Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска извршил увид во завршните градежни активности за асфалтирање на улицата Палмиро Тољати во Ченто, за што истакна дека е еден од најзначајните инфраструктурни проекти за овој дел од општина Гази Баба. „Со вкупна должина од 2.48 километри, оваа улица добива целосно нов и современ лик, достоен за граѓаните кои секојдневно ја користат. Вредноста на проектот изнесува ...
Скопјанец бил ограбен додека бил во неговиот автомобил, крадецот ја отворил совозачката врата. Според информациите на МВР, вчера во 01:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(41) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот, додека бил во неговото возило, едно лице од совозачката страна ја отворило вратата и му одзело чанта со пари, банкарски картички, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата. ...
Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на ...
Ноќеска во 03:00 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди дошол А.Н.(21) од прилепско. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, синоќа околу 23:30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од машко лице, кој употребил остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска во 03:00 часот во СВР Скопје, од ...
Во СВР Скопје вчера било пријавено дека настанала групна тепачка пред главниот влез на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 12:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на главниот влез на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Х.(41), Ф.Х.(18), Џ.Х.(37), С.К.(26), С.С.(32) и 16-годишник. По целосно ...
Повторно тепачка во ходник во една скопска зграда. Две лица физички се пресметале откако претходно се расправале. - На 11.05.2026 во 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ц.(50) и Д.Т.(44), двајцата од Скопје, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе ...
39-годишен кумановец доби кривична пријава затоа што изготвил фалсификувана диплома и ја приложувал при засновање на работни односи во повеќе фирми од 2020 година навака. Во полицискиот билтен се наведува дека СВР Куманово поднело кривична пријава против С.Д.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Пријавениот изготвил фалсификувана диплома, во која внел неточни податоци дека има ...
Рано утрово петмесечно бебе починато било однесено на скопската клиника од страна на таткото. - На 12.05.2026 во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме ...
Вчера во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром било пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит. Како што се наведува во полицискиот билтен, во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријавил дека во периодот од 11:00 до ...
Уште еден инцидент меѓу малолетници ја потресе македонската јавност. Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 15-годишник откако со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во општина Гази Баба во Скопје. Според информациите инцидентот се случи во ООУ „25 Мај“ во населбата Ченто. „На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по ...
Полицијата уапси скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром. Инцидентот се случил вчера. - На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор ...
Сместен во едно од најисториските крајбрежни одморалишта во Грција, Porto Carras Grand Resort претставува обновена визија за безвременско медитеранско гостопримство, втемелено во традицијата, виното, гастрономијата и природата. Со повторното отворање за летната сезона 2026, Porto Carras Grand Resort влегува во ново поглавје од приказната на едно од најиконските туристички одморалишта во Грција. Сместен на огромен приватен имот во Ситонија, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук сподели дека главниот град го бележи најдобриот прв квартал во историјата, како и убедливо најдобра реализација на капитални инвестиции. „И покрај затекнатиот хаос, наследените долгови, нефункционалните системи, парализираните јавни претпријатија и град кој со години беше оставен без вистинско водство, успеавме за краток период да го исправиме Скопје на нозе. Денес, со гордост ...
Во рамки на заложбите за унапредување на комуналната инфраструктура и обезбедување поквалитетни услови за живот на граѓаните, Општина Илинден, во соработка со ЈКП „Водовод“, продолжува со активности за подобрување и модернизација на водоводната мрежа на територијата на општината. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улица „9“ во н.м ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите во Центар да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон ...
SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Retail Fresh Store во Скопје (Бул. Македонско-косовска бригада 11/1), со што се одбележува значаен чекор во развојот на современиот малопродажен сектор во Македонија. Официјалниот настан за лансирање ќе се одржи утре (13 мај), кога SPAR ќе го отвори својот прв маркет и формално ќе гo започне своето работење ...
Во рамки на национална кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“ апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот. „Замисли дека нечиј живот зависи од одлука што можеш да ја донесеш ...
Светиот соборен храм „Свети Климент Охридиски“ во центарот на Скопје со победа за најубава фасада. Имено, македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION постигна голем европски успех, освојувајќи ја наградата на јавното гласање на престижниот натпревар Baumit Life Challenge 2026, кој се одржа во Будимпешта, Унгарија. Со овој успех, компанијата уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најдобрите компании во Европа во областа на фасадната ...
Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната база ги посетија македонските фудбалски репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои дојдоа да им дадат поддршка и да ги охрабрат пред следните предизвици. Поддршката од репрезентативците претставува силен ветер во грб за нашите футсалци, кои гордо ја претставуваат Македонија на Европското првенство во футсал што ...
До Редакцијата на Скопје Инфо, од наш читател утрово пристигнаа фотографии со непријатна глетка од Водно, каде што може да се забележи расфралан отпад на повеќе делови покрај патот, во делот под Марково крувче. Читателот посочува дека вчера во попладневните часови поминал низ истиот пат, но не затекнал ваква глетка. „Ова е направено преку вечерта“, вели тој. До Редакцијата на Скопје Инфо, од наш читател утрово пристигнаа фотографии со ...
42-годишниот српски државјанин С. М. бил лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР. Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, а полицијата при рација открила оружје ...
Проблемот со автобусите во Скопје повторно актуелен. Вчера на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), скопјанец сподели дека во „шпиц“ термин чекал рекордни 40 минути. Во објавата, профилот „mirchev“ пишува дека откако завршил со работа, на станица Хром-Влае, автобуската линија „5“ дошла после 40 минути. „Абе човек не може, да се врати од работа, од што ги нема овие ЈСП ? Срамота! Дремам на Станица Хром Влае, рекордни 40 минути, а 5- ка, ...
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), скопјанец раскажува што сѐ преживеал овој народ и дека поради тоа, не може да го исплаши хантавирусот. Во објавата, со доза иронија, профилот со псевдоним „Man from Skopje“ вели дека покрај свинскиот и птичјиот грип и корона вирусот, македонскиот народ преживеал и смог, 30 години транзиција, инфлација и серија други општествени трагедии. Вели дека луѓето кај нас со стрес јадат, со нервоза ...
Градскиот парк, на познатата локација „Школка“, од утре, среда, повторно станува место на добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика. Со почеток во 18:00 часот, започнува јубилејното 15. издание на фестивалот на виното „ВИНОСКОП 2026“, кој годинава ќе трае пет дена, сè до недела, 17 мај 2026 година, под покровителство на Град Скопје. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од ...
Загина 89-годишен росоманец, откако во него удрило товарно возило на регионален пат Градско-Прилеп. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, ...
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради зафати во водоводната мрежа, денес делови од Скопје ќе останат без вода. Според најавата, поради интервенција на улицата „Коста Абрашевиќ“ бб, кај ОУ „Хасан Приштина“, од 09:00 часот па сè до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „5-ти Мај“ и „Кемал Ататурк“ во Општина Чаир. Во ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес делови од Скопје ќе останат без електрична енергија. Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „95“ во населбата Волково, во Општина Ѓорче Петров. Во истиот ден, од 12:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и кај дел од корисниците на улицата „16“ во селото Долно Соње, ...
Денот носи свежа, динамична енергија. Photo by micheile henderson on Unsplash Месечината влегува во Овен и го зголемува темпото, додека секстилот со Уран во Близнаци отвора простор за паметни, брзи решенија. Ова не е ден за тежок притисок, туку за паметни потези. Промените што ги правите сега треба да бидат одржливи, не исцрпувачки. Енергијата е тука, прашањето е како ќе ја насочите. Овен Енергијата ви расте и чувствувате потреба да се ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град. Тој денеска потести дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во училиштата веќе биле воведени правила со кои електронските уреди не биле дозволени за време на наставата, и дека општината била меѓу првите што ја примениле ваквата мерка. Градоначалникот исто така информираше ...
Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...