули 2026 година во 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С. (56) и А.С. (56), од една страна, и С.С. (45) и Е.С. (41), од друга страна, сите од Скопје. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35