Пациентите на дијализа кои се лекуваат во Специјализираната болница за нефрологија во Струга алармираат дека со месеци се соочуваат со недостиг од еритропоетинска терапија, неопходна за одржување на нивото на хемоглобин кај лицата со хронична бубрежна болест. Велат дка недостигот на терапијата сериозно го нарушува нивното здравје и квалитетот на живот, а во одредени случаи може да има и животозагрозувачки последици. Од Министерството за ...
Пациенти на дијализа во Струга алармираат дека соочуваат со опасен недостиг на терапија која е клучна за нивниот биолошки опстанок. Околу стотина граѓани со хронични бубрежни заболувања со месеци не ја добиваат навреме еритропоетинската терапија — лек кој е директно одговорен за спречување на тешка анемија и одржување на нивниот живот. Па така наместо сигурност околу стотина од нив живеат во страв и неизвесност, бидејќи сведочат и дека ...

