САД го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за убиство, што е голема ескалација на кампањата за притисок на Вашингтон врз комунистичката влада на островот. Кастро (94) последен пат се појавил во јавност порано овој месец и нема докази дека оттогаш ја напуштил Куба или дека владата би дозволила да биде екстрадиран. Обвинението се темели врз случај на соборувањето на два цивилни авиона на 24 февруари 1996, кога загинаа тројца ...

Доналд Трамп предупреди дека Иран има два или три дена да постигне договор за прекин на војната или ќе се соочи со обновени воени напади. Тој порача дека преговорите се во завршна фаза, но Техеран има ограничен прозорец за постигнување договор, а неуспехот да се стори тоа може да резултира со нови напади. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи кажа дека Иран е подготвен да се соочи со секоја воена агресија. „Со научените лекции и ...

Кина и Русија ги осудија плановите на Доналд Трамп за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ и „неодговорната“ нуклеарна политика на Вашингтон на самитот во Пекинг, една недела откако Шји Џинпинг го нагости американскиот претседател. Заедничката изјава издадена по самитот нагласи дека иако кинескиот лидер бара стабилни и конструктивни односи со Трамп, тој фундаментално се разликува од него по клучните прашања, каде што ставот на Кина е ...

Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст и ова претставува највисок износ во регионот, во споредба со одобрените 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора, објави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи. Тој вели дека ова е потврда за посветеноста на Владата кон реформите и исполнувањето на ...

Основниот суд во Штип го осуди охриѓанецот П. С. (38) на пет и пол години затвор за стореното кривично дело измама. Според претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, продолженото кривично дело е сторено кон осум граѓани од Штип и Виница во јануари 2026 така што телефонски се јавувал на постари лица и им кажувал лажни факти, доведувајќи ги во заблуда. Тој им кажувал дека нивната ќерка има скршеница на нога и дека се потребни пари за итна ...

Со презентација на опремата и возниот парк, тетовските пожарникари го одбележаа Денот на пожарникарите. На платото од Градскиот плоштад во Тетово беше изложена опремата за справување со пожари, спасување при поплави и сообраќајни несреќи, противпожарни камиони како и специјалните скали за справување со пожари во висококатници. Тетовските пожарникари велат дека сега, за разлика од пред неколку години, нивната противпожарна единица е далеку ...

Скопје беше домаќин на Годишната конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association), единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи, која годинава се одржа во организација на КИБС АД Скопје. Настанот привлече речиси 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на тамошните клириншки куќи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски компании, како и ...

Руското министерство за одбрана објави видео кое прикажува војници како тренираат распоредување на нуклеарни боеви глави за време на големата воена вежба во Русија. Не е познато каде е снимено видеото. Снимката прикажува руски нуклеарни сили како се движат низ густа шумска област со камуфлирани возила, полнат ракетни системи „Искандер-М“ со нуклеарни боеви глави и потоа ја креваат лансирната цевка во положба за пукање. Министерството за ...

Поддржувам протести, но мене лично ми пречи што протестантите коишто практично се правници, коишто се борат за право, го прекршуваат законот, да речеме Законот за знамињата, Законот за државната химна, Уставот и така натаму, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски за протестите на студентите Албанци. Тие досега преку два протеста бараат итно овозможување на правото за полагање на правосудниот испит и на нивниот мајчин јазик. „Навредите нема ...

Следната недела имаме заеднички состанок со вицепремиерот Арбен Фетаи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Вицепремиерот за добро владеење Фетаи веќе втор месец не се појавува на работа. Опозицијата, Владата и Собранието не успеаја да го донесат ниту на седницата за пратенички прашања на 18 мај, иако претходно му беше најавено дека ќе му бидат поставени прашања и дека е задолжително да присуствува. Според објавите на неговата ...

Преспа, подрачје со исклучително висока природна вредност, кое ги опфаќа националните паркови Пелистер и Галичица, заштитени области и Преспанското Езеро, нема доволно стручни кадри од областа на биологија, екологија и шумарски и земјоделски науки. Локалните капацитети не се доволни за да се одговори на потребите на терен за заштита на животната средина, велат од Македонското есколошко друштво (МЕД). „Трендовите се загрижувачки на национално ...

На жителите на Вилнус им беше кажано да се засолнат, а претседателот и премиерката на Литванија беа однесени на безбедни локации поради тревога за активност на дронови во близина на границата со Белорусија. Во вонредно соопштение од војската им беше советувано на луѓето во регионот Вилнус веднаш да се упатат во засолниште или на безбедно место. Тревогата, која траеше околу еден час, доведе до затворање на воздушниот простор над аеродромот во ...

Русија и Кина постигнаа општо разбирање за гасоводот „Моќта на Сибир 2“, голем проект кој, доколку биде завршен, би транспортирал до 50 милијарди кубни метри гас годишно до Кина. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека останува некои нијанси да се средат, но разбирање веќе постои. „Консензусот ги вклучува трасата на гасоводот и методот на изградба“, кажа Песков. Овој гасовод би се протегал од руските гасни полиња во Јамал до Кина ...

Обвинителката за гонење организиран криминал Катерина Коларевиќ три месеци чека Министерството за внатрешни работи (МВР) да ѝ одговори, да испрати резултати по нејзината наредба за анализа на податоци земени од компјутери од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по дојава за оддавање службена и државна тајна и шпионажа од вработен од Кабинетот. Истовремено, МВР не му одговара на Обвинителството ни за содржината на ...

Универзалната сала, зградата на Централната пошта, Калето, Аквадуктот се локациите кои се најавуваат како главни пунктови каде ќе се одржуваат настаните во рамки на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Во септември 2023 Скопје ја доби титулата за Град на културата во Европа за 2028, европска иницијатива за културна соработка. Скопје ќе ја дели титулата со градовите Ческе Будјејовице во Чешка и Бурж во Франција. Oфицијалната ...

Судијка во Барселона и официјално го осомничи синот на Исак Андик, основачот на модната групација „Манго“, во истрагата за смртта на неговиот татко, кој загина на планинарење во 2024. Четириесет и петгодишниот Џонатан Андик беше уапсен и испрашан од полицијата, по што беше доведен во суд со лисици на рацете. Судијата му одреди кауција од еден милион евра и му нареди да го предаде пасошот. Андик го напушти судот откако ја плати кауцијата, но ...

Владимир Путин пристигна во Пекинг само неколку дена по посетата на Доналд Трамп и заедно со Шји Џинпинг го пофалија напредокот во стратешките врски на Русија и Кина. Се очекува Москва на нивниот самит да се заложи за посилни енергетски врски. Доаѓањето на рускиот претседател се совпаѓа со 25-годишнината на Договорот за добрососедство и пријателска соработка помеѓу Русија и Кина, кој служи како основа за односите помеѓу двете земји. Шји рече ...

Авион на НАТО собори украински дрон над јужна Естонија денеска, објавија властите. Украина ја обвини Русија за пренасочување на едно од нејзините беспилотни летала во естонскиот воздушен простор, што е најновиот прекуграничен инцидент со дрон во балтичките држави. Поради паѓање на украински дрон во Летонија, тамошната премиерка поднесе оставка минатата недела. „Со оглед на траекторијата на дронот, одлучивме дека треба да го собориме. ...

Словенечките пратеници го предложија националистот Јанез Јанша за нов премиер, иако неговата партија тесно ги изгуби изборите во март. Јанша веќе беше премиер на Словенија во три наврати. Тој потврди дека сака да ја води следната влада откако раководството на неговата Словенечка демократска партија (СДП) го одобри коалицискиот договор со неколку партии од десниот центар. „Со ова се исполнуваат условите за поднесување кандидатура за премиер“, ...

Бројот на пациенти со инфламаторните цревни заболувања, како во светот така и во државата, се зголемува, рече проф. д-р Мери Трајковска, директорка на Клиниката за гастроентерохепатологија, на одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свеста за инфламаторните цревни заболувања. „Речиси 200 заболени на 100.000 жители има во државата. Често пациентите доаѓаат во многу тежок стадиум на болеста, со изгубена телесна тежина, крвават, ...

Во Општина Карпош не знаат кога ќе се врати на работа градоначалникот Сотир Лукровски кој втора недела е на боледување. Лукровски од пред десетина дена е на боледување и го овласти општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски за заменик-градоначалник. Одлуката на 7 мај беше објавена во службен гласник на Општината. „Немаме најава кога ќе се врати од боледување градоначалникот Лукровски. Извештајот за боледување се доставува на ...

Една недела по најавата на градоначалникот на Битола Тони Коњановски дека за скоро ќе почнат со работа на терен, уште не е почната изградбата на спортска сала во битолското село Бистрица. Таму беше турнат стар објект за да се изгради нова сала, но откако при ископот пролетта 2025 година се појави септичка јама која не беше предвидена во проектот, градежниот зафат запре. Деновиве на седница на општинскиот Совет, салата беше наречена Калимеро ...

Владејачката ВЛЕН започна со изработка на законски решенија со кои сите професионални испити и постдипломски лиценци за работа во државата ќе бидат достапни на албански јазик, соопштија од партијата. Од ВЛЕН велат дека по сопствена иницијатива ја мапирале целата соодветна проблематика во оваа сфера, со намера реформите да не запрат само на правосудниот испит, за кој вчера најавија дека ќе се полага на албански јазик по протестите на ...

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи од Македонија ќе добиваат долгорочни визи за да можат без пречки да возат во Европската Унија. „Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на „Влез-Излез“ – ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе им помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го ...

Русија започна со тридневни нуклеарни вежби, што ќе вклучи и лансирање балистички и крстосувачки проектили, објави руското министерство за одбрана. Учествуваат 64.000 војници и 7.800 парчиња воена опрема и, како што соопшти министерството, ќе се вежбаат „подготовка и користење на нуклеарните сили во случај на агресија“. Дел од вежбите се и ракетните сили, Северната и Пацифичката флота, авиони со долг дострел и единици од Ленинградската и ...

A1 Македонија заедно со Министерството за внатрешни работи во петокот и официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од неодговорно користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот. Кампањата отвора важна и актуелна тема – одговорноста на сите учесници во сообраќајот при користење на технологијата, без разлика дали ...

„Луфтханза“ ги прекинува летовите меѓу Франкфурт и Скопје по повеќе од три години одржување на оваа линија. Во резервациониот систем веќе не може да се најдат летови по 31 мај, ниту за летово, ниту за зимската сезона што почнува на крајот на октомври. Компанијата нуди алтернативни врски до Скопје преку Виена, со „Аустријан ерлајнс“ која е исто така дел од Групацијата „Луфтханза“. Германскиот превозник ја одржуваше оваа линија од седум до ...

Шпанските власти го уапсија синот на модниот гигант „Манго“, обвинувајќи го за негово убиство. Исак Андик загина на планинарење во Каталонија во декември 2024 и според верзијата на неговиот син Џонатан, тој случајно паднал од карпа откако се лизнал на една од патеките. Смртта на 71-годишниот Андик во прв момент беше прогласена за несреќен случај, но недоследности во изјавите на Џонатан и други докази ги наведоа истражителите да продолжат да ...

Последните мировни предлози на Иран испратени во САД содржат запирање на борбите на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, повлекување на американските сили од областите блиску до Иран и исплата на воена отштета, објавија иранските државни медиуми. Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади кажа дека Иран бара и укинување на американските санкции, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување ...

Двајца тинејџери убија тројца мажи во џамија во Сан Диего, Калифорнија, по што извршија самоубиство. Нападот се случи откако полицијата добила информација за двајца тинејџери склони кон самоубиство кои избегале од дома. Полицијата потоа пронашла тројца убиени мажи во Исламскиот центар во Сан Диего, а набргу потоа добила дојава за ново пукање неколку улици подалеку. Двајцата осомничени напаѓачи на возраст од 17 и 18 години се пронајдени мртви ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.6
25%
1018
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.63
42%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.85
45%
1020
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.5
33%
1020
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
9.83
35%
1016
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.85
32%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.15
29%
1017
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
2.24
37%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
30%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
8.52
49%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Кобалт

56.29

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29