Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска информираа дека нестабилна облачна маса со правец на движење југозапад - североисток ја зафатила територијата на Македонија. Од таму посочија дека во југозападните и централните делови од државата има локално пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. За состојбата споделија и карта со обележани точки во однос на интензитетот и деловите од државата кои што се зафатени. Од Управата ...

Мрежата Еуропа Синемас (Europa Cinemas) по скоро 15 години, ги суспендираше членствата на скопските кина Милениум и Фросина, бидејќи Милениум е затворено од април 2024, a Фросина нема континуирана филмска програма поради акумулираниот долг кон дистрибутерите на филмови, пренесува порталот „САКАМДАКАЖАМ.МК“. Овие кина се под надлежност на Младинскиот културен центар (МКЦ), од каде што вработените уште лани апелираа дека МКЦ е во очајна ...

Мајка на 12-годишно девојче од Скопје пријавила во полиција дека момче, кое исто така е малолетно, но возраста во соопштението на МВР не се открива, од март наваму под закана ја принудувало нејзината ќерка да му испраќа експлицитни слики и видеа. „На 13.05.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација ...

На социјалната мрежа „Х“ утрово беа објавени фотографии од локацијата на веќе доскорашниот паркинг до Рамстор Мол, каде во тек се подготовките за изградба на нова зграда, на кои може да се забележи како багерите ги корнат преостанатите дрвја кои останале. Во својот „твит“, Дарко Арсовски напиша: „Во делот од градот каде дрво нема ни за лек сабајлево ги кршат дрвјата за новата зграда до Рамстор“. На неговата објава се надоврза и профилот со ...

Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со настапи на DJ Oky Doky, DJ ...

Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18.449.000 патници, од кои 16.964.000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз 1.485.000 патници, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоци на ДЗС, со 1.982 патнички автомобили биле изминати вкупно 60.158.000 километри. Од нив 53.418.000 биле изминати во градскиот превоз, додека 6.740.000 километри биле изминати меѓуградскиот превоз. Со такси-превоз, во 2025 година ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија. „ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите. Особено е неприфатлива потребата да се повикуваат навредливи содржини и да се пее вулгарни и навредливи текстови при прославувањето на ...

Хигиеничар во основно училиште во беровско село ќе одговара кривично, бидејќи вршел психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со мобилен телефон. Во полицискиот билтен се наведува дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, ...

Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен ...

Ноќеска во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(24). Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен по претходна пријава дека на вечерта околу 22:30 часот во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје, по претходна расправија со неговиот татко, со запалива течност го полил ходникот од објектот ѝ му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Ф.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „предизвикување на општа опасност“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 22.11.2025 на излез од село Боговиње, тетовско, пријавениот му го пресекол патот на Н.И.(31) од Боговиње, тетовско, додека се движел со своето патничко возило, при што му упатувал ...

Синоќа во 21:25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 65-годишната Л.Ј. од Скопје. Во полицискиот билтен се наведува дека таа била приведена по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и се однесувала недолично кон 52-годишниот И.К., сопственик на стан, со кого Л.Ј. требало да склучи договор за закуп на стан, но истата одбивала. По целосно ...

Вработен на ЈП Водовод и канализација тешко се повредил при вадење на цевка од ров во Трубарево. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 13:45 часот во СВР Скопје, Д.В.(53) од село Раштак, скопско, пријавил дека околу 12:45 часот во село Трубарево, скопско, додека извршувал работни задачи при вадење на цевка од ров, вработен во ЈП Вододовод и канализација Скопје се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во ЈЗУ „Св. Наум ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека булеварот „Борис Трајковски“ се довршува и дека се работи со силно темпо. „Денес, со искрено задоволство стојам на булеварот кој со децении беше закочен, заборавен и претворен во вистинска голгота за илјадници граѓани. Булевар по кој секое поминување значеше нервоза, гужви, прашина, небезбедност, оштетени возила и изгубено време. Ветив дека во мојот мандат ќе го довршиме. ...

Вчера во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска сподели дека општината е домаќин на Младинскиот шаховски фестивал „Квалитет 2026“. „Со особена чест и гордост, нашата општина ќе биде домаќин на еден од најзначајните младински шаховски настани во регионот - фестивалот „КВАЛИТЕТ 2026“, кој оваа година одбележува јубилеј 10 години посветеност на развојот на шахот и младите таленти“, истакна Стојкоски. Тој упати голема ...

На социјалните мрежи кружи фотографија од наводно од некои од учебниците за основно одделение, каде што имињата на делови од човчкото тело кои со стрелки покажуваат каде се наоѓаат, воопшто несоодветствуваат со ралноста. На левата страна се наоѓаат имиња на делови од главата, но за дел од нив стерлките покажуваат кон рацете, рамениците, нозете итн. На социјалната мрежа „Х“ веднаш се појавија реакции, од кои некои се шекуваа со доза сарказам, ...

Од Општина Аеродром денеска информираа дека завршило Општинското екишно училишно првенство во шах. „Со многу енергија, спортски дух и одлични шаховски потези, успешно заврши Општинското екипно училишно првенство во стандарден шах за учебната 2025/2026 година. Учество земаа сите 8 општински основни училишта, а младите шахисти се натпреваруваа во 7 возбудливи кола, поделени во две категории: I – V одделение и VI – IX одделение“, посочија од ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во објава на социјалните мрежи сподели дека утре во 12 часот ги очекува граѓаните на „центарска прошетка“ кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк. „Нашата втора центарска прошетка ја посветуваме на жените што оставиле трага во историјата и културниот развој на Скопје“, посочи Герасимовски. Тој нагласи дека ова е можност да се слушнат приказните за девојките и жените кои со својата ...

Утре во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, информираа од МВР. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по улица „Св. Кирил и Методиј“, лево по булевар „Св. Климент Охридски“, право по булевар „Мајка ...

Полицијата трага по двајца малолетници кои вчера се обиделе да предизвикаат пожар во Парк шумата Гази Баба. Случајот во полиција го пријавил граѓанин, кој со помош на уште неколку лица успеал да го изгасне дел од опожарениот летниковецот. „Денеска (15.05.2026) во 19:47 часот во СВР Скопје А.В. пријавил дека во парк шума Гази Баба од страна на две малолетни лица бил опожарен дел од летниковец. Пожарот е локализиран од страна на граѓани. Се ...

Во месец мај граѓаните ги очекуваат уште продолжени викенди - еден за сите граѓани и еден за граѓаните од православна христијанска вероисповед. Ќе празнуваат и граѓаните од муслиманска вероисповед, но нивниот празник се паѓа во среда. Веќе следниот викенд, граѓаните ќе го празнуваат Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Мтеодиј, кои се празнува на 24 мај, но бидејќи се паѓа во недела, неработен ден ќе биде понеделникот, односно ...

Во пресрет на матурските прослави кои се актуелни кон средината на месец мај, на социјалната мрежа „Х“ се појави еден необичен „твит“ кој прави паралела кон самата прослава што значела порано и што значи тоа во денешните околности. Профилот со псевдоним „Хенри Чинаски“ вели дека славењето матура и правењето на циркус од тоа е нешто што е останато од минатото, кога најголемиот дел после завршување на средното образование се осамостојувале, за ...

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), профилот со псевдоним „Ракија“ постави прашање за тоа дали има некој осигуреник на Фонд за здравство да оперирал жолчка без да плати од 600 до над 1000 евра? Во одоговорите кои што ги доби, беа изнесени шокантни тврдења, каде граѓани јавно признаваат дека за да побрзо завршат работа, односно да се оперираат во јавно здравство, „фаќале врски“. „Јас се оперирав прошлата година на државно , чекав 7-8 ...

Градежните активности за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ се одвиваат со забрзана динамика и проектот веќе влегува во својата финална фаза, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според Ѓорѓиевски, овој инфраструктурен зафат е од клучно значење за сообраќајната функционалност во овој дел од градот. „Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција. Со неговото отворање ќе овозможиме ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави значително проширување на системот „Безбеден град“, кој во иднина ќе опфаќа многу повеќе сообраќајни прекршоци, а не само брзо возење. Според Тошковски, системот веќе активно регистрира различни видови прекршоци во сообраќајот. „И сега констатираме поголем број на прекршоци. Не е само брзо возење, туку и погрешно престројување, погрешно свртување, поминување на црвено светло“, изјави ...

Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиваидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној, пак, му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј ...

Драматична полициска акција синоќа се одвивала во центарот на Скопје, откако 22-годишен државјанин на Холандија бил пријавен за агресивно однесување и наводно носење пиштол. Според информациите од МВР, лицето со иницијали С.С.С. било приведено околу 23:40 часот од полициски службеници од СВР Скопје, по претходна пријава дека на подрачјето на Центар го нарушувало јавниот ред и мир. Како што пренесуваат информациите, младиот Холанѓанец пред ...

Денот носи нови почетоци. Photo by Chermiti Mohamed on Unsplash Со спојот на Месечината и Меркур во Бик, мислите стануваат јасни и практични, а младата месечина во Бик отвора нов циклус поврзан со сигурност, ресурси и вредности. Ова е момент кога не треба да брзате, туку да поставите основа што ќе трае. Малите, реални чекори денес имаат долгорочно значење. Овен Фокусот е на финансии и сигурност. Време е да направите план што е реален, не ...

На 16 мај 2026, младата месечина се случува во знакот на Бик и носи една поинаква енергија од онаа на која сме навикнати последните недели. Photo by Vladislav Klapin on Unsplash Наместо брзање, драматични пресврти или емоционални екстреми, оваа месечина нè повикува да застанеме, да се заземјиме и да погледнеме што навистина ни носи сигурност. Ова не е момент за импулсивни одлуки, туку за тивко, но цврсто поставување на темели кои ќе траат. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.53
71%
1021
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
77%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
72%
1019
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.76
89%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
75%
1022
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.56
92%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
49%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.53
56%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
0.92
81%
1021
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
52%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.64
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Бакар

12.33

Злато

131072.82

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Паладиум

38195.09

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84