Ова е ден кога лесно можете да ги претворите плановите во конкретни резултати, особено ако останете фокусирани на своите цели. Photo by engin akyurt on Unsplash Марс во Близнаци денес формира хармоничен секстил со Сатурн во Овен, носејќи одлична комбинација од енергија, дисциплина и истрајност. Во исто време, Месечината влегува во Вага и го насочува вниманието кон мирот, соработката и добрите односи со другите. Денот е поволен за ...

Невреме со пороен дожд и грмежи се приближува кон Куманово и северните делови на Скопје, предупреди Управата за хидрометеоролошки работи. Претходно, од УХМР информираа дека северно од Скопје има невреме со пороен дожд и грмежи, кое се движи кон југоисток. Во сила е и метеоаларм за услови за невреме со засилен ветер, грмежи и можна појава на град. Според прогнозата, до понеделник времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена ...

Новиот билборд со порака „Добредојдовте во Скопје“, кој деновиве беше поставен од Град Скопје, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи поради повеќе забележливи визуелни недоследности. Најмногу внимание привлече коњот Букефал од споменикот „Воин на коњ“, кој на илустрацијата изгледа како да има пет нозе. Корисниците посочуваат и дека Камениот мост е прикажан со повеќе арки од реалниот изглед, Скопското Кале наликува на непозната ...

По викендот со температури до 38 степени, од вторник се очекува постепена промена на времето и значително освежување. Според прогнозата, сончевото и многу топло време ќе продолжи и во недела, кога максималната дневна температура во Скопје ќе достигне 37 степени, а во понеделник ќе се задржи на околу 36 степени. Промената ќе започне во вторник, кога се очекува дожд и пад на дневната температура до околу 32 степени. Освежувањето ќе биде уште ...

Запален контејнер кај катна гаража во Скопје зафати и возило. - На 17.07.2026 околу 17:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, во близина на катната гаража „Смилевски Конгрес“, бил опожарен контејнер, а од огнот било зафатено и патничко возило „фиат“, сопственост на правно лице. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен. Се преземаат мерки за расчистување ...

20 минути по полноќ силувана жена во скопско Лисиче. Жртвата била обљубена од две лица, од кои едното е уапсено. - На 18.07.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Лисиче, две лица извршиле обљуба врз 32-годишна жена. Во врска со случајот од слобода е лишен А.М.(41) од Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираа од полицијата во денешниот полициски билтен. 20 минути по полноќ ...

20-годишна жена пријавила во полиција дека непознат маж ја набљудувал додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 16 јули околу 14:30 часот, а бил пријавен истиот ден во 17:30 часот во СВР Скопје. Како што навела пријавителката, додека се пресоблекувала во гардеробата, забележала човек качен на скала, ...

58-годишник починал откако се повредил при сеча на дрва. - На 17.07.2026 во 18:42 часот во СВР Штип од Итната медицинска помош-Пехчево е пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик да интервенираат во близина на село Панчарево, каде Ј.Ѓ. (58) се здобил со повреди при сеча на дрва, каде бил заедно со својот син. На пат кон здравствената установа Ј.Ѓ. починал, информираа од МВР. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Делчево, телото на ...

Ако нешто му фали на Скопје на овие летни горештини, тоа е езерото Треска - место каде во непосредна близина на градот скопјани ќе може да се разладат. За жал, езерото во кое инвестираа самите стари скопјани, денеска е историја. Скопјанец повторно ја покрена оваа тема! - Мои скопјани! Да ве запрашам! Дали во овие скопски лета ви фали рекреативното езеро „Треска“? Дали го чувствувавте за наше? - гласи неговото прашање на Фејсбук кое денеска, ...

25-годишен возач од тетовското село Требош е лишен од слобода откако без возачка дозвола управувал автомобил и предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат кон селото. Несреќата се случила вчеравечер околу 22:00 часот, а во неа учествувале патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С. (80) од село Палатица. Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управувал возилото ...

Во фејсбук групата „Општина Аеродром-Пријави проблем“ е објавено видео од игралиште во населбата Мичурин во Скопје, на кое се гледа електрично сандаче од кое се пушта струјата за осветлувањето на игралиштето. На видеото се гледа дека на сандачето вратичката е скршена, поради што малолетници можат сами да пристапат и да го вклучуваат и исклучуваат напојувањето. „Секоја вечер децата „палат и гасат“ светло на игралиштето во Мичурин. Решете го ...

Од Центарот за невропсихологија, психотерапија и психодијагностика „Когниција“ посочуваат дека високите температури не влијаат само врз физичкото здравје, туку и значително го менуваат психолошкото функционирање на човекот. „Како што живата во термометарот се искачува, така често се менува и нашиот внатрешен психолошки пејзаж. Ефектот на топлината врз раздразливоста е добро познат феномен. Бидејќи нашето тело веќе е во состојба на физички ...

Во угостителски објекти во Тетово ноќеска пронајдени се дрога и ножеви. Приведени се четири лица. Министерството за внатрешни раоти информира дека од задната страна на угостителски објект пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја. При контрола на други објекти, приведени се А.А. (23) од с. Ново Село, затоа што ги омаловажувал полициските службеници, а Е.Р. (29) од с.Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј.(59) од с.Голема Речица се ...

Полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода 45-годишната М.П. од Богданци, која е осомничена дека украла мобилен телефон од вработена во ЈЗУ „Општа болница“ – Гевгелија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила на 17 јули околу 10 часот во просторија на болницата. Осомничената била приведена истиот ден во 16:10 часот. Во службен разговор таа го признала делото, по што од неа бил одземен ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Ако немате планови за викендов, а сакате добра забава, сите патишта водат кон Прилеп! Ќе има добра храна, музика и пиво на традиционалниот „Пиво фест“. Со богата музичка програма, разновидна гастрономска понуда и десетици видови пиво, синоќа во Прилеп започна 23. издание на традиционалниот фестивал „Пиво фест“, кој ќе трае до недела. На фестивалскиот простор посетителите ќе можат да уживаат во понудата на пет пиварници со околу 20 видови ...

Православната црква денеска (18 јули) го одбележува споменот на Преподобен Атанасиј Атонски. Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување... ...

Во најновиот Извештај за владеењето на правото, Европската комисија оценува дека Македонија мора да ги забрза реформите во правосудството, борбата против корупцијата и заштитата на медиумските слободи. Photo by Guillaume Périgois on Unsplash Нотиран е напредок, но од Брисел се предупредува дека остануваат сериозни слабости кои го поткопуваат владеењето на правото. Во извештајот се наведува дека независноста на судството и автономијата на ...

Уран во Близнаци денес формира хармоничен тригон со Плутон во Водолија, носејќи силна енергија за промени, личен развој и храбри одлуки. Photo by Amelia Bartlett on Unsplash Овој редок аспект ве поттикнува да преземете контрола врз ситуациите што долго време изгледале неизвесни и да им пристапите на предизвиците на поинаков, поиновативен начин. Денот е поволен за ослободување од старите модели, прифаќање нови идеи и започнување промени што ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Љ. (29), Х.К. (28), В.М. (27) и К.С. (28), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 10.04.2026 во маркет во Куманово, пријавените физички го нападнале Д.М. од Куманово. Исто така, при нападнот, едниот од нив употребил и стаклен предмет СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Љ. (29), Х.К. ...

Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје Р.Б.(43) од Скопје пријавил дека на 03.07.2026 во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Х.К.. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, Х.К. бил вработен како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје Р.Б.(43) од Скопје пријавил дека на 03.07.2026 во трговски центар на ...

Во текот на 2026 година, на археолошкиот локалитет Стоби паралелно се реализираат конзерваторско-реставраторски работи на два значајни објекти – античкиот Театар и Градбата со арки. фото: Фејсбук Од Националната установа Стоби информираат дека кај античкиот Театар интервенциите се насочени кон надворешниот кружен коридор, просторот низ кој посетителите во античко време пристапувале до ходниците под гледалиштето. Се конзервираат ѕидовите што ...

Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во учебната 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив било обезбедено ...

Скопјанка пријавила во полиција дека таа и нејзиниот сопруг, од страна на нивен роднина им биле упатени закани. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско, пријавила дека околу 13:45 часот нивниот роднина Т.К. упатувал закани кон неа и кон нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанка пријавила во полиција дека таа и нејзиниот сопруг, од страна ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година. Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност. Од Општината порачаа дека со особена гордост им честитаат на: Павел Ангелов – ООУ ...

Утрово околу 08:00 часот, полициските службеници од РЦГР Север, постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на село Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу село Танушевци и село Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Од МВР информираат ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска во Шуто Оризари отпочнале конкретни градежни активности за, како што вели, подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје. „За првпат ја реконструираме улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба. Поставуваме околу 4.000 квадратни метри нов асфалт, со што обезбедуваме побезбедно, полесно и достоинствено движење за жителите“, ...

Полицијата уапси 60-годишен велешанец кој ја следел 52-годишната поранешна партнерка. - На 17.07.2026 во 12:25 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.С.(60) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 52-годишна поранешна партнерка од Велес, дека ја следел и бил пред нејзиниот дом, како и пред објектот каде што работела, со што не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да контактира и да и ...

Во текот на денешниот ден биле регистрирани вкупно три пожари на отворен простор до 13 часот, од кои еден е сѐ уште активен, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар е во регионот на село Врапчиште, каде гори ниска вегетација. Ниска вегетација и ѓубре гореле и во село Добрејци во општина Струмица, а имало пожар и на депонија во подрачјето на село Железница, општина Кратово. Во текот на денешниот ден биле ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека по 70 години, за првпат се реконструира спортска училишна сала во ООУ “Панајот Гиновски”. „Старата дотраена спортска сала ќе замине во историја. Со реконструкцијата се поставува целосно нов под со нова подлога. Ќе се добијат и нови соблекувални а ќе се реконструираат и санитарните јазли“, истакна Костовски. Со оваа реконструкција, како што посочи тој, се обезбедуваат ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
5.66
23%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
28%
1021
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
5.14
27%
1022
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
24%
1020
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
4.1
28%
1017
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
1.79
32%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
9.26
29%
1013
weather icon

Тирана

40ᴼ / 39ᴼ
2.57
21%
1013
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
3.6
22%
1015
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 31ᴼ
7.72
34%
1019
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
26%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
6.99
83%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Платина

56263.81

Иридиум

252383.36

Сребро

2099.49

Алуминиум

3.36

Бакар

13.39

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Родиум

278907.73

Рутениум

53852.50

Злато

141562.95

Паладиум

43596.41

Калај

55.56