Повеќедецениски спор за пасишта меѓу две семејства на грчкиот остров Крит ескалираше во петокот во смртоносен напад во селото Воризија, во близина на главниот град Ираклион, во кој две лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени. Властите стравуваат дека крвната одмазда би можела да продолжи. Еден од починатите е член на семејството Каргакис, додека една жена починала од срцев удар, најверојатно предизвикан од стресот. Претходните извештаи ...

Одѕивот на гласачите во вториот круг од локалните избори до 9 часот изнесува 2,88 отсто, при што своето право на глас го оствариле 22.379 граѓани, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко. Во Град Скопје, одѕивот за избор на градоначалник е 2,46 отсто. Во првиот кург, излезноста беше 3 отсто. „Гласачките места се отворени навремено и уредно, а гласањето се одвива во најдобар ред. Постапката тече непречено и ...

Денеска во Македонија се одржува вториот круг од локалните избори, во кој граѓаните ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 избирачи, од кои 474.304 се во Скопје. Во вториот круг се гласа во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата соопшти дека му наредил на Пентагон да се подготви за можна воена акција во Нигерија, обвинувајќи ја африканската земја дека не прави доволно за да го спречи насилството врз христијаните, обвинување кое Нигерија постојано го негира. Во објава на социјалните мрежи, Трамп го критикуваше, како што го нарече, „масовниот масакр“ на христијани во земјата, пишувајќи дека САД „веднаш ќе ја запрат сета ...

Десетици бугарски државјанки се во центарот на скандал во Мадрид, откако граѓански патроли почнаа да ги снимаат како крадат по улиците и во метрото на шпанскиот главен град. Волонтерската организација „Патрула Мадрид“ ги документира нивните кривични дела и објавува фотографии и имиња на Инстаграм, откривајќи добро организирана криминална мрежа која ѝ нанесува сериозна штета на сликата на Бугарија, објави бугарската „Нова ТВ“. Веќе две години, ...

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Павле Трајанов, предупредува на растечки и загрижувачки феномен што тој го нарекува „институционален тероризам“ или „институционален радикализам“, каде што групи, претежно составени од млади луѓе, се организираат на социјалните мрежи со цел да ги поткопаат државните институции и политики. Според него, оваа појава ги надминува границите на слободата на говор и ...

Најмалку девет лица се здобиле со повреди опасни по живот по серија напади со нож што се случиле во саботата во воз во близина на Кембриџ, источна Англија. Полицијата уапсила двајца мажи во врска со инцидентот, кој британскиот премиер Кир Стармер го нарече „ужасен настан“. Британската транспортна полиција соопшти дека во истрагата се вклучени и антитерористички единици за да се утврдат околностите и мотивот за нападот. Оттаму рекоа дека првично ...

Неколку полициски екипи биле испратени по итен повик во јужна Германија откако полицијата била алармирана дека некоја жена носи меч. Портпаролот на полицијата во Ној Улм во јужната покраина Баварија изјави дека телефонскиот повик звучел многу драматично и повеќе полициски возила биле испратени во потрага по наводно вооружената жена. Полицајците откриле дека тревогата ја предизвикале две момчиња, кои биле маскирани за забава за Ноќта на ...

Десетици илјади граѓани се собраа денеска во Нови Сад за да ја одбележат годишнината од уривањето на настрешницата на реновираната железничка станица, трагедија во која загинаа 16 лица и која го поттикна најголемото антивладино движење во Србија предводено од млади, претставувајќи сериозен предизвик за претседателот Александар Вучиќ. Комеморативниот собир, организиран од студентско движење, започна точно во 11:52 часот, времето кога се урна ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одбраната на Покровск на источниот фронт е „приоритет“, додека елитни специјални сили се распоредени во градот кој е цел на жестоки напади. Извори од украинската армија за „Би-Би-Си“ велат дека специјалните сили од военото разузнавање и јуришните групи се користат како обична пешадија за да ги заштитат линиите за снабдување на војниците што го држат градот во регионот Донбас. Локалните ...

Вакинацијата со комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје ќе почне од 3 ноември, вели Министерството за здравство. Вакцината чини 700 денари, а е од францускиот производител „Пастер“. Според Министерството, интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. До 28 октомври за бесплатни вакцини беа пријавени над 70 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица низ државата. Вакцинацијата се ...

Малдиви почна да спроведува генерациска забрана за тутун, со што стана единствената земја во светот со ваков закон, соопшти тамошното Министерство за здравство. Со мерката, која стапи на сила на 1 ноември, им се забранува купување, користење и продажба на тутунски производи на сите лица родени на или по 1 јануари 2007 година. Од министерството изјавија дека целта на законот, инициран од претседателот Мохамед Муизу, е „да се заштити јавното ...

На синоќешниот концерт во Велес нa српската турбофолк ѕвезда Цеца, таа на сцената при настапот, развеа бугарско знаме подарено од публиката. Тоа предизвика неколкуминутни свирежи од присутните. Очевидци велат дека знамето било на Република Бугарија, а во средината ликот на Цеца. Девојката која го фрлила кон Цеца бил дојдена од рано, со огромен букет рози. По завршувањето на концертот Цеца се огласи на социјалните мрежи. „Не ми е страно да ...

Илјадници демонстранти се собраа во фавелата во Рио де Жанеиро, која неделава беше погодена од најсмртоносната полициска операција во бразилската историја, барајќи истрага за убиствата и крај на безбедносните политики кои ги претворија работничките населби во „воени зони“. Најмалку 121 лице, меѓу кои и четворица полицајци, беа убиени во вторникот за време на полициската рација во Комплексо да Пења и Комплексо до Алемао, две големи фавели во ...

Канадскиот премиер Марк Карни му се извини на претседателот на САД, Доналд Трамп, поради политичка реклама против царините, која била нарачана од премиерот на Онтарио, Даг Форд. И покрај извинувањето, САД соопштија дека трговските преговори меѓу двете земји остануваат во прекин. Говорејќи пред новинарите во саботата по завршувањето на азиско-пацифичкиот самит во Јужна Кореја, Карни потврди дека приватно му се извинил на Трамп за време на вечера ...

Лековите против згрутчување на крвта „еноксапарин“ и „надропарин“, популарно познати како „клексан“, од крајот на ноември ќе бидат на позитивната листа на лекови, кажа денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Овие лекови може да се користат како продолжено домашно лекување, по амбулантско или болничко лекување. „Овие лекови досега беа на позитивната Б листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат ...

Воздушниот сообраќај на аеродромот Бранденбург во Берлин беше привремено запрен во петокот вечерта поради присуство на дронови во близина на пистата, што предизвика одложувања и пренасочувања на повеќе летови. Портпаролот на аеродромот соопшти дека полетувањата и слетувањата биле суспендирани во периодот од 20:08 до 21:58 часот по локално време. Поради тоа, „цела серија летови“ биле пренасочени кон други германски градови. Тој додаде дека ...

Скопското обвинителство поднесе обвинение против три лица за „тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот“, за континуирана кражба на кабли во вредност од 440 илјади евра, како и за предизвикан опасен пожар при вршењето на делата. Обвинетите, заедно и со други лица кои се уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај годинава, од кругот на фабриката „Железара“ во ...

Европската Унија засега ги повлече контроверзните планови за воведување задолжителен надзор врз содржината на онлајн комуникацијата на платформите и апликациите за разговор како што се Ватсап и Сигнал. Планот не доби поддршка од земјите-членки на ЕУ. Новиот, компромисен предлог ќе се заснова на принципот на доброволност. Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи ја поздрави ваквата одлука. Министерката за правда, Штефани Хубиг, ...

Кривичниот суд во Париз осуди четворица бугарски државјани на затворски казни за сквернавење на еврејски споменик со црвени отпечатоци од дланки минатата година, во случај за кој обвинителството се сомнева дека е дел од операција за странско мешање поврзана со Русија. Георги Филипов и Кирил Милушев, опишани како директни извршители, добија затворски казни од две години, додека Николај Иванов и Мирчо Ангелов, кои се сметаат за „мозоци“ на ...

Турски суд во петокот го осуди сопственикот на хотел во скијачки центар и уште десет други лица на доживотни затворски казни, прогласувајќи ги за виновни за тешка небрежност во врска со смртоносниот пожар што го зафати објектот, објави државната агенција „Анадолија“. Пожарот избувна на 21 јануари во 12-катниот хотел „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, во провинцијата Болу, за време на зимскиот училиштен распуст. Во трагедијата загинаа 78 ...

Десетици илјади студенти и граѓани од сите делови на Србија се движат кон Нови Сад, каде што утре ќе се одбележи првата годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица, при што починаа 16 луѓе. Тоа ќе биде кулминација на едногодишните секојдневни протести против корупција и власта на Александар Вучиќ. Српскиот претседател се закани со масовни апсења ако собирот стане насилен и најави дека неговите поддржувачи планираат многу ...

1 Ај нека завршат избориве. Не само што ми е смачено од кампањава, туку некако веќе ми е срам да зборувам за ѓубрето низ Скопје. Ова, бре, излезе како некоја невозможна мисија, некоја научна фантастика да е процесот на собирање ѓубре од канти и контејнери. Како ли успеваат ѓубрето да го собираат во други земји каде што градоначалниците не се од истата партија од која што е премиерот? Кај нас, еве, цели дебати и анализи се прават на темата дали е ...

Се проверува листата на осигуреници преку Фондот за здравствено осигрување (ФЗОМ), за да се намали ризикот од злоупотреба, кажа денеска директорот Сашо Клековски. „На иницијатива на Фондот, со одлука на Владата, започнат е процес на преоценување на критериумите за здравствено одигурување. Македонија има еден од највклучувачките закони кои обезбедуваат основ за здравствено осигурување за секој еден граѓанин, затоа што целта е универзално ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше осуден и вториот напаѓач на градоначалничката Данела Арсовска, при увидот на дивоградбите во Чаир, обвинетиот Реџеп Нуредини. Но за разлика од напаѓачот Сулејман Љамалари кој претходно доби две години затвор, Нуредини си ја призна вината, искажа каење за нападот и доби условна казна затвор, две за пет години. Тоа значи дека условната казна затвор во траење од две години нема да се реализира, ако ...

Виктор Орбан кажа дека ќе се обиде да го убеди Доналд Трамп да ја исклучи Унгарија од новите американски санкции за руската нафта кога ќе се сретнат следната недела. Владата на Трамп воведе санкции против најголемите руски државни нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ поради одбивањето на Владимир Путин да ја заврши војната во Украина, што би можело да ги изложи нивните странски клиенти, како Индија, Кина и Централна Европа, на секундарни ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во општините каде што партијата нема свој кандидат за градоначалник во вториот круг од локалните избори, членовите и симпатизерите треба да гласаат според сопственото убедување, без да има партиски калкулации. „Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно ...

Од 8 ноември на Македонската радиотелевизија (МРТ) ќе се емитува новата македонска анимирана серија „Буквождер“, нов проект инспириран од култната серија „Бушава азбука“, која се емитуваше пред 40 години. Серијата ќе се емитува на МРТ , на Јутјуб каналот на „Бушава азбука“, како и на каналите на „Види Вака“. „Бушава азбука“, серијата од 1985 чии автори беа Горан Стефановски и Слободан Унковски, во продукција на МРТ, беше насочена кон детското ...

Русија во изминатите месеци ја напаѓала Украина со крстосувачки проектил чиј таен развој го натерал Доналд Трамп да го напушти договорот за контрола на нуклеарно оружје со Русија во својот прв претседателски мандат, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Ова е прва потврда за користењето на проектилот „9М729“ во борбени услови, што досега не беше коментирано од Москва. Висок украински функционер изјави дека Русија ги ...

Инспириран од светицата и нобеловка за мир Мајка Тереза, „Мајка“ на Теона Стругар Митевска не е биографски филм туку филм со агенда – да ја прикаже Тереза од Калкута како феминистичка икона. А уметност со агенда не е уметност, туку пропаганда или ситна калкулација. Митевска игра на сигурно – ем божем сака да го деконструира митот за светицата, ем сака да ја прикаже како феминистка оти е „жена во систем владеен од мажи, мажи и мажи“. Но каква ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
85%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
91%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
67%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.95
79%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
72%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
96%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57482

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Сребро

2049.55

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Бакар

10.76

Калај

41.29

Злато

138322.05

Цинк

3.03

Платина

59937.34

Алуминиум

2.88