42-годишна скопјанка вчера попладне ја нападнала својата возрасна мајка. - На 04.08.2026 во 17:40 часот во Полициската станица Драчево, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.А.(42) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 73-годишна мајка, информираа од МВР во дневниот билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 42-годишна скопјанка ...

Синоќа во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишник од скопското село Горно Количани. Како што се наведува во полицискиот билтен, малолетникот бил приведен постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:45 часот, поради недоразбирање во сообраќајот, со тврд предмет го нападнал А.С.(18) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Синоќа во ...

Триесет и осумгодишна велешанка била примена во ЈЗУ Општа болница Велес со повреди, откако, според пријавата, била физички нападната од нејзиниот брат. Од СВР Велес информираат дека на 3 август во 11:00 часот од болницата пријавиле дека кај нив била донесена повредената жена. Според пријавеното, нејзиниот 32-годишен брат со иницијали Р.И. физички ја нападнал, при што таа се здобила со повредите. Со осомничениот бил извршен службен разговор, ...

Среде ноќ уапсен малолетник во Горно Лисиче кој возел камион. - На 05.08.2026 во 02:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче“, полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со ...

Вчера во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41) - директор на ЈКП Сарај, пријавил дека во периодот од 16:30 часот на 31.07.2026 до 06:40 часот вчера, во неговата канцеларија која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата и фиока од негово работно биро. Како што се наведува во полицискиот билтен, притоа украдени биле пари од прометот на ЈКП Сарај. Се преземаат мерки за расчистување ...

Велосипедист е тешко повреден откако се судрил со „бмв“ во Гостивар. Како што информираа од МВР, вчера во 15:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба „Питарница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со австриски национални ознаки, управувано од Х.Д.(32) од село Форино, гостиварско и велосипед управуван од И.Р.(43) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение дека сторил кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. Како што информираат од МВР, на 20 април 2026 година, без претходно одобрение за сеча и спротивно на одредбите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот на локалитетот Лениште, во атарот на селото Мислодежда, пријавениот ангажирал работници без склучени ...

Град Скопје и Општина Гази Баба ги известуваат граѓаните дека утре, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари. За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин. Работите се ...

На социјалните мрежи, се појавија повеќе видеа од центарот на Охрид од пред неколку дена, каде група млади луѓе како се веселат, спонатно собрани околу млади улични артисти, кои со повеќе инструменти создадоа вистинска концертна атмосфера под отворено небо. Видеата од вечерната атмосфера набрзина станаа вирални и многумина ги споделија и поздравија, но сепак, се појавија и такви, кои тврдат дека ова би требало да се санкционира поради ...

Долгото чекање на касите во „Веро“ предизвика реакција на социјалната мрежа X, каде корисничка побара маркетот да воведе самонаплатни каси по примерот на „Тинекс“. „Веро 2, или откупете ги самонаплатните каси од Тинекс или затворете. Дали во осум наутро или попладне, 20 минути се чека на каса. Тие на каса како од забавен филм. Необучени доволно и луѓе кои едноставно не се за на каса во Веро“, се наведува во објавата. Веро 2 или откупете ги ...

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври” се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова ...

53-годишна државјанка на Република Белорусија е пронајдена почината во хотел во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случајот бил пријавен денеска, 5 август, во 07:45 часот во СВР Охрид. Починатата е идентификувана како И.Т. (53) од Белорусија. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта. Од ...

По пеколните температури, за утре најава за разладување, но само на повисоките делови од земјава. Управата за хидрометеоролошки работи за утре најави сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на јули подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на главниот град. Покрај редовното собирање отпад, отстранети биле и 2.360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад што паднал на јавните и сообраќајните површини по невремето што го зафати Скопје на 21 јули. Најголемо количество отпад од јавните и ...

34-годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од адвокат од истиот град за сума од 800 евра. Според пријавата поднесена на вчера во ОВР Гостивар, жената била доведена во заблуда во текот на јуни, кога по претходни консултации во врска со службено постапување, адвокатот побарал да му плати за наводно застапување по одреден предмет. По извршените проверки, пријавителката констатирала дека предметот за кој било побарано застапување ...

Општина Карпош информираше дека ќе ги пречека најмладите ученици со ранче и основен училишен прибор, за секое дете кое за првпат ќе седне во училишните клупи. За оваа намена, согласно годишната програма на Одделението за образование, од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот Сотир Лукровски ќе ги посети основните училишта и лично ќе им ги врачи ранчињата и ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески утрово сподели дека во паркот покрај булеварот „Февруарски поход", започнала изградбата на ново современо детско игралиште, кое ќе биде едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени низ општината. „Проектот е дел од нашата заложба секое маало да добие безбеден и квалитетно уреден простор каде што децата ќе растат, ќе се дружат и ќе играат“, истакна Митески. Тој посочи ...

Магистралниот пат Прилеп–Битола е целосно блокиран за сообраќај поради тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово. Според информациите од терен, на местото на несреќата има застој во сообраќајот, а екипите на надлежните служби интервенираат, пренесува порталот „Охрид1“. Засега нема официјални информации за бројот на повредени лица или за евентуални жртви. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот и по официјалното соопштение од ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека започнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. „Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција од основните судови. Наместо одење на шалтер и губење време, компаниите можат електронски да поднесат барање преку Националниот портал uslugi.gov.mk“, истакна Андоновски. Тој посочи дека дигиталната ...

Со капитални инвестиции во образованието и спортот создаваме современи услови за секое дете, затоа што вложувањето во младите е најголемата инвестиција во иднината на Македонија, истакна денеска градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Во Ченто никнува новото училиште ООУ „Крсте Мисирков“, современ образовен објект кој ќе им овозможи на учениците квалитетна и достоинствена настава. Во Железара се гради нова спортска сала во ...

ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена“, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност, соопшти Влен. „Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до гуша. Можеше ...

Кај едно лице при полициски претрес изминатата ноќ е пронајдена марихуана. Тој бил затекнат заедно со уште две лица на „Партизанска“. Изминатата ноќ, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на булевар „Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало ...

Општина Бутел работи на изградба на три нови детски градинки, со цел зголемување на капацитетите за згрижување на децата од предучилишна возраст. Како што информира градоначалникот Дарко Костовски, градинките „Бутел 1“ и „Бутел 2“ се наоѓаат во завршна фаза на реализација. Тој посочува дека се обезбедени и средства за изградба на нова градинка во Визбегово, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади. „Се ...

Вчера во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени од слобода биле Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Имено, како што информираат од МВР, при извршен преглед на возило "голф" во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, ...

Општина Крива Паланка најави голем бесплатен музички настан. На 29 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка, ќе настапи едно од најголемите музички имиња на Балканот – Лепа Брена. Легендарната музичка ѕвезда, чии песни со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл во Крива Паланка, исполнет со безвременски хитови и незаборавна атмосфера. Истата вечер пре публиката че настапи и популарниот пејач ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничен премин Богородица се бележи време на чекање за излез околу 30 мин, за влез околу 15 минути, на другите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Денес не е ден за нови почетоци, туку за затворање на старите поглавја и создавање простор за она што следува. Photo by Shai Pal on Unsplash Последната четвртина на Месечината во Бик носи време за завршување, расчистување и ослободување од сè што веќе не ви служи. Во исто време, квадратот со Јупитер во Лав може да создаде чувство дека сè може да почека или дека сте презеле повеќе отколку што можете да завршите. Овен Не брзајте да започнете ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација продолжува со одличните настапи на Европското првенство кое годинава се одржува во Белград. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски денеска ја совладаа Турција со 29-27 и ја запишаа втората победа во групата од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место. Натпреварот започна подобро за турската селекција, која рано поведе со 8-5. Македонските кадети брзо се вратија во игра и со серија ...

По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага ...

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува исклучиво како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што посочи Тошковски, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32