Попладнето околу 17 часот, Штип беше погоден од половина час невреме проследено со грмотевици, дожд и силен ветер, кои предизвикаа откорнување на дрвја покрај улиците, како и покриви од гаражи и станбени објекти. Повредени нема. На улицата „Никола Карев“, која води кон таканареченото Ридарско Маало во штипско Ново Село, од силниот ветер се откорнале дрвја и ги оштетиле автомобилите паркирани покрај улицата. По пријавата од граѓаните кои ...

Познатиот музеј Соломон Р. Гугенхајм во Њујорк е меѓу објектите на Менхетен каде што е утврдено присуство на бактеријата која предизвикува легионерска болест, во рамките на најновата епидемија во градот. Градскиот здравствен сектор објави список од 31 зграда во населбата Апер ист сајд на кои им е наредено да ги исчистат и дезинфицираат разладните кули со цел да се спречи ширењето на оваа тешка форма на пневмонија. Специфичниот цилиндричен ...

Иран денеска изврши напади со ракети и беспилотни летала врз своите соседи во Персискиот Залив како одговор на претходните воени удари од страна на САД. Истовремено, Техеран објави дека стратешкиот Ормускиот теснец се затвора за сообраќај на неодредено време. Според информациите, цел на овие напади биле Јордан, Бахреин, Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати. Оваа последна ескалација на состојбите директно го загрозува ...

Десет лица се приведени во рамки на специјализирана операција на бугарската гранична полиција, спроведена против организирана шема за измами со рент-а-кар возила. Штетата од дејствувањето на групата се проценува на околу 900.000 евра, соопштија од граничната полиција. Во акцијата биле извршени претреси на 14 адреси низ Бугарија. Организаторот на шемата, заедно со уште тројца учесници, е кривично гонет. Според истражителите, организаторот ги ...

Собранието вчера објави јавен оглас со потпис на претседателот Африм Гаши, со кој се бара проектант за зајакнување на 6-те масивни влезни врати на Собранието, односно за набавка на нови, за заштита од толпа и од куршуми. Проектот се однесува и за изработка на нова огромна гаражна врата под Собранието. Според Проектната програма за изработка на безбедносните врати на Собранието со потпис на Гаши, а која што е закачена во тендерската ...

Американскиот сенатор Линдси Греам почина на 71-годишна возраст по кратка и ненадејна болест, соопшти неговиот кабинет. Службата за итна помош реагирала во неговиот дом во Вашингтон по повик за срцев удар во саботата навечер. Греам беше клучна фигура во Републиканската партија и со текот на времето стана еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп, иако во минатото јавно ја критикуваше неговата кампања. По објавувањето на веста, Трамп го ...

Европската комисија ја потврди конечната одлука за повлекување на грантот од два милиони евра кој беше наменет за Венециското биенале за тригодишниот период од 2025 до 2028 година. Ваквиот чекор следува по евалуацијата на објаснувањата од страна на менаџментот на Биеналето во врска со контроверзното повторно отворање на рускиот павилјон, кои беа оценети како недоволни. Еврокомесарката Хена Виркунен преку објава на социјалната мрежа Икс ...

САД започнаа нов бран воздушни напади во Иран откако Техеран погоди трговски брод што минувал низ Ормускиот теснец. Иранската исламска револуционерна гарда претходно соопшти дека овој воден пат се затвора до понатамошно известување, упатувајќи предупредување за остар одговор кон секоја американска воена акција. По само неколку часа од американските воздушни удари, од гардата соопштија дека погодиле база на САД во Јордан. Во меѓувреме ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека се идентификувани одговорните лица кои дозволиле функционирање на складиште за оружје во станбена зона во близина на Киев, каде што во експлозии загинаа десет лица, и додаде дека тие ќе одговараат. Претходно неделава, руски напад врз гратчето Вишневе на западната периферија на Киев погоди складиште со оружје, по што се активираа серија секундарни експлозии во кои беа оштетени стотици ...

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, изјави дека мора да се изврши одмазда за убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, извршено од страна на Соединетите Американски Држави и Израел. Во соопштението објавено преку државната новинска агенција Фарс се наведува дека одмаздата е барање на целата нација и дека таа сигурно ќе се реализира. Во пораката упатена директно до починатиот лидер се дава ветување за одмазда на неговата ...

Експерименталната повторно употреблива ракета на Јапонија полета и безбедно слета при својот прв тест-лет, во обид на земјата да ја усвои клучната технологија за намалување на трошоците за лансирање и да стане поконкурентна на глобалниот вселенски пазар со кој доминира компанијата „СпејсЕкс“. Ракетата со ознака РВ-Икс полета, лебдеше во воздухот и се движеше хоризонтално пред да се спушти на земјата за време на летот кој траеше помалку од ...

Вработените во штипската фабрика „Адиент“, каде што неодамна се случи труење со храна, најавија тивок бојкот на фабричкиот оброк. Како и во текот на изминатата недела, тие превентивно ќе продолжат да си носат храна од дома. Оваа одлука доаѓа откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парични казни и ја затвори кујната од каде што потекнуваше заразата. По увидот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска предупреди дека поради политиката на Христијан Мицкоски за „изолација и економско пропаѓање“, како што рече, Македонија остана на сстрана, сама и во неизвесност и презадолженост. „Остануваме на страна од сите финансиски и економски текови кои, како поддршка, можат и доаѓаат од Европа за земјите што ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како, на пример, Црна Гора, за која во ...

1 Колку и да се трудам, не можам да замислам што ли се случува во мозоците на партиските послушници кои се избрани од граѓаните во Собранието, во општинските Совети, или во Советот на Град Скопје. Дали кога ќе станат сабајле си го оставаат половина мозок на наткасна покрај кревет и така, ослободени од здрав разум, одат да гласаат како што им кажала партијата? Еве, на пример, може ли некој да даде здраворазумски одговор зошто советниците на ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека чувствува одговорност исклучиво пред граѓаните, кои во моментов ја даваат поддршката за владините политики со кои се испорачува она што е ветено. Тој вели дека декемврискиот и претстојниот јунски извештај на Европската комисија покажуваат дека државата е најнапредна во регионот според спроведувањето на реформите, но додаде дека промената на Уставот и прифаќањето на она што го прифати претходната Влада ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од Охрид изјави дека спроведените евалуации на високообразовните институции во земјата покажале неправилности во работењето кај дел од нив. Поради тоа, како што рече, ќе следува одземање на акредитации и затворање на институциите што нема да ги отстранат недостатоците во законски предвидениот рок. Одговарајќи на прашања на новинарите, Јаневска рече дека сега активно функционира ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека потпишал указ за формирање на посебна команда во рамките на вооружените сили, чиј фокус ќе биде остварување долгорочно и глобално влијание врз Русија. Како што кажа Зеленски во своето обраќање, ова тело ќе ги насочи сите расположливи ресурси за дополнително намалување на воениот капацитет на Москва. Одлуката доаѓа по повеќемесечната кампања со беспилотни летала насочена кон клучната ...

Агенцијата за управување со одземен имот повторно ги става на продажба трите запленети станови на поранешниот премиер Никола Груевски, кои беа конфискувани во судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“. Ова е повторен обид за продажба на недвижностите на Водно со поглед на Скопје, откако првата аукција пред една година заврши без успех. Според огласот, два од апартманите имаат површина од по околу 200 квадратни метри и дополнителни тераси ...

Технолошкиот гигант Мета итно ја отстрани новата опција која им овозможуваше на корисниците да применуваат алатки за вештачка интелигенција за создавање лажни слики од содржини на Инстаграм. Оваа функција беше промовирана како дел од поширокото претставување на новиот генератор на слики „Мјуз Имиџ“ (Muse Image). Новата алатка нудеше можност за означување јавни профили на Инстаграм во рамки на четботот на Мета, по што содржината од тие профили ...

САД бараат од Иран јавно да соопшти дека стратешкиот Ормуски теснец е отворен и да се обврзе дека ќе престане да пука кон комерцијални бродови, во рамки на преговорите што во сабота треба да се одржат во Оман. Американските медиуми пренесуваат изјави на неименувани официјални лица кои тврдат дека Техеран во приватни разговори со советниците на претседателот Доналд Трамп признал дека нападите врз бродовите биле грешка. Според истите извори, ...

Сенатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје скоро два месеца не му одговара на Министерството за здравство за предлогот да се воведе тригодишна студиска програма за медицинска служба за итна помош и тријажа. Ова медицинско звање, познато и како парамедик, опфаќа медицински лица обучени да дадат итна помош или тријажа во случај на несреќа. Министерот за здравство во заминување Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите ...

Легендарниот актер Ентони Хопкинс потпиша за издавачката куќа „Дека класикс“ и ќе го објави својот прв музички албум на 88 години, насловен „Life Is a Dream“. Тој ќе содржи оригинални композиции создавани во изминатите шест децении, кои се изведени од Филхармонскиот оркестар од Лондон, под диригентство на Густаво Дудамел. Хопкинс почнал да свири пијано на четири години, а со компонирање почнал како тинејџер. Првиот објавен сингл од албумот е ...

Музеј во Ротердам истури над 360 килограми путер од кикирики на подот за да му оддаде почит на холандскиот уметник Вим Схиперс, кој почина минатиот месец. Оваа количина путер е доволна за околу 15.000 сендвичи. Концептуалниот уметник, кој почина на 83 години, првпат го создал делото „Под од путер од кикирики“ во 1969 година. Тоа било дел од неговата „Серија на подни облоги“, која вклучувала подови покриени со парчиња стакло и со сол. ...

Шестмината работници од фирма во штипската трговско-индустриска зона (ТИР) кои го пријавиле труењето со храна се сомневаат дека се затруле од цезар-салатата што ја јаделе за време работниот ручек во фабриката на 8 јули. Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Штип, велат дека последниот збор ќе го каже Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кој единствено во земјава ја има лиценцата во своите лаборатории да испитува исправност на храна. Денеска биле ...

Ќе се ограничи возраста на студентите до кога можат да бидат сместени во студентски домови, кажа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставувајќи ги измените на Законот за студентски стандард. „Детектиравме студенти кои со години се сместуваат во домовите, законски наоѓаат начини и ги користат услугите за 3.400 денари да живеат во месецот со сите покриени трошоци за храна, вода, струја и така натаму. Едноставно, ...

Шеесет и едногодишен патник од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој принудно се врати на аеродромот во Солун откако бил откриен дефект на мотор додека летал над Македонија. Грчките медиуми објавија дека тој бил спасен од безбедносниот појас и од другите патници, кои го држеле и влечеле за да не излета од авионот низ скршениот прозорец. За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорец ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Кога се работи за деца-сторители на кривични дела, класично истрага не се ...

Во Гостивар почина 14-годишно девојче по пад од лулашка во парк. Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен во синоќа, кога од Медицинскиот центар Гостивар известиле дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш. Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. „На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш. Н. (14) од Кавадарци, ...

Претставата „Кориолан“ на Битолскиот театар, по текст на Вилијам Шекспир и режија на Американецот Џон Блондел, на 15 јули ќе има премиера на „Охридско лето“, а на 21 јули ќе игра на „Шекспир фринџ фестивал“ во Верона, Италија. Блондејл по 9 години повторно режира во Битолскиот театар, а „Кориолан“ е негова петта претстава тука и четврта режија на Шекспир. Трагедијата е напишана во 1608 година, а наликува како да ја обработува денешницата. ...

Авион на „Рајанер“, кој летал за Минхен, безбедно се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун денеска откако претрпел сериозен проблем на моторот за време на летот. Еден патник е лесно повреден од остатоци од моторот. Пилотите го откриле проблемот додека авионот бил над Македонија и одлучиле да се вратат во Солун зашто дефектот не можел да се реши во воздух. За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорец на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54