Околу 14.500 првачиња досега се запишани во основните училишта, вели министерката за образование Јаневска. Сепак, бројката не е конечна, бидејќи уписите продолжуваат во текот на август и септември. Во основното образование има околу 200 паралелки помалку, а во средното околу 100. Годинава се очекува да бидат затворени околу 26 рурални училишта во кои нема запишано првачиња и има исклучително мал број ученици. Таквите паралелки ќе останат само ...

6 нови случаи со западнонилска треска се регистрирани во Македонија за еден ден. 5-мина инфицирани се од Скопје (тројца од Гази Баба над 70 годишна возраст и по еден од Зелениково на 26 години и Аеродром 59 годишен). Прв случај е потврден и во Куманово. Според информации од тамошниот Центар за јавно здравје заболениот е маж на 65 години од приградско населено место и не патувал надвор од државата. Пациентот е хоспитализиран на Инфективната ...

Голем пожар во околината на Градско. Огнот кој се протега меѓу селата Горно и Долно Чичeво ги мобилизираше сите сили на институциите. Избувна на пладне, но пожарникарите ја изгубија почетната контрола врз него, па на помош стигнуваат сите воздушни сили со кои располагаме – трите ер трактори, како и полицискиот хеликоптер. „Се работи за барут сува трева која е на голема површина. Пожарникарите се бореа но останаа без вода. Сега се обидуваат да ...

До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година. „Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени. „Благодарам за прашањето. Не бев сигурен дали ова прашање ќе биде ...

Плановите на САД за нови економски санкции врз Иран и казни за земјите што тргуваат со Иrан се знак на очај, порача раковоството во Техеран, откако американскиот секретар за финансии Бесент вчера ја најави кампањата Економски отпадник која има за цел да го изолира Иран од глобалната економија и да го принуди на мировен договор. Министерот за економија Али Маданизадех изјави дека Техеран подготвил двегодишен план за справување со санкциите и ...

Соединетите Американски Држави подготвуваат враќање на дипломатите во амбасадите на Блискиот Исток кои беа евакуирани пред и за време на војната со Иран, што укажува на проценката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека наскоро нема да има обнова на судирите во полн обем, пренесува „Њујорк тајмс“. Според интерен документ на Стејт департментот, во кој американскиот весник имал увид, враќањето на службениците би можело да почне ...

Кремљ ја доведе во прашање можноста за реализација на американската идеја за создавање слободна економска зона во Донбас, оценувајќи дека тоа би било тешко остварливо бидејќи територијата официјално е дел од Русија и затоа е речиси невозможно со неа да управува трета страна. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина гледа можност за американско посредување за ставање крај на војната со Русија до крајот на ...

Американската компанија „ОпенАИ“ (OpenAI) блокираше група акаунти на својата платформа за генеративна вештачка интелигенција „ЧетЏПТ“ (ChatGPT) со потекло од Русија, кои биле користени за поддршка на тајна онлајн кампања за ширење дезинформации. Американскиот развивач го открил случајот по истрагата на објави на социјалните мрежи генерирани со помош на вештачка интелигенција, што ја довела компанијата до „многу поголема операција за ...

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. - Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека првпат се согласува со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија. - Јас можам првпат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето што ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.М.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 41-годишна поранешна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...

На 24.08.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22.08.2026 околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Се преземаат мерки за ...

Зајакнување на оперативната соработка, побрза размена на податоци, олеснување на трговијата и унапредување на безбедноста на границата беа во фокусот на билатералната средба на царинските управи на Македонија и Косово, одржана во Приштина. -Особено внимание беше посветено на One-Stop Shop концептот на граничниот премин Блаце – Хани и Елезит, како заедничка иницијатива која има за цел поедноставување на процедурите и побрз проток на стока и ...

Со нов закон кој е во финална фаза ќе се уредува крајбрежјето на трите природни езера со кој ќе се решат долгогодишните проблеми со плажите .На овој начин се очекува да се регулира хаосот на плажите, каде што речиси секој сантиметар од брегот е покриен со лежалки и чадори секое лето, и покрај законската обврска 40% од површината да биде бесплатна за користење. Досега немало посебен закон за крајбрежјата на трите езера, ова ќе биде прв закон. ...

Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. -Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...

Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на ...

Дваесеткратниот шампион на Гренд слем, Швајцарецот Роџер Федерер, ги оцени шансите на Србинот Новак Ѓоковиќ да го освои Отвореното првенство на САД 2026. – Мислам дека секогаш кога Новак игра на турнир, без разлика дали е Гренд слем или било кој друг, тој има шанса. Имам огромна почит кон него. Видов што е способен, не само еднаш, туку многу пати. Тој го направил тоа насекаде и на највисоко ниво. Секогаш мислам дека сè додека е на турнирот, ...

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите насочени кон војната меѓу САД и Израел против Иран и изнаоѓање пат кон мир, изјави денеска пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, по завршувањето на посетата на Техеран. Во пакистанската делегација беше и командантот на армијата Асим Мунир. Разговорите биле насочени кон мерки за спречување на натамошна ескалација, повторно отворање на Ормускиот Теснец и ...

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормускиот теснец, што е најмалку од 7 мај наваму, покажуваат прелиминарните податоци на компанијата за следење на поморскиот сообраќај „Кплер“ (Kpler). Станува збор за многу голем танкер за превоз на течен гас што вчера навлегол во Ормускиот теснец од Оманскиот Залив. Во неделата низ Ормус поминале шест товарни бродови од различни видови. Податоците може дополнително да бидат ажурирани, бидејќи дел од ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување туристички и деловни визи за до 200 илјади странски државјани кои поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД. Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 визи издадени во периодот од 2016 до 2026 година на лица ...

Пожарникарите кои се борат со шумскиот пожар во американската сојузна држава Невада кој брзо се шири, соопштија дека пожарот е локализиран 27 проценти. Таканаречениот пожар „Хок“ (Hawk Fire) на ридестиот терен на периферијата на Рино уништи 32 дома и оштети уште шест, според првичните проценки. Началникот на противпожарната служба Ричард Едвардс предупреди дека бројките најверојатно ќе растат. Пожарот брзо се прошири од саботата, а според ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во вечерните часови во ...

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за можностите за унапредување на ...

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстени прашања од одбраната. Наодите во врска со материјалите ...

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на ...

Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите - изјави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на македонската Влада почнала уште пред тој повторно да биде избран за претседател на САД. Посочува дека ...

На 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76