
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ алармираше и претходно и сега за актуелните случувања во Европскиот парламент, што ја засегаат земјава, и додаде дека на сите им беше јасна тенденцијата на источните соседи освен на СДС и ДУИ. „Се чини дека на сите им беше јасно но само не и на СДС и ДУИ за тенденцијата на нашиот источен сосед кога станува збор ...
Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што го напуштил местото на настанот, а од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. На средбата се разговараше за унапредување на политичката и економската соработка – како потврда на силното стратешко партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка и поддршката на иницијативи насочени ...
Златко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, истакна дека клучната поента е стабилизација на економијата, преку растот на БДП од 3% и зголемената економска активност во сите сектори. Тој посочи дека особено е значајна поддршката од страна на Владата за локалната самоуправа, со цел да се унапреди развојот на општините како основа за стабилна држава. ,,Клучна поента, клучен збор е ...
По еден ден бегство, приведен е возачот на моторот, кој го усмрти скопјанецот Југо на пешачката патека на кеј, кај Жабарот, дознава “Скопје1”. Тој избегал веднаш по трагедијата, оставајќи го зад себе повредениот сопатник и усмртеното тело на Југо. Трагедијата се случи во вечерните часови, кога моторот со голема брзина удрил, кој излегол од дома за да исфрли отпад. Семејството и пријателите на трагично загинатиот скопјанец побараа правда, а ...
По повеќемесечна предистражна постапка спроведена од Основното јавно обвинителство Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска е реализирана голема полициска акција на територијата на Скопје и Куманово. Како што соопштија од Обвинителството, во текот на истрагата биле применети посебни истражни мерки, а денешната акција е спроведена под раководство на јавен обвинител. Полициските екипи извршиле претреси на повеќе ...
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски пред Комисијата за финансирање и буџет упати апел за зголемување на буџетските средства на Јавното обвинителство. Сегашниот износ смета дека е недоволен за исполнување на основните функции и на реформските обврски. Тој посочи дека поради зголемените трошоци за вештачења, како и поради недостиг на стручни кадри, Обвинителството се соочува со сериозни предизвици, особено во сложени предмети, како ...
Предложениот ребаланс на буџетот претставува обид на власта да ги прикрие сериозните пропусти во управувањето со јавните финансии и непланираните расходи, што отвора пат за дополнително задолжување и загрозување на економската стабилност. Ваквата политика ќе го отежне економското функционирање на граѓаните и бизнисите, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот. Тој потенцираше дека ова ...
Иако сѐ уште не донел конечна одлука, актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов во објава на фејсбук признава дека размислува да се кандидира уште еднаш – овој пат како независен кандидат. Почитувани пријатели, секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање: „Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“ Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во ...
Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент се усогласиле околу предлогот од извештајот за напредокот на Северна Македонија да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“, потврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, по написите во бугарските медиуми. Според него, на иницијатива на Европската народна партија (ЕНП), групите на Социјалдемократите (С&Д) и Обнови ја Европа (Либералите) ја дале својата ...
Сведоштво од познатата докторка Маја Киријас разоткри уште една несовесност на улиците во Скопје. Според нејзината објава, неидентификуван возач во раните утрински часови со своето возило удрил во две уредно паркирани коли – едната од нив нејзиното „Нисан“ – и потоа го напуштил местото на несреќата. „Возилото е мое! Поточно, уште на лизинг… Паркирано уредно. Позади паркирано друго возило. Во 6 часот од гостилница ‘Дукат’ се слуша силен удар од ...
Вкупниот број на осигуреници во здравственото осигурување надминува еден милион и 820 илјади, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис. Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, меѓу нив најверојатно има македонски граѓани кои престојуваат во странство, а кои не се одјавиле од државата и продолжуваат да користат здравствено осигурување. Тој не ја исклучува можноста дека има и фиктивни осигуреници. ...
Во текот на 2 јули 2025 година, во Скопје се пријавени три одделни случаи на физички напади, информира Министерството за внатрешни работи. Еден од нападите е извршен врз малолетник, а другите два по расправии и недоразбирања. Во првиот случај, С.Ј. (30) од Скопје пријавила во СВР Скопје дека на 30 јуни, околу 19:00 часот, на подрачјето на Центар, три лица физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле пари. Полицијата презема мерки ...
Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Социјалистите и демократите (С&Д) и либералната „Обнови ја Европа“ – постигнале договор за отстранување на термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од финалната верзија на извештајот за напредокот на Северна Македонија. Ова го објавија бугарските медиуми, повикувајќи се на европратеници од ЕНП. Според предлогот, кој треба да се изгласа ...
На кружниот тек кај булевар „1 Мај“, улицата „Марко Цепенков“ и улицата „Девеани“ во Битола, на 2 јули 2025 година, околу 15:22 часот, се случила тешка сообраќајна несреќа во која две лица се здобиле со сериозни повреди, соопшти МВР. Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски таблички, управувано од 41-годишниот А.А. од Кичево, и мопед „Лонгија“ со битолски таблички, кој го возел 22-годишниот А.И. од Битола. Тешки ...
На регионалниот пат меѓу селата Желино и Шемшово, на 2 јули 2025 година околу 18:20 часот, се случила сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди, соопшти МВР. Во несреќата учествувале патничко возило „Форд“ со тетовски регистарски таблички, управувано од 45-годишниот Д.Н. од селото Прељубиште, и возило „Голф“, исто така со тетовски таблици, кое го возел 35-годишниот Е.А. од Желино. Возачот на ...
Делегација од високо рангиран севернокорејски воен персонал отпатува во понеделникот во Москва, а аналитичарите сугерираат дека Пјонгјанг се подготвува да испрати дополнителни сили во наредните недели за да ѝ помогнат на Русија во нејзината војна против Украина, објави Дојче веле. Откако ја посети Северна Кореја минатиот месец, шефот на Советот за безбедност на Русија и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу за руските медиуми изјави дека ...
Основното јавно обвинителство Куманово го повлече обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со образложение дека не постојат докази за постоење на кривично дело. Во соопштението на обвинителството се наведува дека првичното обвинение се темелело врз вештачење кое укажувало на значителна имотна штета од над 3,3 милиони денари, поради непостапување по член 59 став 11 од Законот за градење. Штетата, според тогашниот ...
Температурите низ Европа незапирливо ги уриваат историските рекорди. Стариот континент минува низ еден од најлошите топлотни бранови во историјата, а жителите се соочуваат со последици што не можат да се игнорираат. Се очекува врвот на топлотниот бран да биде во петок, велат дежурните синоптичари. Пеколен петок Црвени аларми, пожари и смртни случаи во Европа ги полнат насловите на светските медиуми. Франција прогласи највисоко ниво на тревога, ...
Фудбалскиот свет беше шокиран од веста за смртта на Диого Жота (28), португалски напаѓач и еден од најважните играчи на Ливерпул, кој синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Неговиот помлад брат Андре Филипе (26), професионален фудбалер за португалскиот клуб Пенафиел, исто така бил во возилото. Несреќата се случила околу полноќ на 65-от километар од автопатот А-52, во близина на градот Чернадиља, во покраината Замора. ...
Португалскиот фудбалер Диого Жота, фудбалската ѕвезда на Ливерпул, го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во шпанската провинција Замора. Според шпанските медиуми, 28-годишниот Жота бил на одмор и меден месец, само две недели по неговата свадба. Заедно со него, животот го загуби и неговиот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер. Автомобилот во кој патувале излетал од патот и експлодирал, а двајцата загинале како ...
Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на селото Грушино, во близина на Арачиново, целосно изгоре автобус на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Како што објави Телма, возилото било зафатено од оган ненадејно, а пламенот бргу се проширил, уништувајќи го целосно автобусот. На местото на настанот брзо интервенирале екипи на Противпожарната служба, кои успеале да го стават пожарот под контрола и да го изгаснат пред да се прошири понатаму. ...
Основното јавно обвинителство Куманово, на само пет дена пред закажаните завршни зборови, се повлече од обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата, по пријава од двајца бизнисмени од Куманово за ненавремено издавање дозвола за градба. Основниот суд Куманово денеска објави дека донел пресуда со која обвинението против Димитриевски се одбива. ...
На регионалниот пат меѓу селата Лесново и Злетово, во средата вечерта, околу 20 часот, се случил сообраќаен инцидент во кој учествувало патничко возило управувано од жител на Злетово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода В.Ј. (64) од Злетово, откако неговото возило марка „Шевролет Спарк“ излетало од коловозот. При интервенцијата, бил извршен увид на местото на ...
Водата во Езерото Младост не е безбедна за капење и рекреативни активности, предупредуваат здравствените власти. Граѓаните се советуваат да избегнуваат контакт со водата сè додека не се добијат дополнителни резултати од стручни испитувања. Според информации добиени од Центарот за јавно здравје, во езерото е забележан сериозен еколошки дисбаланс. Видлива е значителна појава на алги, формирање густа жолто-кафеава пена, како и масивни наслаги од ...
Голем пожар во Грција продолжува неконтролирано да гори во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна шумска област во близина на општината Иерапетра. Пожарот го поттикнуваат урагански ветрови кои достигнуваат и до ниво осум според Бофортовата скала, што предизвикува брзо ширење кон југ и им се заканува на станбени згради, туристички сместувачки капацитети и клучна инфраструктура, вклучително и бензинска ...
Пратеничката група на Левица поднесе амандман кон Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кој бара 600.000 евра да се наменат за обезбедување престој и сместување за жртвите на семејно насилство. Во Македонија постојат само 11 шелтер центри, од кои дел се руинирани, неопремени, нефункционални, со крајно ограничени капацитети кои никако не можат да одговорат на растечкиот број на жртви на семејно насилство за кој државата мора итно да ...
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морско подрачје 13 километри југозападна од селото Аркесини на островот Аморгос. Епицентарот бил на длабочина од 11,1 километри. Засега нема пријави за материјална штета. фото: Unsplash Поврзани вести ...
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител. Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и ...
Поранешниот амбасадор на Македонија, Андреј Жерновски со иронија го привлече вниманието на фактот што Македонија нема амбасадор во Данска. „Која е земјата без амбасадор во Данска? Вчера, Данска официјално го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ, со две главни приоритети: безбедност и конкурентност. Задачата е доста тешка, како резултат на екстремната неизвесност и нестабилност со кои денес се соочува Европската ...