Во рамки на реконструкцијата на Градскиот стадион во Тетово, почна да се руши и главната трибина. Останатите трибини веќе се срушени и делумно изградени. Работите за реконструкцијата на Градскиот стадион ја врши Општина Тетово, а градоначалникот Билал Касами вели дека градот ќе добие модерен спортски објект. „Се работи на модерен стадион, по стандарди на УЕФА, кој на Тетово ќе му ја донесе спортската инфраструктура што ја заслужува“, рече ...

Претседателот на САД Доналд Трамп го претстави новиот, привремен претседателски авион „ер форс уан“ (Air Force One) во хангар во воената база Ендрјус, еден ден откако претставници на Белата куќа се простија од еден од двата авиони „боинг 747“ што повеќе од 30 години се користат за превоз на американските претседатели. Новиот авион, поранешен џамбо-џет во сопственост на Катар, означен како „VC-25B“ и обоен во впечатлива комбинација од црвена, ...

Четириесет и седмото издание на Скопско лето ќе се отвори на 21 јуни со изложба и концерт. Во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се отвори изложбата „75 години Државен архив на Република Северна Македонија“. Од Архивот велат дека на 16 паноа прикажани се документи кои говорат за историјата на Македонија во османлискиот период, историја на секојдневниот живот, за Македонците кои живеат во дијаспората, културниот ...

Од 22 јуни до 1 јули нема да сообраќа ниту еден патнички воз од Скопја во правец на Велес, Гевгелија и Битола, бидејќи ќе се изведуваат градежни работи. „Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година, нема да сообраќаат возовите“ , соопштија од Јавното претпријатие (ЈП) Македонски ...

Едно лице е сериозно повредено откако товарен воз падна од мост ноќеска во Минхен, соопшти полицијата. Два вагони паднаа од околу 5 метри од мостот и се урнаа на патот. Нема информации за товарот на товарниот. Сепак, полицијата изјави дека не станува збор за опасен материјал и дека нема опасност за јавноста. Не се знае кога вагоните ќе бидат извлечени и дали областа ќе остане затворена и утре. Несреќата се случила на линија што ја користат ...

Прочуениот американски телевизиски режисер Џејмс Џими Бароус почина на 85 години. Тој е коавтор на хит-серијата „Кафулето ‘На здравје’“ (каде режираше 243 епизоди), а ги потпиша и сите 246 епизоди на „Вил и Грејс“. Тој работеше и на сериите „Пријатели“ , „Фрејзер“, како и пилот-епизоди за „Два и пол мажи“ и „Теоријата на Големиот тресок“. Бароус помина речиси педесет години зад камерите, специјализирајќи се за ситкоми. Во својата ...

Полска и Украина се во дипломатски спор поврзан со историските настани од Втората светска војна, помалку од една недела пред заеднички да бидат домаќини на голема меѓународна конференција посветена на обновата на Украина. Полскиот претседател Карол Навроцки вчера преку социјалната мрежа Икс соопшти дека донел одлука да му го одземе „Орденот на Белиот орел“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Орденот на Белиот орел“ е највисокото ...

Поткорниците се многу мали инсекти, долги неколку милиметри, кои одвај се забележуваат, но прават големи штети на дрвјата во шумите. Иако се минијатурни можат да исушат дрвја високи по 10 и повеќе метри. Мета им се боровите, но ги напаѓаат и елата, брестот, дабот, костенот и голем број на други автохтони дрвја, а имуни не се ни овошките. За дрвото да биде нападнато треба да биде ослабено. Поткорниците навлегуваат под кората и ги пресекуваат ...

Државниот обвинител Ненад Савески случајот од 15 јуни со палењето два дипломатски автомобила на Бугарската амбасада го издигнал на повисоко ниво, па од Скопското јавно обвинителство, каде беше квалификувано како предизвикување општа опасност, истрагата е преместена во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), под друго дело и со зголемен притвор за сторителот. Поведена е истрага за Загрозување лица под меѓународна ...

1 Си мислев дека по 35 години веќе го трчаме последниот круг до целта, a сега премиерот Христијан Мицкоски ми вели дека треба допрва да се подготвиме за маратон за ЕУ. Најпрвин за да го „исправиме она предавство и онаа капитулација, која што претходната најкорумпирана во историјата македонска влада го направи за овој народ и за својата татковина“. И потоа „да се бориме и да се избориме, за нашите од другата страна на границата да го остварат ...

За првпат по околу 220 години, западната фасада на Партенон во Грција може да се види во нејзината најцелосна можна форма. Надворешните скелиња се трајно отстранети од споменикот, што претставува клучен чекор во неговата долга реставрација. Дваесет и пет века старото обележје со поглед на грчката престолнина минатата година привлече околу 4,6 милиони посетители. Долгорочните проекти за реставрација се однесуваат на штетите предизвикани од ...

Односите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони нагло се влошија по самитот на Г7, откако Трамп тврдеше дека Мелони го молела да се фотографира со неа. Во интервју за италијанската телевизија Ла7, Трамп изјави дека Мелони „ме молеше да се фотографирам со неа“, додавајќи: „Таа толку многу сакаше фотографија со мене. Немаше да се согласам, но ми стана жал за неа.“ Мелони веднаш возврати, и рече дека ...

Израел и Хезболах договорија прекин на огнот во Либан, изјавија американски функционери, откако ескалацијата на борбите стана закана за мировниот договор потпишан помеѓу САД и Иран. Првата рунда разговори во Швајцарија, најавена за денеска, беше откажана, додека Израел ги засили нападите врз јужен Либан. „Ние сме во прекин на огнот. Израелските одбранбени сили се подготвени да продолжат да се борат доколку бидат повикани на тоа“, изјави ...

Основното јавно обвинителство Куманово откако ја заврши истрагата, денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, под сомнение дека извршил четири кривични дела Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два Обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла убил повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, Бојковски може да добие казна затвор од ...

Македонски граѓанин се заразил со вирусот зика откако бил каснат од комарец на Малдиви, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), додавајќи дека ова е прв регистриран случај на зика вирусна инфекција во Македонија. Институтот за јавно здравје апелира до граѓаните кои ќе развијат симптоми по убод од комарец, особено покачена температура, главоболка, осип или невролошки симптоми, особено ако се вратиле од патување во тропски и субтропски ...

Царинската управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари (околу 9.900 евра) преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари (околу 70 евра). Против лицата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО ) Скопје за сторени ...

Од 200 ученици во ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Конче, 11 треба да ја повторат годината поради три или повеќе единици. Тоа се ученици од шесто до осмо одделение. Но, родителите на дел од овие ученици се собраа пред зградата на училиштето и најавија дека нема да ги пуштат нивните деца да одат на училиште наесен како повторувачи затоа што во случајот имало и дискриминација. Од 11-те повторувачи, девет биле од турска националност. а двајца се ...

„Македонски Телеком“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнуваат стратешко партнерство со кое најголемата спортска сала во земјата станува „Т Арена“. Таа наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот простор на салата. „‘Т Арена‘ е многу повеќе од ново име. Таа е симбол на нашата долгорочна посветеност кон заедницата и кон вредностите што ги обединуваат луѓето – ...

Во 2025 имало речиси 5.000 деца на листите на чекање во градинките. Повеќе од 79.000 деца на возраст од 0 до 6 години не се запишани во некој облик на градинка, а за да се постигне националната цел од 65 проценти запишани деца во градинка до 2032 година, потребни се околу 19.000 дополнителни места, се вели во анализата на УНИЦЕФ. На конференцијата „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, беа презентирани наоди и препораки ...

Треба да се оди почесто на пошумување, вели Кирил Сотировски, професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК. „Постои таканаречено одржување на шуми или менаџмент. Мора да се инвестира во шумите. Значи, не е само насади и толку. Најчесто се насадува погусто отколку што треба да биде ...

Барак Обама и формално го отвори својот претседателски центар во Чикаго, повикувајќи на одбрана на демократијата, додека на сцената му се придружија тројца поранешни американски претседатели, како и бројни политичари, музички и спортски ѕвезди и други светски познати личности. Ова беше очигледна спротивност на неодамнешните настани организирани од Доналд Трамп, кои беа игнорирани од пошироката јавност. Без да го именуваат сегашниот жител на ...

Фирма ангажирана од ФФМ изведува градежни работи на помошното фудбалско игралиште во Велес, со цел отстранување на недостатоците констатирани од комисија на Општина Велес, кажа градоначалникот Марко Колев. Помошното игралиште започна да се гради во мандатот на претходното раководство на ФФМ, но не беше изградено според проектот, па локалната власт одби да го прими додека не се санираат недостатоците. „На сегашното раководство на ФФМ им ги ...

Најмалку 18 луѓе се убиени во денешните израелски напади врз јужен Либан, додека израелската војска објави дека четворица нејзини припадници загинале во еден од најсмртоносните инциденти од почетокот на последната ескалација. Либанското министерство за здравство кажа дека интензивните напади, кои почнаа ноќеска, ги отежнуваат спасувачките напори и евакуацијата, додавајќи дека бројот на жртви би можел да расте. Израел соопшти дека нападите ...

Жителите на скопската населба Хром четврти месец се без автобуски превоз. Автобусот со број 4 не доаѓа во Хром од 3 март, откако Општина Ѓорче Петров почна со градежни работи за поставување на атмосферска канализација и реконструкција на улицата Воин Драшкоци. Улицата е долга 900 метри, а градежните работи за поставување на цевките сè уште траат. Допрва треба да се реновираат тротоарите, да се поставуваат рабници, нови шахти и целосно корнење ...

Швајцарија објави дека разговорите САД-Иран планирани за денеска во оваа земја се откажани, што следува откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс кажа дека нема да патува на средба со иранските преговарачи. Со овие разговори требаше да почнат сложени преговори за спроведување на 14-те точки од меморандумот за разбирање, што веќе го потпишаа претседателите на САД и Иран. Според иранската новинска агенција „Тасним“, иранските преговарачи ...

Вечерва (петок, 19 јуни) во 20:30 часот во Кинотеката ќе има проекција на филмот „Самоуништување“ на Ербил Алтанај, во чест на 30-годишнината од премиерата. Филмот е снимен по сценарио на Сашко Насев, со Јовица Михајловски во главната улога. Михајловски беше и продуцент на филмот. „Самоуништување“ е црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија, чија премиера беше во мај пред 30 години. Покрај Михајловски играат ...

Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, ги нападна израелските критичари на договорот со Иран, велејќи дека Доналд Трамп е единствениот сојузник на Израел, укажувајќи на милијарди долари вредната американска одбранбена помош што ја добива земјата. Додека администрацијата на Трамп го бранеше својот договор за завршување на војната со Иран, Венс реагираше на извештајот дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е бесен поради договорот. Венс ...

Европратениците и членките на Европската Унија постигнаа договор за нови правила за заштита на правата на авиопатниците. Со нив, на семејствата ќе им се овозможи бесплатно резервирање соседни седишта во авиони, а од авиокомпаниите ќе се бара поголема транспарентност во прикажувањето на цените на билетите, објави „Дојче веле“ на македонски јазик. Според новите правила, при онлајн пребарување на авионски билети ќе се прикажуваат цени кои ...

Двајца поранешни претседатели на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Проневера во службата, се меѓу 18 физички и 8 правни лица кои се опфатени во истражна постапка за проневера на над 2,9 милиони евра, соопшти Управата за финансиска полиција (УФП). По спроведена предистражна постапка од истражителите на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на ...

Седумнаесетмина луѓе се повредени во Московскиот регион во денешниот украински напад со дронови, изјави гувернерот Андреј Воробјов, при што вторпат оваа недела беше погодена и запалена рафинеријата на „Газпром-Нефт“, најголема во регионот. Москва беше изложена на најголемиот украински напад од почетокот на војната, при што кон неа биле лансирани речиси 200 дронови. Володимир Зеленски изјави дека Украина уште еднаш ја погодила Москва со ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.94
25%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
1.1
31%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
4.12
27%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 27ᴼ
4.63
38%
1021
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
6.76
31%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
3.1
38%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
8.23
51%
1013
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.09
18%
1016
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.12
22%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.47
40%
1023
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
1.79
24%
1022
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
11.83
100%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

71.9616

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Родиум

280515.26

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

2106.74

Платина

55942.30

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.31

Злато

141408.63

Паладиум

43178.45

Калај

56.26

Бакар

13.17