Доналд Трамп изјави дека го одложува воениот напад врз Иран планиран за денеска на барање на заливските земји, додавајќи дека „сериозни разговори се во тек“. Во објава на својата социјална мрежа Трут соушл, тој кажа дека тоа од него го побарале лидерите на Катар, Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати. „Ме известија дека ќе се склучи договор што е многу поволен за САД. Нема да има нуклеарно оружје за Иран. Сепак, САД ќе бидат ...

По зимскиот период, откриени се мозаиците во археолошкиот локалитет Стоби. После неколкумесечна пауза, тие се достапни за посетителите, откако беа прекриени со песок заради заштита од ниските температури и временските непогоди. Од НУ Стоби велат дека мозаикот се буди од својот зимски сон, повторно откривајќи ја својата убавина и нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја. Тоа што е ...

Знаењето нема забранет јазик, беше пораката на албанските студенти на денешниот протест во Скопје за полагање правосуден испит на албански јазик. Ова е втор ваков протест на студентите, кои и овојпат вееја албански знамиња. Протестот почна на плоштадот Скендер бег од каде што преку Камени мост и Плоштад Македонија се упатија до Министерството за правда. „Не допирајте ја нашата иднина“; „Закон на хартија, дискриминација во практика“ беа дел од ...

Министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригес, ги обвини САД дека спремаат лажен случај за да извршат воена интервенција, по извештаите дека Хавана планира напади со дронови врз Флорида. „Куба ниту се заканува, ниту посакува војна“, рече Родригес. Сајтот „Аксиос“ цитираше американски разузнавачки извори дека Куба поседува 300 дронови и разгледува опции за напади врз американски мети. Истите извори велат дека ирански воени советници ...

Најмалку 100 луѓе починале од ебола во Демократската Република Конго и има речиси 400 сомнителни случаи, објавија Африканските центри за контрола и превенција на болести. Светската здравствена организација го прогласи ширењето за меѓународна вонредна состојба. „Потенцијално би можело да се работи за многу поголема епидемија од она што моментално се открива и пријавува, со значителен ризик од локално и регионално ширење“, кажа СЗО. Најмалку ...

Фотографии со златен накит и монети кои датират од 4. и 3. век пред н. е., како непроценлив антички археолошки наод во селото Тремник, Општина Неготино, од денеска па до крајот на неделата, ќе се изложат во Уметничката галерија „ Безистен“ во Штип по повод Светскиот ден на музеите, 18 мај. Станува збор за арехеолошки наод од 2008 кој се состои од 2 монети-статери со ликот на Филип Втори и Александар Трети , потоа четири фибули со по пет ...

Владејачката Вреди соопшти дека презема конкретни институционални чекори за решавање на долгогодишниот проблем со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, додавајќи дека ова прашање останало блокирано цели две децении за време на претходното владеење на ДУИ. Според нивното партиско соопштение, барањата на Албанците во државата не се решаваат со празни декларации и политички импровизации, туку со одговорна работа и одржливи модели ...

Пратениците од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН денеска не стиснаа зелено копче за предлог-законот на СДСМ да се донесат по скратена постапка измени и дополнувања на Законот за Владата со кои би им се забранило на премиерот и на министрите и замениците-министри, да имаат и друго државјанство освен македонското. Истовремено, предлог-законот што го поднесе ВМРО-ДПМНЕ пратениците да не смеат да поседуваат друго државјанство освен македонското, тие ...

Нема одговор која е причината за смртта на хрватскиот државјанин пред Велигден во Неготино. Обвинителството му поверувало на дежурниот доктор од Брзата помош од Неготино, кој констатирал дека не е насилна, без да даде наредба за обдукција иако настанала ненадејно. Истата се случила откако на С.М. (48 год) му се слошило во кафеана во Неготино и по интервенција на дежурен доктор бил препратен за Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. По пат ...

Долга и жестока расправа се водеше денеска во Советот на Општина Тетово по предлог програмата за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на државата на подрачјето на Општина Тетово. Иако опозицијата бараше точката од дневниот ред да се повлече таа сепак беше изгласана од мнозинството во Советот. Во расправата опозицијата и независните советници ја обвинуваа власта дека е ...

Потрагата по вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, продолжува веќе втор месец. Опозицијата, Владата и Собранието не успеаја да го донесат ниту на денешната седница за пратенички прашања, иако претходно му беше најавено дека ќе му бидат поставени прашања и дека е задолжително да присуствува. „Ве молам, потпретседателе, стопирајте ми го времето. Ве молам да го почекаме да влезе во собраниската сала заменикот-претседател на Владата за ...

Бившиот грчки премиер Алексис Ципрас потврди дека ќе формира нова политичка партија, која ќе биде промовирана на 26 мај, ставајќи крај на неколкумесечните шпекулации за неговото официјално враќање во политиката. Порано овој месец, Ципрас објави долг политички манифест за тоа како левицата би можела да се врати во грчката влада, повикувајќи на обединување на социјалдемократите, радикалната левица и зелените. „Не можев да останам во удобна ...

Грција кажа дека новиот систем за биометриско скенирање на граѓаните кои не се од Европска Унија е целосно оперативен и ги отфрли извештаите дека тој летово нема да важи за британските патници. Сепак, на прометните аеродроми ќе им биде дозволено да ги исклучат скенерите ова лето кога ќе биде потребно, изјавија грчки функционери. „Не добивме никакви дополнителни информации или појаснувања за тоа дали одредени националности се привремено ...

Вечерва во 19 часот, во чест на Меѓународниот ден на музеите, во Археолошкиот музеј после седум години се враќа постојаната поставка на Нумизматичката збирка. Од Музејот велат дека поставката е сведоштво за економијата, моќта, уметноста и секојдневниот живот низ повеќе од два и пол милениуми. Во новата поставка се изложени околу 2.500 примероци на монети, хронолошки распоредени од 6. век пред нашата ера, односно од околу 530 година пред ...

Медиумската империја изградена од владата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, клучен столб на неговото 16-годишно владеење, брзо се распаѓа по изборите минатиот месец. Во рок од неколку недели од гласањето, на кое централно-десничарската опозиција предводена од Петер Маѓар убедливо победи, високи личности во некои од најистакнатите медиуми наклонети на Орбан беа избркани, а водечката информативна програма беше укината. Тонот на ...

Жените во менопауза мислат дека веќе не треба да одат на гинеколог, меѓутоа тоа е периодот на најчесто појавување на карциномите на гениталниот тракт и затоа треба сериозно да се сфатат таа превенција и рана детекција, вели д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). Асоцијацијата со дводневен симпозиум ја одбележа 5. Недела на женско здравје и меѓу темите се и различните фази на женското ...

Маја Сивагнанам е назначена за амбасадорка на Неговата екселенција Кралот на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава, соопшти амбасадата. Сивагнанам ќе ја преземе должноста во текот на август 2026 година. Таа на амбасадорското место ќе го замени сегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа должност од 2022 година. Според биографијата на Сивагнанам објавена на официјалната веб страница на британската Влада, таа е ...

Доналд Трамп предупреди дека на Иран му истекува времето, додека мировните разговори се во застој веќе некое време. „Подобро да се движат брзо или нема да остане ништо од нив. Времето е од суштинско значење“, кажа Трамп, кој синоќа разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Иранските медиуми објавија дека САД не направиле никакви отстапки во својот одговор на последните предлози на Техеран за завршување на војната. „Недостатокот на ...

Раководители на фирми од Доброште и Жеровјане пријавиле во СВР Тетово дека нивни работници, државјани на Бангладеш, кои имале регулиран престој во Македонија, заминале без да кажат каде и без да ги известат работодавачите. „На 16.05.2026 во Полициската станица во Тетово, Б. Р. од село Доброште пријави дека три лица, државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. Тие биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран ...

Европската комисија предложи нови правила за поедноставување на патувањето со воз, дозволувајќи резервација на еден билет низ цела Европа како дел од новиот патнички пакет. Ова би овозможило патување низ различни европски земји и железнички линии со еден билет, овозможувајќи им на патниците полесно да ги споредуваат цените помеѓу конкурентите и воедно да ги заштитат своите потрошувачки права во случаи на пропуштени врски на патувања со повеќе ...

Изборот на новиот Џејмс Бонд официјално започна, по години исчекување и шпекулации кој ќе го наследи Даниел Крег како 007. „Потрагата по следниот Џејмс Бонд е во тек“, соопшти студиото „Амазон МГМ“. Аудициите се одржуваат во последните недели, според холивудскиот медиум „Вараети“. „Иако не планираме да коментираме специфични детали за време на процесот на кастинг, возбудени сме што ќе споделиме повеќе вести со фановите штом ќе дојде ...

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска кажа дека нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ бара невозможни услови за да почне да лета во земјава. Одговарајќи на новинарско прашање, тој кажа дека тоа што го бара „Рајанер“ не е добро за македонскиот пазар, „Во моментов, ние даваме субвенции од девет евра за аеродромот во Скопје и 12 евра за аеродромот во Охрид, што се меѓу највисоките субвенции што може да се ...

По зимскиот период, откриени се мозаиците во археолошкиот локалитет Стоби. После неколкумесечна пауза, тие се достапни за посетителите, откако беа прекриени со песок заради заштита од ниските температури и временските непогоди. Од НУ Стоби велат дека мозаикот се буди од својот зимски сон, повторно откривајќи ја својата убавина и нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја. Тоа што е ...

„Лидл Северна Македонија“ продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што „Лидл“ ги нуди како работодавач и да охрабри што ...

Минатата година во македонските кина имало помалку прикажани филмови, помалку проекции и помал број на гледачи. Иако вкупниот број гледачи е помал, просекот на гледачи по филм е повисок од 2024 година. Ова го покажуваат бројките што ги објави Државниот завод за статистика, кој ги користел податоците од 17 киносали, една повеќе од 2024 година. Лани се прикажани 992 филмови, наспроти 1.042 во 2024, а се одржале 12.057 кинопроекции (во 2024 ...

По скоро 15 години, мрежата Еуропа Синемас (Europa Cinemas) ги суспендираше членствата на кината Милениум и Фросина во Скопје, бидејќи Милениум е затворено од април 2024, a Фросина нема континуирана филмска програма поради акумулираниот долг кон дистрибутерите на филмови. Поддршката од мрежата во минатите години изнесуваше меѓу 6.000 и 10.000 евра на годишно ниво, кои се исплаќаа како субвенции по секој продаден билет. Кината се под ...

Тројца луѓе загинаа во ноќешниот голем украински напад со дронови врз московскиот регион, објавија руските власти. Една жена загина во куќа во Химки северно од главниот град, а маж и жена загинаа во селото Погорелки, кажа регионалниот гувернер Андреј Вороблев. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 12 луѓе биле повредени во напад врз градска нафтена рафинерија и дека остатоци од дронови паднале на територијата на аеродромот ...

До крајот на месецов треба да завршат градежните работи за проширување и воведување нов сообраќаен режим на улиците за приклучок кон подземната улица под зградите на „Лимак“. Според проектот на Град Скопје и новиот сообраќаен режим, од Јужен булевар кон Кисела Вода ќе се оди по улицата која минува кај кафеаната „Ив“, која ќе биде еднонасочна. На улицата ќе има семафор за вртење лево и приклучување на улицата Есенинова и движење кон Општина ...

Бугарија е изненадувачкиот победник на 70. издание на Евровизија, што се одржа во Виена и следната година ќе биде домаќин. Победничката песна „Бангаранга“ на 27-годишната Дара освои големи 516 поени, откако беше прва по двете гласања, и на жирито и на публиката. На второто место заврши Израел со 343 поени, а трета беше Романија со 296. Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско ...

Осум луѓе се повредени откако автомобил влета меѓу пешаци во италијанскиот град Модена. Локалните медиуми објавија дека на една жена ѝ се згмечени двете нозе. Возачот, кој е во 30-ти години, бил бркан и фатен од минувачи, кои го предале на полицијата. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го опиша инцидентот како крајно сериозен, а градоначалникот на Модена, Масимо Мецети, рече дека ќе биде уште посериозен ако бил планиран напад. Тој додаде ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.6
25%
1018
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.63
42%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.85
45%
1020
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.5
33%
1020
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
9.83
35%
1016
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.85
32%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.15
29%
1017
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
2.24
37%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
30%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
8.52
49%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Цинк

0.00

Злато

131072.82

Паладиум

38195.09

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Калај

50.56