
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Судењето на обвинетите за пожарот во нелегалното диско „Пулс“ во Кочани на 16 март ќе се одвива во Основниот кривичен суд Скопје, соопшти судот. Денеска од Основниот суд во Кочани во Скопскиот суд е достаен предметот за пожарот што беше оформен по поднесен обвинителен акт од кочанското Основно јавно обвинителство (ОЈО). „Согласно решението на највисокиот суд, кој постапувал по предлог на Апелацискиот суд Штип, за определување на стварна и месна ...
Тамара Котевска, корежисерката на „Медена земја“ што доби историски 2 номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец, почна да го снима дебитантскиот игран игран филм „„Човек против јато“. Играното деби на Котевска со 325.000 евра го поддржа и македонската Агенција за филм на конкурсот во вториот рок во во 2019, а во 2023 доби поддршка од 265.000 евра од Паневропскиот филмски фонд Еуримаж. Како што соопшти ...
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи стави розови очила на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот за 2025 година кој го предлага Владата. Поранешниот вицепремиер за економски прашања кажа дека само за Владата ребалансот на буџетот е розев, а тој всушност е признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит. Тој им рече на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе им ги остави очилата, но не се ...
Еден од најмоќните луѓе во хип-хоп музиката Шон Диди Комбс е прогласен за виновен за двете обвиненија поврзани со проституција, но беше ослободен од обвиненијата за сексуална трговија и рекетирање, поради кои можеше да остане во затвор до крајот на животот. Поротата ја донесе едногласната одлука по 13 часа заседавање за период од три дена. Судењето во Њујорк траеше од мај. Од петте обвиненија, Комбс е прогласен за виновен само за две: транспорт ...
Дваесетина млади хонорарци во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје три месеци немаат земено плата и се очекува наскоро да се затвори бифето, велат извори од оваа институција за САКАМДАКАЖАМ.МК. Плата немаат земено ангажираните со договор за дело од Детскиот креативен центар, од Планетариумот, од киното Милениум и од бифето. „На сопствена сметка сме под постојан удар на извршители, а проценката е дека сме минимиум 15 милиони денари (над ...
64-годишен битолчанец исплатил 22.500 евра на измамничка која им рекла дека ќе им го вработи синот во Министерството за внатершни работи. Против 43-годишната М.Л. од Битола, полицијата поднесе кривична пријава за измама. Од СВР Битола соопштија дека пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице. „Лажно му се претставила дека е вработена во ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2025 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. Од нив, 160 амандмани се поднесени од пратеничката група на СДСМ. Како што кажа на прес-конференција пратеничката Сања Лукаревска, со поднесените амандмани предлагаат да се издвојат пари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани од 16 март, со 62 жртви и 200 повредени. ...
Скопјанец загина прегазен со мотор на пешачка патека синоќа околу 20 часот на кејот на реката Вардар во Скопје, кај Паркот на франкофонијата. Како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од семејството, тој вечерта излегол да фрли ѓубре. Враќајќи се кон својот дом во зграда во близина на кејот и движејќи се по пешачка патека бил прегазен од мотор. Од МВР велат дека моторџијата избегал. „На 1.7.2025 околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ...
„Парамаунт“ се согласи да му плати 16 милиони долари на Доналд Трамп поради монтажата на интервјуто со Камала Харис во емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес во октомври. Компанијата кажа дека парите нема да ги добие самиот Трамп, туку неговата идна претседателска библиотека. Спогодбата не вклучува извинување за Трамп. Адвокатот на Трамп, Едвард Ендрју Палцик, рече дека претседателот претрпел ментална болка поради монтирањето на интервјуто, додека ...
Бесплатниот градски превоз во Куманово ќе продолжи до крајот на октомври. Mнозинството во Советот на Општина Куманово на вчерашната седница oдлучи субвенционирањето на jaвниот превоз да трае уште 4 месеци и ќе чини вкупно 27,3 милиони денари или околу 450.000 евра. Од тоа 25 милиони денари (406.000 евра) за Куманово и 2,3 милиони денари (37.000 евра) за заедничко организирање на превоз помеѓу општините Куманово и Старо Нагоричане. Од почетокот ...
САД запреле со испораките на некои оружја во Украина, објави Белата куќа, додека војната со Русија се засилува. Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, кажа дека тоа било направено за да се стават интересите на Америка на прво место, откако министерството за одбрана извршило анализа на американската воена помош за други земји. Од почетокот на руската инвазија, САД ја помогнале Украина со десетици милијарди долари вредна воена помош, поради што ...
Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката Јанинка Невчева и професорката и писателка Ивана Трајаноска која ќе има излагање по повод 100 години од првата македонска опера „Гоце“, од композиторот Кирил Македонски. Концертот е насловен „Гласот на Тишината“. ...
Пребегнатиот тибетски духовен водач Далај Лама објави дека ќе има наследник по својата смрт, ставајќи крај на шпекулациите дали 600 години старата институција ќе заврши со него. „Потврдувам дека институцијата ќе продолжи“, кажа тој во видеопорака на почетокот на средба на верски водачи во хималајскиот град Дарамшала. Тој додаде дека канцеларијата на Далај Лама ќе ги консултира будистичките и другите верски лидери во потрагата, за да се препознае ...
Доналд Трамп објави дека Израел ги прифатил „неопходните услови“ од 60-дневно примирје во Газа, без да ги открие деталите. „За време на предложениот договор, ќе работиме со сите страни да се стави крај на војната. Катар и Египет, кои напорно работеа за да се постигне мир, ќе го испорачаат финалниот предлог. Се надевам дека Хамас ќе го прифати овој договор, зашто нема да станува подобро, само ќе биде полошо“, напиша Трамп на социјалните мрежи. ...
Уставниот суд ја оценува уставноста на законите, а не на предлог-законите, им одговори претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на граѓанските иницијативи на нивното барање за оценување на новите измени на Изборниот законик кои се предложени во Собранието по скратена постапка. Уставниот суд пред неколку месеци ги укина измените на Изборниот законик донесени лани. Но сега повторно власта и опозицијата предлагаат по брза постапка нов ...
Републиканците во Сенатот тесно го изгласаа законот на Доналд Трамп за даноците и трошењето, кој со тоа ја помина една од клучните пречки. Таканаречениот Голем прекрасен закон беше усвоен благодарение на гласот на потпретседателот Џеј-Ди Венс по повеќе од 24 часа дебата, откако тројца републиканци гласаа против. Законот сега се враќа во Претставничкиот дом, каде што се соочува со уште поголема опозиција. Претходната верзија на законот беше ...
Тројца луѓе загинале, а 35 се повредени во украински напад со дронови врз фабрика во рускиот град Ижевск, оддалечен повеќе од 1.000 километри од границата, објавија руските власти. Гувернерот на Удмуртија, Александр Бречалов, кажа дека десетмина имаат сериозни повреди. Мета на нападот била воената фабрика „Купол“, која произведува проектили „тор“ и радарски системи. Според украинските медиуми, фабриката произведувала и дронови и противвоздушни ...
Од стан полн со ѓубре, кој не е исчитен со месеци по смртта на сопственичката, се шири неподнослива реа низ зградата на улицата Климент Охридски број 19 кај Стара болница во Битола. Жителите стравуваат од појава на зараза и штетници, па итно бараат државните и локалните институции да преземат мерки за решавање на проблемот. Станари од зградата кажуваат дека вратата од станот извесен период била пломбирана со поставена лента од полицијата откако ...
1 Што туку се фали премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе правел нови темели врз пепел и прав што наследил пред една година, кога темелите му се дивоградба? Еве му чист случај. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, истата таа што пред четири години беше негов избор за градоначалник на главниот град, на тацна им ги дава документите за организиран криминал во Општина Чаир. Точно е дека Арсовска го запусти градот, дека немаме јавен превоз, ...
На граничниот премин со Грција „Богородица“ ќе бидат отворени две нови ленти за излез од државата и една дополнителна лента за влез на товарни возила, кажа денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, овој потег треба значително да го олесни сообраќајниот метеж, кој е особено изразен во летниот период поради големиот број туристи од регионот што патуваат кон Грција. Министерот очекува дека со зголемувањето на капацитетот ...
Дел до старите згради во Кочани ќе добијат енергетски ефикасни фасади и нов лик. Ова е предвидено со Меморандумот за соработка кој го потпишаа Општина Кочани и Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“. Проектот на „Хабитат Македонија“ предвидува на 200 стари згради да се поставi енергетско-ефикаснa фасадa и нови прозорци со што ќе се намалат трошоците за струја на домаќинставата. Проектот во вредност од 3 милиони евра е со времетраење ...
Илон Маск кажа дека ќе формира трета партија ако американскиот Конгрес го усвои „големиот прекрасен закон за буџетот“ на Доналд Трамп. „Мојата Американска партија ќе биде основана ден по усвојувањето на законот“, напиша Маск на Икс. Тој ја обнови јавната расправија со Доналд Трамп откако викендов повторно го критикуваше законот за буџетот, што го опиша како луд и уништувачки. Законот тесно го помина првото гласање во Сенатот, но останува ...
Пцовисана змија нашле жителите од пелагониското село Мусинци во резервоарот за вода пред шест дена, кога самите доброволно го исчистиле откако ниедна институција не се сметала за надлежна да го стори тоа. На снимките кои ги снимија жителите, се гледа дека змијата толку долго била во водата што кожинката е залепана за бетонот. „Ете што вода се пие“, велат жителите на видеото, иронично додавјќи дека наместени се „нови“ цевки, додека од нив ја ...
Од први јануари 2026 година, ако има реформи земјите од Западен Балкан ќе имаат можност за бесплатен роаминг со Европската Унија. Ова денеска на прес-конференција го најави еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос, на лидерскиот самит на Европската Унија и земјите од Западен Балкан посветен на Планот за раст во Скопје. „Денеска зборувавме и за роамингот. Ако навистина работиме трудољубиво, а вие лидерите имате волја да ...
Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме во душата и срцето. Одговарајќи на новинарското прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Словенката рече дека идентитет се и манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки и дека тоа не може никој да им го одземе на ...
Основниот суд Велес изрече казна куќен затвор со електронски надзор за 79-годишник по пресуда за кривично дело Полово вознемирување на дете. Пресудата на судијата Шефшет Адеми е донесена врз основа на признание на вина од обвинетиот П. Ѓ. од Чашка по што тој беше огласен за виновен. Ова е е една од малкуте изречени казни од таков вид во судската пракса во Македонија. „На обвинетиот му се утврдува казна затвор во траење од три месеци и ...
Грција од денеска воведе нов данок за туристите кои патуваат со крузери, што е дел од пошироката национална стратегија да се зачуваат локалната животна средина и културното наследство. За патувањата на Санторини и Миконос ќе се плаќаат дополнителни 20 евра по патник, што во иднина ќе биде во сила од 1 јуни до 30 септември. За останатите острови ќе се наплатува давачка од пет евра во истиот период. Санторини и Миконос се меѓу најпосетените ...
Во казино во Битола, 28-годишниот битолчанец Д. К. со тупаница го повредил докторот од Итната медицинска помош, кој бил повикан таму да му укаже лекарска помош, а подоцна откако бил однесен во битолската Клиничка болница нападнал и двајца полицајци, соопшти Обвинителството кое бара притвор за него. Според Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Битола, на 29 јуни во казино во Битола осомничениот најпрво го нападнал докторот од Брзата помош додека ...
Еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос денеска, на отворањето на Самиотот ЕУ-Западен Балкан посветен на Планот за раст во Скопје, рече дека реформите кои земјите од овој регион треба да ги направат не се едноставни, но користа ќе биде голема за граѓаните. „Можам да се разнежнам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е драг и сакам да помогнам најмногу што можам за да преминете преку целта. Клучните ...
Ким Џонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници кои загинаа во руската војна против Украина, што е ретко јавно признание дека земјата имала жртви во овој конфликт. На свеченоста во Пјонгјанг со која беше одбележана првата годишнина од потпишувањето на договорот за сеопфатна соработка помеѓу Русија и Северна Кореја беа прикажани фотографии од Ким како се поклонува пред десетина ковчези покриени со севернокорејски знамиња. Други ...